Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Стига сме спали! Да тропнем по масата и да се разберем с Македония!  (Прочитано 152919 пати)

александър

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 214
    • Погледај го Профилот
Сочувана

Hunza

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 187
    • Погледај го Профилот

Еден Марсиjанец не прави етнос.  Еден милион луѓе па и повеќе во Република Македониjа се поинаква стварност.  Дека се Бугари по произход е точно, исто како е точно дека тоа не ги прави Бугари по свест денес.  Етничката свест е повеќе вопрос на желба да се биде посебна заедница, а многу малку вопрос на докази и факти.  Луѓето веруваат во тоа што сакаат да веруват, не сум сигурен дека некоj, кога ќе прочете статистиката на Славеjков овде, ќе си го промени етничкиот идентитет.

За етничките Австриjци – истории секакви, има нешто слично, има и различно.  Австриjа никогаш не била српска бановина, во Австро-Унгариjа германците од Австриjа биле газди, а по Првата светска воjна прогласиле како независна држава „Германска Австриja” па биле натерани од победниците во воjната да го променат името на државата; иако сега се идентификуваат како Австриjци во тоа нема ништо антигерманско, го користаат истиот литературен германски jазик (Блаже Конески бил премногу зафатен со друго па немал време да го кодифицира посебниот австриски jазик и азбука кои подоцна биле идентификувани на Розетската карпа :-)). 

Односно бугарските воени гробови во Струмица, секоjа чест за Лазар Младенов, а за коментар – се приклучувам на предлогот од http://mk.wikisource.org/wiki/Бугарската_политика_спрема_Република_Македониjа

„1.1.6. Помош за возобновување, односно отстранување на пречките за возобновување на 471 бугарски воени гробишта – едно особено болно прашање за Бугарија.”
« Последно менување: Април 27, 2009, 11:13:44 Hunza »
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот

   
   Хунза,

имам впечаток дека македонизмот ти е близок како идея, политичка и национална. Затоа те замолувам за сугестия :
   1. Да продолжам по свойот пат и да работам на новата преродба на заблудените ни бракя бугари од Р. Македония;
   2. Да дигнам раце од се и да се приклучам на мнозинството од породата на српската пропаганда.

Трета возможност НЕМА! А имам впечаток дека ти я бараш токму неа!
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Цитат
1.1.3. Рамноправност на бугарите во Република Македониjа (сите, кои jасно се самоидфентификуваат како такви) со останатите етноси во склад со локалното национално законодавство, кое предвидува нивно наброjување во преамбулата на Уставот на земjата; покраj наброените албанци, турци, власи и роми, и потоа додадени срби и босанци, треба да наjдат место и бугарите, независно од нивниот броj, официjално деклариран во Република Македониjа.

Цитат
Еден Марсиjанец не прави етнос.

"Независно од нивниот број"... :-))) Па, луѓе, од ова се изведува логичен заклучок дека не само ескимоси, туку и марсовци можат да се прогласат за етнос, нели според нивната "етничката свест", и тоа независно од нивниот број во пописот на дадена држава. :-)

Нешто навистина е логички контрадикторно во точка 1.1.3 од "Стратегијата" која единствено г-н Hunza ја промовира толку зачестено во форумов. Ни Розетскиот камен вака не го рекламирале. Г-н Hunza имајте малку почит кон делото на проф. Иванов и останатите автори и не правете од документот обичен памфлет. :-)

"Етничка свест"... :-) Ова звучи како едно дете по желба да си бира други родители кои ниту го родиле, ниту се грижеле за него, а сите во селото знаат кои му се вистинските родители. Hunza, ти се молам, какви се овие небулози, или потекнуваш од некого или не потекнуваш. Можеби предлагаш дека мајката треба да се одрече од децата и да не ги признае за свои? Со барањето бугарите да влезат како малцинство во Уставот на Македонија, како да се бара од Бугарија на практика да се откаже од милионите свои деца.

Тоа што не веруваш дека некој, кога ќе го прочита Славејков, нема да се возроди, тоа е твое лично убедување, но нема никаква врска со реалноста во Македонија. Граѓаните на Македонија се возродуваат точно заради таквите книги – спомени на Иван Михајлов, Даме Груев, Христо Матов, писмата на Тодор Александров, книгите на Талев, Прличев, зборниците на Миладинови и Шапкарев, Карнегиевата комисија.

А возрожденскиот процес ќе одеше побрзо ако во Македонија беа достапни современи весници и телевизии од Бугарија, книги, преводи, изложби, театарски групи, фирми. На нив се чека веќе 20 години откако Македонија е независна. Повозрасните луѓе за тоа чекаат и подолго, сигурно барем 50 години. Се додека тоа не се направи, Македонија си останува "српско-грчка бановина" во културно-економска смисла.
« Последно менување: Април 28, 2009, 12:46:14 ohrid1941 »
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот



   "СТИГА СТЕ СПАЛИ ! ТРОПНЕТЕ ПО МАСАТА И ДА СЕ РАЗБЕРЕМ ЗА МАКЕДОНИЯ"



Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

MacedonBG

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 762
    • Погледај го Профилот
    • Българският националистически форум



Абе нунза ,сигорно и тези загинали български войници не са искали да бъдат българи ,а всъщност са искали да са сърби със сръбски фамилии ,но приживе не са можели да го кажат ,но виждаш ли просръбските еничари са се сетили ,че те са се мислили за сърби или за македонисти или за незнам си какво и са им дописали ич   . И кой и с какво се опитваш да обедиш със измислените ти манушки теории.И какво се опитваш да внушиш със ника си ХУНЗА,че нещо не се сещам.Ако си търсач на силни усещания можеш да ми пишеш на скайпа .fire_a1
Има някакво племе в Афганистан под име - Хунзи. В Македония си мислят че са остатък на войниците на Александър Македонски. http://www.youtube.com/watch?v=0-AzDkWZG3A&feature На мен тези хунзи по ми мясат на цигани..
Сочувана
Българският националистически форум http://www.forum.bg-nacionalisti.org/index.php
Facebook account - Kaloian Ivanov Macedonbg

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот



   КАДЕ СТЕ БРЕ ПАТРИОТИ, ДА НЕ ВИ ГИ ИЗЕДЕ МАЧКАТА ЯЗИЦИТЕ ?!
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

александър

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 214
    • Погледај го Профилот



Абе нунза ,сигорно и тези загинали български войници не са искали да бъдат българи ,а всъщност са искали да са сърби със сръбски фамилии ,но приживе не са можели да го кажат ,но виждаш ли просръбските еничари са се сетили ,че те са се мислили за сърби или за македонисти или за незнам си какво и са им дописали ич   . И кой и с какво се опитваш да обедиш със измислените ти манушки теории.И какво се опитваш да внушиш със ника си ХУНЗА,че нещо не се сещам.Ако си търсач на силни усещания можеш да ми пишеш на скайпа .fire_a1
Има някакво племе в Афганистан под име - Хунзи. В Македония си мислят че са остатък на войниците на Александър Македонски. http://www.youtube.com/watch?v=0-AzDkWZG3A&feature На мен тези хунзи по ми мясат на цигани..


Знам за хунзите ,но въпроса ми е какво се опитва да демонстрира с ника си хунза.Според мен демонстрира простотията  си . :o :o :o
Сочувана

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот

Интересна дискусија се развила тука.

Моето мнение е дека барањето официјално признавање на некакво си "бугарско малцинство" во Република Македонија само оди во полза на македонизмот којшто бара да најде разлики меѓу народот во Бугарија и во Македонија. По што ќе ги разликуваме "етничките Македонци" и "етничките Бугари" во Македонија?! И едните и другите зборуваат на ист јазик (колку и да е србизиран), а во градовите и селата зборуваат на својот локален дијалект. И едните и дргугите имаат ист фолклор, исти обичаи, иста историја. И, сега се поставува прашањето, кое е малцинството, а кое е мнозинството?!
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот


   Хунза,

СТИГА СПИЕШЕ ! РАЗБУДИ СЕ  И ТРОПНИ НА МАСАТА ДА СЕ РАЗБЕРЕМ ЗА МАКЕДОНИЯ !
Остануваш недокажан. Имаш 2 прашаня на кои треба да ми одговориш, а гледам и администраторот ти оставил некои работи за допрецизиранье. Значи беганье нема. Или ке одговараш или ако се криеш само ке докажеш дека ти и теоите приятели НЕМАТЕ СТРАТЕГИЯ. Напротив, вашата стратегия е АНТИСТРАТЕГИЯ !   Велиш  :               " Кога Бугарите во Република Македониjа би имале политичката моќ што сега jа имаат македонските Албанци ".  А знаеш кога ке я имаат таа мокь? Тогаш кога бугарските интелектуалци како тебе би биле барем малку како албанските интелектуалци ! Кога бугарските политичари би биле како нивните колеги од Албания ! И тогаш кога Бугария ке собере сила во Македония да испрати за дипломати ВИСТИНСКИ ПАТРИОТИ , а не ситни бирократи кои немаат 
SENS за проблемите на бугарите во Македония .
ТОГАШ кога бугарските фирми што отвараат претставништва во Македония, ке почнат да вработуваат бугари (за да ги спасат од егзистенциялната криза), а не секакви.
ТОГАШ кога сериозно ке се зафитете со решаваньето на проблемите на бугарите во Македония, а не да ги прашувате "што тие направиле за Бугария?".
Немой да ми бегаш од форумот, а посебно од оваа тема! Ке те гонам по сите форуми додека не ми одговориш на прашанята. Ке исфрлиш одредени ТЕЗИ и после ке се криеш како гявол од темян, без да се доискажеш! НЕ може така. Не е свойствено за еден интелектуалец на ваков начин да бега од дискусия, затоа машки ТРОПНИ ПО МАСАТА И ДА СЕ РАЗБЕРЕМ ЗА МАКЕДОНИЯ !
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Бидејќи ова беше една интересна дискусија, предлагам да ги смириме страстите, и да дадеме една рекапитулација. Ги повикувам сите што учествуваа во оваа тема од форумот да напишат по уште еден коментар во кој ќе ги образложат нивните ставови.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот


  Администраторе,

"Смируваньето на страстите" го подразбирам како повик да се прекине расправата.
Апсолутно не се согласувам со тоа! Имаме начнато една тема коя не е завршена и сметам да я истераме до край. Вака само ке го одложиме проблемот за некое друго време. Затоа во стилот на насловот : да ТРОПНЕМЕ и да се РАЗБЕРЕМЕ , а не да се криеме. Не може некой да начне тема а после да бега од неа.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Во ред. Нека продолжи дискусијата.
Сочувана

Hunza

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 187
    • Погледај го Профилот

Ако е потребно некакво тропање, тоа не е во форумов туку е бугарската држава коjа мора да тропне и поjако, што веќе е видливо ... ќе нема лабаво.

Вопрос:

„Затоа те замолувам за сугестия :
   1.  Да продолжам по свойот пат и да работам на новата преродба на заблудените ни бракя бугари од Р. Македония;
   2.  Да дигнам раце од се и да се приклучам на мнозинството од породата на српската пропаганда.”

Едноставно, продолжуваj.

Цитат:

„... или потекнуваш од некого или не потекнуваш.”

Да потекнуваш не секогаш е исто како да бидеш.  Малку свртување, се извинувам ама се сеќавам на една епизода раскажана во спомените на некоj македонски Бугарин (Михаил Огнjанов мислам) коj на завршекот на Втората светска воjна по втор пат го напушта Скопjе и со своjот татко патува преку Ниш за Софиjа.  Во возот тие седеле со некои старци Срби кои помеѓу себе зборувале на местен (Торлашки) диjалект.  Дошле неколкумина млади српски партизани кои рекле на старците „Станете да седнемо ми”, неколку пати, на што старците продолжиле да си зборуваат.  Накраj следува таков диjалог: „Зашто да станеме кога сте ви помлади?”  „Због тога што сме ми вас ослободили” „Ни сте ви нас ослободили” „Е па коj jе вас ослободил?” „Бугари су нас ослободили” (протерали германска воjска) „Па што, да не си ти Бугарин?” – овде следува одговор коj кажува многу – „Jа ни сам Бугарин, jа сам се борио со Бугарима на Каjмакчалану, али моj отац jе био Бугарин”.

Цитат:

„Можеби предлагаш дека мајката треба да се одрече од децата и да не ги признае за свои?  Со барањето бугарите да влезат како малцинство во Уставот на Македонија, како да се бара од Бугарија на практика да се откаже од милионите свои деца.”

Никако, Бугарија не смее да се одрекува ни од кои било свои деца, па затоа (мое мислење) мора секоj од Република Македониjа коj побара бугарско државjанство да го добива одма, автоматички, вклучуваjќи ги дури „етничките”, „античките”, анти-Бугарите, како и припадниците на други етнички заедници – како што било со наредбата на Цар Борис III од 1942 (овоj пат неисклучуваjќи ги ни евреите).  Што незначи дека етничките Македонци се Бугари кога тие ова не го сакаат.

Цитат:

„По што ќе ги разликуваме "етничките Македонци" и "етничките Бугари" во Македонија?!”

По тоа што етничките Македонци се изjаснуваат како не-Бугари и се светски шампиони по антибугаризам каков не ни постои негде освен во Република Македониjа.

Да бидеш етнички посебен не мора неопходно да зборуваш посебен jазик.  Црногорците, например, етнички се одликуваат од Србите иако нивните jазици (ако тоа воопшто се различни jазици) се многу поблиски одколку се книжевните норми на Скопjе и Софиjа.  Исто така, наjпрвата (пред софиската и скопската) книжевна норма на современиот бугарски jазик, таа од Банат, е уште поразлична.  Што не ги тера банатските Бугари да се прогласаат за некоjа посебна нациjа :-)

Односно цитатата „Независно од нивниот број", таму се зборува конкретно за Бугарите кои се добро етаблиран етнос со познато присуство во сите Македонии од Хан Кубер наваму.  Сето тоа Марсиjанците во Босна или каде било го немаат (освен на Марс, можеби).

Цитат:

„Тоа што не веруваш дека некој, кога ќе го прочита Славејков, нема да се возроди, тоа е твое лично убедување, но нема никаква врска со реалноста во Македонија.”

Jас не тврдам дека нема такви.  Меѓутоа, за 18 години независност резултатот от ваквиот возрожденски процес на пописите се некои 1000 декларирани Бугари.  Ве молам не ми кажуваjте дека декларираните Македонци во пописите се Бугари.  Jас знам дека можеби 5% се осеќаваат Бугари, можеби 20% веруваат дека Македонец = Бугарин, сепак тоа никако не е мнозинство.  Бугарите во Република Македониjа не се ни признаени дури како Власите, Србите или Турците, за мнозинството таму они се „Бугаромани” или „Бугараши”.  И воопшто, се признават малцинства; да се бара признавање на мнозинство е апсурд, „оксиморон” или дрвено железо.

Возрожденскиот процес ...  Во почетокот на независноста, старата генерациjа македонски Бугари веруваше дека одма ќе преовладува вистината и Македонците ќе разберат дека се Бугари барем по потекло, дека ќе се поправи азбуката, дека ќе се воспостават повеќе од братски односи со Бугариjа и т.н.  Тоа не се оствари (воопшто не потенцирам овде дека Бугариjа направила тоа што било потребно), дел од таа генерациjа веќе за жал ги нема, а нивните деца – ете овде е клучот.  Децата брзо сфатиле дека како Бугари тешко ќе прогресираат.  Денес ги видиме како македонисти кои иако немаат афинитет кон Србиjа, се повеќе анти-Бугари него србокомунистите.

Така што, во денешната стварност (силна Бугариjа во НАТО и ЕУ) jа има и потребата и можноста за нова стратегиjа.  Во овоj правец, и односно придонесот на бугарските интелектуалци (иако не го сакам тоj поим, кога ќе слушнам за „интелектуалци” се фаќам за пиштолот :-)), стратегиjата коjа тие jа имаат обjавено во „Бугарската политика спрема ...” (не ми е познато да има обjавено друга ваква целосна стратегиjа) предлага броjни потези еден од кои е барањето за присуство на Бугарите во Уставот.

Сето тоа не враќа кон самиот почеток на оваа дискусиjа, изjавата на амбасадорот Трохаров.  Таа изjава не е случаjна, ниту е Трохаров случаен човек во бугарското МНР.  Се до неодамна бугарската дипломациjа го споделуваше ставот дека за македонските Бугари не треба да се бара вклучувчње во Уставот или друго признавање како малцинство.  Една година по обjавуването на „Бугарската политика ...”, изjавата на Трохаров говори за промена во бугарската политика.

P.S.  Немоj да се збунувате за никот ‘Hunza’, го користев некоj пат во форуми на скопски медиуми (‘Hunza’ или ‘Hunza od EU’) па мора да се биде конзистентен :-)

« Последно менување: Април 30, 2009, 01:12:59 Hunza »
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот


   За тропаньето на Бугарската држава - толку е силно што ми испукаа тапанчинята! Туку да се надеваме оти работите ке се подобрат во интерес на двете страни. За тоа и не треба баш некакво тропанье, треба СТРАТЕГИЯ. Еден пример само : знаете ли кой ги претставува српските фирми во Македония? Србите , се разбира, понекогаш и србомани ама ептен силно проявени. А знаете ли каква е структурата на вработените во бугарските фирми во Македония ? Пошарена не може да биде. Оправдуваньето е дека се тоа приватни фирми и демек државата не може да се меша на той план, а како тоа српската држава се наметнува на нивните фирми, не ми е ясно. Или можеби се работи за разлика во менталитетот. Нешто има !
   Ми велите да продолжам на мойот пат да ги осознавам заблудените! Яс и немам намера да се откажам од таа мисия, но се случуваат работи кои оставаат длабоки траги во нашата свест! Се добива впечаток дека сме оставени сами на себе. Не користат само како декор, на одредени манифестации да покажеме оти не има, а кога ке треба да завршат некаква дребна дипломатска  работа (на пример да издадат виза), е тогаш доагя до израз менталитетот на дипломатите. Слично е и кога треба да се заврши некаква работа во София, треба молби, колениченя, а огромен процент од декларираните бугари од Р.М. се на работ на егзистенцията, токму заради бугарштината, па не можат да си дозволат да губат време, а со тоа и пари, TIME IS MONEY,нели ! Е сега, има и понекой богат бугарин  во Р.М., но за нив "врските" се природни, патиштата им се отворени, а мешаньето со обичните смртници не им е свойствено. Важно тие немат проблеми со ВИЗИ и слични дребулии !
   Е тоа и во контекст на вашата констатация дека майката (Бугария) никако не треба да се откажува од своите деца. Има илядници примери за кои би можеле да дискутираме, но тие се толку многу што овде за тоа нема место.
   Добив впечаток дека по етничка линия правите разлика мегю србите и црногорците. Можеби и затоа пишувате за "етнички Македонци" и бугари. Мене тоа не ми е поймливо. Државноста на Црна Гора не я поништува етничката припадност кон српската нация, како што нашата државност не я поништува нашата бугарска крв!
   За пописот! Немойте да се обзирате на податоците од пописот. Ете зошто, едноставно лугьето не сакат да испаднат малцинство во сопствената држава! Дури и одредени кругови од онаа страна на границата на почетокот од плурализмот го сугерираа тоа ! Затоа не земайте го за вина  на народот тоа. На наредниот попис работите сигурно ке се битно по различни, ОСВЕН ако пак формуларите не ги пополнуваат СО МОЛИВ ! Знаете ли дека тоа е практика во Р.М.
   За возрожденскиот процес и самите констатирате дека Бугария не направила тоа што било потребно, a со тоа се губи и потребата од коментар. И за овой процес сме оставени сами на себе.
   Стратегията за малцинство и понатаму ке биде темата за коя ни случайно нема да ни се приближат ставовите. Немойте да очекувате бугарите од Македония да го прифатат тоа! Ако сакате да ни помогнете, наймалку што може да направите е преку институциите на Европа, да инсистирате да се промени уставот но така што ке биде сличен на вашиот т.е. на другите европски устави, со чисто грагянски концепт, а не со малцинства, бидейки со минорен процент би биле само предмет за подбив. Многу од нас не би прифатиле правилно да се попишат од различни причини и затоа той луксуз не смееме да си го дозволиме. Психолошки момент е од мнозинство да се вратиш во МАЛЦИНСТВО, кога знаеш дека си во право ! Затоа избришете си го тоа од главите ! Немойте како со СТРАТЕГИЯТА, я напишавте без да се консултирате со нас!!! Околу евентуална инициятива за промена на преамбулата , со цел да не напикате во неа како малцинство, добро размислете . ТАКВА КОМУНИСТИЧКА ФОРМА НЕМА ДА ПРИФАТИМА НИ НА СОН !
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !