Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ  (Прочитано 22908 пати)

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« на: Јануари 25, 2010, 11:45:54 »

Битката во ткн десен блок на партии во РМ е решавачката за ДПМНЕ...

два текста како вовед (знам дека е веке постиран)

Георгиевски и Бошкоски му откажуваат на Црвенковски

Од партијата на Бошкоски велат дека идеолошки не му припаѓаат на блокот на Црвенковски

Оливера Војновска

Партиите на Јован Манасиевски, на експремиерот Љупчо Георгиевски и на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски остануваат надвор од опозицискиот фронт што го подготвува лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Како сигурни партнери во овој опозициски сојуз се спомнуваат либералите на Стојан Андов, НСДП на Тито Петковски, Нова алтернатива на Ѓорѓи Оровчанец и Партијата на слободни демократи на Љупчо Јордановски. Три партии - ЛДП, ВМРО-Народна и Обединети за Македонија не се гледаат во друштво на Црвенковски и се определени за самостоен настап на парламентарните избори. Независно дали тие ќе бидат во редовниот термин во 2012 година или предвремени.

Наспроти тврдењата дека Бошкоски и Црвенковски со здружени сили ќе го нападнат Груевски, во Обединети за Македонија не се гледаат во опозицискиот фронт на лидерот на СДСМ. Потпретседателот на Обединети за Македонија, Златко Кескоски, вели дека нивната идеја како партија е да се смени перцепцијата за македонскиот политичар, бидејќи „ државата 20 години ја водат депресивни безидејни политичари“.

„Ние сме десничарска народна партија со демохристијанска ориентација и идеолошки не му припаѓаме на блокот што го формира Црвенковски. Обединети за Македонија е опозиција на десницата што е моментно на власт. На изборите ќе се случи судир на партии со иста политичка провиниенција, при што ќе покажеме дека ова ВМРО-ДПМНЕ воопшто ја нема идеолошката матрица на десницата. Груевски ќе го снајде тоа што мисли дека никогаш нема да го
снајде“, вели Кескоски. Па, изразувајќи се сликовито додава: „Груевски е како камен што се тркала по удолницата и едноставно не може да запре“.

Лидерот на ВМРО-Народна, Марјан Додовски, е уверен дека токму неговата партија е таа што од страната на десницата може да му го зададе најсилниот удар на Груевски. Тој смета дека партијата на Бошкоски нема да има успех на изборите, оценувајќи дека гласовите што повратникот од Хаг ги освои на претседателските избори се рефлексија на неговиот престој во Шевенинген.

„Бошкоски ги доби гласовите најмногу поради бекграундот на паталец, исто како што Руфи Османи победи во Гостивар на локалните избори. Но, тоа нема да се случи на парламентарните избори“, уверен е Додовски. Тој вели дека со партијата на Бошкоски немаат никаква допирна точка, а немале ниту комуникација. Според него, ВМРО-Народна моментно е позиционирана како двојна опозиција, на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. „Ние имаме свој политички концепт за организирање на партијата и за настап на парламентарните избори. И не сакаме да не' врзуваат со никого затоа што сме единствена партија што настапи самостојно на локалните избори во 2005 година, на парламентарните во 2006 и на локалните во 2009 година. Таква определба имаме и за следните избори“, вели Додовски. Притоа напомнува дека како десна партија точно го лоцирале својот таргет на гласачи. Иако партијата, чиј почесен претседател е Георгиевски, воопшто не учествуваше на изборите во 2008 година, според Додовски, нивните анализи и процени им укажувале дека „по следните парламентарни избори ВМРО-Народна ќе биде фактор за составување влада“. Оптимизам му влева и последната анкета на ИРИ, според која имаат рејтинг еден и заедно со ЛДП го делат третото место во македонскиот политички блок.

Потпретседателот на ЛДП, Андреј Жерновски, вели дека Црвенковски сака да биде носител на опозицијата, единствен и главен авторитет во овој блок. Варијанта која, според него, најмногу му одговара на Груевски.

„ЛДП смета дека политичката битка со Груевски ќе биде далеку поефикасна ако тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ се соочат со напади од три фронта. Односно, од страната на левицата да го напаѓаат СДСМ и НСДП, од десницата ВМРО-Народна и Обединети за Македонија и ЛДП од центарот.

Манасиевски во минатонеделното интервју за нашиот весник прогнозира дека на планот на евроинтеграциите во јуни ќе бидеме соочени со уште едно вето и единствена логична разврска на политички план би било распишување нови избори, налето или наесен.

„Политичката логика води кон нови избори и како партија веќе почнавме интензивно да се подготвуваме. Го привршуваме тимот за изработка на изборната платформа на ЛДП и, најверојатно, до крајот на месецов ќе го формираме штабот за изборите“, најави тој. Лидерот на ЛДП е дециден дека на изборите излегуваат „самостојно, надвор од таборот на Црвенковски“, бидејќи, според него, тој е „стигматизиран и не може да го победи Груевски на избори“.

Премиерот и лидер на десницата, Никола Груевски, постојано уверува дека не планира нови вонредни избори. И спикерот Трајко Велјаноски во настапот на емисијата X/0 на телевизијата Канал 5 тврдеше дека „сигурно нема да има избори во 2010 година“. Сепак, никој не верува дека нема да се повтори приказната од 2008 година. Напротив, партиите ја вклучија тревогата и се растрчани на терен како утре да има избори. (О.В.



Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #1 на: Јануари 25, 2010, 11:46:48 »

Брат Љубе ќе ги лови Груевци од овде до Узбекистан

Штип, 25. јануари (ИНПРЕС)

Партијата на Брат Љубе - Обединети за Македонија, не само што ќе учествува на наредните избори - предвремени,или редовни - сеедно, туку е со толкава самодоверба што предизборно нема да коалицира со никого. И на крајот, нејзиниот лидер Љубе Бошковски е убеден дека народот ќе им ја укаже довербата и тие ќе ја освојат власта.Сами!

Никола Груевски со "фамилијата" и со сите пари украдени од народот, нема да може да се сокријат ниту во Узбекистан и  Казахстан. Брат Љубе ќе  ги пронајаде,  парите ќе ги врати  на народот, а "фамилијата" и нејзиниот водач, ќе си го добијат заслуженото.

Та нели, неколку дена порано, исто така во Штип како и Брат Љубе, Груевски рече дека ќе гради затвори во Македонија.

Од Никола Груевски гледаме само изливи на лажен патриотизам. Неговата влада "сосе фамилијата" се на заминување. Нема место на замјината топка каде тој ненароден режим може да се скрие, вели Брат Љубе.

Кога Братот ќе дојде на власт, ќе ги најде и ќе ги врати во Македонија за пред судот на народот, да одговарат за сите свои криминални антинародни дела.

Ние сме тука за да ја срушиме лажната теза дека во Македонија кога од власт си оди ВМРО ДПМНЕ неминовоно доаѓа СДСМ и обратно. Тоа е еден стереотип кој не му донесе ништо добро на македонскиот народ и ние тој стереотип ќе го срушиме на престојните избори. Обединети за Македонија е партија во доаѓање, тоа народот јасно го препознава и се поголем е бројот на луѓе кои ни се приклучуваат, вели Брат Љубе.

Кога пролетва неговата партија ќе дојде на власт уште во првата година ќе отвори сто илјади работни места. Братот има програма која  гарантира излез од економскиот мрак во кој Груевски ја довел Македонија.

Во однос на проблемот со името Братот смета дека  ова прашање, се решаваа со седнување на  заедничка маса . И тоа - треба да седнат сите парламентарни и вонпарламентарни парти.  Па дури и човек - партија каков што е Павле Трајанов.

Ако се договориме дека отстапки во однос на името нема да има, па макар јаделе корења, тогаш кон таквиот договор сите треба да се придржуваме. Обединети за Македонија не прифаќат промена на нашето вековно име, но има  начин како, и во такви услови, државата да ја воведе во НАТО и Европската унија.Со корења, или со тикви - со расол!

Братот го обвинува Груевски за демагогија во поглед на името,затоа што токму премиерот, пред две години во Букурешт, ја искажал подготвеноста  за промена на нашето уставно име а сега, на домашен терен, изигрува голем патриот.

Во однос на паѓањето на Шенгенскиот ѕид, Бошковски му порачува на Груевски да престане да се фали со нешто што Словенија и Хрватска го направиле пред дваесет години.

Наместо да отвара нови работни места, да им даде шанса на младите орбазовани Македонци да се реализират дома и да и помогнат на татковината да фати чекор со развиениот свет, Груевски се фали со одливот на нашите мозоци во странство. За Брат Љубе Таков премиер е штетен по македонските национални интересри.

Затоа Братот му ги зема членовите од ВМРО ДПМНЕ, а Груевски од бес и љутина му ги напага месните одбори и канцеларии. Братот шутира сомнителни пенали, ама ако. Само нека шутира!
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #2 на: Јануари 25, 2010, 11:49:20 »

Мое мнение дека сега за сега ДПМНЕ држи контрола на терен...но до избори има многу, а избори мачка во врека.
Клучна е работата на терен!
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #3 на: Февруари 07, 2010, 06:55:43 »

Бошкоски: „Скопје 2014“ предизборна кампања на Груевски


По визијата за Скопје 2014-та Љубе Бошкоски бара владата на ист начин да ги престави и проектите за излез од тешката економска состојба и сиромаштијата.

Иако со став дека треба да се гради, партијата смета дека е нужна расправа на пошироката експертска јавност а не само на оние кои се платени од власта да го бранат проектот.

Зад него според Бошкоски се крие огромен криминал и всушност проектот е најскапата предизборна кампања. Бошкоски прашува, дали Скопје 2014 та ќе ги смени депресивните лица во Македонија?

„Ќе ги споменам само раселените лица од конфликтот во 2001 година. Тие се раѓаат, прават свадби, живеат и умираат во два метра квадратни по човек. Дали и тие се посреќни од како го видоа идниот лик на Скопје“, рече Љубе Бошкоски, претседател на ОМ.

Од Вмро Дпмне одговараат, Бошкоски да не паничи бидејќи нема да има избори. Скопје 2014-та е проект што бил претставник на културните и естетските вредности во Македонија во согласност со барањата на граѓаните.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119616
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #4 на: Февруари 08, 2010, 12:26:02 »

на темата и „Утрински“...
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C06514C310FBBE48926BF4118B7EDB38
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #5 на: Февруари 16, 2010, 01:24:21 »

СПОРЕД ОМ
Вмровци кај Љубе


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1945&ArticleID=134015

Цели општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ преминуваат воОбединети за Македонија, изјави партискиот лидер Љубе Бошкоски вчера, во Велес, каде што општинската организација на партијата организираше крводарителска акција. Бошкоски изрази задоволство од поддршката што велешани и и ја даваат на неговата партија и кажа дека се подготвува за евентуални предвремени избори, на кои очекува победа.
- Можам да кажам дека цели општински комитети преминуваат од ВМРО- ДПМНЕ во нашата партија и, практично, се враќаат каде што припаѓаат. За денеска ќе кажам дека тоа го направи комитетот од Лисиче - рече Бошкоски.
Задоволен од развојот на партијата во Велес, тој го посочи вчерашниот пример на поддршката што ја уживал во градот.
- Кога доаѓав од паркингот до тука, ме застанаа многу граѓани и се ракуваа со мене,100 метри поминав за 20 минути - рече Бошкоски.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #6 на: Февруари 17, 2010, 12:15:18 »

...би го парафразирал Љубчо од гостувањето кај Роберт Поповски дека тој нема да му помогне на БЦ да го собори актуелното правителство од ДПМНЕ и нама да дозволи да биде инструментиализиран од некои леви медиуми во РМ против ДПМНЕ, ваквиот став на Љубчо објаснува многу за неговото идно политичко дејствување... но остава простор да евентуално незадоволните ДПМНЕ-вци го идентификуваат само ОМ како реална „десна“ опозиција на ДПМНЕ. Доплнително околу трансферите помеѓу ОМ и ДПМНЕ, треба да се нагаласи дека сегашното ДПМНЕ води политика на изградба на нови кадри и можеби тоа а причината за евентуални премини од ДПМНЕ во ОМ...дали е таквата политка исправна сепак е на ДПМНЕ е да си процени а пучанството да оцени, иако многу важи таа народната дека од секое дрво шупелка не бидува...а дрва многу!

...од аспект на каузта работите со повече от јасни!
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #7 на: Февруари 17, 2010, 12:18:17 »

итересно е сепак да си примети еден друг момент од секојдневието, сепак членовите на ДПМНЕ пак повторно ги коментираат повеќе зборовите на Љубчо отколку например зборовите на Ставревски несомнено една од највлијателните личности во сегашното ДПМНЕ....
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #8 на: Февруари 18, 2010, 01:43:14 »

ДОБЛИЖУВАЊЕ НА ПОРАНЕШНИОТ И АКТУЕЛНИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ
Груевски во тајна врска со Георгиевски?


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1947&ArticleID=134212

Цитат
По обединувањето на дел од опозициските партии во фронтот кој го предводи СДСМ, раздвижувања има и во десницата, на релација меѓу довчерашните сопартијци Никола Груевски и Љубчо Георгиевски. Во политичките кругови се погласни се најавите за смирување меѓу сегашниот и поранешниот премиер. Според нашите информации, Груевски и Георгиевски имале неколку тајни средби на кои договарале идна соработка, пред или по следните парламентарни избори.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #9 на: Февруари 18, 2010, 01:51:59 »

 :D токму сега мислев да го постирам...
и оваа е во насока на муабетот на Љубчо на Х/О дека нема да му помогне на БЦ...
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #10 на: Февруари 19, 2010, 02:57:18 »

Десницата ќе се обедини против Груевски?



Цитат
Обединетата десница, каде што се и бранителите, има потенцијал за над 200.000 гласови, тврди Филип Петровски, во интервју за неделникот „Сега“, по кое се сретна со Љубчо Георгиевски во кафулето „Тренд“

http://www.spic.com.mk/kat/zvezdi/desnicata-ke-se-obedini-protiv-gruevski.html
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #11 на: Февруари 19, 2010, 08:52:06 »

амбициозна е бројката, иако мислам дека би се задаоволиле и со половина од тоа...
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #12 на: Февруари 22, 2010, 11:26:46 »

Љубе Бошковски - Црвенковски и Груевски се идентични по криминалот


Викендов во Струга се одржа промоција на програмската платформа на "Обединети за Македонија". Пред околу стотина поддржувачи на неговата програма, зборуваше лидерот на партијата Љубе Бошковски.

Власта на Црвенковски и онаа на Груевски се потполно идентични по криминалот, порача лидерот на партијата Љубе Бошковски.

- Гарнитурата на господин Груевски не го сака ВМРО. Таа ги сака парите и плаќа 600.000 евра за кампања која чини само 100 евра, додава Бошковски.

Во практика немаме македонско национално единство. Немаме разлика со Албанците за најсуштинските прашања. Треба да има национален консензус и да се знае што можеме да прифатиме и што е она што никогаш не смееме да го прифатиме, вели Бошковски.

- Кон нас пристапуваат многу луѓе и од десницата и од левицата. Пристапуваат сите оние кои ОЗМ ја препознаваат како единствена опција за спас на Македонија, порача од Струга Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски.

Тој додаде дека никој нема да го заплаши брат Љубе, особено не некои командантчиња кои ги поразил во 2001. година.

На присутните им се обрати и Филип Петровски.

- Владеачката партија многу умешно го узурпира  името на ВМРО ДПМНЕ. Целото членство на партијата и целата македоска јавност ја лажат дека веруваат во идеологијата на старото ВМРО, порача од Петровски.


Со последното интервју на Љубчо Георгиевски се огради от рушење на актуелното правителство на ДПМНЕ, со тоа му остави простор на Бошковски да ги канализира незадоволниците от ДПМНЕ и биде идентифициран како единствена алтернатива на ДПМНЕ  во ткн „десница“ во РМ.
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #13 на: Февруари 25, 2010, 12:08:15 »

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D1F59FBFCF62A143B7B9FBC122DA42B0

дел от коментарите се интересни...
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Народна vs Бошковски vs ДПМНЕ
« Одговори #14 на: Февруари 28, 2010, 01:10:28 »

и Бошковски е свесен за процепот во земноделие...

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120375

Бошкоски им потпишаа гаранции на земјоделците


Љубе Бошкоски денеска на жителите од битолските села Ивањевци, Српци и Могила чии ниви настрадаа во поплавите, а парите им заглавија во Шведската млекарница за откупеното млеко, им потпиша гаранции дека Обединети за Македонија штом дојдат на власт ќе покажат грижа и обврска за реално вреднување на земјоделското производство.

„До крајот на оваа година, Македонија за прв пат во историјата ќе има чесна Влада, која ќе го поведе народот. Гарантираме дека ќе им ги откупиме земјоделските производи и не на начин тоа да биде откупување само заради откупување“, рече денеска во село Ивањевци, Љубе Бошкоски.

За маките на земјоделците, Бошкоски ги обвини владите на Црвенковски и Груевски, а нивниот страв се должи на финансиските и други закани, со кои ги контролира оваа Влада.

„Истата таа Влада која им дава кредити, започна од шталите да им ги вади кравите, од домовите да им ги конфискуваат тракторите и сега ги контролира, и што е најстрашно од се, ги уништува на еден брутален и најнечовечен начин. Извршителите станаа страшила на ова општество, извршителите се во домовите на македонските земјоделци“, вели лидерот на Обединети за Македонија.

Активистите на Обединети за Македонија и нивниот лидер, при денешната обиколка на повеќе битолски села, не криеја дека се подготвуваат за избори, бидејќи, како што беше речено, на луѓето им е преку глава од празен популизам и потребен им е политички лидер кој ќе им даде сигурност за нивната иднина.
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение