Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Киро Глигоров  (Прочитано 3915 пати)

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Киро Глигоров
« на: Март 23, 2010, 05:03:34 »

Цитат
ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ: ТАТКО МИ САКАШЕ ДА СЕ НАГОДИ СО АТЕНТАТОРИТЕ

Со само неколку провокативни реченици во својата колумна, синот на Киро Глигоров повторно го отвора подзаборавениот случај - атентат

Пишува: Синиша Станковиќ

Владимир Глигоров, синот на поранешниот претседател Киро Глигоров, ја актуелизира темата - атентат врз неговиот татко. Со само неколку реченици во објавената колумна, Владимир Глигоров, повторно ги отвори подзаборавените прашања за случајот што и денес е енигма. Најголема провокација за македонската јавност е следното тврдење на Глигоров . „Мојот татко за влакно ја избегна смртта во атентатот од 1995. Властите македонски не покажаа некој особен интерес да ги пронајдат атентаторите, а наредбодавачите не се јавија самите, барем не за со тоа да се фалат“, ќе напише Глигоров. И ќе дополни: „Дедо ми не тежнееше кон договор со оние кои подоцна ќе го убијат. Татко ми тежнееше, ама имаше среќа“. Ваквите тези на Глигоров фрлаат сосема нова светлина на неразјаснетиот атентат врз неговиот татко и отвораат многу нови прашања.

Во колумната „Лага и предавство“ (Лаж и издаја) од 12 март, Глигоров пишува за атентатот врз поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, но осврнувајќи се на тешките моменти од минатото на своето семејство, особено на обидот за убиство на Киро Глигоров од 3 октомври 1995, загатнува неколку интригантни прашања за ситуацијата во Македонија во последните деценија ипол.

СПОГОДБА? Во телефонскиот разговор Глигоров од Виена ни изјави дека колумната, пред се, е напишана во контекст на годишнината на атентатот врз српскиот премиер и дека воопшто не е заинтересиран да ги детализира изнесените ставови, зашто смета дека во колумната и „нема напишано ништо ново и непознато за јавноста во Македонија“. Сепак, на г. Глигоров му се обративме и со молба на неговата мејл-адреса, барајќи одговор: Зошто и покрај опсежната истрага веднаш по атентатот, е дециден дека македонските власти не покажале особен интерес да да ги пронајдат атентаторите или врските кон нарачателите (наредбодавачите) на атентатот врз Киро Глигоров? Како и дали смета дека не било во интерес на ниту една власт во Македонија во последните 15 години, да се открие вистината и причините за атентатот врз татко му? Глигоров помладиот го прашавме и дали наредбодавачите на атентатот ги лоцира во Македонија или пошироко и секако, најважното прашање: За каква спогодба на татко му со оние кои се обидоа да го убијат, станува збор и и за кои прашања? Односно, со кого, според него, Глигоров како претседател на Македонија тежнеел да се спогоди? За жал, Владимир Глигоров остана доследен на својата првична определба дека нема потреба да се дополнат напишаните ставови од колумната.

Со слични прашања, се обративме и до кабинетот на експретседателот Глигоров. Но, Живко Кондев од Кабинетот не извести дека Киро Глигоров нема да одговори на прашањата: Дали како претседател на државата тежнеел кон договор „со оние кои се обидоа да го убијат“, со кого се спогодувал и за кои прашања? Според Кондев, претседателот Глигоров само изјавил дека „неговиот син е самостоен истражувач, чие мислење тој го почитува но чии ставови нема да ги коментира“. За претседателот Глигоров кој за трауматичниот 3 окотомври 1995 напиша и книга „Атентат - ден потоа“ (2002), медиумите пиуваа и дека спроведувал сопствена истрага за атентатот, но во оваа прилика тој и останува должен одговори на македонската јавност .



ИСТОРИЈА Во колумната во он-лајн списанието чии соработници се десетици еминентни српски интелектуалци од граѓанска провениенција, (а кое е дел од проектот на медиумско продукциската куќа Пешчаник, чие главно обележје е прочуената истоимена радио емисија која десет години се емитува на белградското Радио Б-92 и која редовно ја слушаат околу 400.000 слушатели), Владимир Глигоров загатнува и упте една црна дамка од македонската историја.

„Мојот дедо по мајка е убиен во политички атентат во 1924. Атентаторот е фатен и српските власти го казниле. Налогодавачите се фалеа со тоа политичко убиство, а убиецот е прогласен за херој и маченик“, пишува Глигоров за настанот од 30 декември 1924 година, кога бил убиен таткото на мајка му Нада, војводата Стојан Мишев, по наредба на неговиот соселанец и сосед од Ново Село, Ванчо Михајлов. Атентатот врз Мишев е прв во серијата атентати, во кои жртви биле и Петар Чаулев и Тодор Паница. Според спомените на самиот Михајлов, за кои „Глобус“ порано пишуваше, тие биле „најголемите непријатели на македонското дело“, и биле само дел од списокот на Михајлов, зашто, во вардарскиот дел од Македонија, во деветте години терор, биле извршени дури 85 атентати.

Војводата Мишев бил убиен од 21-годишниот штипјанец Кирил Григоров, точно напладне, на прагот на куќата во која што живеел, пред очите на неговата четиригодишна ќерка Нада. По егзекуцијата, атентаторот успеал да избега од Штип кон бугарската граница, каде бил предаден и фатен од српската полиција, за подоцна да биде осуден на смрт и стрелан на 30 август 1925 година. „Машкиот удар на Кирчо Григоров за него самиот беше многу лесен чекор; решен беше да умре и со тоа сите пречки беа надминати. ’Ми се чини, пет души да се, ќе ги истркалам еден по друг’, кажуваше насмеано нашиот херој“, се речениците од спомените на Михајлов, на кои најверојатно се осврнува во својата колумна Владимир Глигоров, пишувајќи за фалбите на налогодавачите на тоа убиство. Од друга страна, неговата мајка Нада, сведок на убиството на татко и, пензијата ја дочека како лекар-интернист во Белград и не се експонираше многу додека беше прва дама во Македонија, но преживеалиците од детството и шестдеценискиот брак со Глигоров како југословенски политичар и претседател на Македонија, секако и ја определиле и политичка опитност. Веројатно затоа, Владимир Глигоров, во колумната, кога потенцира дека со „подготвеноста да живее во лага, јавноста станува соучесник“ и тврди дека актуелниот српски режим е „заснован врз лага“, прави и паралела, забележувајќи и дека српскиот случај „не е и единствениот, како што особено и беше јасно на мајка ми“.

ИСТРАГА „Нека не се надеваат извршителите и нарачателите дека МВР ги заборавило. Ние не се откажуваме од истрагата се додека не ги откриеме“, изјавуваа минатата година извори од МВР. Ироничниот став на Глигоров дека властите во Македонија „не покажаа некој особен интерес да ги пронајдат атентаторите“, ги подгрева дилемите околу пропадната истрага: дали нејзините директни спроведувачи толку знаеја и објективно можеа или едноставно, толку сакаа? За опачината на атентатот врз Глигоров, се напишаа стотици новинарски текстови и неколку книги, но се е и понатаму под превезот на тајната. „На 13 септември 1995 година во ООН е потпишана Привремената спогодба за нормализација на односите со Грција, на 2 октомври Белград го потпишува Договорот за меѓусебно признавање со СРЈ, а на 3 октомври 1995 година во Скопје е извршен неуспешен атентат врз претседателот на Републиката“, стои меѓу другото во спорната Енцикпледија на МАНУ, од што секој може да се извлекува сопствени заклучоци.

Она што се знае е дека на 3 октомври 1995, неколку минути пред 10 часот, наспроти хотелот „Бристол“ на улицата „Македонија“, експодираа дваесет килограми експлозив сместени во „ситроен ами 8“ а активирани со далечински управувач. Службеното возило на престедателот Глигоров беше забавено од едно „фиќо“, во експлозијата загина возачот на престедателот Александар Спировски, а повредени беа неговиот телохранител Илчо Теовски и тројца случајни минувачи Христо Христоманов, Климе Коробар и Јован Атанасовски. Во последните 14 години се редеа министри на внатрешни работи и обвинители кои формално непрекинато се обидуваа да откријат кој сакаше да го убие Глигоров. По илјадниците информативни разговори со потенцијални осомничени и обични граѓани, по разните состојки на разузнавачката кармакаша - од „лицата со брада“ и „внуците на Ванчо Михајлов“, преку „братиславската врска“, до посетата на подоцна убиениот прв човек на бугарската компанија „Мултигруп“ на самиот Глигоров, полицијата талкаше, белосветските разузнавачи ја заматуваа водата, а новинарите и политичарите лицитираа околу можните мотиви, домашни или странски нарачатели и организатори... Се до „комичната“ приказна со фамозниот сведок од колумната на Љубомир Данаилов – Фрчкоски (иако и порано на моменти истрагата имаше и трагикомични моменти, како при претресите во населбата Кисела Вода кога се бараше некаков песок, наводно користен од творците на експлозивната направа...) Безуспешно беше распишана и награда од еден милион тогашни германски марки, а се редеа мистериозните загинувања и чудните самоубиства на лицата кои навистина беа дел од опкружувањето на Глигоров или чаршијата ги поврзуваше со атентатот.

Според изјавата на ексминистерот за внатрешни работи Фрчкоски од октомври 2008, „за жал, поради внатрешни политички пресметки, не го искористивме моментот кога падна режимот на Милошевиќ. Најмногу треба да се истражува српската линија. Внатрешен политички заговор не постои, но сигурно има луѓе во нашите безбедносни служби што им помагале на тие однадвор. Лично сум уверен дека ветрот за тој атентат дува од Србија“. И неговиот колега на функцијата, но и политички опонент, Павле Трајанов, тврдеше дека „сторителите на атентатот треба да се бараат на спрегата на военоразузнавачките структури на Србија, на такви наши структури и на политичката поддршка што ја имале. Таа линија не се истражуваше досега. За жал, не се искористи ниту акцијата ’Сабја‘ што се водеше во Србија за да се дознае нешто повеќе за тоа“

Сега, синот на претседателот со својата колумна фрли нова експлозивна провокација за јавноста жедна за одговори.

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=346109F3CF61A94B961407ABACB30D87
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Киро Глигоров
« Одговори #1 на: Март 23, 2010, 05:05:32 »

Цитат
Лага и предавство

    Пред десетина дена, економскиот аналитичар Владимир Глигоров, син на првиот претседател на независна Македонија, кој досега во медиумите не се експонираше со изјави за атентатот врз татко му пред 14,5 години, во колумна во белградското он-лајн списание „Пешчаник“ иницираше нови прашања, особено интересни за македонската јавност.

    Еве, што напиша Глигоров.

    пишува: ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ

    Мојот дедо по мајка е убиен во политички атентат во 1924. Атентаторот е фатен и српските власти го казниле. Налогодавачите се фалеа со тоа политичко убиство, а убиецот е прогласен за херој и маченик. Мојот татко за влакно ја избегна смртта во атентатот од 1995. Властите македонсски не покажаа некој особен интерес да ги пронајдат атентаторите, а наредбодавачите не се јавија самите, барем не за со тоа да се фалат. Јас во 1991 се затекнав во Америка, така што сите закани, сето насилство и сета омраза насочена кон мене, ја истрпеа моите најблиски. Српските власти не сторија ништо против тоа, ни тогаш а ни подоцна.

    Во случајот на Зоран Ѓинѓиќ, извршителите најпрви го признаа, а потоа го негираа убиството. Налогодавачите го сменија мислењето, па не се фалеа недвосмислено со убиството. Некои, кои веројатно знаат, обвинуваа едни или други непријатели на српскиот народ. Властите не покажаа особен интерес да ги пронајдат налогодавачите. Судот не покажа интерес да дојде до политичките мотиви за атентатот и до оние кои го наредиле. Во овој момент, само занемарлив број на „другосрбијанци“ и „граѓанисти“ покажува интерес, треба да се каже - сосема залудно, во потполност да се расветли ова политичко убиство.

    Српската јавност, исто така, покажува подготвеност и понатаму да лее солзи и да гради култ на личноста на Ѓинѓиќ, но не и силна желба да ја дознае вистината. Наместо тоа, од таа 2003-та до денес, неверојатен број луѓе е ангажиран на изнаоѓање, опишување и идентификација на предавниците, особено од „другосрбијански“ и „граѓанистички“ вид. Предавници на националаната кауза, се разбира. Ѓинѓиќ, забележете го тоа, е убиен затоа што бил предавник. Така што, целата таа хајка на предавниците, има за цел да ја оправда неподготвеноста на власта и на јавноста да се соочат со вистината за политичките мотиви на ова убиство, зашто така полесно би се дошло до имињата на оние кои во него учествувале. И, како и во многу други работи (доволно е само да се спомнат убиствата на Иван Стамболиќ и на Славко Ќурувија), со подготвеноста да живее во лага, јавноста станува соучесник.

    Лагата е, мислам дека може да се каже оти така сметал Кант, морално најлоша. Затоа што, лагата е темел на секое насилство и на сите грди резултати. Доволно е да се отворат весниците и да се прочита што се изјавува за бегалците од хашката правда (кои, треба да се забележи, не се и бегалци од српската правда), што се изјавува за Сребреница, а и што за „борбата“, како што се нарекува, за Косово - па да се сфати дека сегашниот српски режим е заснован врз лага. Не е и единствениот, како што особено и беше јасно на мајка ми.

    Дедо ми не тежнееше кон спогодба со оние кои подоцна ќе го убијат. Татко ми тежнееше, ама имаше среќа. Ѓинѓиќ пред смртта се обиде да ги обнови врските со оние кои веќе го имаа прогласено за предавник. Така ги бев разбрал неговите националистички изјави во почетокот на 2003. Зошто, инаку, тој со нив би разговарал за Косово? Тоа, се разбира, само ги зацврсти во уверувањето дека со убиството ќе ги остварат своите политички цели, зашто ете, речиси дека имаат признание за предавството. А јавноста, јасно е, ќе биде подготвена на сите лаги со кои живее, да им додаде уште една. Зашто, не покажуваше, а не покажува ни сега, волја да живее со вистината, која не може, а да не ја знае.

    (www. pescanik.net,

    12 март 2010)
[/quote]
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Киро Глигоров
« Одговори #2 на: Март 24, 2010, 01:35:37 »

ДАСКАЛЕ ,

НА ПОЧЕТОКОТ НА ДЕВЕДЕСЕТИТЕ , КИРО ГЛИГОРОВ ДАДЕ ЕДНО ИНТЕРВЮ ЗА ЗАГРЕБСКИ "ГЛОБУС" , КОЙ ТОГАШ ИЗЛЕГУВАШЕ ВО "ВЕСНИКАРСКИ" ФОРМАТ И Е ТЕЖОК ЗА СКЕНИРАНЬЕ И ФОТОКОПИРАНЬЕ ! ИМА ЛИ ШАНСИ НЕКАДЕ ПО НЕТОТ ДА ГО НАЙДЕМЕ ТОА ИНТЕРВЮ ЗА ДА ГО "НАДОПОЛНИМЕ" СИН МУ ВЛАДИМИР !
ИНТЕРВЮТО СО ОГРОМНИ БУКВИ , ИМАШЕ НАСЛОВ :


БОЛЬЕ РОБ , НЕГО ГРОБ !
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Киро Глигоров
« Одговори #3 на: Март 24, 2010, 02:03:42 »

Глобус ли беше, Старт ли беше (или тоа во Старт беше крајта на 80 години) не ми текнува знам беше загребски неделник, дома го имавме ама мислам дека вече не..како и да е убава ти е забелешката за тоа/тие интервјуа... мислам дека тоа беше интервјуто или интервјуата со која удба го извлече од „пензија“ (нели удбашите никогаш не се во пензија) и беше промовиран за реформски тип и македонски патриот.
Изборот беше загребски новини затоа што тие важеа за вака најлиберални во сфрј, се разбира ако се одземе словенечка „Младина“ кој сепак не доаѓаше во Македонија масовно колку што доаѓаа загребските неделници и разбира се србскиот „нин“....
да да убава забелешка...ама јас го немам, можеби некој друг
« Последно менување: Март 24, 2010, 02:11:30 Daskal »
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Киро Глигоров
« Одговори #4 на: Март 25, 2010, 10:20:49 »

И "ШПИЦ" ПО ТЕМАТА :

Владимир Глигоров: Татко ми преговараше со неговите атентатори

Цитат
Со ваквата теза дека поранешниот македонски претседател Киро Глигоров преговарал со своите атентатори, излезе неговиот син Владимир Глигоров во својата онлајн-колумна на српски јазик објавена на 12 овој месец на сајтот „Пешчаник“.

http://www.spic.com.mk/kat/sport/vladimir-gligorov-tatko-mi-pregovarase-so-negovite-atentatori.html

Еве што пишува ВАНЧЕ МИХАЙЛОВ во Четвртата книга на стр. 29 од СПОМЕНИТЕ :

 
Цитат
   "Третиятъ е Киро Григоровъ. И той попадна въ сръбските училища и се извъди отъ тамъ като оформенъ българомразецъ, макар да е синъ на отлична българска фамилия. Пътьтъ му къмъ позора започва въ същото време, успоредно съ "Михайло". Народътъ въ Кумановския, Скопския, а особено въ Брегалнишкия и Струмишкия окръзи бе подложен на нечувани тегла отстрана на сръбската войска и полиция, но на първо место отъ специалните държавни банди, включени въ така нареченото по сръбски "удруженье против бугарскихъ бандита". На чело на това зловещо сдружение стоеха ренегатите Стоян Мишевъ и Миялче Каламатиевъ. Отправям читателя пакъ къмъ книга втора съ мои спомени, за да прочете поне списъка на терора между годините 1918 1924; но може да се узнае много нещо и въ списъците приложени къмъ настоящата книга. Името на Стоян Мишевъ бе проклинано въ целата областъ между Вардара и границата съ България по това време. мрачната слава на този мизерникъ надмина тая на който и да е другъ предателъ през целото време на македонската освободителна борба. Младиятъ Кирчо Григоровъ Келешовъ го застреля посредъ пладне въ самия центъръ на Щип; и посрещна съ горда усмивка залпа на сръбските пушки срещу гърдите си.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Киро Глигоров
« Одговори #5 на: Март 28, 2010, 01:38:48 »

ВЛАДИМИРЪ ГЛИГОРОВЪ ПЛАЧЕ ЗА СЪРБИНА СТОЯНЪ МИШИЧЪ

Цитат
Постраницитѣ на списание www.globusmagazin.com.mk No 153 Гнъ. В. Глигоровъ казва¸че баща му е искалъ да се разбере съ атентаторитѣ, които сѫ посегнали върху живота му презъ Окт. 1995г.
Тукъ даваме цитата отъ горе споменатото списание “ТАТКО МИ САКАШЕ ДА СЕ НАГОДИ СО АТЕНТАТОРИТЕ”.
Статията е написана отъ сърбина Синиша Станковиќ, както всякога, така и днесь политиката на днешната сръбска република Македония, се пише отъ демократичнитѣ сърби, които живеятъ въ поробена отъ тяхъ Македония!

http://www.makedonskatribuna.com/GeorgiMladenov27.03.2010.htm
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Киро Глигоров
« Одговори #6 на: Јули 15, 2010, 02:26:24 »

Цитат
На судењето во Тирана сведочеше и Кристопули, кој потврдил дека бил киднапиран од двајца агенти на ШИК, по што бил однесен во вилата во Лежа. Кристопули изјавил дека сите тројца биле обвинети оти се вмешани во атентатот на Киро Глигоров. И Лошај во претходна изјава за албанските весници сведочел за невидената тортура што врз нив ја спроведувале агентите. И тој тврди дека ШИК ги обвинувал него и Хоџа дека се српски шпиони и за замешаност во атентатот врз Глигоров.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C528453BE81F974099D1FFB83D363D52


Разбира се треба да се потсетим на тормоза на стотици македонски Българи 1995 обвинувани за замешаност во атентатот на глигоров,  треба да се потсетиме на изјавите на фрчковски за „индициите“ за постоење на ткн „бугарска врска“, се со цел да международно да се дискредитира БГ...

а и тогаш и сега знаеме дека позади тој атентат стојат структурите на србија и милошевич...
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Киро Глигоров
« Одговори #7 на: Октомври 02, 2010, 08:54:17 »

Атентаторите на Глигоров се Македонци?

Цитат
  Стопроцентно сум уверен дека извршителите на атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров се внатре во Македонија, изјави вчера поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, на трибината што во Скопје ја организираа Форумот за безбедност и Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста. - До денес не сакам да прифатам дека некој политичар од Македонија стои зад атентатот, заради некакви бенефиции.Сметам дека се работи за структури кои командата ја примиле од страна, но загрижувачки е што тие структури се уште постојат и тоа е проблем на денешната политика. Дали ќе дозволиме тие недефинирани структури да ги контролираат и насочуваат процесите во државата? - праша Георгиевски. Според него, двете клучни прашања за расветлување на атентатот се кому му пречел Глигоров во осамостојувањето на Македонија и кој најмногу добил од криминалниот бизнис за време на грчкото ембарго, односно би изгубил од неговото укинување. Пратеникот Стојан Андов, во времето на атентатот претседател на Собранието, сведочеше дека Глигоров неколку пати алармирал дека добивал отворени закани, но ништо не било сторено, а по атентатот немало сериозна истрага. Андов бара да се разгледа тогашното однесување на институциите во државата - владата, парламентот, министерствата за внатрешни работи, за правда и за одбрана, како и на обвинителството и на судовите, но и на политичките партии.

http://www.spic.com.mk/kat/svet/atentatorite-na-gligorov-se-makedonci.html
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение