Бугарите продаваат лични карти за 250 евраhttp://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=85711&kategorija=5Голем број Бугари заради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат ги продаваат своите лични карти на измамници, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Во зависност од тоа за која цел ќе бидат искористени нивните лични карти, цената варира од 250 па се’ до 2.500 евра.
Бугарската полиција соопштила дека измамниците кои ги купуваат личните карти, истите ги користат за купување на СИМ картички и недвижнини, а се користат и за трговија со дрога и луѓе.
Личните карти најчесто ги продаваат луѓе без никаков имот, а бугарската полиција во моментот истражува повеќе од десет такви случаи.