Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: СДСМ  (Прочитано 15676 пати)

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
СДСМ
« на: Февруари 20, 2010, 11:19:47 am »

Вракањето на Бранко Црвенковски беше еуфорично дочекано во СДСМ,  кочничарот на демократските развој и пролет на РМ од 90 години, сега има тешка задача да ги порази тоа што тој го креираше,  а тоа е системот на субстандардно и некритички орентираното македонско општество, контролирано од бившите соработници на удба и кос кои сега масовно го узурпираа ВМРО-ДПМНЕ. Тие што верно му слугуваа на Црвенковски во 90-тите, 20 години потоа комплетно се ставени во функција на ДПМНЕ, но уште пострашно, ДПМНЕ поуспешно ги управува и ги корсити од БЦ тие структури.

Од тој аспект помина речиси 9 месеци од враќањето на БЦ, ама СДСМ е безмалку таму каде што беше и пред 9 месеци. Многу „core“ ликови на СДСМ од тие 90-ти и победата нивна од 2002 сега се отворени и жестоки критичари на сегашното СДСМ. Дури и Јован Манасиевски лик кој својата политичка кариера ја должи токму на БЦ, сега е во групата на силни критичари на БЦ...

Но и покрај се СДСМ е сепак политички фактор во РМ...


Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Апостол

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 509
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #1 на: Февруари 20, 2010, 01:47:23 pm »

Точно  така  е  Даскале.
Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #2 на: Февруари 22, 2010, 11:17:50 am »

Никола Поповски - Отровни стрели кон бившите сопартијци!


Никола Поповски, или Николче како што другите (кој од милост кој од цинизам) го викаат, не е случајна личност на македонската политичка и поширока општествена сцена.

Никола Поповски сега е универзитетски професор кој очекува да брани докторска теза. Познат колумнист, жесток полемичар, сега, заедно со неговиот пријател Ѓорѓи Спасов, една од полугите на  институтот ДЕМОС.

Сепак, Никола Поповски е најповеќе познат по СДСМ. Еден е од неговите основачи, речиси постојанен член на највисокото раководство - Претседателството, еднаш потпретседател на партијата.

Во сите парламентарни состави, од 1990 наваму, освен последниве две години, Никола Поповски беше дел од Собранието на Република Македонија, еднаш негов претседател.

Никола Поповски, како што самиот откри неодамна, бил еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор (во името на СДСМ), а со Тито Петковски спори дека всушност неова е изјавата - "да се зграпчи овој договор".

Како и да е Никола Поповски е еден од симболите, или макар нека биде - еден од сведоците на новата македонскаа државност и реалност.

Од друга страна нема сомнение дека Никола Поповски беше еден од заштитните знаци на СДСМ. Од пред една година е еден од можеби не најжестоките, но сигурно - најинентивните критичари.

Никола Поповски не ги штеди ниту СДСМ, ниту старо - новиот лидер Црвенкоски. Тој во сегашното раководство гледа импотентност во настапот на терен и има големи забелешки на начинот како тоа настапува во јавноста.

"Црвенкоски со скапите манжетни на кошулите, сака да ни се претстави во својата најелитна комбинација и како да е претставник на најлибералната десница", ќе рече Никола Поповски. Дури и Груевски н е зрачи така "иако има многу повеќе пари" ќе поентира Поповски. Елитистичко претставуваање гледа и кај другите раководители.

Ако на Никола Поповски му се надградат шпекулациите, изнесени деновиве на една национална телевизија (во друштво на министерката на полицијата Јанкулоска) дека, наводно, најблиска соработничка на Црвенкоски (водителот додаде и нешто повеќе!) ја облекувала "Мадам Пепи" - македонската нарко кралица, тогаш ваквите обвинувања на Поповски добро се лепат во јавноста.

Поповски смета дека со својот имиџ, пораки и настап, Црвенкоски не може да донесе повеќе од 150 илјади гласови. Тој го обвинува раководството за млакост во настапот, потсетувајќи го на времињата од 1999, кога СДСМ "седум дена собираше 100 илјади народ, пред Собранието и на  плоштадот Македонија". Тој бара порадикален настап на лидерот на СДСМ.

