Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ  (Прочитано 48208 пати)

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #45 на: Мај 31, 2010, 11:12:32 am »

Голема  Албанија  е  факт ( референдум  за  територијална поделба  на  РМ  ) ,  со   граници  или  без  граници   таа  функционира.
Сегашните  формални  граници  не  менуваат  ништо.Тоа  е  свршена  работа.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #46 на: Јули 03, 2010, 01:19:08 pm »

Бошкоски го обвинува Груевски дека воведува диктатура

Цитат
Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, вчера ги обвини Владата и премиерот Никола Груевски дека во изминативе четири години работат на воведување диктатура во државата. Тој остро ја критикуваше власта дека со непочитување на одлуките на Уставниот суд, со закани и смени на судиите што не им одговараат, свесно и намерно заговараат анархија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=780261B4D019444C845626898B81763E
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #47 на: Јули 10, 2010, 12:19:19 am »

Лидерот во сенка, "Утрински Весник"

Ако некогаш членството на ВМРО-ДПМНЕ паѓаше на коленици пред челичната леди Доста Димовска, денеска таа улога му припадна на младиот Мартин Протоѓер. Сместен во кабинет на неколку метри од својот шеф Никола Груевски, Протоѓер е неговите очи и уши. Во Владата, во партијата и во политичките кулоари.

Строг темносин костим со ракави кои се секогаш прекратки, невешто чекорење покрај премиерот, кој е за две глави понизок од Мартин, и секогаш двосмислена насмевка. Токму како што прилега на сива еминенција во владејачка партија.

Тоа е Мартин Протоѓер, или гледан со очите на политичките противници - „оној тажен лик, кој никогаш во овие четири години не собра храброст да изјави нешто во камерите, но поради тоа што е здраво ’зацапан‘ во портокаловата изродба на фамилијата и поради младоста, очигледно е најлесен на потпис“ (Андреј Петров).

Има многу причини зошто Протоѓер изгради личен бренд во политиката уште пред да наполни 30 години. Тоа не се само лабавите македонски критериуми кои полесно ќе те искачат на тронот отколку што ќе ти дозволат да созрееш како личност, туку и многу повеќе. Мартин Протоѓер му се придружи на Груевски во миговите кога ВМРО-ДПМНЕ уште беше во длабок раздор со партиската икона Љупчо Георгиевски. Односно, кога се' уште никој не веруваше дека Груевски ќе стане водач на десницата во вистинска смисла. Протоѓер е оној што го чуваше ореолот на Груевски како чесен додека владејачките социјалдемократи силно го напаѓаа за становите, а Георгиевски кроеше планови да се врати на тронот во ВМРО-ДПМНЕ.

Точно 28 години му требаа на Мартин Протоѓер од моментот на раѓањето до искачувањето на врвот. Роден е во мај 1979 година во Скопје. Магистер е по медиуми и интеркултурни комуникации на Факултетите за филозофија во Франкфурт и во Софија, во рамките на Специјалната програма организирана од Министерството за надворешни работи на Германија и Пактот за стабилност. Во текот на своето школување добил стипендии од бројни институции и престижни установи, пишува во педантно обработената биографија на Протоѓер на партиската Интернет-страница..

Работната биографија, пак, се' уште е со мал број пополнети графи. Има работено како помошник за односи со јавноста на директорот на „Медија принт Македонија“ и специјален пратеник на медиумската групација ВАЦ за Југоисточна Европа, од каде што во 2005 е катапултиран на позицијата шеф на кабинетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога требаше Протоѓер да дојде во МПМ („Медија принт Македонија“) да го примам на работа, бидејќи јас не го знаев, имав телефонски јавувања за негов прием. Но, тие што се јавија немаа врска со ВМРО-ДПМНЕ, туку се од другата страна“. Ова тврдење, кое отвори многу прашања за политичкиот бекграунд на првиот вмровски оперативец, го изнесе генералниот директор на МПМ, Срѓан Керим, во интервју за неделникот „Фокус“. За да биде појасно, Керим дополнува дека кога вели „другата страна“, мисли на опозицискиот СДСМ.

Но, репутацијата може и да ослаби. Да се разбере кој е вистинскиот Мартин Протоѓер е многу важно затоа што тој е важна личност во владината хиерархија. На која идеологија и' припаѓа тој, каков вид десничарска провиниенција поддржува - дали народна, конзервативна или демохристијанска.

