Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Нема напредок кон ЕУ без решение за името  (Прочитано 102305 пати)

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« на: Септември 20, 2009, 12:09:55 »

Нема напредок кон ЕУ без решение за името

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=56E97D640B573D429A65EF5D44E66279

Брисел - Шведскиот премиер Фредерик Рајнфелд му реплицираше на македонскиот претседател Ѓорге Иванов од самитот на ЕУ, индиректно порачувајќи дека, со препорака или не, во октомври земјата може да направи чекор напред во преговорите само ако го реши проблемот со името. ....
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #1 на: Септември 20, 2009, 01:09:58 »

Датумот за преговори зависи од добрососедските односи

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113916

Не го провоцирајте соседот со ставање споменици на Александар Велики во секоја општина - порака од европратеникот Јелко Кацин. Неизвесно е дали Македонија ќе добие позитивен извештај од Европската Комисија...
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #2 на: Септември 21, 2009, 07:28:22 »

Диалог с България и Гърция за дата за преговори с ЕС

http://today.actualno.com/news_262322.html

Весека Чернева, директор на българското представителство на Европейския съвет за външна политика, е заявила, че България все още е най-големият поддръжник за членство на Македония в НАТО
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #3 на: Септември 22, 2009, 12:59:38 »

FYROM road to EU is try Serbia

Цитат
Дали некој има план

Ако се знае дека Грција е еден од стратегиските поддржувачи на Србија, а Холандија континуирано покажува симпатии кон Македонија, може(ше) ли во овој четириаголник да се бара пакет-решение?!

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6BEC4AB6E6BC22479FE997EA796AAFFA

Страмежливо ама јасно кажано...кој е патот за ЕУ...

или оваа...

Цитат
Капацитетот на државната администрација, темелен, пред се', на искуството и знаењето на јадрото службеници од поранешната СФРЈ, и' дава право на Србија да верува дека буквално ќе се прошета низ пристапните преговори со ЕУ

а бе тоа СФРЈ била европејска администрација...и да е од Васко Попетревски многу е....напротив тоа што го знам од прва рака е дека се апсолутна каша од администрација, многу слично со сегашната МК администрација...
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #4 на: Септември 22, 2009, 01:59:07 »

Вакво нешто одамна не сум читал...

Цитат
И Холандија, која е осамена во блокирањето на Србија, би здивнала со таков пакет. Наводно се' повеќе расте притисокот врз оваа земја да попушти откако и САД, досегашните главни поддржувачи на ставот дека без Младиќ во Хаг Србија не може да оди напред кон ЕУ, го менувале ставот во прилог на Белград. Кога се калкулира со промакедонска позиција на Холандија во евентуално пошироко пазарење, не треба да се заборави позитивниот однос на холандската амбасадорка Симоне Филипини, која успеа да се наметне како трет според влијанието странски дипломат во земјава по Рикер и Фуере. Дипломатски извори сведочат дека Филипини, свесна за сите пукнатини во македонското досие, деновиве била меѓу најактивните во намерата да се изработи успешна епизода во македонските евроинтеграции оваа есен.

Цитат
Но, за да се заслужи макар и само обид за пакет-решение, потребен е имиџ на проевропски ориентирана држава, на која евроагендата и' е вистински приоритет. Српските власти имаат таква репутација. Кон македонските, Брисел е внимателен зашто на последните два-три месеци посветеност на задачите од ЕУ им претходеа три години односи на нож и игнорирање на ЕУ-обврските.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #5 на: Септември 22, 2009, 02:47:52 »

ALSAT M :

Бакојани не верува дека набрзо ќе добиеме датум за преговори

Во интервју за српскиот весник “Вечерње новости“, грчката министерка за надворешни работи прашана за спорот околу името и евроинтеграциите на нашата земја вели дека спорот ќе биде решен, но не верува дека Македонија оваа есен ќе добие датум за преговори.

“Верувам во успехот на преговорите за името и се сложувам дека тоа прашање мора да се реши. Но, не сум сигурна дека Оли рен ќе предложи датум за почеток на пристапните преговори“, вели Бакојани во интервјуто објавено во денешниот број на  “Вечернње новости“

Интервјуто со грчката министерка било направено за време на министерскиот Совет за општи прашања и надворешни работи на Европската унија.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #6 на: Септември 23, 2009, 02:22:44 »

Папандреу со ист став за името како Караманлис

http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=9186

Лидерот на грчката опозиција Јоргос Папандреу изјави дека нема намера да ја менува политиката на Костас Караманлис по прашањето за името.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #7 на: Септември 25, 2009, 01:22:49 »

Хрватска прва во ЕУ, Македонија дури по 2015

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0B72B2A4764D1349B20E6AF1DE082DA3

Лондон и понатаму искрено и' препорачува на Македонија да најде решение за името
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #8 на: Септември 26, 2009, 03:03:19 »

Кавгите ќе го закопаат датумот за преговори

Доколку Македонија во декември не добие датум за преговори со ЕУ тоа ќе биде само поради нарушените односи со соседите, пред се со Грција и со Бугарија, тврдат доброинформирани дипломатски извори во Брисел. Добрососедските односи може да бидат главен аргумент...

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1823&ArticleID=122556
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #9 на: Октомври 05, 2009, 12:46:39 »

Грција не сака ни препорака ни датум за Македонија

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C6C3779EC45D6D4097DB69CCBFBE84B5

Брисел - Грција не става вето само на датумот за преговори туку и на настојувањата на Европската комисија да констатира дека Македонија ги исполнува условите за преговори, во согласност со заканите на шефица на дипломатијата Дора Бакојани, дека "не е баш сигурна дека ќе има препорака" во извештајот на Оли Рен за две недели....
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #10 на: Октомври 07, 2009, 12:06:14 »

Датумот ќе дојде, ама кој ќе преговара?

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1832&ArticleID=123343

Македонија не е технички и кадровски подготвена да води преговори со Унијата, па ако и биде одреден датум за преговори, ќе се најде во организациски стрес - велат познавачи на проблемите. Самите преговори со ЕУ се исклучително обемна работа.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #11 на: Октомври 16, 2009, 09:55:46 »

Андрей Ковачев от ГЕРБ: Македония в ЕС след повече от пет години

Председателят на българската делегация в Групата на Европейската народна партия в Европейския парламент Андрей Ковачев участва в работата на „летния университет" на Мрежата за европейски идеи от 15 до 17 октомври във Виена. Ковачев, заедно с колегите си от ЕНП и ГЕРБ Мария Неделчева и Емил Стоянов обсъждаха с други политици и експерти бъдещето разширяване на ЕС, излизането от финансовата криза, сигурността на Съюза и социалната политика.

http://www.radar.bg/redirect.php?newsid=6369247
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Корени

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1070
    • Погледај го Профилот
    • Корени
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #12 на: Октомври 17, 2009, 09:32:23 »

Цитат
Комисията препоръча започване на преговори с Македония. Това може да стане след като страните членки решат кога точно да стане. Както знаете, Македония има проблеми с две от съседките си - предимно с Гърция, но в последно време, с тези провокации, които се случиха, и с България. Докато тези проблеми не бъдат задоволително решени и с двете страни, не може да говорим за преговори с Македония.

Цитат
Не искаме този, който се самоопределя като българин, да бъде поставян под някакъв натиск, да бъде заплашван с изгонване от работа, или както се случи с нашата съгражданка Спаска Митрова - даже заради това нещо да се окаже в затвора.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #13 на: Октомври 17, 2009, 08:54:49 »

Ќе преговарате во 2010!

Берн Посел, пратеник во Европскиот парламент
Форум: Г. Посел, препораката за преговори стигна, но кога навистина Македонија ќе почне да преговара со Унијата за полноправно членство?
Посел: Моментно го читам текстот на Извештајот и сигурен сум дека ќе почнете со пристапните преговорите наредната година. Ова секако нема да го прочитате во Извештајот на Европската комисијата (ЕК), таа и онака не одлучува за тоа, таа дава само предлог. Тоа ќе биде одлучено од страна на Советот на ЕУ пред почетокот на наредната година. Кога точно ќе се случи, ќе зависи од  прогресот на ратификување на Лисабонската спогодба. Доколку Спогодбата биде ратификувана, тогаш преговорите ќе почнат многу скоро. Ќе треба да помине процедурата во Европскиот парламент (ЕП) на почетокот од наредната година, па потоа во Советот. Како што е познато, ЕП веќе неколкупати порача преговорите да почнат и мислам дека Комисијата и Советот тоа ќе го направат на почетокот на наредната година.

Постојат мислења дека ЕК нè наградила со препораката за преговори и дека тоа е политичка одлука. Дали Македонија ги заслужи преговорите? Ги исполнивме ли Копенхагенските критериуми во целост?
Морам да ви кажам дека вие направивте и повеќе од доволно. Во врска со препораката за преговори, навистина не се работеше за подготвеноста на Македонија. Според моите сфаќања, проблемот е самата Унија бидејќи не е целосно сигурна во својата иднина. Тоа е така бидејќи имплементацијата на Лисабонската спогодба е неизвесна поради Чешка. Кога ова ќе заврши, сигурен сум дека просецот на проширување ќе продолжи. Наредната година се очекува Хрватска да ги заврши преговорите, а Македонија да почне со нив. Оптимист сум дека тоа ќе се случи.

Но, покрај проблемот со Чешка и Лисабонската спогодба, мора да бидеме свесни дека тука е и спорот со Грција околу името...
Мислам дека треба да почекаме и да ì дадеме време на новата влада на Грција. Премиерот Папандреу одлучи тој да биде и новиот министер за надворешни работи, па оттука тој ќе биде одговорен за прашањето. Треба што поскоро да се продолжи со преговорите за да се најде решение. Поврзано со Лисабонската спогодба за која Ирците рекоа “да” и полскиот претседател ја потпиша, проширувањето значи останува. Оттука, на Грција не ì дозволено да го сопре процесот на проширување.

Сепак, кај нас постои страв од тоа како Грција ќе се однесува во Советот имајќи предвид дека таа е членка на Унијата, а ние не сме. И покрај тоа што Папандреу е сега на власт, нејзините ставови во врска со спорот останаа непроменети во последните 18 години...
Грција не го блокираше овој процес на добивање препорака и тоа нема да се случи ни во Советот. И Словенија проба да ì го направи тоа на Хрватска, но таа сега продолжува и ќе заврши со преговорите наредната година откако веќе проблемот е решен. Очекуваме истото да го стори и Грција, да се оди чекор по чекор, оти проблемот нема да постои засекогаш.

Ова е ставот на Германија за тоа како треба да се решаваат билатералните прашања помеѓу земја-членка и земја-кандидат или само Ваше лично мислење?
Нема официјален став во врска со ова. Официјален став за тоа ќе се изгради наредната година. Ова е мој личен став и став на мнозинството во Европскиот парламент, кој секогаш сметал дека билатералните конфликти не смеат да ги закочат процесите на преговорите за членство. Тоа беше наш став кога имаше проблем меѓу Италија и Словенија, Германија, Австрија и Чешката Република. Тоа е нашата позиција и за Хрватска и за Македонија. Како што тргнало, апсолутно сум сигурен дека наредната година нема да има блокада од страна на Грција.

Што ќе се случи ако Лисабонската спогодба не се ратификува целосно до 2010 г. со оглед на тоа што се случува во Чешка?
Тоа ќе биде целосно менување на историјата. Сигурно е дека нема да има проширување во наредните години и Европа ќе треба навистина да се замисли за својата иднина: дали ќе оди на создавање нова спогодба или, пак, ќе се подели во некоја сосема поинаква заедница. Тоа би значело голема политичка и економска криза. Ќе поминат години пред повторно да почне процесот на европска интеграција. Претседателот Вацлав Клаус е изолиран во сопствената држава. Чешкиот парламент ја прифати Спогодбата, а чешката влада ја поддржува, што значи дека чешкиот претседател нема да може уште долго да ја одложува својата одлука.

