A Manifesto from the Provisional Government of Macedonia (1881)The Manifesto was proclaimed on 23rd March 1881 in Kustendil (now in Bulgaria). It was sent to all diplomatic representatives in Bitola, Solun and Carigrad (now Istambul). It is one of the most significant acts issued by the Provisional Government of Macedonia, an executive body of the National Assembly of Macedonia. The Manifesto was found in the documentation of the Central State Archives of the October Revolution and Socialist Construction in Moscow (Section Count Ignatiev, No 730, Description No 1, ed. hr. 79).
A MANIFESTO OF THE PROVISIONAL GOVERNMENT OF MACEDONlA
23rd March 1881
Macedonians,
Our dear fatherland Macedonia was once one of the most glorious countries. Macedonian nation established the foundations of the art of war; with their victorious phalanx and Aristotle’s enlightenment they civilized the humanity and Asia. And now our fatherland, so glorious in the past, is on the verge of destruction, thanks to our mistakes and carelessness. Foreign and suspicious nations want conquer our homeland and destroy our nation, which, shining with such a light, will never be destroyed. Our mother Macedonia became now as a widow, lonely and deserted by her sons. She does not fly the banner of the victorious Macedonian army. Today she is just a geographic term. Much like if someone is trying to hide her victorious nature with the veil off oblivion. Conspirators have dug her grave and roam through our land, injecting poisons in her. These conspirator are the undertakers of our glorious and great fatherland, they want to dismember it and lay it as a pray in front of the victorious army of Austria-Hungary. If one joke is replaced with yet another, the revival of Macedonia will become impossible, and our nation will be eradicated. This moment is of utmost importance for Macedonia, it is a question of life or death.
Real Macedonians, faithful offspring of your fatherland!
http://en.wikisource.org/wiki/A_Manifesto_from_the_Provisional_Government_of_Macedonia_-_1881Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881
23 март 1881 во Ќустендил
Македонци,
Нашата мила татковина Македонија некогаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија. А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уништувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната Македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот и’ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт.
Вистински Македонци, верни чеда на вашата татковина!
Ќе дозволите ли вашата татковина да биде уништена? Погледнете како се гуши во ропство, како крвави од раните што околните народи и’ ги нанесоа! Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми! Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишта зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него:
Да живее Македонскиот народ, да живее Македонија!
Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода - нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена.
Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него!
Ќустендил 11-23 март 1881,
Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.
Претседател Васил Чомо[1]
Секретар Никола Трајков
Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258).
Манифестот во превод на англиски јазик
Историска позадина на овој манифест: Во 1880 година, од 21 мај до 2 јуни, на планината Грамос (Гремен теке), Островско, приморскиот дел од Македонија, се одржало Национално собрание на Македонија со учество на 32 претставници од сите краеви на земјата. Собранието било свикано за ја разгледа политичката положба на земјата по Берлинскиот Конгрес и покажаната незаинтересираност на големите сили (вклучувајќи ја тука и словенска Русија) да ја присилат Османлиската држава да ја спроведе обврзувачката одредба од чл. 23 на Берлинскиот договор за давање посебен, автономен статус на Македонија, а како непосредна цел било поставено да се утврдат мерките и акциите за постигнување така поставената «националната цел». Собранието констатирало дека и по последните големи промени на Балканот, кога сите останати христијански народи се здобиле со национална слобода и државност; «Романија, Србија и Црна Гора, по силата на Берлинскиот договор од 1878 година, се здобиле потполна независност, а Бугарија, Источна Румелија и Крит, добиле граѓански права, единствено Македонија, која уште во древно време имала своја цивилизација, била лишена од секаква помош. По што Националното собрание «еднодушно решило» од владата на Османлиската држава и големите сили да бара «праведните барања на македонскиот народ да се исполнат со брзо применување на чл. 23 од Берлинскиот договор» за Македонија.
Националното собрание избрало привремена Влада на Македонија «Единство», како извршно оперативно тело што ќе ги превземе потребните акции за реализирање на «националната цел»: создавање македонска државност. За постигнувањето на тоа било решено најнапред да се бара, по легален пат, право на автономија признато од големите сили и санкционирано со меѓународниот Берлински договор од 1878 година. Во случај владата на Османлиската држава да откажела да ја исполни превземената обврска, а големите сили не ќе превземеле мерки да ја присилат на тоа, «привремената Влада на Македонија» си зела за задача да го повика македонскиот народ на оружје, под паролата: „Македонија за Македонците“, за воспоставување на древна Македонија».
Во март 1881 година привремената Влада на Македонија објавила Манифест испратен (со Протоколарното решение на Македонското национално собрание) до дипломатските претставници на големите сили.