Блогерската заедница го портретира како припадник на третото колено од лозата на генералот Александар Протоѓеров, обновувачот на ВМРО по Првата светска војна. Протоѓеров бил член на ЦК на ВМРО заедно со Тодор Александров. Важел за дипломат во редовите на ВМРО. Според масонските списи од 20-тите години на минатиот век, фамилијата Протоѓер се наследници на масон. Во 1917 година Големата француска ложа ги обединува трите тогашни бугарски ложи во една Голема ложа на Бугарија на чие чело во јуни 1917 го поставува воениот генерал Александар Протоѓеров.

Протоѓеров е прадедо на Мартин Протоѓер. Презимето со текот на времето

варирало и во Протуѓер. Оние што работат за Мартин Протоѓер, и оние што го познаваат, велат дека тој откако влегол во ВМРО-ДПМНЕ, ја актуализирал приказната за неговото потекло, затоа што, нели, и македонската верзија на политичката десница се потпира на традицијата и семејната лоза.

Но, тоа е историјата, а сегашноста вели дека врската, пак, меѓу Мартин Протоѓер и неговиот шеф Никола Груевски ги интригира дури и нивните најблиски соработници. Ако го видите Мартин како забрзано отчукува текст порака на својот мобилен телефон, веројатно примателот е премиерот. Или обратно, пораките што пристигнуваат во серија на супермодерниот мобилен телефон на Протоѓер се најчесто од Груевски, кој му дава инструкции на својот најдоверлив соработник.

„Тој се соочува со разни проблеми и подметнувања. Тој знае што сака да постигне, тој работи, а не владее, работи со граѓаните и за нив, отворено, чесно и одговорно, кога ќе згреши, веднаш ги поправа грешките и знае да ја признае грешката“, рече Протоѓер со нескриен восхит во интервју за „Утрински весник“ за својот шеф премиерот Никола Груевски.

А за себе, пак, Мартин Протоѓер вели: „Јас би рекол дека со себе ја имам вербата во бога и тоа е она што ме води во животот“ (интервју за „Утрински весник“). Познат е по тоа што сака да користи цитати како политички поенти, и тоа цитати кои прават алузии за чесноста, моралот, етиката кои ВМРО-ДПМНЕ ги нудеше како своја препорака пред македонските граѓани кога се бореа за освојување на власта во 2006 година.

„Лагата, расипаноста, измамата, престапноста можат само да ја упропастат и најдобрата и најсправедлива кауза”, го цитираше Протоѓер револуционерот Георги Баждаров во миговите кога го презеде секретарското место во ВМРО-ДПМНЕ.

Дали?

Во согласност со досегашната практика кога славата на власта ќе почне да бледнее, први на удар се медиумите. Протоѓер, чија слава во новинарските кругови е без малку еднаква со славата на шефот на Владата Груевски, ги дели новинарите на две категории. Новинари со кои се согласува и кои му предизвикуваат пријатна возбуда кога нивните броеви ќе се појават на неговиот дисплеј на повици, а тоа се од „Вечер“, Сител, Македонската радио-телевизија и Канал 5 и новинари со кои неволно разговара. Тогаш прави долги паузи во конверзацијата, внимателно го мери секој збор и покажува патетична потреба за разбирање од другата страна.

За потребите на овој портрет во „Утрински весник“ преговорите со Протоѓер да учествува со свои коментари траеја цели два дена, а на крајот добивме едно категорично „не“. Толку од транспарентноста.

Протоѓер ќе остане запаметен по пишувањето писма, а омилена адреса му е опозицискиот лидер и поранешен претседател на државата, Бранко Црвенковски, кому му пишуваше во декември 2008 година и сега пред неколку дена. „Транзициски херој, сејач на магла, кошмар“ - се дел од атрибутите со кои Протоѓер го почести трикратниот премиер, претседател и сега шеф на опозицијата, Црвенковски, во минатонеделното писмо коешто ја разбранува и онака напнатата политичка сцена во Македонија.

„Мислевме дека тоа време е завршена приказна, лош филм што заврши, кошмар од којшто се разбудивме. Го гледам повторно сега Бранко Црвенковски. Кого сакаме да поразиме? Него. На тоа мислевме кога зборувавме за финалната битка со мрачните сили на транзицијата“, гневно пишува Протоѓер.

