17 септември 2009
Со испраќање на писмо до градоначалникот на Охрид, г-н Александар Петрески, Бугарскиот културен клуб - Скопје покрена иницијатива за изградба на споменик во сеќавање на несреќно загинатите во трагедијата која што се случи во Охридското езеро. Чувствувајќи го расположението на јавноста во Охрид, вклучително и сите оние граѓани кои учествуваа во спасувањето на преживеаните, се надеваме дека г-н Петрески ќе ја прифати нашата иницијатива. [види повеќе]
10 септември 2009
Генералната дирекција за проширување на Европската комисија одговори на нашето писмо во врска со случајот "Спаска Митрова". Му благодариме на г-н Рен и г-н Хедберг за нивниот брз одговор. [види повеќе]
07 септември 2009
Раководството и членовите на Бугарскиот културен клуб - Скопје, длабоко потресени од зловештата трагедија, која се случи во Охридското езеро, сочувствуваат со блиските на загинатите и ја споделуваат скрбта со граѓаните на Бугарија и Македонија. По тој повод, беше испратено писмо до Претседателот и Премиерот на Република Бугарија, преку Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија. Писмото може да го прочитате тука.
31 август 2009
Весникот "Стандарт" ја пренесе информацијата за нашето писмо во врска со случајот "Спаска Митрова". Целата статија може да ја прочитате тука.
31 август 2009
Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година во штипско Ново село, во семејството на Александар Попорушев и Марија Александрова. Во 1898 година тој го завршува бугарското педагошко училиште во Скопје, а потоа е учител во Кочани, Кратово, Виница и Штип. На речиси 15-годишна возраст, Христо Матов го покрстува за член на ВМОРО. [прочитај повеќе]
28 август 2009
Информационата агенција "Фокус" го пренесе нашето писмо во врска со случајот "Спаска Митрова". Целата информација може да ја прочитате тука.
14 август 2009
Бугарскиот културен клуб - Скопје ја изрази својата загриженост во врска со случајот Спаска Митрова, испраќајќи писмо до претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи на Република Македонија, до претседателите, премиерите и министрите за надворешни работи на Бугарија, Албанија, Австрија, Белгија, Кина, Хрватска, Чешката република, Франција, Германија, Гърција, Унгарија, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција, Велика Британија и САД, како и до претседателот на Европската комисија, членови на Европскиот парламент, Генералниот секретар на ООН, Претседателот на ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија и Република Бугарија, и Human Rights Watch. [види повеќе]
19 април 2009
Великденска посета на гробовите на бугарски офицери на градските гробишта во Струмица кои загинале за време на Првата светска војна. [види повеќе]
3 март 2009
Претседателот на Здружението и негови членови учествуваа на традиционалниот прием во хотел "Александар Палас" организиран од амбасадата на Република Бугарија по повод националниот празник 3-ти март.
1 март 2009
Отворена е интернет страницата на Здружението. На сите посетители им ја честитаме баба Марта и ги покануваме да се регистрираат во [форумот].