Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 2 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Интервју на г-н Лазар Младенов за весник Политика

Весник "Политика", број 237, 31 октомври – 6 ноември 2008

Евгениј Еков

Лазар Младенов е роден на 7 август 1956 година во Струмица, Република Македонија. Средното образование го завршува во родниот град, а потоа учи архитектура на универзитетот во Скопје. Подоцна развива сопствен бизнис со трговија со осветителни тела. Во политиката е од 1990 година како еден од првите носители на плурализмот во Македонија, раководен од идеите на ВМРО. На 4 мај 2008 година го создава Бугарскиот културен клуб во Скопје, чија цел е в’зраждане на б’лгарштината во Македонија. Живее во Струмица. Женет е, има две деца.

- Господин Младенов, овие денови Бугарскиот културен клуб во Скопје, чијшто лидер сте вие, испрати до претседателите, премиерите и министрите за надворешни работи на Македонија и на уште 24 држави, и до редица меѓународни организации и медиуми меморандум во врска со грчко-македонскиот спор за името на државата. Што ве мотивира за тоа дејство?

- На последната средба на врвот на НАТО во Букурешт, Република Македонија не беше поканета да стане земја-членка на Алијанската заради неразрешениот спор за нејзиното име со Грција, која тоа го постави како услов уште порано. Бугарскиот културен клуб во Македонија има мнение, дека со таа своја позиција Атина се стреми да добие меѓународна верификација за долгогодишната политика на терор, денационализација и културна асимилација на бугарите во Егејска Македонија. Всушност, поради тоа преку меморандумот ние имаме за цел да ја запознаеме меѓународната јавност со вистината за Македонија и да ги дадеме нашите препораки за стабилноста на Балканскиот регион.

- Грчката страна исто така многу активно ја запознава меѓународната јавност со својата "вистина" за Македонија.

- Грција не случајно и не без сметка го отвори спорот околу името, со кое фрли ракавица не само на Република Македонија, туку во исто време и на НАТО, Европската унија, на ООН, на САД и Русија. Проблемот е, што ниту НАТО, ниту ЕУ, ниту ООН успеаа да ја разберат оваа византиска игра на Атина. Со така режираниот спор за името, Грција се стреми уште повеќе да ја изостри позицијата на владата во Скопје во однос на "македонскиот идентитет". Но строго на анти-б’лгарска основа и, се разбира, со помошта на теоријата дека потеклото на граѓаните на Македонија е сврзано со Александар Велики. Тоа во исто време значи и запазување на српската контрола врз политиката, историјата и духовноста на нашата млада држава, и одвраќање од евентуалното зближување меѓу Б’лгарија и Македонија. А тоа означува Македонија да влезе во евроатлантските структури заедно со Србија и тоа, кога Грција ќе реши, дека е нај-згодно за неа. Многу индикации говорат исто така, дека Атина има и свој план "Б": распаѓање на Македонија по етничка линија со македонските Албанци и нејзина поделба по таков начин, што Грција и Србија повторно ќе станат соседни држави. Парадоксот е во тоа, што Грција спротивно на своите декларации за решавање на спорот, всушност е заинтересирана за тврдиот и непопустлив став на властите во Македонија!

- Тоа е многу силно тврдење. Не се чувствувате ли незгодно, дека можат да ве обвинат за давање на екстремни оценки?

- Не постова никаква валидна правна основа, заснована на вклучувањето на дел од географската област Македонија во грчките граници, Атина да бара некакви права, со кои таа да диктира какво да биде името на другиот дел од истата област. Уште повеќе, што во Вардарска Македонија живеат граѓани, кои избрале политичка судбина да бидат независни. А од правна гледна точка името на една земја стои многу повисоко од името на една провинција во друга земја. Еден релевантен пример: Б’лгарија има област, која се нарекува Пиринска Македонија, но и покрај тоа таа ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име. Не постои исто така и никакво валидно историско оправдување за тоа, што Грција се обидува да ја наложи употребата на името "славо-македонци". Затоа што грчката наука многу добро знае за кој народ станува збор. Нешто повеќе, денес грчката политика мудро ја употребува античката теорија – од една страна, подарувајќи ја како данајски дар на пост-комунистичка Македонија, а од, друга, претставувајќи ја пред меѓународните влијателни кругови како пример како Република Македонија ја краде грчката историја. И тврдејќи во крајна сметка дека Скопје има територијални претензии кон Атина. Во тој план, ако се земе предвид, дека Грција е најголемиот увозник на оружје во светски размери (Financial Times, 16 април 2007 година), логично е да се постави прашањето дали тоа не е подготовка за политичка агресија (претензијата над името е претензија за земјата - Nomen est Omen). И дали не станува збор за "легитимна" закана со оружје.