А сега една поинаква анализа: простата математика вели дека Мартин, кој сега има 31 година, во премиерските години на Црвенковски од 1992 до 1998 година, популарно нарекувани транзициски период, бил студент. Овој податок и кај најголемите негови поддржувачи ја отвора дилемата од каде толкав психолошки гнев кон политиките на бившиот премиер и претседател.

И што е најважно за политиката - колку автентична може да биде пораката на Протоѓер кон опозицискиот лидер без оглед што е формулирана во релевантен политички камп. Или уште појасно - дали политичкиот и возрасниот профил на младиот шеф на кабинетот на премиерот го прават соодветна личност за да испорача една толку силна порака пред македонската јавност?

За јавноста е невидливо, но младиот Протоѓер игра важна улога во процесот на преговорите за името. Тој, без малку ја има позицијата на втор преговарач (понекогаш и прв) покрај официјалниот преговарач Зоран Јолевски, а меѓу новинарите е познат и како главен брифер кога треба да се пушти малку магла околу тоа прашање.

Како и Груевски, и тој вината за нерешавањето на спорот ја гледа кај опозициските социјалдемократи. „Грците ни се чудат на овој однос на опозицијата, која само за да се врати на власт, го употребува името и им испраќа сигнали дека со нив би се договориле многу лесно во согласност со грчките интереси, што ги охрабрува, пак, да одбегнуваат секаков конструктивен договор со нас“, рече тој во неодамнешното интервју во „Време“. Еве зошто не може да се реши проблемот со името!

Четиригодишното исцрпувачко темпо во Владата и проблемите кои се испречија на патот на „чесното, успешно и транспарентно владеење“ на кое се заколна ВМРО-ДПМНЕ направија од Протоѓер ладнокрвен циник со загрижувачка количина фрустрација кон критизерите на десницата.

„Во однос на тоа дека постои застој во демократијата, не можам да видам ни еден аргумент зошто некој би го тврдел тоа. Тука ги исклучувам тие што ги сметаат за приврзаници или перјаници на СДСМ, меѓу кои се и некои интелектуалци, па и колумнисти или новинари. Тоа е една кампања за да ја прикаже оваа Влада како диктаторска“, бесно ќе возврати тој во интервјуто во „Време“.

Јавноста е поделена за и против Мартин Протоѓер исто како што е поделена за и против Никола Груевски. Но, рано е да се каже дали „ѕвездата е родена“. За некого кој е толку влијателен, уникатен во премиерското опкружување и што има направено за четири години повеќе службени посети на Брисел отколку на кафулињата на скопската култна улица „Македонија“, сето тоа е сосема доволно за солиден почеток на политичка кариера.

« Последно менување: Јули 10, 2010, 12:27:36 am Илинден »
Сочувана

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #48 на: Јули 10, 2010, 12:22:55 am »

Дедото бугарски генерал, внукот српска хунза.
Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #49 на: Август 18, 2010, 12:51:10 am »

коментарите на

http://utrinski.com.mk/?ItemID=AC6F4BD0B5C2BE4AA5EC7E0271161493

кажуваат за феномен на омраза на обикновените партиски членови на ДПМНЕ кон лицата со двојни плати, а индиректно и кон началството на ДПМНЕ кој ги дозволува ваквите појави.

Оваа е важно затоа што на пример во времето на Љубчо членството беше само луто кон Љубчо, но немаше омраза. Така да на изборите во 2002 немаше осипување на тврдо „ВМРО-ските“ гласови во однос на 1998. На следните избори ваквиот феномен на омраза може да биде клучен за лош изборен резултат на ДПМНЕ. Да видиме дали септемвриските промени во сите ешалони на власта ке успеат да го амортизираат овој феномен.

Го постирам от проста причина дека едно е да си лут но сосема друго е да мразиш. Во услови кога опозицискиот СДСМ не е идентифициран от непартиските гласачи како алтернатива, а истите тие непартиски гласачи дефинитивно веќе не се позади ДПМНЕ, внатрешната тензија во ДПМНЕ е можеби клучна за исходот на идните избори.

Интересно е дека никаква политичка активност не пројавуваат ниту Љубчо ниту Бошковски што остава впечаток на чисто црно-бела слика на актуелната македонска политичка сцена.

Но да бидеме коректни ниту Тачи ниту пак Ахмети се нешто активни...ваквото мирно море можеби е само маска за бурните дешавки под мирната површина.
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #50 на: Август 18, 2010, 12:56:31 am »

Слично на темата од горниот пост...

Цитат
Нова или нема алтернатива

Новата алтернатива ќе треба да се справи и со еден суштински психолошки момент во Македонија: немањето осет за алтернатива. Секој плука по своите претпоставени (К-15 скечот), но кога тие ќе се појават пред него, тој „расен“ станува бескичмењак. Штом дојде време за гласање, одново се заокружува црвено-сино

Како што ќе се ближи септември и ќе излегуваме од шемата на годишните одмори, така јавноста се' повеќе ќе биде ставана во шаблонот на лицитирање со датумот за можните предвремени избори. Се чини дека со нивното континуирано форсирање делот од електоратот што е неопределен, индолентен, незаинтересиран, скептичен, ќе станува се' поброен. Така, прашањето кое во умот на проникливата критичка јавност ќе остане главно не е дали соодносот меѓу црвената (привремено портокалова) и сината партија уште ќе биде сооднос на Давид и Голијат, туку дали може да се скршат обрачите на оваа двобојност. Бастионот на политички половинки ја отсликува Македонија во секоја смисла (како црвената и сината пилула од Матрикс). Се' уште сме поделени, како клупи во училница, на македонски и албански блок, во кои доминираат по една лева и десна „странка“. Останатите фактори најчесто и не се фактори. Со малиот број гласачи тие главно функционираат како вагони - штом насетат промена во расположението се прераспределуваат кон другата локомотива. Покрај тоа, кон оние што ги напаѓаат и црвените и сините константно се креира потценувачки однос. Во едно интервју поранешниот претседател овие партии ги ослови како „салонски“: многу критикуваат, малку прават. Прашањето дали и како може да дојде до окрупнување на некоја нова алтернатива (НА) ќе го опсудиме преку четири К.

К-1. Кадар. Првото нешто што НА ќе треба да го реши е кадровското прашање. Дали раководството ќе биде составено од веќе видени личности, без или со нивна пурификација (чистење на претходната политичка патека), или од свежи ликови и индивидуалци (го потцртувам последниот збор), кои досега не биле ставени во контекст на ниту една опција. Доколку се одлучат за првото, многу е можно од страна на електоратот да бидат подвргнати под критика за т.н. компилаторство. Гласачот размислува: под омотот на нова ми продаваат deja vu алтернатива. Доколку, пак, одлучат да исфрлат „гуштери“, што нормално значи политичко неискуство, ќе се соочат со фактот дека бројот на луѓе што не го ставиле прстот во теглата со мед (во која било боја), а кои истовремено би се нафатиле на одговорноста што следува, е недоволен. Тие нови кадри треба да сфатат дека многу сила цеди, не само борбата со противниците и соочувањето со жилавата, а разгранета црвено-сина структура на државно ниво, туку и внатрепартиското лактање и судирот на суети кои, во ситуација на исклучителни индивидуалци, ја прават НА уште толку невозможна да функционира непречено.

К-2. Капитал. Вториот круцијален проблем со кој НА би се соочила е финансирањето. Се наоѓаме во период од македонската историја кога битката меѓу ривалите на политичката сцена никогаш не зависела толку од адвертајзинг машинеријата која не вклучува само самопромоција туку и антикампањи, спининг, организирање анкети, билдање на јавното мислење, режирани хајки, медиумски провокации, наддавање со новинари, сето тоа и во сферата на она што во маркетингот се нарекува БТЛ (мас-медиуми) и во АТЛ (директен контакт). На два начина може да им се возврати на овие партиски агрегати кои располагаат со систем на мобилизација од игла до стотици автобуси. Првиот е навистина да се најде, или паричен (капиталот на поранешниот градоначалник на Скопје во неколку изборни циклуси) или оперативен грб (двоецот премиер-директор на УБК). Со оглед на тоа што на прсти се бројат компаниите кои имаат ресурси да одговорат на таков бомбастичен „буџет-лајн“, исклучително е тешко да се пробие „пазарот“. Втората опција е враќање назад. Но, тоа во следната точка.

К-3. Кампања. Целисходната кампања зависи од пари. Но таа може да биде поставена и на нешто поинакво рамниште и да се ориентира кон конкретни визии и правци кои би довеле до што поскоро втемелување на соодветна општествена атмосфера (модел, образец) и вистинска егзекуција на промени и процеси кои на сите полиња ќе доведат до ефекти. Значи, кога велиме кампања, тоа значи враќање на целата поента, не на помпа, спектакли, леб и игри, туку на остварливи визии и способни и харизматични луѓе кои истите би ги спровеле. Моделот на масовност кој го фураат големите партии во Македонија се чини дека на долги патеки ја преоптовари и замори публиката од изборни кругови и митингување.

