Академиците уште немаат решение што понатамуhttp://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F919B38F4C60B149900FE7AC8BBC83CFБилјана ЈовановскаИ Новата година Македонската академија на науките и уметностите ја започнува со реактуализираната идеја - да се остави в бункер или да се продава енциклопедијата која поради фрапантните пропусти и дилетантскиот пристап во создавањето и' нанесе огромна штета и на научната институција и на државата.
Појавувањето на ова дело кое челните луѓе во Академијата го најавуваа како „капитално“, а подоцна самите му го доделија епитетот - срамно, ги поларизира мудрите глави. Факт е дека МАНУ се дистанцираше од овој проект за кој цели десет години од државниот буџет се издвоени околу 400.000 евра, таквиот став остана како сведоштво и во архивата, но во последно време има и срамежливи притисоци енциклопедијата, сепак, да биде пуштена во продажба.
Промоторите на оваа теза сметаат дека во услови кога енциклопедијата се продава по тезгите на пазарите снимени на ЦД-и тоа по цена од 100 денари, ја има и на УСБ, а достапна е и на сите Интернет-корисници, зошто да ја нема и во книжарниците по цена од 9.000 денари? Тука сосема ги занемаруваат спомнатите износи, бидејќи навистина е прашање, кој освен некој надежен библиофил што се надева дека еднаш таа и може да претставува некаква вредност би издвоил толку пари.
Во МАНУ владее атмосфера на исчекување и, конечно, подвлекување црта под неуспешниот проект. По фрлената топка, да се ескивираат заклучоците на Собранието на Академијата според кои таа се повлече од продажба и сега за иднината на енциклопедијата да се произнесат одделенијата, чиј став би тежел повеќе, само се создаде уште поголемо разногласие. Оние што се противат, делото со 1.800 страници да се изнесе на виделина, се уверени дека таквиот гест би можел да ги заостри меѓуетничките релации.
Сепак, дури и оние што сметаат дека местото не и е во бункер, свесни се за тоа дека при евентуално ставање во рафтовите на книжарниците, МАНУ одново ќе мора да се дистанцира од своето дело. Но, тука се отвораат и многу неодговорени прашања, како што е, на пример, кој е конечниот став на претседателот на МАНУ, Георги Старделов? Зошто, тој и новото раководство на МАНУ не ја почитувале одлуката на експретседателот Цветан Грозданов и на тогашното Претседателство, кој бил повеќе од јасен: пред објавување, академиците да го кажат својот став за Македонската енциклопедија.
Дел од 2.000 отпечатени примероци беа продадени на промоцијата, по еден примерок добија академиците, ама и многу државни институции. На денот на промоцијата, архиепископот Стефан, на пример, за себе си купил пет примероци од по 5.000 денари (промотивна цена), а неколку дена подоцна откупил уште 80! Неофицијално, се говори дека 200 примероци од енциклопедијата биле земени или испратени во манастирите.