- Првите адреси на вашиот меморандум се трите фактори кои ја формираат надворешната политика на Скопје. Какви препораки им упатувате сврзани со нивната позиција во однос на спорот за името?

- Ние им препорачуваме на македонските власти, на прво место, да ја променат Преамбулата на Уставот на Република Македонија, така што сегашната формулација да се замени со определбата, дека "Република Македонија е држава на сите нејзини граѓани". На второ место, им предложивме да се откажат од својата доктрина, дека граѓаните на Македонија се потомци на Александар Велики. Тој треба да биде оставен како културно наследство на сите држави на Балканот, а не да е основа за создавање на национални доктрини. Третата наша препорака е властите да го реформираат образовниот систем на начин кој обезбедува историјата да се предава врз основа на автентични историски документи, а не на политички и идеолошки интерпретации. И во тој поглед тие да го земат предвид фактот, што Б’лгарите во Вардарска и Егејска Македонија, според принципите на Општеството на народите во Женева, до 1944 година биле третирани како б’лгарско национално малцинство во Југославија и Грција.

- Тоа се вашите препораки на внатрешно-политички план, а какви се вашите предлози во надворешно-политички аспект?

- На прво место, при преговорите со Грција за името властите во Скопје треба да ја земат предвид конвенцијата за размена на бегалци склучена помеѓу Грција и Бугарија во 1919 година, договорот "Калфов-Политис" од 1924 година за заштита на б’лгарското малцинство во Грција и финансовата спогодба "Молов-Кафандарис" од 1927 година, која ја прецизира конвенцијата. Следува исто така да ја имаат предвид и согласноста постигната меѓу Б’лгарија и Грција во 1963 година, дека спорните прашања за размената на бегалците, сврзани со тие спогодби и претензиите за името, кои произлегуваат од нив, се решени со еден сеопфатен договор. Им предложивме на властите да ги задлабочат економските и културните врски со сите соседи, особено со Б’лгарија и Албаија, со изоставување на наследените предрасуди од историјата. Како и да го усвојат и применат б’лгарското "ноу-хау" за членство во НАТО и ЕУ. Во тој план, ние сме особено радосни, што властите во Македонија веќе исполнија една од препораките во нашиот меморандум со неодамнешното признавање на независноста на Косово. И се надеваме, дека тие ќе го направат и следниот чекор – да испратат молба до НАТО за располагање на американски б’лгарски и турски трупи од Алијанската на границата на Македонија со Косово и Србија.

- Меморандумот беше испратен и до б’лгарскиот претседател, премиер и министер за надворешни работи. Какви препораки испраќате во него кон политиката на Б’лгарија?

- По наше видување, Б’лгарија треба да продолжи да ги поддржува идеалите на ВМРО за постоење на слободна и независна македонска држава. Истовремено, Софија треба да земе активно учество во "спорот" за името, разјаснувајќи го етничкиот карактер на Македонија на компетентните меѓународни организации, и најмногу на светското дипломатско и академско општество. Како член на Европската унија, таа треба да се грижи и за заштита на човековите права на Б’лгарите во Грција и на б’лгарските топоними, да помага за основање на б’лгарски училишта и за реконструкција на старите б’лгарски цркви и гробишта.

- А какво решение на спорот за името предлагате во меморандумот?

- Нашето длабоко убедување е, дека името Република Македонија е единствно возможно решение на спорот за името, но под услов, дека се загарантирани правата и можностите на македонските Б’лгари и на сите граѓани, кои живеат во неа. Со испраќањето на овој меморандум ние исто така искрено се надеваме, дека високите институции до кои тој се испраќа ќе направат во името на балканската стабилност, човечкиот углед и христијанските принципи, се, што е можно, за да се зачува името Република Македонија и историската вистина за нејзиниот народ.

- На какви документи се заснова вашиот меморандум?

- Меморандумот има за своја основа два документа. Едниот е "Кипарскиот проблем и Македонија – експозе за потиснувањето над малцинствата во Грција", подготвен од делегатите на 35-от конгрес на МПО, одржан во 1956 година во Питсбург, САД. А другиот е "Б’лгарската политика спрема Република Македонија", изготвен од голема екипа на експерти, политичари и дипломати, на чело со проф. Љубомир Иванов, претседател на Атлантскиот клуб на Б’лгарија, како и на фондацијата "Манфред Вернер".

Линк кон статијата од весник "Политика"

AdaptiveThemes