Алфа ТВ, 11.10.2009
Охрид им заблагодари на хероите кои што го спасуваа „Илинден““На никого во животот не му посакувам такво горко искуство“ – вели Владо Устијаноски кој на 5-ти септември беше на “Илинден“, како дел од посадата. Тој секое лето-веќе неколку години работел на бродот, помагајќи си сам за да ги заврши студиите по медицина. Вели дека кобното утро нему и на неговиот другар Сотир му оставило траен белег на болка, тешкотија, криза и чувство на осаменост. Устијаноски не беше помеѓу 16-темина кои за искажаната хуманост од градот добија благодарници и златен привезок со амблемот на Охрид.
Жали за капетанот Филески кој- како што вели, сам во 4 ѕида ги проживува најтешките мигови.
- Јас работам цела година во летниот период на бродот и сме немале никаков проблем. Но ето во момент во 3,5 - 4 секунди бродот потона од за сега необјасниви причини, сите луѓе останаа во вода кој пливачи кој непливачи. Велам ако останеше телефонот мој под вода, ако потонеше со останатите работи и ако немаше брод во околината, тогаш трагедијата ќе беше поголема - изјави тој.
На својата присебност и пожртвуваност е горда и кичевчанката Гордана Руфческа. “Не се опишува - вели - чувството кога знаете дека нечии животи зависат од вас“.
- Ние бевме први кога се случи потонувањето на бродот, со глисер поминувавме и одеднаш кога се завртевме видовме само глави како пливаат бидејќи не го видовме бродот како потона, тоа беше многу брзо. Во тој момент знаете имав многу голема сила, јас прво плачев, викав мислев дека тоа нема да можам да го направам - рече таа.
Безмалку сите присутни, се согласија со капетанот на “Александрија“ Перо Василески, кој кажа дека перидот по несреќата е полн со неблагодарни коментари, шпекулации, однапред осудувања.
Со благодарниците во рака, наградените заминаа но со иста мисла, здруженијата кои се формираа по несреќата да му помогнат финансиски на семејството на Филески, за да може час поскоро да излезе од притвор, оти е во тешка психичка состојба. И
додека се прават планови за панихида на починатите бугарски туристи и споменикот кпој ќе се подигне во нивна чест, градоначалникот Петрески се обврза дека Устијаноски и Филески ќе ги наградел соодветоно – ама кога единствениот обвинет за несреќата – ќе излезел од притвор.
Росица Голабоска