К-4. Критичност. НА мора да биде критична, не во онаа насока која досега беше практикувана - корозивна критичност со која ќе се отруе својот противник, туку критичност која ќе ги изнајде шевовите и грешките на претходниците и ќе ја подигне лествицата на политичката етика, култура, одговорност, дисциплина. Кога велам критичност, пред се' мислам на самокритичност. Доколку партиите и коалициите што дале удел во градењето на денешната Македонија или имале или се' уште поседуваат кадар, капитал, цврсто поставени кампањи, многу ретко ги красела самокритичност. Кај нашите избраници често пати недостигал сенсот за одговорност, џентлменство, самоевалуација, умереност во постапките и платите.

Останува прашањето дали нација чиј критериум за национален престиж е гостување на кафеански пејачи може да креира обемно јадро околу вака поставени стремежи, но како предност на НА стои и предизвикот да се надрасне националниот клуч при формирањето партии и сетне да се лансира семакедонски блок кој ќе ги интегрира сите етнички групи како рамноправни партнери.

К-5. Ако НА не исполни и само една од овие четири точки, веројатно ќе го доживее последното К. Дури и да ги исполни сите, НА ќе треба да најде начин како да се справи и со еден суштински психолошки момент во Македонија: немањето осет за алтернатива. Секој плука по своите претпоставени (К-15 скечот), но кога тие ќе се појават пред него, тој „расен“ станува бескичмењак. Штом дојде време за гласање, одново се заокружува црвено-сино. Поради тоа и К-5 им се случи на сите досегашни обиди да се окрупни алтернативата на двобојната понуда. Како и на текстов.
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D8FAC3A7210BC74BA137349DD9CDC006
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #51 на: Август 23, 2010, 08:55:38 pm »

Бошкоски: Наколната населба-криминал на Груевски http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=26714

Бошковски се врати от одмор и ја користи неактивноста на Народна...
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #52 на: Август 25, 2010, 02:51:30 pm »

„Шпиц“: Георгиевски ќе воскресне во политиката

ВМРО-Народна, првата партија која веќе формираше Национален изборен комитет, следните парламентарни избори ќе ги трча на чело со поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и со претседателот на партијата Марјан Додовски, како носители на листи во две од шесте изборни единици.

Љубчо Георгиевски, првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидер во сенка на ВМРО-Народна, на наредните парламентарни избори ќе биде носител на една од самостојните изборни листи на партијата, брифираат официјални партиски извори, според кои, по осумгодишна апстиненција од активната политика, македонскиот премиер од 1998 до 2002 година ќе ги предводи народњаците во ловот по 120 пратенички места.

Марјан Додовски, претседател на ВМРО-Народна партија, за „Шпиц“ призна дека и тој ќе трча рамо до рамо со Георгиевски во предизборната кампања, предводејќи уште една изборна листа, додека, како што информира тој, останатите четворица носители ќе се бараат дополнително меѓу членовите на Извршниот одбор на ВМРО-Народна партија. - Ние сме првата партија која сериозно и организирано се подготвува за избори, додека другите само шпекулираат, најавуваат и заплашуваат. Поради тоа, ние веќе формиравме Национален изборен комитет, кој е пандан на поранешниот Републички изборен штаб, чија функција е да ги координира регионалните и општинските изборни штабови - изјави Додовски, калкулирајќи дека ќе освојат најмалку 10 пратенички места, кои ќе им обезбедат сигурно учество во формирањето на идната влада.

Политичките аналитичари, пак, велат дека Љубчо Георгиевски одамна го достигнал зенитот на својата политичка моќ, но тој секогаш може да смета на своите верни приврзаници, таканаречени љубчовисти, кои во земјава, според нивните проценки, ги има над 50.000, најмногу во источна Македонија и во охридскиот регион. - Откако јавно се декларира како Македонец со бугарски корени, Георгиевски може да смета на поддршка од сите оние што се чувствуваат како Бугари во Македонија, како и на „љубчовистите“, односно оние стари вмровци кои ова време останаа доследни до својот прв лидер.

