13 април 2010
Претседателот на Европскиот парламент професор Јежи Бузек испрати писмо до претседателот на БККС Лазар Младенов, со кое се заблагодарува за солидарноста и подкрепата на Полска и нејзиниот народ, искажани од името на целата организација, во врска со трагичната катастрофа од 10 април. Во писмото се вели:
Почитуван г-н Младенов,
Би сакал да ја искажам мојата најискрена благодарност кон Вас за сочувствата и солидарноста, изразени во Вашето соопштение кое следува по трагичната смрт на претседателот Качински и други високи полски официјални лица и граѓани во авионската несреќа на 10 април. Ова е неопислива трагедија за Полска која длабоко ја засегна Европа како целина.
Длабоко сум трогнат од Вашето сострадание и подкрепа за Полска и нејзиниот народ во ова тешко време.
Искрено Ваш,
Јежи Бузек,
Претседател на Европскиот парламент
За да го прочитате англискиот оригинал на писмото, притиснете тука.