Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Македонска реалност  (Прочитано 266894 пати)

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Сочувана

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #286 на: Јули 21, 2010, 03:18:48 »

Македонија во ист вител со Косово и со Босна и Херцеговина

Статусот на Косово, изборите во БиХ, името во Македонија. Овие три предизвици најавуваат жешка есен во регионот. Сигурно е дека откако утре Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе го објави ставот за легалноста на прогласувањето на независноста на Косово, ова прашање нема да биде затворено. Тоа ќе се врати на политичкиот терен, со можни реперкусии врз целиот регион. И врз Македонија...

Под статијата има интересен коментар на извесен Јован:
Site tri "drzavi" (Makedonija, Kosovo, Bosna -m.z.) se povrzani so Srbija, ili potocno, site tri se vodat kako srpski teritorii, pa zatoa se staveni vo eden kos za resavanje. Makedonija(ovaa denesnava RM) spored Bukureskiot dogovor e srpska teritorija, a "nezavisnosta" koja ja dobi pred seesetina godini bese samo za vo sklop na Yugoslovenskata federacija, pa ne slucajno kako referentno ime ni go dodelija Bivsa Yugoslovenska republika Makedonija, kade sto jasno ne povrzuvaat so Yugoslavia. Zatoa problemot so Makedonija ne e Grcija i grckoto glumenje anticki Makedonci (im se pridruzivme i nie so isto tvrdenje) tuku problemot e sosema poinakov i poslozen. Grcija e samo marioneta na "starata kralska" Evropa koja i dade zadaca da ja zadrzuva Makedonija, dodeka ne iznajdat nacin i resenie so Srbite kako i koga da ne resat. Situacijata ke ja dokomplicira Bugarija koja veke neskrieno pocna da "bara" svoj "prava" okolu problemot Makedonija, baska drzavata Bugarija(ili potocno mafijata) pocna da "investira" vo Makedonija svoj razuznavacki centri koj imaat za zadaca da vospostavat kontrola pred se vrz Makedonskite finansii, a potoa i drzavata.Za ova veke imaat "regrutirano" ovdesni "tajkuni", biznismeni, politicari i funkcioneri koj ke "lobiraat" no i rabotat za nivni celi. Srpskoto vlijanie ovde e silno veke od poodamna, no vo posledno vreme go gubat toa silno vlijanie, no nema taka lesno da im ostavat na Bugarite da ja "zavzemat nivnata teritorija". Vo Makedonija doprva ke se razgori "vojna" pomegu Srpskoto i Bugarskoto vlijanie ovde. Vo ovoj "sukob" Makedonskata samosvest moze totalno da se izgubi, no ako e dovolno "samosvesna" zelna i sposobna za drzava i nacija, moze konecno i da uspee da napravi definitivno svoja drzava vo prav smisol na zborot. Ova sega sto go imame e "cardak ni na nebo ni na zemja", obicna bezimena teritorija so koja rakovodat megunarodni vlijanija,(privremeno) dodeka ne resat sto i kako so nas. Mnogumina se lazat deka so istekot na Bukureskiot dogovor (2013ta)Makedonija ke bila "cela". So zavrsetokot na ovoj dogovor, jasno stoi deka "dokolku ne se dojde/dogovori nov dogovor, istiot prodolzuva da vazi kako traen".Znaci resenie ovie nekolku godini mora da ima, ili Makedonija ke ja snema za sekogas. Sansi da "povolen dogovor" za nas ima, bidejki kako sto kazav "protiv" Makedonija e samo starata kralska Evropa(kralskite familija i dvizenja) dodeka "ponovata" demokratska i "kosmopolitska" Evropa nema ama bas nisto protiv nas i Makedonija, no neznaci deka oni poradi nas ke krsat kopja so starite ostatoci kaj niv. Nie samite mora da se izborime za nasite prava, identitet i drzavnost. Kolku ke uspeeme i dali ne biduva, doprva ke treba da vidime kolku ni se moznostite i "svesta".
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #287 на: Јули 22, 2010, 10:05:36 »

Мистериозни збогувања на „Илинденска“

Цитат
Оставката на директорот на Управата за перење пари, Ване Цветанов, и реториката со која тој го нападна довчерашниот шеф, Никола Груевски, покажува дека нешто не штима во редовите на владејачката партија. Цветанов тврди дека Владата води лицемерна политика и е незаинтересирана за борба против вистинскиот криминал.

Тоа се тешки обвинувања особено кога доаѓаат од некого што е „постар член на ВМРО-ДПМНЕ отколку што е тоа премиерот“, како што вели за себе Ване Цветанов.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=60D3BFA39EADBC4ABD20531291899857
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #288 на: Јули 24, 2010, 09:35:26 »

Премиере, нека ми го вратат милионот што ми ги должат


Компанија, на која државата и' должи 64 милиони денари, eдна и пол година не може да си ги земе парите

Нина Нинеска-Фиданоска

Цитат
Државата не им плаќа на фирмите на кои им должи огромни суми пари дури ни по година и пол. Колку Владата да го демантира тоа, излезе на виделина дека тешко заработените средства на македонските компании, неверојатно долг временски период остануваат заглавени во државните лавиринти.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D7B4CF55C593654AAF54F8A082263FF4
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #289 на: Јули 24, 2010, 12:23:01 »

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2077&ArticleID=145201


СКАНДАЛОЗНИ СВЕДОЧЕЊА НА ПОРАНЕШНИТЕ МИНИСТРИ
Патот на дрогата во рацете на полицијата?
Јулијана Ивановска


Шефовите што ја организираат милионската илегалната трговија со наркотици во Македонија се директно или индиректно поврзани со полициските или со безбедносните структури. Без нивна помош или согласност, велат криминолозите и поранешни министри за внатрешни работи, апсолутно не е можно овој незаконски бизнис да успева со години, а во одредени случаи да се откриваат само малите играчи. Полицајците што работат на премините со своето неискуство во откривањето наркотици што влегуваат или транзитираат низ државава успеваат да фатат само мало количество, од 10 до 20 килограми. Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски вели дека токму наркобосовите живеат и се во врвот на македонската полиција. - Ќе поведеме иницијатива да се изврши претрес на становите на високите, па дури и на највисоките полициски функционери. Да се види јавно како од една плата еден директор може да има плац од неколку илјади квадратни метри во центарот на Скопје или во елитната периферија на Скопје, да се влезе во неговиот дом. Токму тогаш ќе видиме дали македонското судство има капацитет да го направи тој чекор - вели Бошкоски. Наркобизнисот има пуштено краци во сите пори на државава, посебно во безбедносните и тие се врската што ги поврзува со главните препродавачи и шверцери на наркотици. Од продажбата на наркотици, вели универзитетскиот професор и поранешен шеф на военото разузнавање, Владимир Пивоваров, дневно во Македонија се заработуваат меѓу еден и три милиони евра. - Познати се лицата што се занимаваат со овој вид криминал, но, за жал, никој не зборува за тоа и никој не презема ништо. Повеќето од нив се наоѓаат во безбедносните служби на нашата држава - категоричен е професорот.Поранешниот републички секретар за внатрешни работи и јавен обвинител, а сега адвокат, Стеван Павлески, вели дека е јасно дека голем шверц на наркотици не е можно да се изведе, ако мозокот-нарачателот на дрогата нема познанство со безбедносните служби.
- Најголем проблем е тоа што МВР не може и да ја заплени дрогата и да ја вештачи. Тоа го нема никаде во ЕУ и за тоа постојано сме критикувани токму од Унијата. Бизнисот со дрога, за кој одредени поединци или служби замижуваат или дозволуваат таа да помине, е јавна тајна кај нас. На тој принцип работи и американската Агенција за борба против дрога (ДЕА), која свесно дозволува одредени пратки да завршат во рацете на нарачателот за да може да ја види мрежата на шверц и подоцна, кога ќе се организира голема пратка на кокаин или н хероин - вели Павлески. Неговиот поранешен колега, Љубомир Михајловски - Џанго вели дека е многу лесно во Македонија да се внесат, на пример, 10 килограми хероин, кој лесно се крие во автомобил, а неговото откривање зависи од евентуалното сознание на службите за безбедност или од практиката на полицаецот.
- Кога преку еден премин „поштарот“се обидува да внесе дрога, ако нема сознание дека шверцува хероин, тогаш останува можноста полицаецот случајно да го открие. Тоа е можно ако има искуство и во разговор со него, ако процени дека не е турист или не оди во посета, да го одвои од колоната и да изврши претрес. Но, сметам дека ако полицајците немаат и тренирани кучиња, техничка опрема, тешко е дрогата да биде откриена - смета Михајловски.
Дека границите на Македонија се како швајцарско сирење говори и последниот документ на специјалниот оддел на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (УНОДЦ), кој ја вбројува Македонија меѓу земјите од балкански пат на дрога за Европа, кој почнува во Авганистан, па преку Блискиот Исток и Турција оди до крајните дестинации во Скандинавија, Велика Британија и во земјите од Бенелукс. Според овој извештај, до 25 тони хероин патува низ Македонија за Италија, а се констатира и тоа дека токму Македонија има централна улога во транзитот и шверцувањето, кои ги организираат и спроведуваат домашни групи. Нашата полиција годинава заплени 33 килограми хероин, што за нив било успех.


Дрогата врти три милиони евра дневно


Поранешниот воен разузнавач Владимир Пивоваров тврди дека количеството на дрога што транзитира и таа што останува во Македонија е многу поголемо од тоа што се презентира во јавноста.
- Во Македонија имаме официјално 12.000 зависници што секој ден консумираат дрога. Ако таа дрога чини по 900 евра за еден килограм, кога ќе се помножи со бројот на нерегистрираните зависници добиваме дека конечната дневна заработка од дрога во Македонија изнесува околу три милиони евра – вели Пивоваров.
Во „увозот“ на дрога, тврди Пивоваров, се вклучени сите можни превозни средства, автомобили, камиони, па дури и железничкиот и авиосообраќајот. Овој вид криминал, е дел од корупциски систем, кој треба да се реши, тврди тој.
 

 
Сочувана

deko

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 181
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #290 на: Јули 26, 2010, 12:56:13 »

Како тоа и малите деца во Македония знаат дека високи полициски службеници се замешани во шверцот на дрога а нашиот убав и много умен премиер незнае.Некако многу наивен бил, или пак така го прави процентот што го зема от секоя зделка со дрога. Звучи некако несериозно но ако не беше така немаше  да дозволи убийци и луге от Македонското подземйе да добийат полициски значки.Не е убаво на овой сайт да спомнуваме иминъа но секой кой бил по скопските кафулинъа имал можност да ги види одредени скопски криминалци како се фалат и величат со полициските значки.Се поставува прашанъе таа своя привилегия и недопирлливоста на законот за колку десетици или стотици илядници евра ке я зголемата банковната сметка на одредени на лугето от власта.А от друга страна гледаме како невини луге лежат во затвори и се обвинуваат со лажни и монтирани процеци само заради тоа што не се срамат да явно да го кажат своето българско национално чувство.Мегународнта заедница треба посериозно да се позанимава со правниот систем во Македония се чини дека таму нещо е многу гнило.Но треба да се позанимава и со мафияшкиот клан или фамилията от Щип коя що управува и я води во длабоки кримаинални води Македония, а целиот народ и неговата иднина я заложия како во партия покер или рулет..Грция много добро разбра кой луге управуваат со нейзината северна соседка  и сосема во право не дозволия влез во ЕС на држава каде што фалсификатот и криминалот царуваат.Но що стана со другата европеиска соседка България.Дали трпениети и толерентноста кон македонските власти веке  се граничи со лудост и глупост.До кога оваа дръжава ке  дозволува  некоя си кловновска македонска влада да се подиграва со честа и достоинството кон се що е българско а наймногу кон македонскиот българин.Веке одтамана дошло времето на най ригорозен начин да се санкционира криминалниот клан от Щип.
Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #291 на: Јули 28, 2010, 07:52:24 »

оваа не го пишува бугарофил, ванчевист, туку напротив, дете на сдсм...


Фалангисти

Ех, што ми требаше да отидам на одмор, и тоа баш во Охрид! Одмор, по дефиниција, е нешто што не заморува. А има ли нешто поуморително од Охрид на крајот на јули?

Голема гунгула крај големата вода. Уште поголема „галама“. Прегласни музики напаѓаат отсекаде. Ушните тапанчиња тапан ми ги сторија. Ем бучно ем патетично: југоносталгични кафеански тонови а ла „чаше ломим руке ми крваве“, безгрижни шлагери од „безгрижните“ времиња, „апсолутно романтични“ ју-рок балади, заразни турбофолк-тактови што вадат од такт. Неподнослива какофонија зачинета со понекоја џез, техно и хип-хоп мирудија.

А кај што има мирудија, мириса и на манџа. И не само на манџа туку и на загорена скара. Чад насекаде, вересија никаде. Се пече месо, се пече пченка, се печат пуканки на големо и на мало. Тамам успеав да побегнам од „мио-мирисите“, од амфитеатарот ме нападнаа сексуално-просветителските крици на раперите од „Токсикологија“. Миљковиќ загинал од пресилен збор, а мене ме прострела самобендисаниот глас на „Тони Зен, Тони Зен“: „Дали смо спремни?

„Главом без обзира“ киднав накај Канео, последната надеж за бегство од србо-какофонијата. Но, само што почнав да и' се препуштам на поезијата на брановите, ете ти беља. Помина брод преполн развревени патници од кој ечеа незаборавните стихови на свадбарската химна „И тебе сам сит кафано...“

По само три дни, „и тебе сам сит Охриде“. Капката што ја прели охридската чаша пелин беше културната манифестација „Александар Македонски“ - спонзорирана од Министерството за култура. „Што чудо ќе е ова сега?“ - си помислив, кога го видов натписот на бината. „Нема белким да истрча фалангата и да заигра едно оро?“ За неколку минути си го поткасав јазикот. Прво ме просветли најавувачката која објасни дека преименуваниот фолклорен фестивал го одбележува роденденот на Александар Македонски - херојот што „сакаше да ги обедини луѓето“. Потоа, шест девојки со опавчиња истрчаа во бело-црвени носии (кои првпат ги гледам) и почнаа чудно да подрипнуваат (на музика што првпат ја слушам). Во подрипнувањето им се приклучија шест фалангисти во црвени фустанчиња со полна воена опрема - со долги копја, украсени шлемови, и златни штитови со шеснаесеткрако сонце. Ете, и тоа чудо го видов - оптимистичко античкомакедонско оро, на весел античкомакедонски ритам. Вистински антипод на „Тешкото“. Баш „милитаристички опуштено“. Мора да се признае, проектот за античкомакедонско преродување се остварува и за време на годишните одмори. Но, што би рекле за оваа новоизумена фолклорна традиција нашите словенски учители, светите Кирил и Методиј, Климент и Наум? А што друго, освен - резил!

За да закрепнам малку од античкомакедонскиот културен шок, утредента заминав за манастирот „Свети Наум“ - еден од најбележитите паметници на нашиот словенски идентитет. На првата капија ме пресретна тринаесетгодишно момче во работна униформа - продаваше билети за паркинг. Ем паркингот - „росна е ливада“ ем злоупотреба на детски труд. За да се пробие човек до прекрасните извори, мора да го преживее охридскиот шпалир од античкоправославни сувенири, шарско-лесковачки плескавици и турбопатриотски ноти. Има ли поочебиен показател за тоталната еколошка негрижа од ѓубрето расфрлано на сите страни и паркираните автомобили крај самите извори? Вистински контраст на панаѓурската атмосфера околу изворите е лежерната атмосфера на песочната плажа на воениот камп - една од најживописните плажи на езерото. Ем плажата е чиста и уредна ем погледот кон манастирот е вознесувачки. А и камперите еколошки се самоорганизирале. Ме насмеа предупредувачкиот натпис на импровизираната картонска канта за смет - „Не го фрлај картонов“.

По разгледувањето на манастирот и вкусното манастирско гравче, преку Галичица - за Преспа. Планинскиот пат е посебна авантура. На преслапот, чудна трилема: што е поубаво, Охридско, Преспанско или Галичица? А зошто не и обете езера и планината? Параглајдеристите што полетуваат под врвот најдобро знаат. Се спуштаме накај Стење, со намера да го посетиме Коњско. Но, асфалтот одеднаш прекинува. Жива срамота, село покрај толку убаво езеро да нема асфалтиран пат. Го „изеле“ преплатените споменици и преродбеничките реклами. Се враќаме назад и тргнуваме кон спротивната страна на езерото.

Одмор, по дефиниција, е нешто што не заморува. Таква е и плажата „Дупени бич“. Чиста и уредна. На секои десетина метри канта за отпадоци. Кафуле од кое не ечи нападна музика. Забрането е правење лесковачка скара. Има неколку вида сенки, ситен песок и две игралишта за одбојка - едно во вода, едно на песок. Идеално за спортување и за лежарење.

Се сместуваме во стара, но туристички адаптирана селска куќа. Ни трага од охридската какофонија. Селото е чисто. Дење пеат штурци, а навечер летаат светулки. Спомен-плочата сретсело одбележува настан од партизанското минато. (Во соседното село се прославува Илинден и комитската борба од 1903 со фолклорни групи облечени во македонски народни носии). На селската туристичка мапа се означени повеќе околни цркви. Во собата во која сум сместен има закачено две големи ѕидни таписерии. Едната е на Гоце, другата е на Тито. Битна знаменитост во близина на селото, веднаш покрај границата, е Маркова нога.

Ноќеска имав кошмар. Сум дошол пак на одмор во истото село. Наместо преспански мир - охридски панаѓур. Селото запуштено и нечисто, како и најблиската плажа. Ниту дење пеат штурци ниту навечер летаат светулки. Спомен-плочата сретсело одбележува датум од славното античко минато. Во соседното село се прославува Илинден со фалангистички фолклор, како ден кога Александар Македонски ги покорил соседите. На селската туристичка мапа се означени повеќе храмови во кои се практикувала античкомакедонската „религија на сонцето“. Во собата во која сум сместен има закачено две големи таписерии. Едната е на Александар, другата е на Филип. Битна знаменитост во близина на селото, веднаш покрај границата, е Букефаловото копито.

П.С. Колумнава ја праќам од сретсело. Селото нема чиста вода за пиење, но има бесплатна безжична мрежа „остваруваме“. Рај за колумнисти.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=74CD142FB5624E49B9484BA69CD21C1A
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #292 на: Јули 28, 2010, 12:15:37 »

кога сме вече во Охрид малку за паркингот....збудале народот от состојбите во РМ



Досетлива баба

Ед­на бабичка од охридското село Трпејца смислила оригинален начин да за­ра­бо­ту­ва во екот на сезоната. Поради недостиг на слободни паркинг-места, таа го из­нај­му­ва­ својот двор. За да ја препознаат туристите на кои им треба паркинг, на маицата испечатила оригинален текст "Паркирај кај баба".

http://vest.com.mk/?ItemID=A51200911D1BD94D99F14F6079FA48F3
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Корени

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1070
    • Погледај го Профилот
    • Корени
Одг: Македонска реалност
« Одговори #293 на: Јули 30, 2010, 10:09:21 »

Политически натиск върху журналисти в Македония
Правителството на Груевски отрича обвиненията

http://www.dnes.bg/world/2010/07/30/politicheski-natisk-vyrhu-jurnalisti-v-makedoniia.95508
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #294 на: Август 01, 2010, 11:49:56 »

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/gruevski-ke-se-fokusirame-na-slabostite-koreniti-reformi-vo-sudstvoto-i-javnata-a
Груевски: , коренити реформи во судството  Ќе се фокусираме на слабостите и јавната администрација
01.08.2010 - 10:46 | Македонија
Ќе се фокусираме на работите кои од Брисел се  оценети како слабости - администрацијата, судството и уште неколку други работи, а борбата со криминалот  и корупцијата ќе продолжи со силна динамика, изјави вчера премиерот Никола Груевски.

 
Тој посочи на серија закони во судството, кои за една до  две години треба да се применуваат во практиката и да  изменат многу крупни работи во таа област. Законските решенија ќе имаат одложена примена од 2011 или од  2012 година, а премиерот очекува тие да бидат усвоени во септември - октомври.

- Брисел ги следи состојбите во овој дел. Јас со писмо го информирав евроамбасадорот Фуле за детали од нашите активности. Тој во глобала ги познава работите, но ценев дека е добро да ги познава и деталите со оглед дека внимателно ја следи Република Македонија......
« Последно менување: Август 01, 2010, 05:30:35 ohrid1941 »
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #295 на: Август 02, 2010, 01:46:37 »

http://www.focus-news.net/?id=n1426114


 Македония: Албанците не участват в честването на Илинденско-преображенското въстание

02 август 2010 | 14:09 | Агенция "Фокус"
Начало / Македония
Скопие. Албанците в Македония не участват в честването на годишнината от Илинденско-преображенското въстание, съобщава Радио свободна Европа в програмата за Македония. Според радиото празниците в страната се честват по етнически принцип. 600 автобуса днес заминаха за Крушево от различни градове на Македония, организирани от правителството, но нито един не е тръгнал от град, където мнозинството от населението са албанци. В материала на радиото се цитира и част от „Крушевския манифест”, където тогава се призовавали всички етнически общности да вземат участие във въстанието.

Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #296 на: Август 02, 2010, 01:51:34 »

http://www.time.mk/read/9e2895713e/9840888276/index.html

Етнизација на празниците

02.08.2010
Срѓан Стојанчов
Дали државата го етнизира славењето на празниците? Од 600 автобуси кои ги превезуваат граѓаните до Крушево и Пелинце ниту еден не е од албанските средини.

„Браќа земљаци и мили комшии!...............
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #297 на: Август 02, 2010, 05:37:44 »

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=75023&kategorija=1

Груевски: Македонското прашање се уште не е докрај затворено.

http://www.focus-news.net/?id=n14
Македонският въпрос все още не е затворен, заяви Никола Груевски
02 август 2010 | 15:50 | Агенция "Фокус"

« Последно менување: Август 02, 2010, 05:44:12 Anton »
Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #298 на: Август 03, 2010, 08:58:21 »

Кој е кој
      четврток, 29 јули 2010
   
пишува: Коњот на Гоце
 

 
   
Иако стојам таму на плоштадот и точно гледам што се случува, успевам да украдам и малку време да ги прочитам коментарите на мојата колумна. Претежно ме засмејуваат, особено оние кои ме потсетуваат на цивилизацискиот судир кој постои во мојата држава. Многу ме радува тоа што неделно ги читам доказите за онаа друга цивилизација, против која се борам во моите текстови. Знаејќи за какви луѓе станува збор, воопшто не ме изненадува прашањето – Кој е? А навредите уште помалку.

Не можам да го споделам со зборови задоволството кое го чувствувам при читање на валидацијата на идејата дека на некому му е поважно КОЈ отколку ШТО. Ама таква е свеста тука, многу е поважно КОЈ кажал нешто, отколку ШТО кажал (во случајов напишал). Особено ако не ти се допаѓа она што го читаш. Токму поради тој факт, односно следбениците на филозофијата КОЈ, за разлика од ШТО, мојата земја е во оваа состојбата во која е сега. Оние кои ме забавуваат со нивните коментари константно ме потсетуваат на античките робови, кои по некоја битка биле ослободени и кои веднаш по нивното ослободување прашале – Што ќе правиме сега без нашите господари? Тоа е тоа. Да се слушаше повеќе содржината на оној кој продава патриотизам и да се гледаа со знаење неговите чекори, немаше да дојдеме во ситуација кога коњи ќе треба да ни ја бранат демократијата.

Бидејќи толку многу се заинтересирани за тоа кој сум јас, одлучив наместо тоа, во оваа колумна да разгледаме кои се тие. Не за друго, да имаа нешто паметно да кажат можеби ќе им реплицирав со аргументи, но нив само ги интересира КОЈ. Е па ќе ви кажам кој сум, кажувајќи ви за нив, односно за спротивното од мене. Значи, кои се тие?


Тие се многу храбри. Од преголема храброст тие се на страната на моментално помногубројните, односно помоќните. Така се тесно поврзани и испреплетени што веќе не постојат ни како индивидуи. Нели, тоа е храброст, да бидеш со повеќето, со посилните и да им се спротиставиш на помалкумината, односно послабите. Впрочем така и не е важно дали си на правата страна, само е важно дека си побезбеден. Тоа е вистинската храброст, нели?

Тие се многу мудри и паметни. Од преголема памет мораат да следат и поддржуваат секакви глупости кои ќе им ги приложи Лидерот. Тој ќе им рече да скокнат, а тие ќе прашаат колку високо. Тој ќе им рече дека нешто е лошо, па тие ќе плукаат по тоа. Тој ќе ги плаши со одредени работи и тие ќе го молат од нив да ги спаси. Тој ќе им ги троши парите на работи кои не се неопходни (но убаво изгледаат), а тие ќе ракоплескаат и со занесени лица ќе го гледаат додека им објаснува како се гради и што ќе се гради понатаму. Тој ќе им ветува, ама кога нема да им ги исполни ветувањата, тие нема да му се лутат, бидејќи некој друг секогаш им е крив. Толку многу се паметни што не можат да прифатат дека некој размислува различно од она кое нив им е сервирано и со кое им се испрани мозоците. Толку се мудри, што не им е важно што ќе биде утре. Не им е важно каде води патот по кој одиме, се додека Лидерот е на чело. Не им е важно што се работи, колку квалитетно се работи и дали воопшто се работи, само сакаат да слушаат дека се работи. Не им е важно дали институциите и службите кои ги финансираат се ефикасни и ефективни. Не им е важно дали нешто е вистина, или не, впрочем вистина е ако Лидерот им кажал дека е. Така не мораат воопшто да се мачат со размисување. Зар не е тоа највисоката форма на мудрост?

Тие се многу напредни. Од преголема напредност гледаат само назад. Во време кога треба да размислуваат за иднината опседнати се со минатото. Во време на супериорен технолошки развој, за нив достигнување е водоскок и плажа на која не можат да се капат (со други зборови кафуле покрај Вардар). Во време на самоодржливи куќи и згради, нив ги интересира колку декоративни столбови ќе има најновата барокна зграда. Во време кога треба да размислуваат за електрични возови кои се движат со голема брзина и авиони кои летаат на соларна енергија, нив најважно им е каква кола купиле од Бугарија, колку е јака (колку коња има) и колку луѓе ќе ги видат во неа. Во време на интернет и глобална поврзаност, најважните информации ги добиваат од МТВ и таа другата пропагандна телевизија (каде работи неофицијалниот министер за пропаганда). Во време на Европски интеграции, тие ја одбиваат Европа поради тоа што Лидерот неа најмногу ја обвинува за својата неспособност. Во време на либерализација, тие подржуваат архаични закони. Во време на вселенско истражување и научни достигнувања, тие ставаат национален херој кој не јавал коњ, токму на коњ. Зар не е тоа напредно, па дури и револуционерно?

Тие се многу културни и верни на својот национален идентитет. Кога најмногу и е потребно на Македонија да бидат Македонци, тие стануваат Бугари. Кога дојде времето за културниот натпревар меѓу народите, за кој зборуваше Гоце Делчев, тие почнаа да ги копираат ненаситната бугарска желба за узурпирање на историјата, српското сељаштво и слеп национализам, грчката тврдоглавост во однос на прашања за кои не е во право, американската култура на насилство, брзи пари и криминал... Наместо универзален културен натпревар, тие го извитоперуваат веќе докажаното сопствено културно наследство со апсурдно додавање на антички моменти, онаму каде никогаш не припаѓале. Ги забораваат хероите на Македонија кои ги дале своите животи за создавање на современа Република Македонија и на нивна сметка ги величаат и промовираат античките кралеви и видни личности од антиката за кои никој никогаш не слушнал. Ги величаат, и до вистинските херои на Македонија во Музејот на Македонската Револуционерна Борба ќе ги постават и оние кои се бореле за зависна Македонија, или Македонија под Бугарија. Ја заборавија содржината на она кое го говореа и за кое се бореа револуционерите. Толку многу се културни што во отсуство на аргументи, можат само навреди да редат. И најважно од сé, најубаво им е кога локаат пиво, лапаат кебапи и ја слушаат Цеца. Зар не е тоа врвот на културата?

Тие се вистински демократи. Од што се толку многу демократски настроени најмногу од сé би сакале да ми го одземат, токму мене, правото на говор. Од што се многу демократи не сакаат да слушнат за друга опција, освен нивната. Станаа исти како комунистите, за кои тврдеа дека им направиле толку многу злодела. Сакаат да нема опозиција, да нема луѓе кои размислуваат различно од нив. Обожаваат да го користат зборот антидржавнички, иако многу често го користат во погрешна конотација (инаку, треба да се запрашате што е поантидржавно, некој да си го користи правото на говор, или да се прават плажи додека третина од населението на државата е сиромашно). Тие сакаат сите да молчат додека тие ја уништуваат државата и ѝ го изменуваат ликот и суштината. Не сакаат да ми се спротистават со идеи, со аргументи, туку само ги интересира кој сум, а ако знаеја кој сум, Бог знае само што се не ќе ми најдеа мене на нивата. Толку се вистински демократи што политиката само со кодошење, казни и притисоци знаат да ја спроведуваат. Толку се демократи што полека, но сигурно, ден за ден, ни ја намалуваат на сите слободата. Зар не е тоа најдемократски?

Сега би сакал и да ви кажам кој сум, но знам дека нема да го разберете тоа. Впрочем докажавте дека не можете да сфатите нешто што е различно од вашето. Мене ми е многу драго што вие постоите, тоа е жив доказ за правичноста на она кое го пишувам во моите колумни. Го прифаќам вашето мислење, иако е различно од моето, бидејќи за разлика од вас, кои сакате да не постои различно мислење, мене оваа битка на цивилизациски сфаќања ми е инспирација. Ви ветувам дека ова што го пишувам ќе заврши, кога ќе заврши она што го правите вие. До тогаш, се согласувале или не, сакале да постојам, или не, јас ќе продолжам да пишувам. Заклетвата која ја дадов одамна дека ќе ја бранам слободата на Република Македонија го бара тоа од мене.

Не грижете се мои верни читатели кои живеете под мотото - КОЈ Е. Еден ден кога демократијата повторно ќе заживее во мојата држава и кога опресијата ќе биде минато, јас ќе ви кажам кој сум. До тогаш само ќе уживам во вашите докази на ова што го пишувам и ќе се радувам на потврдата дека вам ви е поважно КОЈ пишува, за разлика од ШТО пишува.

 

А ако мислите дека употреба на псевдоним е кукавички, тогаш ги навредувате истите револуционери кои ги величате. Да си ја знаевте историјата ќе знаевте за: Подземна Република 1), Чернодрински 2), Вардарски 3), Доне Тошев (Дончо Штипјанчето) 4), Брат Арсение 5), Пенчо 6), Невен Пејко 7) и уште многу други. Исто така, еве цитат, да не викате дека коњот лаже (цитатот го има на повеќе Македонски сајтови, каде е опишано делото на Гоце Делчев):

На Гоце Делчев му припаѓа заслугата за создавањето на организацијата во Штипско, Кочанско, Радовишко, Струмичко и Кукушко. Тој ги организира и првите канали на организацијата, по кои се пренесува организационата пошта, агитациони материјали и оружје. Создава погранични пунктови во Ќустендил, Дупница, Самоков, Кавакли и други места. Се создава и курирската служба, во употреба се воведени и шифри, хемиско мастило и псевдоними. Така под раководство на Гоце Делчев се оформува организационата структура.

Сигурно и на тогашните опресори им сметала употребата на псевдоними. Сигурно и тие умирале од желба да дознаат КОЈ е тој што пишува и се бори за Слободна Македонија.


Ај следната колумна можеби ќе биде во „подуховна” форма.
Слобода или Смрт!
Коњот на Гоце


1) или Тајна Република, или Држава во држава е алиас, или псевдоним на Македонската Револуционерна Организација

2) псевдоним на Војдан Поп Георгиев – истакнат македонски писател, патриот, револуционер, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар;

3) псевдоним на Петар Поп Арсов - македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација долгогодишен член на ЦК на ТМОРО, задграничен претставник на организацијата, автор Прв устав на Македонската револуционерна организација;

4) псевдоним на Андон Стојанов - македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и деец на Македонската револуционерна организација;

5) псевдоним/прекар на Христо Узунов - македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација;

6) псевдоним на Велјан Илиев - делегат на Смилевски Конгрес од Ресенскиот реон;

7) псевдоним на Коста Апостолов Солев (Кочо Рацин) - македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Еден од основоположниците на современата македонска литература.
 
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=53739
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #299 на: Август 03, 2010, 10:59:26 »

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126004

Македонија е земја на граница на опасност
Гоце Михајлоски     
 
 
03.08.2010 19:07 
 
 
 
Македонија е земја "на граница" од опасност, оценува во годишниот преглед американскиот воен магазин Foreign Policy.

Сочувана