Расте цената на октоподот Пол. Осумкракиот германски јасновидец би можел да заработи три милиони фунти ако се појави во некоја реклама. Но, Пол не го засени нашиот, македонскиот октопод на кој повеќе од една деценија не му ги отсекоа пипките. Токму затоа зборот октопод кај нас не не потсетува само на прогнозерот Пол од Светското првенство. - Мене ли најдовте сега да ме прашате? Од кај да знам јас. - Има,има и тоа секаде го има. - Само Пол прогнозираше, а овој нашиов ништо не погодува – велат граѓаните.