Во њујоршкиот уметнички центар "Хир" на Шестата авенија, воскресна Јосип Броз Тито како од мајка роден, но во женско тело! Не е шега, туку вистинска изложба на познатиот австриски слакар Валтер Штајнер, кој одлучил на ваков начин да ја одбележи 30-годишнината од неговата смрт (4.5.1980 година).