Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Васка Зојчева - симбол за непокорност  (Прочитано 2366 пати)

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Статија на македонската википедија:
Васка Зојчева



Василка Зојчева, позната како Васка Зојчева (бугарски: Васка Зойчева) била жителка на Прилеп, ќерка на деец на ВМОРО. Таа е вклучена во секцијата "Маченици" од "Алманах Македонија"[1]. Живеела за време на српската окупација на Вардарска Македонија.


Биографија

Васка Зојчева е ќерка на Данаил и Љуба Зојчеви од Прилеп. Нејзиниот татко Данаил бил член на Прилепскиот комитет на ВМОРО до Хуриетот, но и потоа работел за револуционерната организација.

На 14 октомври, 1912 година, на Камениот мост во Скопје, на пречекот на српскиот престолонаследник и водач на српската армија Александар Караѓорѓевиќ, истиот побарува од Зојчева да се изјасни по однос на својата етничка припадност. Очекувајќи дека девојчето ќе каже Србинка, тој физички ја нападнал со шамари кога таа одговорила дека е Бугарка.[2]

Овој настан наидува на силна реакција во Бугарија, што дури и бугарскиот општественик Иван Вазов пишува стихотворба во 1913 за него (насловена со прашањето кое и го поставил Караѓорѓевиќ на девојчето: „Па шта си ти?“).[3]

Заради овој случај, Васка Зојчева е вклучена во секција “Маченици” во алманахот “Македонија”, а се споменува и во книгата "Сръбските жестокости в Македония (1912 – 1913)" на Кирил Прличев, син на големиот поет Григор Прличев. [4] [5]


Извори

1. Алманах Македония, София, 1931
2. Коста Црнушанов, “Македонизмот и отпорот против него”, Универзитетско издание Св. Климент Охридски, Софија, 1992
3. Бобчев, Стефан (1915). Какво бълнуват сърбите. София.
4. Алманах Македония, София, 1931
5. Кирил Прличев, “Српските жестокости во Македонија (1912-1913)”, Софија, 1917

Забелешка: За Васка Зојчева пишува и Mercia MacDermott во нејзината книга "FOR FREEDOM AND PERFECTION. The Life of Yané Sandansky" (450 страница). За случајот пишува и Стојан Бојаџиев во свое писание во весник "Македония", бр. 39, од 28 октомври 1998 под наслов "Антибългарските издевателства на сръбския престолонаследник княз Александър"
Сочувана