Како и да е, Љубчо нема да ги остави рамнодушни Македонците на следните избори, бидејќи со секое излегување во јавноста, цел месец го држи буден народот - објаснува универзитетскиот професор и политички аналитичар Јове Кекеновски, кој воопшто не е изненаден од одлуката поранешниот премер да излезе на избори. Георгиевски со група свои истомисленици во 2004 година ја формираше ВМРО-Народна, откако загуби од актуелниот премиер Никола Груевски во битката да се врати на кормилото на својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, која доброволно ја напушти по изборите во 2002 година. Во 2006 година, контроверзниот политичар извади бугарско државјанство, со што предизвика многу дебати и полемики во македонската јавност.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #53 на: Август 25, 2010, 04:24:08 pm »

ГОЛЕМА РАБОТА ВО ГОЛЕМАТА ПОЛИТИЧКА ИГРА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА  ;) КЕ "СЕ ВРАТИ" НАЙ-ГОЛЕМИОТ МАНИПУЛАТОР, "БУГАРОФИЛОТ" ГЕОРГИЕВСКИ, ЗА ДА ГИ СОБИРА ГЛАСОВИТЕ НА ЗБУНЕТИТЕ МАКЕДОНСКИ БУГАРИ. ДА, АМА ДАЛИ КЕ Е БАШ ТАКА ОВОЙ ПАТ  ;) ;) ;)
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

deko

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 181
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #54 на: Август 25, 2010, 06:33:49 pm »

Войводата Любчо ако сака барем малко да си покаже честа и доблеста и да докаже дека има барем малко искре во тоа що го збори, НЕКА ИЗЛЕЗЕ ЯВНО ПРЕД МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ И НЕКА КАЖА ЧЕ Е БЪЛГАРИН ПО ПРОИЗХОД И РОД, КАКОВ Е ТОЙ ЧОВЕК КОЙ СЕ СРАМУВА ДА СЕ КАЖЕ КОЙ Е И ЩО Е.ЩО ТОЛКУ ОВОЙ ЧОВЕК ВНАТРЕ ВО НЕГОВАТА ПСИХА ГО КОЛЕБА ДА КАЖЕ ПРЕД ЯВНОСТА ДЕКА Е САМ СО СЕБЕ ЯСЕН И СЕ ЧУВСТВУВА КАКО МАКЕДОНСКИ БЪЛГАРИН.А СЕГА ВАКА Е НИТУ РИБА НИТУ ЖЕНА. ВО МАКЕДОНИЯ ИМА ЛУГЕ КОИ ПРОСТО СИ Я ЖРТВУВУВАА СВОЯТА ЕГЗИСТЕНЦИЯ КОЙ СЕ ОСУДИЯ САМИТЕ СЕБЕ НА МАТЕРЯЛНА БЕДА ЗА ДА СИ ГО ЗАЧУВААТ ДУХОВНОТО БОГАТСВО ЗА ДА СИ ГО ЗАЧУВААТ НАЙ СКАПОТО ОСТАВЕНО ОД СВОЙТЕ ПРЕДЦИ БЪЛГАРСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ.А ЛЮБЧО ЗА КОЙ СЕ ВЕЛИ ДЕКА Е ЕДЕН ОТ ПОБОГАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЯ СЕ ПЛАШИ И КОЛЕБА КАКО МАЛО ДЕТЕ, ДА ГИ КАЖЕ ТИЕ ДВЕ ДУМИ АЗ СЪМ БЪЛГАРИН НЕ ЗНАЧИ НИЩО ДРУГО САМО ДЕКА ВО ЦЕЛАВА ОВАА РАБОТА ОКОЛИ БЪЛГАРЩИНАТА НА ЛЮБЧО ИМА НЕКОЯ СКРИЕНА ИГРА.СИТЕ ОНИЕ КОЙ ВЕРУВААТ ВО БЪЛГАРЩИНАТА НА ЛЮБЧО АКО САКААТ ДА СЕ УВЕРАТ ДЕКА НЕ ГИ МАМИ И МАНИПУЛИРА НЕКА ПОБАРААТ А ИМААТ ПРАВО ВО ТОА ОТ ЛЮБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЯВНО ДА СЕ ПРОИЗНЕСЕ ПРЕД МАКЕДОНСКИТЕ И БЪЛГАРСКИТЕ МЕДИИ КАКВА МУ Е НАЦИОНАЛНОСТА И КАКО ШТО СЕ ЧУВСТВУВА.САМО ТАКА КЕ СЕ СЛОЖИ КРАЙ НА ДИЛЕМИТЕ ВО ВРЪСКА ЗА ОВОЙ ЧОВЕК. ИЛИ ПАК АКО Е ТОЛКУ ГОЛЕМ БЪЛГАРИН НЕКА ПОМОГНЕ СО НЕЩО НА СВОЙТЕ БРАТЯ МАКЕДОНСКИ БЪЛГАРИ, А НЕ САМО ПРАЗНИ ЗБОРОВИ И ЛУДИ ВЕТУВАНЪА
Сочувана

ACO

  • Newbie
  • *
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #55 на: Август 25, 2010, 09:02:05 pm »

Aйде ти DEKO, бидейки го бараш тоа од другите,явно тука на форумов и ако имаш доблест и медиюмски, со цело свое име и презиме и сите генералии изясни се че си българин...
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #56 на: Август 25, 2010, 10:49:17 pm »

http://www.vest.com.mk/?ItemID=39DBE5A751FD37408E56F35640D29B39

Македонски Бугарин сака да ја наследи Мируше

За нејзиното место конкурирале петмина кандидати меѓу кои и Славчо Тасев, судија од Апелациониот суд Штип, кој е деклариран како Бугарин
Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #57 на: Август 26, 2010, 01:03:40 am »

Два феномена ги поткреват надежите и на Народна и на Бошковски за добариот изборен резултат, а за нив освојување на 4 до 5 депутати и учество во недпмневска влада е релано добар резултат.

Првиот феномен е секако 150.000 гласови за Бошковски на претседателските избори 2009. Тоа беше првиот знак дека не мал дел от традиционалното „ВМРО-ско“ гласачко тело не се согласува и со кадровската политиката и со идеолошкото истранување на началството на ДПМНЕ, како и со блокирање на ЕУ и НАТО интеграциските процеси.

Овој феномен не беше правилно „третиран“ от ДПМНЕ, што им оди на рака на Бошовски и Народна. ДПМНЕ дури после кажи речи година и пол има најави дека ке прави промени во сите слоеви на власта, има знаци на  дискретно намалување на вулгарната антиквизација и секако страмежливо најавување на можно решение на името, а сето тоа со цела да се превенира от слична ситуација на одлевање на „ВМРО-ски“ гласови на следни извесни  избори следната година. Јасно е дека ке немаат 100% успех со тие мерки  и јасно дека ке остават гап на гласачи кои ке се приклонат кон Народна и Бошковски. Но колкав ке е нивниот број зависи от многу фактори.

Другиот феномен кои му оди на Љубчо на рака е дека има најфанатизирани подржувачи на МК политичка сцена (кај СДСМ имаме повеќе страв от БЦ отколку фанатизираност), но секако не во толкав број кој ке му овозможат освојување на 4-5 депутатски места.

Дополнителна предност за Љубчо е што сега е далеку поискусен политичар, со чиста слика кој му се вистински подржувачи а кои му се, тој си знае што.

До тука се е розово и за Народна, па и за Бошковски,  но тоа што е клучно за успех, сепак зависи от други фактори.

Прво, Љубчо неможе да очекува да собира гласови со фаци кои се на facebook љубители на JNA, сашко педерасто, антички хунзи и секако претходно познати профитери. Му требаат нови фаци, не ли ги најде тие фаци шансите му се чала бала.

Второ, ако сака да ја добие подршката от македонските БГ (кои можеби се клучни за неговиот успешен come back), мора да привлече видни ликови от тој дел на МК општество и да си ги среди нештата от минатото. Сега за сега ги нема таквите, ниту пак се средни нештата от миналото.

Трето, мора да излезе на терен, без разлика колку и како ќе биде прифатен на тој терен.

Четврто, ДПМНЕ нема да се предаде туку така, сигурно ке употреби се да го релативизира.

Се на се имаат шанс, но како ке ја искористат во многу зависи и от нив но и от тоа колку простор ке им остави ДПМНЕ со неговата политика.

Ај сега малку за вистинските идентитети на тие кои се на форумот, а бе удба 66 години се занимава со таквите како нас, што значи не знаат, ние самите себе плус минус се знаеме...значи нема потреба от јуначење от тој вид на форумот.

By the way нема анонимност на Интернет.

« Последно менување: Август 26, 2010, 07:09:07 pm Daskal »
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #58 на: Август 26, 2010, 06:05:14 pm »

серија наслови со директна и индиректна врска со темата....

ДПМНЕ: Груевски: Време е да се реши проблемот со името http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=55210

удар врз Бошковски http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=26847

Цитат
Затоа го повика Бошковски да молчи за да не почне Кузман во јавност да му изнесува некои работи од минатото за кои јавност се уште не знае
“Кога ја градевме Климентовата црква откривме гробница во која сакавме да го сокриеме Бошковски од Хашките истражители“- открива Паско Кузман.

Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #59 на: Август 26, 2010, 07:25:09 pm »

Войводата Любчо ако сака барем малко да си покаже честа и доблеста и да докаже дека има барем малко искре во тоа що го збори, НЕКА ИЗЛЕЗЕ ЯВНО ПРЕД МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ И НЕКА КАЖА ЧЕ Е БЪЛГАРИН ПО ПРОИЗХОД И РОД, КАКОВ Е ТОЙ ЧОВЕК КОЙ СЕ СРАМУВА ДА СЕ КАЖЕ КОЙ Е И ЩО Е.ЩО ТОЛКУ ОВОЙ ЧОВЕК ВНАТРЕ ВО НЕГОВАТА ПСИХА ГО КОЛЕБА ДА КАЖЕ ПРЕД ЯВНОСТА ДЕКА Е САМ СО СЕБЕ ЯСЕН И СЕ ЧУВСТВУВА КАКО МАКЕДОНСКИ БЪЛГАРИН.А СЕГА ВАКА Е НИТУ РИБА НИТУ ЖЕНА. ВО МАКЕДОНИЯ ИМА ЛУГЕ КОИ ПРОСТО СИ Я ЖРТВУВУВАА СВОЯТА ЕГЗИСТЕНЦИЯ КОЙ СЕ ОСУДИЯ САМИТЕ СЕБЕ НА МАТЕРЯЛНА БЕДА ЗА ДА СИ ГО ЗАЧУВААТ ДУХОВНОТО БОГАТСВО ЗА ДА СИ ГО ЗАЧУВААТ НАЙ СКАПОТО ОСТАВЕНО ОД СВОЙТЕ ПРЕДЦИ БЪЛГАРСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ.А ЛЮБЧО ЗА КОЙ СЕ ВЕЛИ ДЕКА Е ЕДЕН ОТ ПОБОГАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЯ СЕ ПЛАШИ И КОЛЕБА КАКО МАЛО ДЕТЕ, ДА ГИ КАЖЕ ТИЕ ДВЕ ДУМИ АЗ СЪМ БЪЛГАРИН НЕ ЗНАЧИ НИЩО ДРУГО САМО ДЕКА ВО ЦЕЛАВА ОВАА РАБОТА ОКОЛИ БЪЛГАРЩИНАТА НА ЛЮБЧО ИМА НЕКОЯ СКРИЕНА ИГРА.СИТЕ ОНИЕ КОЙ ВЕРУВААТ ВО БЪЛГАРЩИНАТА НА ЛЮБЧО АКО САКААТ ДА СЕ УВЕРАТ ДЕКА НЕ ГИ МАМИ И МАНИПУЛИРА НЕКА ПОБАРААТ А ИМААТ ПРАВО ВО ТОА ОТ ЛЮБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЯВНО ДА СЕ ПРОИЗНЕСЕ ПРЕД МАКЕДОНСКИТЕ И БЪЛГАРСКИТЕ МЕДИИ КАКВА МУ Е НАЦИОНАЛНОСТА И КАКО ШТО СЕ ЧУВСТВУВА.САМО ТАКА КЕ СЕ СЛОЖИ КРАЙ НА ДИЛЕМИТЕ ВО ВРЪСКА ЗА ОВОЙ ЧОВЕК. ИЛИ ПАК АКО Е ТОЛКУ ГОЛЕМ БЪЛГАРИН НЕКА ПОМОГНЕ СО НЕЩО НА СВОЙТЕ БРАТЯ МАКЕДОНСКИ БЪЛГАРИ, А НЕ САМО ПРАЗНИ ЗБОРОВИ И ЛУДИ ВЕТУВАНЪА

Aйде ти DEKO, бидейки го бараш тоа од другите,явно тука на форумов и ако имаш доблест и медиюмски, со цело свое име и презиме и сите генералии изясни се че си българин...

АЦО, БЕЛКИМ НЕ МИСЛИШ ДЕКА СРБИ ГО ВОДАТ КЛУБОТ НА ЧИЙ ФОРУМ СМЕ СЕ РАСПИШАЛЕ НА ДОЛЖИНА И НА ШИРИНА  ;) ;) ;)
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !