http://vest.com.mk/?ItemID=CE7E07D6107D44429C2AC2CF2A24B4B2Пишува Горан Михајловски
Кутри пакистански племиња. Малку им се талибанците, па сега уште и Грци и Македонци им требаа. Грците си ги најдоа Калашите, а ние Хунзите. И едните и другите велат дека се директни потомци на Александар Македонски.
Сега ние на Хунзите ќе им дадеме плац за кралска палата во Паљурци, кај што минал свети Павле.
И СДСМ оти немаат попаметна работа се побунија затоа што плацот за кралската палата ќе бил даден без пари. За разлика од нив што во центар на Скопје за 25 евра квадрат дадоа плац за супермаркет.
Многу јака опозиција имаме. Ај што за малку до избори ќе нe донесеа, туку сега се борат да не пропадне Македонија без плацот во Паљурци.
Пакистанците ќе мора да чекаат одобрение за градба до јули. Оти тогаш локалната самоуправа ќе добие ингеренции да дава земјиште без пари. Ако сакаат да побрзаат ќе мора да им потпише министерот Миле Јанакиески. А тој пак што не потпишал, ќе потпише и за кралска палата. Како велат Србите: "Ебате држава без крал".