Шпиц , МК :
Побугарчени преродбеници
Билјана ВУЧКОВСКА
Македонски преродбеници и просветители од 19 век се претставени како бугарски дејци, во англиската верзија на најпосетуваната интернет-енциклопедија Википедија.
Најпознатите автори и собирачи на македонското народно творештво, браќата Константин и Димитар Миладинови, се прикажани како бугарски литературни дејци и како автори на најважната колекција на народни песни насловени „Бугарски народни песни“. Како што се нагласува во статијата за Миладиновци, тие во своите пишувања себеси се идентификувале како Бугари. Во таканаречената листа на македонски Бугари се најдоа и имињата на Марко Цепенков и Кузман Шапкарев, кои се претставени како бугарски фолклористи и етнолози, Григор Прличев е именуван како бугарски писател и преведувач, а Рајко Жинзифов како бугарски преведувач и книжевник. На листата се и Крсте Петков-Мисирков, Војдан Чернодрински, Јордан Хаџи Константинов-Џинот и многу други. Првичната верзија на ова статија е постирана на 25 март 2008 година и оттогаш досега има околу стотина измени.
Македонски администратори на оваа енциклопедија тврдат дека пред пет години Википедија на македонски јазик била заземена од бугарски националистички пропагандисти, кои ја користеле за ширење нивни вистини во преку педесетина статии. Тие проблемот го лоцираат во неактивноста на македонската научна фела, која не ги објавува своите трудови на интернет и во научни странски списанија, па администраторите немаат на што да ги базираат своите тврдења.
- Иако секој корисник може да ги менува содржините на Википедија, едно од правилата е дека сите податоци мора да бидат поддржани со референци (фусноти) до независни научни извори. Недостигот од македонски научни содржини на интернет, особено на англиски јазик и на веб-сајтови со висока репутација доведува до ситуација при културни и историски спорови, македонските википедијанци да се впуштаат во борба без муниција - објаснува Филип Стојановски, програмски координатор во фондацијата „Метаморфозис“.
Тој нагласува дека тоа што е познато и нормално кај нас, за светот е непознато и ново, па затоа треба и соодветно да се презентира.
Професорот по историја на македонскиот јазик Људмил Спасов вели дека не е изненаден од пласираните информации на Википедија, но го зачудува пасивноста од македонска страна. Тој објаснува дека Бугарите ги присвојуваат македонските преродбеници со неосновани тврдења.
- Денешниот збор „бугарски“ нема исто значење со терминот „болгари“ или „болгарски“ кој се користел во времето кога Македонија била под отоманско ропство. Тоа било назив за словенски јазик и за народ со словенско потекло кој е многу поразличен од грчкиот јазик - објаснува професор Спасов.
Професорот Стефан Влахов-Мицов, доктор по филозовски науки пак, го осуди бугарското интернет-општество.
- Ова е одвратно. Не само македонските преродбеници од 19 век, туку и живи луѓе кои творат во Пиринска Македонија ги прокламираат како Бугари - вели тој.
Според Википедија, Македонците или Македонците-Бугари понекогаш именувани и како Македоно-бугари или Македо-бугари се регионална етнографска група на етнички Бугари кои живеат или водат потекло од Македонија. Таму е направена и листа на таканаречени македонски Бугари поделени во неколку групи, актери, бизнисмени, свештеници, политичари, спортисти, пејачи, револуционери.
И љубчо георгиевски македонски бугарин
На листата со политичари кои се претставени како македонски Бугари стои и името на поранешниот македонски премиер и лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Во статијата за него се вели дека неговото име е ставено во Гинисовата книга на рекорди како најмлад премиер во светот, кој функцијата почна да ја извршува на 32 години.
Наведено е и дека на 14 јули 2006 година Георгиевски аплицирал за бугарско државјанство врз основа на фактот што неговите родители се Бугари и дека и тој по националност се чувствува како Бугарин.
Летото 2007 година, според истиот извор, тој активно се вклучува во бугарската политика како член на комитетот за номинација на Кирил Пендев за кандидат за градоначалник на Благоевград.
На влахот никой не му смета да си биде влав, на србинот исто така. Но, кога тие барат бугарите во Македония да не бидат бугари, е тоа е непристойна работа !