Во Манифестот се барало признавање правото и на македонскиот народ, како историски народ со богато и славно минато кој оставил траен белег во цивилизацијата на човештвото, да ја возобнови својата државност. Привремената влада апелирала и до прогресивното јавно мислење, до сите «слободољубиви луѓе, со благородни срца», да му притекнат на помошт на македонскиот народ во неговата борба за слобода. Со Манифестот привремената Влада на Македонија повикувала, пред опасноста татковината да биде распарчена од агресивните «околни народи», «гробари на големата и славна татковина», сите народни сили да се обединат под знамето на «единствена и обединета Македонија како единствен национален симбол». Бидејќи, само со единство можело да се смета да се извојува сопствената слобода, «тоа скапо наследство на народите». И со тоа да се обезбеди спасот на татковината. Владата предупредувала на опасноста од делба на Македонија и ново ропство што трајно ќе го спречело возобновувањето на македонската држава.
Манифестот бил прогласен на 23 март 1881 во Ќустендил (денешна Бугарија). Бил испратен до сите дипломатски претставници во Битола, Солун и Цариград. Ова е еден од најважните акти донесени од Привремената Влада на Македонија. Еден од учесниците во Привремената влада на Македонија е и Леонидас Вулгаракис.
Овој манифест се спомнува од Бугарскиот патријарх Кирил во книгата: Б’лгарската екзархија в Одринско и Македонија след Освободителната војна (1877-1878), vol. 1/1, Софиа: Синодално издателство, 1969, p. 461-466, 485.
http://en.wikisource.org/wiki/A_Manifesto_from_the_Provisional_Government_of_Macedonia_-_1881?match=mkNational Assembly of Macedonia (1880)The National Assembly of Macedonia was established in 1880, as a reaction to the Congress of Berlin (1878) and composed of 32 representatives from all over Macedonia.[1]
The biographies of certain members like, the Greek Leonidas Vulgaris,[2] reveal Greek influence, both official and unofficial. Not much is known about this assembly and its temporary government. Rumours circulated about its members, depicting them as Greek or Russian agents. However their Manifesto bears specific and local Macedonian identity-building.
http://en.wikipedia.org/wiki/National_Assembly_of_Macedonia_(1880)
Македонизмът е бил създаден от гърците
http://bkks.org/forum/index.php/topic,324.0.htmlДневник, 27.06.2009
ПРОЕКТИ ЗА НЕПОДНОСЛИВА ЗБРКА
Споменикот на Александар и црквата на Вранишковски
Димитар Димитров (Авторот е универзитетски професор)
Ако го оставиме Јустинијан настрана, како некој што не е во врска со предметот, за античките татко и син е документирано дека биле функционализирани против борбата на нашите предци за наша држава. Култот на Александар Грците го вградиле во теорија за нашиот идентитет што не прави едно со нив, Грците. Како наследници на Александар, кој според таа теорија, се разбира, бил Грк, ние исто така сме Грци, но, со доаѓањето на Славјаните, сме се заборавиле и сме станале славофони. Таа теорија, во македонската борба и во Втората балканска војна, се спроведувала во комбинација со насилство. Нашите предци требало да прифатат или дека се Грци или да бидат „анулирани“ (Н. Диму, Несреќата да си Грк).
Се исходува од една основна претпоставка дека имено целото население во далечното минато било грчко. „Каков срам!“ - велеле грчки жандарми во Горно Куфалово. - „Ние ве ослободивме. Гласот на Александар Велики ве вика од гробот. Не го слушате ли? А продолжувате да бладате...“ (Карнегиевиот Извештај за Балканските војни 1912-1913.) Клучната ролја во имплементацијата на грчката александристска теорија ја играла грчката црква, која „во последните два века им служела на сите богови, само не на Единствениот“ (Н. Диму). Во книгата на Раптис Капетанот Пулакас работата е така поделена што свештеник, со опширна просветителска проповед, се труди заблудените чеда, паднати во анималност и варварство, да ги „прероди“ и да ги спаси за елинизмот и културата во идентитетот со Александар. Додека за луѓето (движењето на отпорот) што ја одбиваат таквата „преродба“ следувал теророт на андартите.
Во случајот на костурскиот владика Каравангелис двете функции се споени во една личност. Тој бил и проповедник и организатор на терористички акции. Мантијата му била потребна поради авторитетот на православната црква сред православното население. Така, проблематичниот ВМРО-вски војвода Коте Христов при првата нивна средба му бакнува рака, а владиката уште со првата реченица му ја внушува „преродбата“ на грчки начин: „Вие сте Грци од времето на Александар Велики, но наминаа Славјаните и ве пославјанија. Изгледот ви е грчки и земјата што ја газиме е грчка. За тоа сведочат и статуите скриени во неа. И тие се грчки. И монетите што ги наоѓаме се грчки.“ (Македонската борба).
ЗА "ПРЕРОДЕНИТЕ"
Како што гледаме, пред еден век, во грчката „Македонска борба“ и во Втората балканска војна, Александар и грчката црква не само што не си противречеле, туку биле единствена позиција - позиција на погрчување на територијата и на населението. На другата страна од фронтот стоела ВМРО, закотвена во преродбата врз Кирило-Методиевата-Климентова традиција. Еден од нејзините најголеми дејци вака ја коментира проповедта на „преродениот“ поп Герман: „Тој брат толку се погрчил... се помачи секако да ни докаже дека ние сме биле Грци!... Почна да ни ја раскажува историјата за великиот Александар... Човек што не се разбира од историја, а сака да ти проповеда со неа, тоа е многу смешно!. Ние... го зарезахме.“ (Дневник). Еден друг „прероден“, војводата Вангел Георѓиев, кој станал капетан Вангелис, „славофон по јазик, но грк по душа“ (Г.Каравангелис), загинал од куршум на чета на ВМРО. (Дневник).
Од друга страна, „преродениот“ Коте Христов, капетан Котас, грчки народен херој, овековечен споменички и во името на селото, го заклал ВМРО-вскиот војвода Лазар Поп-Трајков, чија отсечена глава му ја принесол како трофеј на „Црното евангелие“, како што уште жив го нарекле Каравангелис. Друг андартски капетан му ја отсекол главата на тешкоранетиот Чакаларов, која, набиена на кол, андартите ја разнесувале низ Леринско, извикувајќи: „Нема Чакаларов! Нема Македонија!“.
Таков е споменот на Александар во врска со државотворниот процес на Република Македонија, сублимиран во девизата „Се’ за Македонија“. Таков е уделот на грчката црква во нашето политичко и народно обособување. Се работи за тенденција на одродба наспроти тенденцијата на културно-политичка индивидуализација во рамките на европската реалност, (индивидуализација) што ја претставува штотуку споменатата Кирило-Методиева-Климентова преродбенска традиција. Таа амбиваленција на ширењето на источното христијанство сред Славјаните, има милениумска историја. Се протега од Византиската, преку Отоманската Империја, до „црните евангелисти“ и до црквата на Вранишковски, на таа задоцнета инсталација на грчкиот патријарх Христодулос со посредство на српскиот патријарх Павле. Толку колку што Охридската архиепископија била „грко-православна“, толку биле „анулирани“ црковните и училишните претставници на Климентовата-преродбенска традиција. Карнегиевиот извештај и Дневникот и писмата на Мисирков сведочат за масовна чистка на тие најчести видови на тогашната интелигенција и за создавање на тој начин „обезглавен народ“.
Иако појавно спротивставени, проектите на споменикот на Александар и на црквата на Вранишковски ги поврзува заедничкото гледање наназад. Ако покрстувањето на нашите предци било мотивирано со нивното цивилизациско обликување во рамките на христијанска Европа, со „преродбата“ во знакот на култот на Александар се излегува од Европа, бидејќи се редуцира тој последен милениум од нејзината историја, кој, се разбира, ја подготвил современа Европа и нас како нејзин дел и етнокултурна особеност.„Грко-православната Охридска архиепископија на Пеќската патријаршија“ тоа милениумско обособување во Светиклиментовата традиција, со преродбата, ВМРО и АСНОМ го премостува со грчко-српска коалиција на нивото на „црните евангелисти“, како „свештен“ изблик на земната манија за непосредна грчко-српска граница.
Останува она што било укинато/трансцендирано од виталното, кое го поставува/обликува историскиот процес. Да се буричка по тој остаток, од него да се реконструира етнологија на античките Македонци и таа етнологија да се идентификува како наша „крв и култура“ - тоа значи да се следи антиисториски пат од трансцендирачко кон трансцендирано, од преживеано кон надживеано. Ако крвта прелиминарно ја апсолвираме како несводлива на етнолошки белег, каква култура можеле да ни дадат тие што брзале да ја земат грчката култура?
Тоа е стратегија на деструкција-автодеструкција, во традицијата на тактиката на Каравангелис „со нив против нив“, со која „славофоните“ ги регрутирал во андартските чети, како што е прикажано погоре, служејќи се со култот на Александар како орудие. Устоличувањето на Александар во грандиозен кич-споменик на централниот плоштад на главниот град на државата (след оние во Прилеп и во Штип), претставува триумф на грчката византиска вештина, со која на тој чин му се дава вид на провокација на Грција, а всушност се провоцира автодеструкција на државата и суигеноцид на нејзиното мнозинско население.
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=67EB7E6125699F4FBE4FF0829869299C&arc=1Македонската борба (Спомени)
Германос Каравангелис (София, 2001)
http://www.promacedonia.org/bmark/gk/index.htmМакедонската борба. Мемоари
Германос Каравангелис (Скопие, 2000)
http://www.promacedonia.org/gk/index.html