Структурите на СДСМ кои доведоа до уништување на партијаата, во континуитет се во врвните раководстваа, вели Попоски. Сето тоа е никнато во времето кога партијата ја водеше Црвенкоски, потоа само изрти, додава тој.

Според Попоски во СДСМ не е ништо сменето. Таму се истите луѓе од Шеќеринска, Бучковски, Заев и Црвенковски. "Со секои избори помалку пратеници, советници, градоначалници. Тоа е вистината за СДСМ", вели Поповски, во разговор на АЛФА телевизија, во емисијата на Оливера Трајковска, што е исто така, појава за анализа. (Крај)

http://www.inpress.com.mk/?ItemID=70D90D197494C94FA8BC62FD32226544
« Последно менување: Февруари 22, 2010, 11:31:46 am Daskal »
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #3 на: Февруари 24, 2010, 08:41:45 pm »

Црвенковски удира таму каде што знае дека има голем корпус гласачи и кои се можеби се клучните за минатите победи на ДПМНЕ. Ако успее да ги „спинува“ (по модерно) замјоделците знае дека ја завршил работата. Секако и покрај силните субвенции во тој дел од мк општество има силни реални проблеми и незадовослство. Има процеп и Црвенковски се обидува да го искористи...

„Баталете го „Скопје 2014“, да ја видиме Макеоднија 2010“

Бранко Црвенковски
 

„Еве го производството наше, кај ни стои капиталот наш“, вели Златко Размоски, земјоделец од Долнени прилепско.

Шефот на опозицијата, Бранко Црвенковски денеска беше во полните амбари на прилепските земјоделци. Му се пожалија дека нивната пченица се уште е непродадена и скапува додека се увезува српско брашно по багателни цени.

И јачменот останал непродаден зашто Сведмилк и овде ги испразни шталите.

„Таму имаме луѓе со поголема површини што имаат по 100 тони пченица, немаат ни зрно продадено“, вели земјоделец од село Десово.

„Наспроти владиниот проект „Скопје 2014“, кој што како што сите знаеме кошта 200 милиони евра, јас и ние од СДСМ се обидуваме да промовираме еден друг проект, тој се вика Македонија 2010, односно со други зборови што е реалноста во Македонија, благодарение на тебе можев да видам како амбарите се полни, житото е непродадено. Меѓутоа најлошото е тоа што не е само една фамилија погодена туку се многу, рече Бранко Црвенковски.

Поголема група од земјоделци го пречекаа претседателот на опозициската СДСМ Црвенковски и во Лажани. И таму пченицата им стои непродадена, пари за нови сеидба немаат, а се пожалија дека се друго и во производството и во живеачката е поскапено.

„Житото сами знаете дека за време ваше никогаш не бевме испод 12 денари или 10 денари плус 2 денари премија. Годинава паднавме на 6 денари, па 7 денари ама во разлика со тоа ѓубривото од 450, минатата година беше на 1100 денари“, изјави земјоделец.

Земјоделците од прилепскиот крај освен за непродадената пченица, на Црвенковски му ја кажа и старата болка со поделбата на државното земјиште, главно неправедно распределена, на луѓе блиски до власта.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120274
« Последно менување: Февруари 27, 2010, 08:58:46 pm Daskal »
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #4 на: Февруари 27, 2010, 09:02:23 pm »

СДСМ продолжува да ја експлотира темата земноделие...

СДСМ - земјоделците не ги добиваат парите за субвенции

Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски остварува средби токму со оние земјоделци кои Груевски и ВМРО ДПМНЕ ги излажаа, осиромашија и згора на сe ги тепаа и им поднесоа кривични пријави.

Со вакво обвинување се огласи денеска СДСМ. Пред ВМРО-ДПМНЕ да пушта безобразни тези колку ги субвенционирале производителите на житни култури, сакаме да ги потсетиме дека во времето на владата на Бранко Црвенковски цената што се исплаќаше по килограм пченица изнесуваше 12 денари, нешто што за владата на Никола Груевски е научна фантастика, се вели во соопштението.

