Македонец од Охрид е првиот наш потомок што стапнал на територијата на Америка, а што е поважно, тоа му успеало во 1492 година заедно со Кристофер Колумбо.Ова го соопшти вчера Македонската обединета дијаспора, според која некој Драган од Охрид бил морнар на бродот, кој наместо во Индија, завршил на денешната американска територија, потег со кој Колумбо стана дел од светската историја. По пет века вчера во американскиот Конгрес беше формирана првата група конгресмени-пријатели на Македонија,предводена од конгресменката од Мичиген, Кендис Милер, од Републиканската партија.
Црноризец Храбар, чие вистинско име е непознато е исто така продолжувач на делото на свети Климент и на свети Наум. Негови дела се: О писменех, кое е апологија на македонската писменост и тој овде ја брани македонската азбука и го заштитува македонското културно дело од страна на горделивите грчки асимилатори. Тој во ова дело напишал: „Македонските букви се посвети и се повеќе за почит, бидејќи се обработени од свет човек, а грчките ги создале Елините, кои биле пагани и незнабошци“.