Ви благодарам г. Посел за интервјуто. Тоа е сè што сакав да дискутираме, освен ако... (ме прекинува)
Се извинувам, сакам да кажам нешто. Сакам да го критикувам г. Фуере кој го претставува г. Солана во Македонија, бидејќи прочитав некои објаснувања од негова страна во кои тој вели дека Македонија понекогаш напредува, но некогаш е блиску до средниот век. Според мене, ова е недозволиво, како службеник тој не е овластен да дава вакви изјави. Затоа што, ние сме парламентарци, ние сме избрани демократски, а тој е службеник и тој треба да биде подипломатски настроен и фер, а не да излегува со такви многу емотивни мислења. Според мене, јасно е дека Македонија направи огромен напредок во последно време. Владата направи извонредна работа. Премиерот и министерот за надворешни работи беа навистина одлични во поддршката на Европската Унија и на целиот процес. Затоа сум лут на ваквите изјави.

Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Нема напредок кон ЕУ без решение за името
« Одговори #14 на: Октомври 17, 2009, 10:04:23 »

ЕУ треба да покаже политичка волја

Интервју со Весела Чернева, експерт за Западен Балкан
Весела Чернева е директор на бугарската канцеларија на Европскиот совет за надворешна политика во Софија и програмски директор на Центарот за либерални стратегии. Таа е одличен познавач на политичките состојби во Европа, а во фокусот на нејзиниот интерес е Западен Балкан, за кој вели дека ќе обезбеди трајна стабилност само со вклучувањето во Европската Унија. Чернева е автор на бројни анализи објавувани во најпрестижните бугарски и европски списанија, а работи и како редактор на списанието “Форин полиси – Бугарија” од самото негово основање во 2005 г. Во разговор за “Форум” зборува за европските перспективи на балканските земји и за нивната реална подготвеност да станат полноправни членки на ЕУ

Разговарала: Марија ДИВИТАРОВА

Форум: На почетокот на годинава предвидовте две сценарија за европската интеграција на Западен Балкан. Кои варијанти се можни за натамошниот развој на Балканот?
Весела Чернева: Така е, постои позитивно и негативно сценарио. Позитивното сценарио е можно, особено сега кога Ирска го одобри Лисабонскиот договор кој треба да ги отвори вратите за нови членки.
Унијата треба да вложи политички напори да ја трансформира Босна од протекторат во држава со перспективи за членство, односно да ги мотивира политичарите да работат за доброто на една единствена држава, да ги мотивира да ја реформираат државата, а не да ја делат. Основен елемент во тој поход за средување на состојбите на Балканот е Брисел да ì даде датум и да започне преговори со Македонија и да изврши притисок врз Грција да не го блокира процесот. Во пакетот треба да се вклучат и обновени преговори со Турција. Брисел траба да ја затвори дебатата околу прашањето за независноста на Косово. Забрзувањето на процесот на европската интеграција на регионот треба да вклучува кандидатски статус за Црна Гора и за Србија. Во случајот со Србија, ЕУ треба да одолее на холандскиот притисок. Замената на критериумите за членство на ЕК со условувањето за целосна соработка со Хашкиот трибунал им помагаше на српските демократи во првите години по смената на Милошевиќ, денес таквиот дневен ред, веќе им пречи бидејќи го свртува вниманието од суштинските реформи на сметка на остатоци од минатото.

Но, Македонија има нерешен проблем со Грција кој многу е веројатно да ја блокира европската интеграција, исто онака како што беше случај со поканата за членство во НАТО, која е условена од решавање на спорот. Во една Ваша анализа напишавте дека и Бугарија може да одигра позитивна улога и да направи рамнотежа меѓу двете страни. На што точно мислевте?
Македонија има една барикада за членство во НАТО. Ситуацијата е сложена бидејќи Атина долго време демонстрираше непопустливост околу проблемот со името. Станува збор за натпартиски консензус таму, кој ги обединува двете најголеми партии - Нова демократија и ПАСОК. Од друга страна, во Македонија видовме една кампања на “александризација”. Секој град, секое село требаше да има улица, стадион, мост или плоштад крстени по Александар и по Филип Македонски. Во ваква заострена ситуација, Бугарија може да направи рамнотежа меѓу двете страни и да ги насочи ЕУ и НАТО да ја продолжат интеграцијата на Македонија. Но, треба да се биде многу внимателен бидејќи тука, на Балканот, границата меѓу успехот и неуспехот е многу тенка.

Кое е негативното сценарио што може да му се случи на Балканот?
Неповолното сценарио значи продолжување на процесот на самоизолација на ЕУ во однос на нејзината периферија кое би предизвикало некаков симетричен однос меѓу двете страни, што значи би предизвикало изолација и на земјите од Западен Балкан. Но, ова најверојатно нема да се случи во моменти кога е на повидок спроведување на Лисабонскиот договор.

Колку балканските земји се реално подготвени за полноправно членство?
Балканот не може да ги засука ракавите и експресно да ги исполни прецизните и строги критериуми кои ги бара комесарот за проширување Оли Рен. Дополнително светската финансиска криза се покажа како демон за интеграцијата на Балканот. Оли Рен даде и една изјава дека сега пред Европа има многу посериозни предизвици во економијата и во безбедносната стратегија отколку кога и да е до сега од завршувањето на Студената војна. Тоа создава многу поразличен контекст во однос на проширувањето. Затоа, основната улога во овој процес треба да ја одигра ЕУ која ќе треба да избере дали политиката кон регионот ќе ја води врз основа на сигурноста, што значи да постапува онака за да не ги “заплаши” некои од своите членки кои се скептични кон проширувањето или ќе се раководи од принципи што значи дека секој народ има право да стане член на Унијата.
Сознанието за членство во ЕУ, макар и некој ден, е оној катализатор кој ја поттикнува енергијата на државната машина и на политичарите на Балканот во еден конструктивен процес.

Луѓето од Западен Балкан знаат да ја обвинуват ЕУ за двојни стандарди велејќи дека не е доволно фер во односите со не-членките на Унијата?
Навистина верувам дека ЕУ може да го сработи само нејзиниот дел и може да ја заврши целата работа. Знаеме дека и Унијата сега го бара својот нов карактер, новиот идентитет, ако сакате - нејзиниот политички изглед. Сè уште не е јасно како 27-те европски земји ќе функционираат или би требало да функционираат, а да не спомнувам како би функционирала Унијата со 35 членки. Општествата и елитите во овие земји мора да бидат сигурни дека Унијата ги сфаќа сериозно и треба да ја завршат домашната задача бидејќи од француска или британска перспектива, тешко е да се замисли да има 35 министри за надворешни работи - а некои од нив не зборуваат меѓу себе - а да се има единствена позиција во надворешната политика за енергетика или за трговија. Мислам дека ЕУ сега го бара сопствениот начин на работа, а Западниот Балкан треба да го искористи ова време и да дејствува заеднички.

Зошто сè уште зборуваме за потребата од дијалог меѓу земјите од Западен Балкан кога сите се декларираат како демократски општества?
Имаме проблем со тоа каков тип општества изградивме 20 години по падот на Берлинскиот ѕид. Иако некои земји, како Бугарија и Романија, веќе се во ЕУ, имаат проблеми како владеење на правото, начинот на функционирање на политичките процеси, луѓето се чувствуваат како да не се претставени во власта, и ова е јасен, многу јасен проблем на демократијата. Кога повеќе од луѓето во Западен Балкан велат дека политичките партии веќе не се нивни претставници, тоа значи дека има голем проблем во балканските политички системи, односно демократијата што се базира на овие системи не е исправна.

Може ли да се зборува за политичко помирување на Балканот иако национализмот сè уште не е замрен?
Навистина се плашам дека постои тренд на ренационализација на политичките елити. Сè додека нема реална перспектива за членство во Унијата за повеќето земји од Западен Балкан, или е многу далечна, гледаме дека политичките елити настојуваат да ја исфрлат оваа главна цел од нивната политичка агенда и во основа се трудат да бидат реизбрани. И тие повторно се избираат на власт станувајќи сè поголеми популисти, владеат сè потврдокорно и верувам дека единствено долгорочна мека моќ на ЕУ може да ги трансформира овие општества и да ги насочи нивните елити да соработуваат регионално со соседите. Гледаме дека има сè повеќе билатерални проблеми во регионот и наистина е тажно да се гледа дека 20 години по падот на комунизмот можеме да бидеме многу напред, а не сме.

Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !