Category: Деjност
21 ноември 2008
Учество во јавна дебата организирана од Фондацијата Институт отворено општество [види повеќе]
01 ноември 2008
Посета на возобновените бугарските воени гробишта во Ново село, Струмичко, каде што се погребани 71 војници од Втората тројанска и Единаесетата македонска дивизија, загинати за време на Балканската, Меѓусојузничката и Првата светска војна. Петнаесет од погребаните војници се од села и градови од денешна Република Македонија, од кои двајца од Ново село. Тројца од погребаните војници се од Беломорска Македонија. [види галерија]
31 октомври 2008
Интервју на г-н Лазар Младенов за весник Политика, 31 октомври – 6 номеври 2008, бр. 237 во врска со меморандумот [види повеќе]
23 октомври 2008
Учество во 10-тиот ден од туристичкиот поход "Охрид - Дојран 2008" по повод 90 години од крајот на Првата светска војна. Маршутата го опфаќа преминот Гевгелија - Дојран, преку Богданци и селото Фурка, каде што се наоѓал штабот на генерал Владимир Вазов, брат на поетот Иван Вазов. Благодарение на дејноста на амбасадорот г-н Михо Михов, градот Дојран е збратимен со општина Тројан од Република Бугарија. [види галерија]
14 октомври 2008
Меморандум во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција е испратен до Претседателите, Премиерите и Министрите за надворешни работи на Република Македонија и 24 земји, како и до Претседателот на Европската комисија, Претседателот на ООН, Генералниот секретар на НАТО и Претседавачот на ОБСЕ. Оригиналот е напишан на англиски јазик. За превод притиснете тука.
31 август 2008
Посета на Мелник по повод 84-годишнината од смртта на Тодор Александров [види галерија]
2 август 2008
Чествување 105-годишнината од Илинденско-Преображенското востание во Смилево и посета на Илинденските гробишта црквата "Св. Недела" во Битола [види галерија]