Што се однесува до „србизмот“ ПОВЕЛЕТЕ, во истата книга на Кузман Шапкарев, Български народни прикаски, вѣрования, пословици, гатанки, игри и пр., може да се најдат неколку примери за употребата на „повели“, со таа разлика што најчесто се испушта „в“ (карактеристика за западномакедонските говори), па го сретнуваме како: поèлите, пòеля итн.
http://promacedonia.com/ksh_4/ksh_ohrid_21-34.htm...Потем мàлу врèме, кога òвье вèке си сèделе по крàй огон, дòшле две мèчки и два вòлка, домакѝните на запустèната водейнца, со сè челядите си и ’и нàшле тỳка. Гòстите кога ’и вѝделе домакѝните, се сдървиле и скàмниле от стрàх. «Добре дòшле, приятели,» им вèлеет мèчките и вòлците. «Добре вè нàй-дофме,» им отгòорвеет гòстите. «
Поèлите сèдните, сèдните дè, сèдните,» им повтòрвеет домакѝните....
gromovnikot дал многу интересни примери за употребата на повели (повела) кои се исти и во другите говори, не само во гевгелиско.
Еве интересен напис од МИА за некои поздравувачки и дрги изрази:
Благослови
Поздравувачки изрази во Охрид
Какви поздравувања, молитви се кажуваат при официјалните, свадбени случаи, потоа при раѓање, погреб и при празничните моменти кажано е погоре при описот на обичаите, овде ќе кажам нешто за поздравувањата што се употребуваат обично во секојдневните средби на луѓето помеѓу нив.
1. Кога човек ќе дојде во некоја куќа или ќе сретне некој свој познат, пријател или роднина на пат, поздравува како што е обичај:
а) Ако е утро или претпладне му вели. Добро утро, а сретнатиот одговара: Дај Бог добро, или: Дал ти Бог добро, или: Дал ти Господ добро, а ако сретнатите што одговараат се жени, велат: Бог да прости. Ако средбата е во домот додаваат уште: Добре дојде или Добре, си дошол, а на мнозина: Добре сте дошле, на кое посетителите во одговор додаваат: Добре ве најдофме. Исто така и кога домаќините или домашните на некоја куќа ќе затекнат во својот дом пријатели (посетители) дојдени додека тие биле отсутни кога ќе влезат им велат: Добре сте дошле, а тие одговараат: Добре ве најдовме.
На пладне посетителите или сретнатите велат: Пома Бог, или Поможи Бог, а селаните: Помагај Бог, а во Прилеп: Помози Бог. Сретнатите одговараат како што беше споменато погоре.
На вечер: Добор вечер, во Прилеп: Добро вечер. Сретнатите пак одговараат како погоре.
2. Кога некој ќе посети, затече или ќе помине покрај работници покрај погоре кажаниот поздрав, или заедно со него уште додава: Често ви работа (честита ви работа); а тие до двата случаи му одговараат: Чест д’имаш, сполај ти. Ако е при собрање плодови, на жетва, на вршидба, гроздобер и сл. посетителот при првиот поздрав вели: Господ бериќет. (се подразбира: да ви дајт).
3. Кога постителот ќе затекни луѓе што јадат им вели: На здравје ви ручег (или) вечера, а тие му одговараат: Здравје д’имап, поели да ручаме (или) да вечераме. А тој откажувајќи вели: Сполај ви, Господ да ви придајт. Тие пак повторуваат: Сполајти.
4. Кога некој ќе го стигне некого на пат по првото обично поздравување му поставува прашање: Су здравје така? Или. Ако Бог дајт, су здравје? Поздравениот откако ќе одговори на првиот поздрав му одговара и на прашањето, ако сака, а ако не сака не му кажува туку го заобиколува прашањето и не му кажува кладе оди.
5. Кога двајца или повеќе мина се сретнат на пат или во куќа по првите обични поздравувања кои ги споменав погоре еднио на други си кажуваат уште неколку прашања. Така на пр. едните прашуваат: Што чините? Како сте? Здраво живо сте? А другите одговараат: Харно, сполај Богу, вие како сте? А тие исто одговараат:. А селаните во сличен слулај кажуваат: Све здрао, све живо. Кај жените тие распрашувања земаат поширок размер, откако ќе ги кажат првите прашања и им се одговори додаваат: Што ви чинат децата? Што ви чинат невестите? итн. Прашаните одговараат: Харно ми се, сполај Богу ви се кланеет су здравје; вашите што ви чинет? И тие така одговараат.
Забелешка. Кога ќе се сретнат жени ако меѓу едните или другите се случи да има некоја млада невеста или мома последната целива рака на постарите од тие жени што се сретнале со нејзината дружина.
6. Кога на некоја гозба или каков било собир, некого го покануваат да седне да земе од принесената храна или пиење или било каква да е друга покана го употребуваат зборот По’ели (заповедај), а тој одговара: По’еља д’имаш, сполај ти, или: Д’имаш кого да по’ељаш. Ако се кани на јадење или пиење, а тој не сака да земе, вели: Сполај ти Господ да придајт. а) Истото се вели и по јадењето, кога се тргнува од трпезата.
7. Кога некој ќе се напие вино или ракија пред да се напие б) кажува на некој од тие што седат на трпезата на кого сака да му ја предаде следната здравица, т.е. да пие по него а таков обично е тој што седи непосредно до него му вели; Здрами си (здрав ми си) или Твоја чест, а тој му одговара на првото Жи’ми си (жив да ми си) или; Здравје д’имаш, а на второто: Чест да имаш. Во селата во таков случај пред пиењето велат: Здравица ти, а одговараат: Здравје да имаш. Откако ќе се напие присутниот му велат: На здравје, или: На слатко, а тој им одговара: Здравје д’имате, или: Слатко ви здравје.
Забелешка: Исто така и кога некој ќе се избричи или ќе се обања, кога ќе го видат познаниците негови така пресноизбричен или преснообањан му велат: На здравје, а тој исто одговара: Здравје д’имате.
8. Кога посетителите по посетата што ја направиле во некоја куќа или по гозба си одат на посетените им велат: Сејте (седите) су здравје, ако пак е на вечер уште додаваат: Добра ви вечер, Добра ношт и добро осумвање, а домаќините откако ќе ги испратат до патната врата им одговараат: Хај су здравје, добро осумвање, а ако е на вечер и: Клањање су здравје на иди кого (нивните домашни). Последната фаза е обична кај жените кои и при секоја средба со други жени на разделбата го прават истото. Во Кукуш жените кога го испраќаат некого од дома му велат: Фногу здраве и кланане, или просто: Фноугу клањата да носиш, на ете кој.
9. Кога го испраќаат некого на далечно патување, благословуваат и го испраќаат со следниве зборови: Хај су здравје, добор п’т, добра стреќа, добор к’смет и добро видение (се подразбира: да даит Господ) а тој што го испраќаат кога се разделува им одговара: Сполај ви, сејте су здравје пак добро видение.
Општо забелешки: Воопшто по селата обично благословувањата и поздравите се подолги а по градоте се пократки.
10. Кога некој ќе чуе дека го викаат на име се одѕива со зборот: Повели (повели, заповеди). А во Струга и по селата со зборот: Чуја!
а) Тие што канат понекогаш на смеење на тој што откажува да земе од гозбата му велат: Поели од придаденото.
б) Пред се кога ќе ја земе чашата во десната рака благословува:, а од обичните молитви во случаи на веселби, освен на свадба, најглавната е? За много години во Кук За фногу години, (радосни) Тој што слуша вели: Амин. На свадба не се вели: за многу години туку: Еднаш за век’т.
Од записите на Кузман Шапкарев. (Подготви Марко Китевски)