Никола Поповски - Отровни стрели кон бившите сопартијци!Никола Поповски, или Николче како што другите (кој од милост кој од цинизам) го викаат, не е случајна личност на македонската политичка и поширока општествена сцена.
Никола Поповски сега е универзитетски професор кој очекува да брани докторска теза. Познат колумнист, жесток полемичар, сега, заедно со неговиот пријател Ѓорѓи Спасов, една од полугите на институтот ДЕМОС.
Сепак, Никола Поповски е најповеќе познат по СДСМ. Еден е од неговите основачи, речиси постојанен член на највисокото раководство - Претседателството, еднаш потпретседател на партијата.
Во сите парламентарни состави, од 1990 наваму, освен последниве две години, Никола Поповски беше дел од Собранието на Република Македонија, еднаш негов претседател.
Никола Поповски, како што самиот откри неодамна, бил еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор (во името на СДСМ), а со Тито Петковски спори дека всушност неова е изјавата - "да се зграпчи овој договор".
Како и да е Никола Поповски е еден од симболите, или макар нека биде - еден од сведоците на новата македонскаа државност и реалност.
Од друга страна нема сомнение дека Никола Поповски беше еден од заштитните знаци на СДСМ. Од пред една година е еден од можеби не најжестоките, но сигурно - најинентивните критичари.
Никола Поповски не ги штеди ниту СДСМ, ниту старо - новиот лидер Црвенкоски. Тој во сегашното раководство гледа импотентност во настапот на терен и има големи забелешки на начинот како тоа настапува во јавноста.
"Црвенкоски со скапите манжетни на кошулите, сака да ни се претстави во својата најелитна комбинација и како да е претставник на најлибералната десница", ќе рече Никола Поповски. Дури и Груевски н е зрачи така "иако има многу повеќе пари" ќе поентира Поповски. Елитистичко претставуваање гледа и кај другите раководители.
Ако на Никола Поповски му се надградат шпекулациите, изнесени деновиве на една национална телевизија (во друштво на министерката на полицијата Јанкулоска) дека, наводно, најблиска соработничка на Црвенкоски (водителот додаде и нешто повеќе!) ја облекувала "Мадам Пепи" - македонската нарко кралица, тогаш ваквите обвинувања на Поповски добро се лепат во јавноста.
Поповски смета дека со својот имиџ, пораки и настап, Црвенкоски не може да донесе повеќе од 150 илјади гласови. Тој го обвинува раководството за млакост во настапот, потсетувајќи го на времињата од 1999, кога СДСМ "седум дена собираше 100 илјади народ, пред Собранието и на плоштадот Македонија". Тој бара порадикален настап на лидерот на СДСМ.
Структурите на СДСМ кои доведоа до уништување на партијаата, во континуитет се во врвните раководстваа, вели Попоски. Сето тоа е никнато во времето кога партијата ја водеше Црвенкоски, потоа само изрти, додава тој.
Според Попоски во СДСМ не е ништо сменето. Таму се истите луѓе од Шеќеринска, Бучковски, Заев и Црвенковски. "Со секои избори помалку пратеници, советници, градоначалници. Тоа е вистината за СДСМ", вели Поповски, во разговор на АЛФА телевизија, во емисијата на Оливера Трајковска, што е исто така, појава за анализа. (Крај)
http://www.inpress.com.mk/?ItemID=70D90D197494C94FA8BC62FD32226544