перверзно извртување на нештата ала „србо-комунистичко-хунзистички“ интелектуалец/новинар....
ЕДИТОРИЈАЛ
Патриотско возење
Ако ги користиш сите права што ти ги дава државата, треба да прифатиш дека имаш и обврски, кои значат почитување на законите во неа. Ова го пишува во учебникот за Општество за четврто одделение. Ама оваа лекција, изгледа, ја имаат пропуштено сопствениците на возилата со бугарски таблички - едноставно избегале од часот кога се предавала. Истите тие ги користат правата што им се даваат, меѓу кои и правото на штрајк за да го изразат незадоволството од високите цени за пререгистрација на своите возила, но не ги спомнуваат обврските што ги имаат кон државата.
Меѓу нив е и обврската до крајот на минатиот месец да земат македонски регистарски таблички. Од околу 40.000 вакви возила, колку што има во земјава, македонски таблички добија само една четвртина. За другите, освен високата цена за данок, акциза и царина, причина да не ги пререгистрираат возилата е и двојното државјанство на сопствениците со кое, сметаат, може да ги управуваат возилата.
Се повикуваат на бугарските пасоши и на бугарското државјанство и тврдат дека нема ништо незаконско во возењето автомобили со странски таблички. Ако им објасните дека со тоа ја кршат Истанбулската конвенција, со која едно возило со странски таблички само шест месеци може да се вози во друга држава, ќе ви кажат дека тие не се странци, туку дека само имаат двојно државјанство.
Иако Владата го донесе законот токму за да може бугарските возила да добијат македонски таблички, големите „патриоти“, кои попрво би се откажале од сопствениот народ отколку од странските таблички, не ја искористија таа можност. Наместо тоа, организираат протести и блокади на гранични премини, под покровителство на бугарски политички партии, кои отворено негираат се' што е македонско.
Ако им се високи цените за регистрација на возилата или за зелен картон, нека протестираат за нивно намалување. Тие се прескапи за сите граѓани на оваа држава и за тоа ќе добијат сечија поддршка. Но, законите мора да се почитуваат и овие наши сограѓани ќе мора да решат која е нивната матична држава на која ќе и' плаќаат давачки за користење на патиштата.
Валентина Ангеловска
http://bkks.org/forum/index.php?action=post;topic=245.60;num_replies=74