Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Македонска реалност  (Прочитано 266901 пати)

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #270 на: Јуни 28, 2010, 01:35:10 »

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/egipkanite-vo-makedonija-baraat-vkluchuvanje-vo-preambulata-na-ustavot

Египќаните во Македонија бараат вклучување во преамбулата на Уставот

27.06.2010 - 19:08 | Македонија
Настојувањата за признавање на Египќаните како посебна етничка заедница која живее и егзистира во Македонија продолжуваат и натаму, беше речено на одбележувањето на 20 години од постоењето на првата општествено-политичка организација на Египќаните во Македонија што денеска се одржа во Струга.

 
Според Рубин Земон, претседател на Сојузот на балкански Египќани, главен проблем за Египќаните е тоа што како заедница располагале со малку образовен кадар кој може да се соочи со проблемите.

Земон, меѓу другото, истакна дека здружени во мрежа за мултиклутурно општество со останатите помали етнички заедници и понатаму ќе инсистираат да бидат вклучени во преамбулата на македонскиот Устав.

- За жал, во изминативе дваесет години сме целосно маргинализирани од општеството, затоа работиме максимално на рушење на тие бариери, рече Земон.

На одбележувањето на годишнината во Струга беа присутни преставници на сите политички партии. Според неофицијални податоци, во Македонија живеат околу 5000 Египќани.

 
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #271 на: Јули 01, 2010, 12:52:58 »

Брисел ќе ни ги тегне ушите за прислушувањето

Цитат
Екслузивитетот на МВР неограничено да прислушува кога сака и кого сака 24 часа седум дена во неделата, може скапо да ја чини Македонија. Прогнозите на опозицијата се дека поради ова државата може да добие уште една шлаканица во Брисел. Ваквата привилегија на МВР добива уште поголема специфична тежина и изгледа застрашувачки, ако се има предвид фактот дека никој во државата не може да ги следи комуникациите на евентуалниот криминал во Министерството.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=15D5F80CC106334DA33825EC4C38F088
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #272 на: Јули 02, 2010, 10:29:52 »

Хелсиншки го објави годишниот извештај за состојбата со човековите права

02.07.2010 10:18

Изминатата 2009-та со голема сигурност можеме да ја одбележиме како година во која власта на ВМРО-ДПМНЕ и пред сè нејзиниот лидер вршат концентрација на моќта преку „земањето во раце на сите конци“ на законодавната, извршната и судската власт, процес во кој се маргинализираат правната држава и владеењето на правото, а со тоа и човековите права и слободи.

Ова се заклучоците од годишниот извештај на Хелсиншкиот комитет за состојбата со човековите права за 2009-та година кој беше промовиран предмалку.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124861
« Последно менување: Јули 02, 2010, 10:36:46 disidente »
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #273 на: Јули 03, 2010, 12:39:26 »

Хелсиншки - Македонија назадува во областа на човековите права

Скопје, 2. јули (ИНПРЕС)

Цитат
Ние одиме назад, назадуваме во областа на човековите права и главната појава ни е концентрација на моќта, односно во силата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Од вонредните избори наваму, постои една појава која сериозно ги загрозува елементарните човекови права, а таа е поврзана со концентрацијата на моќта, пред се во владеачката структура, стои во Годишен извештај за состојбата со човекови права, нивна заштита и промоција на Хелсиншкиот комитет.

http://inpress.com.mk/?ItemID=65BF98E9C1E79E47BD028AA1DFDD3923
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #274 на: Јули 04, 2010, 11:21:12 »

Македонија не е на инвестициската мапа на Кина

Цитат
Балканот е преплавен со вложувања од Кина, a Македонија ја нема на инвестициската мапа на светскиот економски џин.
Податоците покажуваат дека неверојатни 11 милијарди евра вложила Кина во балканските држави само во последната година, но во земјава не е влезено ниту евро.
Од најважните инвестиции, три милијарди евра се потрошени за концесија и модернизација на пирејското пристаниште во Грција, 200 милиони евра за изградба на мост преку реката Дунав во Србија, стотици милиони евра се искористени за изградба на енергетски и инфраструктурни објекти, фабрики, шопинг центри, хотели во речиси сите земји во регионот.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124914
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #275 на: Јули 05, 2010, 07:39:25 »

Четири години преродба – Анализа на А1

Брзи промени, повисок животен стандард, пониска невработеност. За бизнисмените - подобра бизнис клима, за граѓаните - поефикасна администрација. Економијата беше клучната карта со која ВМРО-ДПМНЕ во 2006-та неприкосновено го порази Социјал демократскиот сојуз.

