Category: Вести
11 декември 2009
Утрински весник ја публикува веста за дарението на книги за Бигорскиот манастир. Во статијата на новинатор К.К. воопшто не е споменато дека БККС ја покренува иницијативата за да се направи ова дарение на луксузни книги со богословска содржина.
10 декември 2009
Кон крајот на септември, се случи трагичен инцидент, во кој изгоре значителен дел од Бигорскиот манастир. Патрон на Бигорскиот манастир е Св. Јоан Крстител, а во него богослужел големиот преродбенски деец Партениј Зографски. Од тие причини, Бугарскиот културен клуб - Скопје се обрати со молба кон институциите на Република Бугарија да помогнат за востановување на светиот манастир. [прочитај повеќе]
9 декември 2009
На интернет страницата на телевизијата СКАТ е поставена кратка информација за нашата организација, која можете да ја прочитате тука.
16-18 ноември 2009
Реакции во врска со енциклопедијата на МАНУ, може да прочитате во интервјуто од 16 ноември 2009 на проф. Георги Бакалов, претседател на Државната агенција "Архиви", во интервјуто на на проф. Цочо Билјарски, од Државната агенција "Архиви", и во изјавата на г-ѓа Рајна Манџукова, Директор на ДАБЧ.
16 ноември 2009
Радио Канал 77 го пренесе нашето соопштение за медиумите од 11 ноември 2009. Целата информација може да ја прочитате тука.
16 ноември 2009
Днес+ го пренесе нашето соопштение за медиумите во кое го изложивме нашиот предлог за привремено решение на проблемот со енциклопедијата на МАНУ. Целата информација може да ја прочитате тука
16 ноември 2009
Повод за ова наше обраќање до медиумите и јавноста, се информациите кои на 12 ноември 2009 се појавија на А1 и Канал 5, дека некои организации на граѓани во Република Македонија, планираат да изготват одговор на енциклопедијата на МАНУ во рок од еден месец, при тоа давајќи му етнички карактер на насловот на нивното издание. За нас се особено загрижувачки овие концепти, кои ни наликуваат на барањата на Милошевиќ за етнички чисти држави. [види повеќе]
14 ноември 2009
За дејноста на Бугарскиот културен клуб - Скопје од денес ќе можете да се информирате и преку други социјални мрежи, освен Facebook. БККС отвори свои профили и на FriendFeed, Twitter, YouTube, како и свој блог на Blogspot.
13 ноември 2009
Соопштението на БККС за медиумите во врска со разрешувањето на редакцијата на енциклопедијата продолжува да биде тема во весниците и електронските изданија. Тоа денеска беше пренесено од агенцијата Frognews, весникот Сега и порталот Българи. И интернет страницата на ДАБЧ исто така го пренесе нашето соопшение.
13 ноември 2009
Во врска со енциклопедијата на МАНУ, претседателот на БККС, г-н Лазар Младенов, учествуваше во предавањето "Час по България" на доц. Пламен Павлов, емитувано на телевизијата СКАТ. Емисијата беше посветена на Марко Цепенков, бугарски будител од Македонија, за кого разговараше Димитар Тачев, потомок на Марко Цепенков. Целото видео може да го симнете од сајтот на СКАТ, а повеќе информации за Марко Цепенков прочитајте во неговата автобиографија. [види повеќе]