23 октомври 2008
Учество во 10-тиот ден од туристичкиот поход "Охрид - Дојран 2008" по повод 90 години од крајот на Првата светска војна. Маршутата го опфаќа преминот Гевгелија - Дојран, преку Богданци и селото Фурка, каде што се наоѓал штабот на генерал Владимир Вазов, брат на поетот Иван Вазов. Благодарение на дејноста на амбасадорот г-н Михо Михов, градот Дојран е збратимен со општина Тројан од Република Бугарија. [види галерија]