Со кажаното за положбата на Бугарите во Република Македониjа се слагам бидеjќи знам дека е тоа точно.
Не изгледа реално европските институции да покренат притисок за Уставот да биде заоснован на „граѓански концепт”, не ми е познато ЕУ да има какви било белешки по тоа. Реално е дека Уставот ќе се мени во поинаков правец, кон уставното уредување на федерална држава на Албанците и на етничките Македонци (кои ќе немаат моќ да го спречат тоа) ... за почеток.
Посебниот црногорски идентитет постои одамна, многу пред сегашната независност, и не се оспорува ни от Србиjа. Меѓутоа, споредбата со Република Македониjа е интересна затоа што разграничувањето помеѓу Црногорци и Срби во Црна Гора е доволно размиено и променливо. (Физичкото разграничување е полесно, Црногорците се дваесетина сантиметри повисоки од Србите :-).)
Патем, кога зборуваме за Устави, оноj на Црна Гора е променет во 2007 година; пред тоа бил „граѓански” а сега е „етнички” и набројува Црногорци, Срби, Бошњаци, Албанци, Муслимани и Хрвати. (Не ми е познато европските институции да имаат искажано некакво незадоволство ни од оваа промена.)
Сега, по клучниот вопрос „малцинство-мнозинство”. Мислам дека противењето на вклучувањето на Бугарите во Уставот проистекува од размиената граница помеѓу Бугарите и етничките Македонци во Република Македониjа, што е значаен и неоспорлив факт. Навистина, меѓу тие два полови на идентитетот постои континуитет од ниjанси на етничка свест.
На прв поглед, двата ставови по овоj вопрос изгледа да се сосема спротивни и непомирливи. Меѓутоа, мислам дека вопросот е подлабок и мора да се погледне малку поинаку.
Кога се потенцира признавањето на Бугарите во Уставот не се мисли за некакво прекинување на постоечкиот континуитет и за конечното обособување на некакво маргинално малцинство, туку да се создаде цврста основа, jадро кое потоа полесно ќе се проширува.
Свесен сум дека ставовите по вопросот „малцинство-мнозинство” тешко ќе се променат, меѓутоа верувам дека сегашната дискусиjа е некоjа основа за размислување.