http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122843Не е невозможно да се биде Бугарин во Македонија
05.05.2010 19:39
Виктор Канзуров
Владимир Перев и Виктор Канзуров се Скопјани од различна генерација. Уште кога биле деца расчистиле со етничката припадност. Денес 65 годишниот Перев и 30 години помладиот Канзуров се декларираат како македонски Бугари.
„Како Македонец, се разбира и како Бугарин по етничка припадност. Значи како македонски Бугарин“, вели Канзуров.
„Ние Македонците, што се останати денес се срцевината на бугарската нација“, рече Перев.
Двајцата соговорници на А1 сметаат дека за разлика од останатите малцинства Бугарите кои живеат во Македонија се дискриминирани, демократијата во државата е селективна, а правата на луѓето со бугарски чувства ограничени.
„Просто да ви кажам, имаме десет српски телевизии, немаме ниедна бугарска телевизија. Дали вие сте гледале, вие сте млад човек, бугарски филм, не сте гледале, кажете ми име на еден бугарски режисер, на една глумица, не кажете ми име на една бугарска проститутка, што пее по телевизии“, објаснува Перев.
„Полициски репресии, можам да набројувам до утре, наутро примери на луѓе од различни градови во Македонија кои што само поради етничката бугарска припадност биле деградирани“, додава Канзуров.
Владимир Перев
Со аргументот дека не се адвокати на бугарската држава, нашите соговорници одбиваат да зборуваат за тоа како Бугарија ги третира Македонците кои живеат таму, но од критика не ја штедат Софија кога станува збор за нивните интереси.
Се жалат дека Бугарија кренала раце од Бугарите кои живеат надвор од нејзините граници.
„Не, бугарската држава во принцип не се грижи за никого, бугарската држава се грижи за себе. Таа е една трагична држава, еден работлив, горд и воинствен народ, за 50 години советска окупација и комунизам, станаа едно крадливо племе, еден народ во кој што краде секој, од портиера до премиера“, дополнува Перев.
Денес македонско-бугарските односи се во заложништво на политичарите кои се обидуваат да профитираат на сметка на ова чувствително прашање, вели Канзуров.
„Самото поставување на еден шарлатан и би рекол тотален идиот од типот на Божидар Димитров за министер за Бугари во дијаспората ја одзема силата на нашата аргументација дека сме загрозени овде и дека се фалсификува историјата“ додаде Канзуров.
Официјално според последниот попис од 2002 година во Македонија живеат околу 1.500 Бугари, бројот на граѓани кои поседуваат бугарски пасош е неколку десетици илјади.
За печатење Прати по e-mail Порака до авторот Разгласи