Мислам дека идеjата е добра, дека е битно за македонските Бугари да го обjават своjот став за оваа Енциклопедиjа (коjа патем на секоjа неточност за албанската историjа содржи сто лаги за бугарската историjа).
Не се потребни опширни меморандуми бидеjќи сето тоа е добро познато од броjни историски извори.
Конкретно, jас би предложил Бугарскиот културен клуб - Скопjе да настапи со следново барање:
Да се поправаат сите текстови на Енциклопедиjата кои jа фалсификуваат историjата на македонските Бугари и потенцираат дека Бугариjа е окупатор, асимилатор и разделител на македонскиот етнос. Во тоj правец, Енциклопедиjата едноставно да jа истакне бугарската народносна припадност (утврдена од светската историска наука) на истакнати фигури од општата историjа на двете земjи како што се Св. Климент Охридски, Цар Самуил, браќа Миладиновци и Гоце Делчев.