Category: Вести
4 февруари 2010
Денес се навршуваат 138 години од раѓањето на Гоце Делчев, легендарен идеолог и организатор на националноослободителното движење во Македонија и Одринско и еден од водачите на ВМОРО. [Прочитај повеќе]
28 јануари 2010
Во неговото интервју за агенцијата Frognews, г-н Пламен Павлов ги набројува организациите и личностите кои дадоа поткрепа на Спаска Митрова во несправедливиот процес против неа, меѓу кои се споменува и Бугарскиот културен клуб - Скопје. Г-н Павлов повикува да бидат почитувани човечките права на г-ѓа Митрова и да и' биде вратено детето. Целото интервју може да го прочитате тука.
25 јануари 2010
Заради големиот интерес кон нашата дејност, БККС отвори профил во социјалната мрежа Facebook. Сите заинтересирани може да се информираат за дејноста на клубот и преку нашата Facebook фен страница. Во врска со проектот за печатење на алманахот "Македония" може да се информирате тука.
25 јануари 2010
Раководството на Бугарскиот културен клуб - Скопје реши да го публикува алманахот "Македония" како фототипно издание и CD верзија, за да го доближи ова фундаментално дело до сите граѓани на Република Македонија. Сите кои се заинтересирани да направат донација за овој проект, може да прочитаат повеќе за оваа наша иницијатива тука.
13 јануари 2010
Денес се навршуваат 82 години од смртта на Мара Бунева. Мара Бунева е дејателка на националноосободителното движење. Родена е во 1902 година во град Тетово. По завршувањето на гимназијата, го продолжува своето образование во Софискиот университет „Св. Климент Охридски“. [прочитај повеќе]
1 јануари 2010
Раководството на Бугарскиот културен клуб - Скопје на сите свои членови и симпатизери најсрдечно им посакува здравје, радост и благосостојба во Новата 2010 година!
16 декември 2009
Д-р Христо Татарчев е виден деец на националноослободителното движење. Роден е на 16 декември 1869 година во град Ресен. Завршува медицина во Берлин и е назначен за училишен лекар во Солун. Тој е еден од основачите на ВМОРО и прв претседател на нејзиниот Централен Комитет. [прочитај повеќе]
16 декември 2009
Членови на Бугарскиот културен клуб - Скопје учествуваа на „Вапцаровата вечер“ во Скопје, организирана од Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија и Културно-информациониот центар на Република Бугарија во Република Македонија, по повод 100 годишнината од раѓањето на Никола Вапцаров, Амбасадата на Република. [прочитај повеќе]
11 декември 2009
Во емисијата „Час по България", доц. Пламен Павлов го прочита соопштението за медиумите на БККС, во врска со иницијативата да се направи дарение за манастирот Св. Јован Бигорски. [види повеќе]
11 декември 2009
Бугарскиот културен клуб - Скопје испрати писмо до редакцијата на Утрински весник во врска со статијата со наслов „За Бигорски манастир подарок книги“, бр. 3157, од 11 декември 2009, потпишана од новинарот К.К. Утрински весник не ја објави нашата реакција. Целото писмо може да го прочитате тука.