Конечно, се согласуваме дека во буџетот на Република Македонија се одвојуваат пари за субвенционирање на земјоделието и токму на средбите на претседателот Црвенковски со земјоделците се констатира клучната работа - дека земјоделците своите пари за субвенции не ги добиваат.

Со други зборови, пари во џебовите на земјоделците од буџетот на Република Македонија нема. Оттаму, прашањата сe уште се за Груевски. Бидејќи земјоделците пари за субвенции не добиваат,каде одат парите за кои вие цело време зборувате? И, ако наводно толку пари давате во земјоделието,зошто земјоделското производство во последните две години се намалува, прашуваат од СДСМ. (Крај)

http://www.inpress.com.mk/?ItemID=ECDEE851A795CC4CA5AE78BA43CAE133
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #5 на: Февруари 27, 2010, 09:05:11 pm »

Кадровското „надополнување“ на СДСМ во ВМРО...

Проф. д-р Атанаско Туневски од ВМРО ДПМНЕ во СДСМ

Да, јас сум член на СДСМ. Во СДСМ доаѓам од ВМРО-ДПМНЕ. Никогаш не сум бил член на ЛДП, тоа се само шпекулации, рече на денешнаата прес конференција во СДСМ проф. д-р Атанаско Туневски.

Сведоци сте дека во 2006 година одржав 30 преса за ВМРО-ДПМНЕ. И тогаш и сега го зборувам истото. Во  2006 година не очекував дека ВМРО-ДПМНЕ  ќе се постави аматери на сериозни позиции во енергетскиот сектор, што сигурно е една од причините за моето преминување, рече Туневски. (Крај)

http://www.inpress.com.mk/?ItemID=38856CF42CA2DF4B94A191886BE78421

Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #6 на: Март 01, 2010, 04:52:05 pm »


Црвенковски со коментар:

Цитат
„Ја користам оваа прилика да го повикам пред се премиерот, бидејќи тој е најодговорен, да се вразуми, да се соочи со вистината во Македонија, со реалноста, со вистинските проблеми на сите наши граѓани и парите од народот да ги дава за народот, да ги преусмерува за решавање на нивните проблеми, а не за градење на некакви свои фараонски градби кои што ќе бидат споменик на едно недемократско и неодговорно владеење“, изјави Црвенковски.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120456
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #7 на: Март 01, 2010, 08:17:28 pm »

Црвенкоски го спореди владеењето на Груевски со режимот на Чаушеску

Цитат
Ниедна од грандиозните градби низ Европа, без разлика дали е Будимпешта, Рим, Виена, не е градена во период на демократско општество, рече денеска лидееот на опозицијата Бранко Црвенкоски

http://inpress.com.mk/?ItemID=99D37C1C4804AC448EB8220EE7601CCD
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #8 на: Март 02, 2010, 12:18:56 pm »

СДСМ тргнува во пролетна офанзива со протести

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1957&ArticleID=135254

E ај да го видиме и тоа чудо, лично сметам дека немаат уште сила...но да видиме, „пролетната офанзива“, кога есенската им беше дебакал...
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #9 на: Март 02, 2010, 12:45:21 pm »

БРАНКОВА ОФАНЗИВА ? АЙДЕ КЕ ГИ МОЛАМ , ПА ТОЙ Е ЗА МУЗЕЙ ВЕКЕ !  ;D
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #10 на: Март 05, 2010, 11:51:54 am »

Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #11 на: Април 08, 2010, 12:41:22 am »

неможам да одолеам а да не ја сместам колумната на Никола Поповски тука, со наслов кој силно ме засмева, но очигледно е внимателно и интелигентно одбран... ;D

Голи во седло

Се промовира некаков вид на идно владино водство кон реформи и излез од сегашната слепа уличка „под надзор“. Очигледно СДСМ одбрал интересен момент, начин и личност за да соопшти важни работи. Ако ништо друго, барем е јасно дека партијата е во потрага по можен премиер

Минатото лето најголемата опозициска партија објави нереално ветување дека ќе формира влада во сенка. Тоа до денес не е направено. Веројатно нема ни да се направи бидејќи за тоа треба сосема поинакво ниво на организација на една партија, друго ниво на внатрешна демократија и уредување на односите и сосема поинакви принципи на раководење со внатрешните политички процеси. Услови за тоа сега нема во македонското општество, а уште помалку во сегашниот момент во кој владее политичка партија со огромен деструктивен нагон и моќ.

Пред неколку недели се појави една статија во „Утрински весник“ во која авторката, која инаку секогаш е добро информирана за внатрешните состојби во СДСМ од самите нејзини челници, објави дека опозициската влада во сенка не може да се формира пред претседателот на партијата лично да се реши дали тој би ја предводел владата во сенка или тоа би му го препуштил на некој друг. Таа статија исфрли на површина две дилеми - едната дека претседателот на партијата не е сосема подготвен да застане на чело на некоја идна влада, што е сосема некомпатибилно со парламентарен систем каков што постои во Македонија и втората дека партијата уште од самиот зачеток на идејата за влада во сенка всушност била сосема неподготвена за нејзина реализација. Така, идејата не ги даде одговорите на поставените дилеми, но даде одговор на едно сосема друго прашање - а тоа е дека на СДСМ се' уште му претстои тешка и долга работа до неговото заздравување. Да се има лидер на партија што претендира да ги држи буквално сите партиски конци во свои раце, а кој во случај на изборна победа не му е сосема јасно дали тој или некој друг (и кој?!) ќе ја предводи Владата е сериозен структурен и институционален проблем на секоја партија. Тоа е многу далеку од состојбата што генералниот секретар на партијата неодамна ја опиша со зборовите „сегашна организациска подготвеност на СДСМ е на истото високо ниво како и онаа во 2002 година“. За такво тврдење очигледно е прерано. Недостига премиер.

Дилемите конечно се затвораат и со јавните прозивки на еден од старо-новите „најблиски“ соработници на претседателот на СДСМ, кој деновиве директно соопшти дека „не очекувал“ претседателот на партијата да ја предводи евентуалната идна социјалдемократска влада и дека тоа треба да биде некоја друга личност. Истовремено тој требало да остане да го детерминира курсот на државата за идни реформи. Значи се промовира некаков вид на идно владино водство кон реформи и излез од сегашната слепа уличка „под надзор“. Очигледно СДСМ одбрал интересен момент, начин и личност за да соопшти важни работи. Ако ништо друго, барем е јасно дека партијата е во потрага по можен премиер. Голи во седло. Оттука натаму се отвораат многу интересни ненаучени лекции за партијата и лично за нејзиниот претседател околу можностите прво да се инаугурира премиер (г. Костов, г. Бучковски) или партиски претседател (г-ѓа Шекеринска) по своја волја и своја контрола, а потоа да се сфати дека тоа едноставно не е можно, па тие луѓе понатаму да мора да се детронизираат по секоја цена и да се елиминираат од кандидати за сериозни партиски и државни функции.

Но, како и да е, останува прашањето за кој премиер би гласале граѓаните на Македонија на идните избори како алтернатива на сегашниот. Одговор нема. По се' изгледа дека г. Груевски на идните избори нема да има противник со име и презиме, туку ќе има контури на можен опонент.

Понатаму, иако не се знае кој е премиерскиот противкандидат на г. Груевски, сепак лесно може да се претпостави кој тоа не е. Поранешните претседатели на СДСМ во самата партија веќе се сместени во категоријата „стари и потрошени кадри“, на кои не се смета за високи функции во иднина. Оние што се старо-нови покајници и придојдени на второ поклонение, сепак се добри за кандидати само тогаш кога е јасно дека победата на изборите е невозможна. Сегашната, пак, формална номенклатура на партијата (потпретседатели и секретар) е доволно неискусна за да може да добие премиерско место. Тие ќе бидат презадоволни со добитно место на пратеничките листи. Полна капа. Внатрешниот круг околу претседателот е уште помалку можно решение. Неколкуте познати лица и кадровски шеми од најблиското опкружување, исто така, ќе бидат задоволни со доживотни пратенички места. Помеѓу членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата уште помалку се наѕира идниот премиер. Останува некое изненадување, ако со ваквиот пристап СДСМ воопшто дојде во ситуација да даде премиер.

Кога некоја партија самата, на јавна сцена, си отвора поле за шпекулации околу тоа кој треба, а кој не треба да биде нејзин премиерски кандидат, тогаш дополнителните шпекулации од јавноста не треба никого да изненадуваат. Во новонастанатата ситуација со „премиерскиот дефицит“ на опозицијата нема да претставува никакво чудо ако на површината исплива некој од новопримените членови кои имаат лично политичко искуство што е стекнато во некоја друга партија, а сега се наоѓаат на високи позиции во СДСМ. Еден од таквите е шефот на најголемата партиска организација во СДСМ, кој очигледно е во милост на партискиот претседател. Се' е можно. Од немај-каде

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4A355DFF5510484D96FE6F857A8B6AF3
« Последно менување: Април 08, 2010, 12:53:41 am Daskal »
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #12 на: Април 13, 2010, 12:19:29 am »

СДСМ: Кој му подари на Томиќ 5,5 милиони?

Цитат
Македонската радио-телевизија (МРТВ) се повеќе наликува на приватна телевизија на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски отколку на јавен сервис на граѓаните, тврдат од СДСМ. Најголемата опозициска партија укажува на превработеност и нефункционалност во рамките на јавниот радиодифузен сервис.
- Најдобра илустрација за односот како кон програмата, така и кон парите на народот, е токму емисијата „Отворено со народот” на Слободан
Томиќ.

http://www.spic.com.mk/kat/hronika/sdsm-koj-mu-podari-na-tomic-5-5-milioni.html

ЧИТАТЕ ЛИ НА КОГО И КОЛКУ ПАРИ МУ СЕ ДАВААТ  ЗА ДА ГО БРАНИ МАКЕДОНИЗМОТ !?
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #13 на: Април 21, 2010, 09:59:52 am »

MAKEДОНИЯ НЕМА ИЗБОР !
АКО САМО ОВИЕ ПОДОЛУ СЕ АЛТЕРНАТИВА НА ГРУЕВЦИ, ТОГАШ ТЕШКО НА МАКЕДОНИЯ !

Бранко Црвенкоски - Заврши медениот месец за ВМРО-ДПМНЕ

Цитат
Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски истакна дека не постои ниту една значајна одлука, ниту една потпорна точка на која лежи оваа држава во чие создавање не учествувал на најдиректен начин Социјалдемократскиот сојуз.

- СДСМ како ниту една друга партија се вгради во создавањето и градењето на независноста, меѓународното етаблирање, демократизацијата и евро-атлантското интегрирање на Република Македонија, рече Црвенковски.

http://inpress.com.mk/?ItemID=6679B5A562D51245B2436843D089A6BD

СО ВАКВА ПОЛИТИЧКА СТРУКТУРА, ДЕФИНИТИВНО СМЕ ЗА ЖАЛЕНЬЕ !
« Последно менување: Април 21, 2010, 10:10:21 am disidente »
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: СДСМ
« Одговори #14 на: Април 21, 2010, 10:20:17 am »

Цитат
СДСМ како ниту една друга партија се вгради во создавањето и градењето на независноста, меѓународното етаблирање, демократизацијата и евро-атлантското интегрирање на Република Македонија, рече Црвенковски.

да да да ОВИЕ не дупчат мислат сите сме 20 години па не знаеме како беше...

ако некои се вгради во создавањето и градењето на независноста, меѓународното етаблирање, демократизацијата и евро-атлантското интегрирање на Република Македонија тоа се единствено македонските Българи

но како и да е овие се мотивираат за избори!
Анкети нема што е многу сомнително....
« Последно менување: Април 21, 2010, 10:30:47 am Daskal »
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение