Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: "The best" oФ Хорхе  (Прочитано 72293 пати)

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #45 на: Јануари 21, 2010, 12:23:29 am »

Чекайте да дообясни човекот

Иванов отвори фронт со новинарите

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A066E8ECA3C57E4390BA9169FD3EED5D

Цитат
Според соопштението на неговиот кабинет, Иванов како поранешен новинар „смета оти е потребна коректност во пренесувањето на јавните изјави“. Претседателот целосно стои зад изјавата што ја дал, но сакал да потенцира дека не прозива и не обвинува новинари и високо го цени придонесот на медиумите во отворената и слободна дебата што во Македонија долго се води за ова прашање.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #46 на: Јануари 22, 2010, 11:27:13 am »

ВО ОБИД ДА СЕ ВКЛУЧИ МЕЃУ ТИЕ ШТО НОВИНАРИТЕ ГИ ДЕЛАТ НА ПРЕДАВНИЦИ И НА ПАТРИОТИ
Од гафови премина на скандали


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1921&ArticleID=131751

Јасминка Догова

Изјавата на шефот на државата Ѓорге Иванов, кој македонските новинари ги посочи како столб на грчката одбрана пред Меѓународниот суд во Хаг, поради, како што рече, ширењето шпекулации и пласирање погрешни информации во медиумите, е скандалозна, но не и изненадувачка со оглед на редицата гафови што тој ги направи во текот на неговото кратко претседателствување. Новинарите во тоа препознаа тенденција на Иванов за вклучување во редот на тие што новинарите ги делат на предавници и на патриоти, како обид за нивно дисциплинирање. Скандалозната изјава на Иванов, всушност, е продолжение на сапуницата што почна пред новогодишните празници, кога група новинари и претставници на невладиниот сектор беа посочени како грчки платеници, кои со своите ставови и пишувања ја поткопувале преговарачката позиција на Македонија во спорот за името. Претходно, македонските новинари беа посочувани и како поттикнувачи на говорот на омраза во медиумите, со што ги влошувале македонско-бугарските односи. - Претседателот, дефинитивно, по само девет месеци од стапувањето на највисоката функција, стана неприкосновен лидер на листата на најцитираните политичари во државата. Гафовите на шефот на државата веќе не се бројат. Во политичките кругови, на седенките, во кафеаните и меѓу новинарската фела се прераскажуваат сочни анегдоти, а јавноста негодува од неговиот начин на изразување. Неговите досетки ги сметаат за несреќни конструкции, кои не прилега да ги употреби човек што ја извршува престижната претседателска функција - коментираат набљудувачите на политичката сцена. Но, тие потсетуваат дека Ѓорге Иванов со своите досетки предизвикуваше бурни реакции во домашната јавност уште за време на предизборието, како претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беа изјавите за „космодиск демократија“, фрлањето клетви до седмо колено, агитирањето преку неговите студенти, јавно искажаното „неверство“ кон сопругата бидејќи „легнувал и станувал со Македонија“... Горчлив впечаток остави и отсуството на „албанскиот фактор“ на неговата инаугурација, а веднаш потоа и изјавата дека „албанскиот бојкот“ е неважен за неговиот легитимитет. Ќе се паметат и неговата оценка дека западната цивилизација тргнала од селото Паљурци крај Валандово, премислувањата околу средбите со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и потпишаната, па отповикана одлука за помилување на Ламбе Арнаудов, поранешен директор на ЕСМ кој во затворот во Идризово е на издржување на четиригодишната затворска казна за проневера на еден милион евра. Пред новогодишните празници, на бизнис-форумот во Американската комора, Иванов ги забавуваше присутните редејќи ги сите балкански шефови на држави со докторски титули и констатирајќи дека во сила е „смарт пауер“, или моќ во рацете на најпаметните во регионот. - Направете само една обична анализа и ќе видите дека претседателот на Словенија е доктор на науки, претседателот на Албанија е доктор на науки, претседателот на Србија е доктор на науки, претседателот на Бугарија е доктор на науки, а и јас сум доктор на науки - гордо објави тој. А во една таква „докторска“ мисија во Белград направи вистинска збрка со (не)признавањето на договорот за разграничување со Косово. При неговата неодамнешна посета на Берлин, пак, тој невкусно и сосема без потреба, кршејќи ги сите норми за нивото на функцијата што ја извршува, се впуштил во полемика со грчкиот амбасадор Тасос Криекукис. - Јас имам решение за името. Македонија, 39 проценти, Грција, 51 процент. Затоа што нашата територија е 39 проценти од целата област Македонија, но ние сме 100 проценти Македонија. Вие сте само пет проценти Македонија од вкупната територија. Па, сега проценете кој има право на името Македонија - му рече тој на грчкиот амбасадор во Германија. Дел од експертите сметаат дека неподготвеноста на тимот кој работи со претседателот е главниот виновник за продуцирање вакви киксови. - Фактот дека шефот на државата при своите јавни настапи оддава впечаток дека е неподготвен, може да биде показател дека не функционира добро тимската работа во неговиот кабинет. Неговите советници, барем во светот тоа така функционира, треба да се грижат јавниот настап на претседателот да биде на нивото на функцијата која ја извршува - вели комуникологот Сеад Џигал. Тој посочува дека претседателот Иванов, сакајќи да биде во линија на ставовите на партијата која го поставила на оваа функција, несвесно го троши својот легитимитет и паѓа во стапицата на буквализмот. Како пример за тоа тој ја посочува изјавата на Иванов: „Разумен компромис е разумен компромис“, која уште долго ќе се прераскажува.

Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #47 на: Јануари 26, 2010, 01:20:15 pm »

X/0 со Роберт Поповски гостин президентот РМ

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=36&articleId=92
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

PANKOVSKY

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 206
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #48 на: Јануари 26, 2010, 01:30:34 pm »

Който се е захванал с журналисти , хаир не е видял ;D
Гьорето го чека голем резил и то скоро ;D
Сочувана
Прост народ - слаба държава.

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #49 на: Јануари 30, 2010, 12:23:48 am »


Што чита македонскиот претседател?


Цитат
Познатиот радикално десничарски хрватски портал „нецензурирано“ е омилено четиво на Ѓорге Иванов
„Читајте www.necenzurirano.com - таму ќе ги најдете сите сценарија за Македонија и за Балканот, може да прочитате и многу други работи“. Вака му препорача претседателот Ѓорге Иванов на новинарот Роберт Поповски во неодамнешното интервју во емисијата Х/О на телевизијата Канал 5. Иванов го препорача овој веб-портал со нескриен ентузијазам на редовен проследувач на содржините што се објавуваат таму и нивен страстен консумент, кој до таа мера не се сомнева во релевантноста на материјалот што се реши и јавно да го препорача како извор за информирање.

Се распрашавме и ние за рејтингот на овој портал на хрватската и на балканската сцена, кој би требало да е висок и со ниво на кредибилитет што е достоен да биде редовно четиво на еден шеф на држава.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C7B971A6C1B51242991D71A71417D198

овој човек некој многу многу сериозно го заебава!  ;D

како и да е и миленко и јади бурек се редовни запаленковци на тој web site, latas инаку е ултра запаленко на ликот и делото на мирослав лазански (тој е латас на латас  ;D) сегашен комeнтатор во србска „политика“, а тие от поодамна го памтат како новинар на загребски „Старт“ и радио-телевизија загреб итн итн..

Овој проблем со Хорхе е во следното:
Цитат
Познавачи од областа на националната безбедност велат дека е скандалозно еден шеф на држава да се повикува во која било форма на безбедносни информации добиени по таков пат
неможе претседател на земја кандидат членка во НАТО и ЕС тресе вакви зелени и суди врз база на такви шпекулативни портали, а уште повече и јавно се фали со тоа...
Значи веста е и за темата АПСУРДИСТАН!

Во продолжение

Девет месеци обележани со гафови

но тоа кое е ноторен факт е

Цитат
Ѓорге Иванов е единствена политичка личност што стапила на претседателската функција со широка препорака на академската заедница од Македонија. Најзвучните имиња од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Гане Тодоровски, Блаже Ристоски, Георги Ефремов, Цветан Грозданов, побрзаа да го стават својот потпис на претседателската кандидатура за која сметаа дека ќе отвори ново поглавје во високата македонска политика. Се редеа и потписи на уметници, интелектуалци и други категории граѓани. Државата просто како да живееше во ѓоргеманија.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1D6E7C22A0FB894DBE2FD1EF1ECBF85C
 ;D
« Последно менување: Јануари 30, 2010, 01:05:50 am Daskal »
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Илийца

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 187
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #50 на: Февруари 02, 2010, 11:03:55 am »

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #51 на: Февруари 16, 2010, 01:51:50 pm »

Која му е маката на претседателов Иванов

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1945&ArticleID=134047

Кога треба да одговори на прашање кое е од сферата на неговите надлежности и кога треба да каже нешто паметно и со тоа да ги почести граѓаните што го поставија на позицијата претседател, да го искаже официјалниот став на функцијата која ја претставува, претседателот или молчи или одговара со прашање или, пак, ќе го прави она што најчесто го прави, кажува досега нечуена „глупост“. Таков беше случајот кога новинарите го прашаа што е разумен компромис и тој одби да одговори. Таков беше случајот кога му поставија медиумите неколку прашања и кога тој арогантно соопшти дека прашањата треба да им ги кажат на своите уредници (?!) и тие да го прашаат на заедничко интервју кое патем никогаш не се одржа. А во случаите кога претседателот е запрашан за активност која не е во неговите ингеренции и доделен мандат од граѓаните, т.е. прашање поврзано со проектот на Владата за плоштадот во Скопје, тој се внесува во својот одговор, филозофира, не му оди баш најдобро, но одговара како од него да зависи сето тоа, а не од тие на кои им е доделена надлежноста и на кои се однесува поставеното прашање. Мене се уште не ми е јасно што за претседателот претставува разумниот компромис, но барем ми е јасно дека поддржува се што е конструктивно, креативно и иновативно, а најмногу од се ми е јасно зошто претседателот има рејтинг еднаков на нула!

Виктор Ивковски
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #52 на: Февруари 18, 2010, 03:02:28 pm »

Inpress се вклучува во темата  ;D

Цитат
“ Кога се нешто те бива, тогаш за се те бива. „

...претседателот Ѓорге Иванов за денот на Св.Трифун, кога закројуваше винови лози во тиквешијата.

http://www.inpress.com.mk/?ItemID=68967E4CDBF58443882A686F65CDA32B


Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #53 на: Март 06, 2010, 12:57:03 pm »

ВО ДЕБАР
Иванов ги заборавил православните


Претседателот Ѓорѓе Иванов за време на вчерашната посета на Дебар ги заборави православните верници од овој град, изјави вчера отец Благоја Спировски, архијерејски намесник и парохиски свештеник. Отец Спировски нагласи дека ја поздравува посетата на претседателот Иванов на дебарското муфтиство и на една џамија во Дебар, но додава дека не е коректно тоа што претседателот не посетил црква во Дебар и немал средба со православните верници.
- Ние имаме одлични етнички и верски односи со Исламската верска заедница и оваа навреда на Иванов нема да влијае врз тие односи - рече Спировски.
Свештеникот Спировски упатил критики на адреса на претседателот поради тоа што од пет цркви во Дебар, Иванов не посетил ниту една.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1961&ArticleID=135650
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #54 на: Март 31, 2010, 03:03:54 pm »

Каде е Ѓорге Иванов?   ???

Цитат
Во првите недели и месеци на својот мандат Иванов изразуваше и имаше мислење за широк спектар прашања, за што, навистина, често и беше на нишан на новинарски и политички забелешки - дека прави гафови и дека се меша во работи што не се од негов домен. Сега - повеќе не го прави тоа. Иванов сé помалку го има на домашната сцена. Тој речиси целосно се дистанцира од големите прашања што ја засегаат државата

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=331101022495&id=9&setIzdanie=21948
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #55 на: Април 01, 2010, 10:49:27 am »

Иванов не добил подршка од Топи

Цитат
Несреќно склопена изјава, или обид за манипулација со јавноста? Претседателот Иванов вчера соопшти дека телефонски разговарал со неговиот албански колега Бамир Топи за парадата на грчките специјалци, но не соопшти дека двајцата имале сосема различни оценки за инцидентот.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121616
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #56 на: Април 01, 2010, 10:57:55 am »

Друцас: Скопје да не го користи инцидентот со скандирањето

Цитат
“Поранешната Југословенска Република Македонија, да не го користи инцидентот со скандирањето на грчките војници, што беше изолиран инцидент“, повикува шефот на грчката дипломатија, Димитрис Друцас, во интервју за радио Скај.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121628
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #57 на: Април 08, 2010, 12:25:59 am »

our man  ;D

Цитат
Иванов ја претставил нацијата „како одбрана против религиозните тензии“, посочувајќи притоа на формулацијата на македонскиот шеф на државата: „Во македонската салата се' е измешано, но секој продукт си го чува својот сопствен вкус“.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A540F573CAB03E4DA8E2D1FFE87B21E0
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Илийца

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 187
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #58 на: Април 15, 2010, 09:07:52 am »

Охридскиот договор е рамка што треба да се применува секаде на Балканот и она што го прави Македонија во однос на етничките, религиозните и јазичните заедници да го имаме секаде во регионот, порача вчера македонскиот претседател Ѓорге Иванов

„Ќе ме радува секаде во регионот, на Балканот, да имаме Охридски договор“, рече Иванов додавајќи дека Рамковниот договор е отворен проект што влезе во нашиот Устав и како таков е дел од нашиот политички систем.





http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=10D75C6CB1CDC845BB40BFE857FCECE3

Before & after
 

« Последно менување: Април 15, 2010, 09:12:18 am Илийца »
Сочувана

Hunza

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 187
    • Погледај го Профилот
Одг: "The best" oФ Хорхе
« Одговори #59 на: Април 15, 2010, 12:46:53 pm »

Не се замараjте со човеков ... он е потполно „nonentity” – таков претседател како што му беше потребен на Груевски.  Тоа е се.
Сочувана