http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122165Полицијата и доушниците во борбата со нарко мафијатаКатерина Гетева
Коментари (7)
17.04.2010 18:43
Љупчо Тодоровски
Македонија игра важна улога во регионалната борба со наркомафијата. Во тоа и помагаат обучени за тоа полициски службеници но исто така и така наречените доушници. За оваа спрега на професионалци и неформална група информатори во битката со дрогата говори директорот за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски во интервју за А1.
Дали Република Македонија спаѓа во балканската рута во шверцот со хероин?
-Во суштина Македонија не е главното подрачје или главниот пат, преку кој што се тргува со хероин. Деведесетина тона што годишно влегуваат во Турција од соседен Ирак, над осумдесет тони поминуваат преку Бугарија, многу мал дел поминува низ Македонија, а потоа оди за Косово и Албанија, кои што сепак завршуваат во Европа.
Дали Македонија има свои агенти кои делуваат во странство, андеркавери? Дали има свои доушници кои што делуваат и надвор и во земјава?
-Информаторите се оние кои што ги носат главните информации за она што се случува во македонското и другото подземје. Тоа е една неформална група на соработници на полицијата.
-Андеркаверите, тоа е една посебна категорија на вработени, кои под посебен режим се избрани да ја вршат таа работа, направени се посебни подготовки кои на друг не му се познати, на јавноста и се подготвени да делуваат во криминалната средина. Тие можат да делуваат на нашата територија со знаење на јавното обвинителство на Република Македонија за организиран криминал или во странство со претходен договор со тамошната полиција и нивното јавно обвинителство. Морате да бидете овластени за таа работа.
Кој ги финансира андеркаверите?
- Андеркаверите ги финансираме ние и тие се влезени во системот, во буџетот, но информаторите како неформална и неорганизирана група меѓу себе, не се финансирани.
Што дава министерството за внатрешни работи на членовите од подземјето кои што носат информации?
-Ние со нив се познаваме од кога бевме инспектори, тие беа малолетни деликвенти, ние се развивавме во нашата област, тие се развиваа во нивната област. Многу често сме ги фаќале, некои од нив не.
-Тие што сме ги фатиле, биле во затвор, излегувале и пак комуницирале со нас. Голем дел и од тие што не сме ги фатиле, комуницираат. Дали постои некој страв кај нив, дека некогаш ќе се најдат во непријатна ситуација па ние би можеле да им помогнеме или од некој други причини за кои што сега не би зборувал, а мене ми се јасно познати, тие комуницираат со полицијата и едноставно ни даваат информации. -Може и да не ни ги дадат, за нив ќе биде исто, но голем дел сакаат да имаат пријателски односи со нас.
Остатокот од разговорот погледнете го во видеото. ТЕШКО НА ДРЖАВА НА КОЈА СТАБИЛНОСТА И БЕЗБЕДНОСТА И ЗАВИСАТ ОД КРИМИНАЛЦИ-ДОУШНИЦИ КОИ НАМЕСТО Во ЗАТВОР ,СЕ ШТИТЕНИ ОД ПОЛИТИТИЧАРИТЕ , ОД ПОЛИЦИЈАТА А СО ТОА И ОД СУДСТВОТО И ОБВИНИТЕЛСТВОТО.