Четири години потоа стапката на невработеност се намали на 32 % - недоволни за да ја променет сликата. Во земјава 28,7% се сиромашни, при преземањето на власта слично - 29,8%.

Она што значајно требаше да го забрза економскиот пулс на земјава беа инвестициите и државните и оние на приватниот сектор.

Но, дали потфрли клучниот адут на оваа власт, инвестициите лани не достигнаа ниту 200 милиони евра. За Владата беше виновна кризата.

„Имаме неколку, кои што нормално, заради очигледни доверливи причини, немаме финални одлуки, но пред финални одлуки сме и очекуваме 2010-та, како се подобрува прегледноста кај самите фирми, кај економијата, кај развојот на пазарите низ Европа, да носат повеќе идеи и повеќе конкретни проекти“, вели Веле Самак, министер за странски инвестиции.

Се отвораа слободни економски зони, две звучни имиња, Џонсон Контролс и Џонсон Мети влегоа во земјава. Даночни ослободувања, рамен данок, потези што требаше да ја подобрат бизнис климата. Во име на инвеститорите, цел владин тим, министри, промотори. Владата влезе во регулаторна гилотина. Македонија прогласена за реформатор од Светска банка.

2008-ма оваа Владата повторно ја доби довербата. Предвремени избори. Преродба во 100 чекори - надградена и проширена, а во неа пишува, понуда на визија која треба да ја измени денешнината која треба да отвори нова страна од нашата историја.

Сепак економија падна на колена. Без членство во НАТО и без датум за преговори во Европската Унија.

„Ако ние сакаме долгорочно да останеме сиромашни, молим, тоа е избор на оваа нација, трајно ќе бидеме сиромашни, но горди“, рече Ванчо Узунов, универзитетски професор.

„НАТО ви е гаранција дека вие безбедносно сте безбедни, значи нема да имате од тој карактер проблеми. Европска Унија ви е гаранција дека вие имате пристап до капитал“, вели Лидија Димова, Македонски центар за ЕУ образование.

Така велат експертите. Дали големите ветувања ќе донесат големи разочарувања, сепак ќе се анализира по следните избори, без разлика дали се редовни или предвремени.

Извор: A1
« Последно менување: Јули 05, 2010, 07:44:33 Илинден »
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #276 на: Јули 06, 2010, 11:57:39 »

СДСМ - Со МВР раководи партиско - фамилијарна врхушка

Цитат
Собранискиот инцидент на најдиректен начин потврди дека Република Македонија заради политиките на Груевски и ВМРО ДПМНЕ се претвори во полициска држава, обвини координаторката на пратеничката група од СДСМ во Собранието, Цветанка Иванова.

http://inpress.com.mk/?ItemID=3317BD4AB0C7A045BE2FBE70428AEF23
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #277 на: Јули 09, 2010, 02:02:39 »

ФУЕРЕ СО ОСТРИ КРИТИКИ ЗА ЗАСТОЈОТ ВО РЕФОРМИТЕ И ВО ДИЈАЛОГОТ
Политичките кавги носат лош извештај


Цитат
Евроамбасадорот Ерван Фуере упати остри критики до сите партии дека се виновни за слабиот политички дијалог и побара подобрување на состојбата во судството, јавната администрација, како и измени на собранискиот деловник, како најзначајни точки од кои ќе зависи содржината на годишниот извештај на ЕУ за напредокот на земјата.
Тој ја критикуваше размената на писма меѓу политичките партии, во кои беше употребен остар јазик што не може да осигури демократија и побара политичките актери да настапуваат во духот на консензус и со обединет јазик.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2064&ArticleID=144206
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #278 на: Јули 12, 2010, 10:46:57 »

Политичка бура во чашата на Вељаноски

Цитат
Трајко Вељаноски ја преживеа политичката бура. На крајот од мачниот ден, со зацрвенето лице и со кисела насмевка ја напушти собраниската сала и замина во Кабинетот на претседателот на парламентот. Со оглед на апсолутното мнозинство што го контролира владејачката ВМРО-ДПМНЕ, немаше сомневање дека Вељаноски ќе остане на спикерската фотелја. Сепак, допрва ќе се покаже дали барањето на НСДП и на СДСМ тој да ја понесе одговорноста за собранискиот инцидент било „голема бура во чаша вода“, како што самиот го оквалификува во финишот на целодневното заседание. Или, според убедувањето на опозицијата, станува збор за Пирова победа, за која цената ќе му ја испорачаат оние што му аплаудираа вчера на полноќ.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=88EC1E27A2586443BCD1576C8CE781ED
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #279 на: Јули 13, 2010, 12:12:14 »

 продуктите на србо-македон-комунизмот

„Етничка Албанија“ во центарот во Тетово


Графити со текст „етничка Албанија (etnice Shipri)“ се наоѓаат на две локации во центарот на Тетово. Непознати автори ги обработувале споменикот на револуцијата пред Центарот за култура и познатиот објект „Ловец“. Зборот „Албанија“ е нагласен со црвени букви, а „етничка“ со црни. На стотина метри подалеку, во трговскиот центар, веќе неколку месеци е изложена карта на голема Албанија. Пред неколку години таму е поставено знамето на Албанија. Се чини дека графитите, картата и туѓото знаме не се доволна провокација за реакција. Надлежните органи молчат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9AA150E031235943A3DE26B58A4AF64C
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #280 на: Јули 15, 2010, 10:28:11 »

Тивка евакуација од Брисел


Европската Унија не е заморена од проширувањето, туку е изморена од се' понерешителното чекорење на Македонија кон ЕУ, порачуваат од Брисел

Цитат
Македонија е задоволна од досега постигнатото во Брисел, па и покрај острите критики за застој во реформите, со потезите што ги влече испраќа порака дека оваа година не се потребни дополнителни напори во лобирањето во европските институции пред изработката на новиот октомвриски годишен извештај на Европската комисија (ЕК) за нашата земја.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2C9BD9D39276B2409F35CB6E5ADA1E26
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #281 на: Јули 15, 2010, 08:56:57 »

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=125360

Фармерот Илиевски го сомничат за производство на марихуана[/u]

Битолскиот фармер Душко Илиевски, заедно со неговиот татко Томе и брат му Цане, денеска во попладневните часови се приведени од битолската полиција, која ги сомничи заради производство на марихуана.

Според претходно добиени сознанија, со судски налог, битолската полиција изврши упад во градината на семејството Илиевски во Градско поле, каде што, во услови на систем за наводнување, покрај градинарските производи биле пронајдени и 207 стебла на „канабис сатива“ со одлична вегетација.

Во нивата бил затекнат братот Цане, а потоа биле доведени таткото Томе и Душко Илиевски. Непосредно пред овој дневник, полицијата се уште вршеше увид во куќата на Илиевци, трагајќи по нови докази за кои тврдат дека постојат, според нивни оперативни сознанија.

„Полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога при Секторот за внатрешни работи во Битола, извршија претрес во домот и во други простории, како и во градинарска нива во местото викано Градско поле во околината на Битола, каде што беа пронајдени и одземени двесте и седум стебла од растението „канабис сатива“.

-При тоа, поради основано сомнение дека се сторители на споменатото кривично дело, во текот на денот, од страна на полициските службеници се приведени три лица“, рече на денешниот прес, м-р Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

Братот Цане Илиевски, непосредно пред да биде приведен, изјави дека станува збор за див коноп и дека ова се прави за инает, а брат му Душко со лисици на раце во градината бил држен три часа.

„Не теретат дека сме саделе марихуана во нашата нива, а тоа е див коноп кој расте низ цело Градско поле. Ова е за инает, дека им кажа оти ние не го садиме и му рече, немој да се ѕвериш и тие го врзаа. Првин мене ме фатија овде, после го викнаа и брат ми овде. Еве онде го држат врзан инспекторите“, вели Цане Илиевски, брат на Душко.

Пронајдениот канабис предаден е на вештачење во Скопје, а битолската полиција во текот на утрешниот ден, до Основното обвинителство со обезбедениот доказен материјал, ќе поднесе посебен извештај.

Бидејќи Душко Илиевски беше најекспонираниот фармер во протестите за „Сведмилк“ и јавно обраќање на митингот на СДСМ во Скопје, неговото апсење предизвика бурни политички реакции, а претходно од полицијата имаше заработено три прекршочни пријави, заради поседување семејна пушка, упад кај градоначалникот и за јавно омаловажување на премиерот.
Сочувана

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #282 на: Јули 15, 2010, 09:00:57 »

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&egId=7&eventId=25108

Бунтовникот за криминалот во Сведмилк уапсен за производство на марихуана[/u]

Полицијата го уапси фармерот Душко Илиевски кој се крена против власта заради криминалот во Сведмилк во кој му изгореа 37 илјади евра. Со лисици на раце полициски инспектори неколку часови го шетаа Илиевски во нивата на татко му каде наводно се наоѓале насади со марихуана. Го сослушале и неговиот брат, но во станица го однесоа само Душко. Неговиот брат Цане вели дека ги теретеле дека саделе марихуана, а всушност станувало збор за див коноп кој растел на нивите низ битолско.

- „Ова е за инает, дека им кажа дека ние не го садиме и им рече немој да ми се ѕвериш и тие го врзаа. Првин мене ме фатија овде, после го викнаа и брат ми“, сведочи Цане.

Портпаролот на МВР Иво Котевски за Алфа потврди дека Илиевски е во полициска станица во Битола. Според него станувало збор за чист случај на одгледување марихуана.

Илиевски е познат во јавноста како лидер на протестите на кооперантите на Сведмилк. Досега заработи три прекршочни пријави. Полицијата му упадна во домот и бараше илегално оружје, прекршочно го гонеше за навреда на премиерот за наводно истакнати некролози со слика на Груевски со натпис „Кражба во 100 чекори, пред очите на Владата исчезнаа 39 милиони евра. Остваруваме“. Опозицискиот СДСМ ја обвини власта дека на брутален начин се пресметува со човекот кој заради криминалот во Сведмилк останал без денар. Го повикаа Груевски да престане со полициски монтирани постапки брутално да се пресметува со неистомислениците од сопствениот народ. Од владејачката партија одговорија дека наместо да реагира панично, СДСМ требал да сочека да заврши истрагата за случајот.
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #283 на: Јули 16, 2010, 09:25:38 »

http://www.focus-news.net/?id=n1419740


"Алфа ТВ": Корабособственици в Охрид искат българска фирма да проверява плавателните съдове

16 юли 2010 | 10:12 | Агенция "Фокус"
Охрид. Корабособствениците в Охрид са шокирани от размера на сумата, която трябва да платят на френската фирма, с която правителството сключи договор за извършване на технически преглед на корабите. Това съобщи македонската телевизия Алфа Тв. На фирмата "Биро веритас" всеки корабособственик трябва да плаща годишно по 7700 евро за редовен технически преглед на корабчетата. При това в тази сума не влизат контролните прегледи, които френската фирма би извършила допълнително, при искане на съответните институции.
Корабособствениците се чувстват изиграни. Те предлагат сключване на договор със сръбска или с българска компания, която да осъществява регистър и проверка на корабчетата. За същата работа техните цени са около 2300 евро.
Това са крайно високи и неприемливи цени за нас. Некоректно е, каза Горан Устиянски от Сдружението на корабособствениците.
Според тях - това означава край на корабоплаването в Охрид.
Капитани и моряци казват, че ще закотвят корабите си на охридското пристанище и няма да подпишат договорите с "Биро веритас", независимо, че правителстото вече е сключило договор с френската компания.
Началникът на Охридската капитания Настески засега не коментира недоволството. Той е в Скопие, за да предаде недоволството на корабособствениците.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #284 на: Јули 16, 2010, 01:28:26 »

Косово поатрактивно од Македонија за британскиот капитал

Цитат
Британските компании повеќе сакаат да инвестираат во косово отколку во македонија. неизвесноста поради спорот за името, бавната администрација и нејасните закони во земјава ја направија новата балканска држава поатрактивна дестинација за компаниите од Обединетото Кралство, вели првиот човек на британската бизнис заедница.

„Во Македонија во моментов периодот е многу тежок пред се поради проблемот со името. Компаниите се обидуваат да го минимизираат својот ризик. Велат кога еднаш ќе знаеме што ќе се случи со Македонија тогаш ќе донесеме одлука да инвестираме. Косово сега има предвидлива состојба додека во Македонија постојано се одложува, тие одложувања во бизнисот чинат многу пари“, изјави Реј Пауер - британска бизнис заедница.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=125177
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !