В днешния Утрински, България отново е забъркана във фантастичен микс от "спомени" подмятания и психоделични сънища на разни АСНОМ-ски генерали и "аналитичари".
Няма как годишнината от събитията около Тетово и Госивар и подписването на рамковия договор да не бъдат свързани със задна дата и с България. Отново в онази негативна конотация, за която УДБА, МАНУ и цялата идеологическа машина на бивша Югославия положиха десетилетия за усъвършенстване.
Трактат за субверзивната војна(2)
"Секојдневното шетање на А. Џафери и Љ. Георгиевски на релација Скопје-Софија само слепите не можеа да го видат. Тактиката, како што ќе покаже развојот на ситуацијата, била да се земе власта (со примена на бугарскиот воз) и од таа легална позиција со силни и комбинирани субверзивни дејства да се подели Македонија и да се поништи националната држава. Бидејќи оваа ситуација не еднаш е опишана, ќе ги наредам само фактите:
- Доста Димовска од позиција на министерка за внатрешни работи и во врвот на ВМРО-ДПМНЕ: „Од Групчин натаму не ме интересира“.
- Ѓорѓи Ефремов: „Да се изврши размена на територии и на население - Македонците и Албанците не можат заедно да живеат...!“
- Љупчо Георгиевски, премиер, на прес-конференција: „Идејата (за размена) и не е така лоша. Не ќе мине ниту месец, а ние тоа сами ќе го посакаме...“. Значи, точно знаел што ќе се случи.
- Генерал Панде Петревски, еден од началниците на Генералштабот на АРМ во своите „Сведоштва“ (2006), стр. 12, опишува средба на генерали во кабинетот на генералот Ј. Андревски, на која еден од генералите, покрај другото, рече: „Нашата партија зазеде став Р Македонија да се брани со помош на Р Бугарија. На самата граница веќе има 20.000 војници кои веднаш ќе дојдат доколку ги повикаме да ја одбранат Р Македонија“.
- Љ. Пауновски, во „Глобус“ бр. 112, 12 јуни 2009 година: „По неколку дена, во април 2001 година, по еден од редовните состаноци на државно-политичкиот и на безбедносно-командниот врв, двајца од нив останаа во кабинетот на МО. Директно ми беше соопштено дека мора да се разделиме со Албанците. Да им дадеме територии кај Дебарско и Гостиварско-тетовско (и со прст ми беа означени териториите на картата на Македонија), а остатокот, ми беше речено, да го носиме кај нашите во Бугарија...“. Пауновски потоа оцени „Бугарија нема врска со ова“ (меѓутоа, сите факти зборуваат дека Бугарија е до гуша во ова), белки 20.000 Бугари што чекаат да бидат повикани, како што рекол генералот, е некаква самоиницијатива на бугарската армија без да знае Владата на Костов?!"
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C36F865C5A9CF543BA12FD78DB5BF645