Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Дигитална библиотека при НУБ “Св. Климент Оxридски“ - Скопје  (Прочитано 4113 пати)

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот

ПРОМОВИРАНА ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ПРИ НУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Ретки ракописи достапни на интернет

Стари ракописи од 13 век до 19 век, весници и списанија што го следат во чекор развојот на македонската национална мисла, првопечатени книги од појавата на печатарството, дела од македонските преродбеници, отсега се достапни на интернет-страницата на дигиталната библиотека на Македонија, њњњ.длиб.мк, промовирана завчера во НУБ „Св.Климент Охридски“. Промоцијата, која се случи во рамки на одбележувањето на денот на еден од најголемите сесловенски светители, свети Климент Охридски, само ја најави стратегијата што ја има библиотеката, а тоа е овозможување достапност до ретките книжни колекции што имаат статус на културно наследство и драгоцен материјал. - За почеток, приоритет ни е археографската, ориенталната, музичката и картографската збирка, како и ретката периодика, да му ги претставиме на светот како наш придонес во цивилизацискиот развој, а потоа ќе правиме стратегија за современото издаваштво - вели Миле Бошески, директор на НУБ „Св.Климент Охридски“. Постапката на дигитализирање на книжното културно наследство претставува бавен процес, вели тој, зашто станува збор за исклучително софистицирана обработка. - Неопходно е да се работи во фази, зашто не е целта само да се дигитализира материјалот, туку треба да се направи и лесно достапен да се пребарува, а сето тоа бара специјални софтвери. Може да се рече и дека сме понапред од регионалните земји кога станува збор за дигитализацијата имајќи ги предвид можностите што ни се на располагање. Франција за оваа намена одвојува и по 100 милиони евра и повторно смета дека доцни во ваквиот процес - додава Бошески нагласувајќи го фактот дека Македонија е единствената земја во Југоисточна Европа што наменски изгради објект за дигитална библиотека.

Инаку, покрај промоцијата на интернет-страницата на дигиталната библиотека, во чест на Денот на св. Климент Охридски, во НУБ, која го носи името на првиот оригинален словенски писател, завчера се одржа и четвртата научна средба на тема „Св. Климент Охридски и Охридската духовна и книжевна школа“. Во новиот објект на НУБ, каде што е сместена Дигиталната библиотека на Македонија, беше откриена и скулптурата на „Св. Климент Охридски“ од авторот Томе Серафимовски.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=2187&ArticleID=152883
Сочувана

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот

Линкови

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје
http://www.nubsk.edu.mk/

Дигитална библиотека при НУБ “Св. Климент Оxридски“ - Скопје
http://www.dlib.mk/
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Сочувана