Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Македонска поезия  (Прочитано 1842 пати)

Karev

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 75
    • Погледај го Профилот
Македонска поезия
« на: Март 13, 2009, 09:02:43 »

Цитат:
"Овде треба да се укаже на фактот дека во Република Македонија во периодот по Втората светска војна
пишуваат и објавуваат поезија поети од различно етничко потекло (македонско, српско, албанско, турско, влашко).
Меѓу нив има поети кои македонскиот јазик го прифаќаат како јазик на својот книжевен израз (В. Урошевиќ),
поети кои пишуваат и на македонски и на мајчиниот јазик (Л. Старова, Ф. Мухиќ),
и поети кои пишуваат на својот мајчин јазик,
односно на еден од јазиците на етничките малцинства (албански, турски, влашки).
Меѓу тие писатели има и значајни поетски имиња, пред сè од албанска и од турска етничка припадност:
Адем Гајтани, Мурат Исаку, Илхами Емин, Фахри Каја, Ресул Шабани, Луан Старова,
меѓу помладите – Екрем Баша, Линдида Ахмети и др."

/ Зер немало барем един да е пишувал на български ?.../







****
Koco Solev Racin

Елегии за тебе

„Чернеј горо, чернеј сестро!...“

Вчера си појдоф, наминаф
низ таја гора зелена
пот тиа буки високи
по килим сенки широки.

Одеф со глава замаен
наведнат, мртов, зачмаен,
одеф со грутка на срце
и каракамен на гради.

Деј гиди горо зелена!
Деј гиди водо студена!
Пилците пеат  –  ти плачеш,
слнцето грее  –  ти темнеш.

Ако ги криеш коските
на дели млади јунаци
тука што лежат по тебе
за тиа темни дубрави  –
зошто ги таеш песните?
Зошто по тебе дрвјата
и на дрвјата гранките
и на гранките лисјата
шумолат скришно таговно?


Два брега  –  двата стрмнини.
А от брег на брег танок мост.
Пот мостот вода морава  –
тече и мие ранава.

Тече от векот вековит
и нова и ’се по нова,
тече, а тука маките
’се стари и ’се постари.

Тече и влече со себе
сичко што стои пред неа,
а на брегови животот
чмае у троскот зараснат!

Течи си водо студена!
Течи си – рони брегови!
Течи – и нам низ срцето
нели и крвта ни тече?


Исцедете, ограбете
пот и труд и меса голи,
уста пуста затворете
да не каже оти боли.

Очи црни ископајте
да гледајат не давајте,
раци машки прекршете
срце лудо наранете.

Угаснете и светлини!
Мрак да биде  –  каракамен.

Има, има  –  в темнината
нешто живо пак да свети:
има болка на душата
има души наранети.

Болка боли  –  болка гори
болка пече, душа мори.
А болката кога свети  –
тешко, тешко, тешко клети!
« Последно менување: Март 13, 2009, 09:18:29 Karev »
Сочувана

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска поезия
« Одговори #1 на: Март 13, 2009, 10:25:43 »

Малко ми се губят фукусът и целта на темата ?!  ???
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

ema

  • Newbie
  • *
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 34
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска поезия
« Одговори #2 на: Декември 09, 2009, 05:54:29 »

Сочувана