Хорхее
Претседателот Иванов откри: Лихнид Македонецот му бил другар на Колумбо!?Претседателот Ѓорге Иванов, средбите со странци (политичари и бизнисмени) најверојатно ги користи и за да им раскажува колку се Македонците древен народ. Според извори на Плусинфо, по теоријата за името на Пакистан дека е кованица од македонскиот јазик Пак(ти )стани, во последно време шефот на државата отишол и подалеку. Сега тој на странци им раскажувал дека на Кристофер Колумбо најдобар другар му бил Македонец, кој според него се викал Лихнид. Ова изворно, вчера од шпанската консалтинг компанија и амбасадорот од таа земја го слушнал и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Еден од луѓето од компанијата која ќе ја направи физибилити студијата за подземна сообраќајница, во центарот на Скопје, во неврзан разговор, откако Коце им подарил статуетки од воинот на коњ, рекол дека на средба со председателот Иванов од него слушнале за Македонецот Лихнид кој му бил другар на Колумбо.
- Вашиот претседател е доктор на науки и јас мора да му верувам - рекол Шпанецот.
На ова Трајановски (сиромашно поткован со историја) според нашиот извор само кусо одговорил:
- Да, да, нас, Македонците не има насекаде - без да дополни дали барокните ресторан галии што ќе се закотват во Вардар потекнуваат од теоријата на претседателот за Македонецот Лихнид.
Градоначалникот Коце го искористил присуството на шпанскиот амбасадор и на гостите од компанијата да им се пожали дека во Македонија, за
разлика од соседството, за жал се уште има најмногу комуњари.
Шпанците, идејното решение за подземната сообраќајница, според договорот, требе да го направат до крајот на годинава.
http://www.plusinfo.mk/vest/38653/Pretsedatelot-Ivanov-otkri-Lihnid-Makedonecot-mu-bil-drugar-na-Kolumbo