Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Прикажи ги пораките

Овој оддел овозможува да ги гледате сите пораки оставени од овој член. Но внимавај можеш да ги видиш истите само од делови на форумот каде имаш пристап.

Пораки - Илинден

Страници: 1 2 [3] 4 5 ... 16
31
Актуелни теми од медиумите / Одг: "АБСУРДИСТАН"
« на: Декември 06, 2010, 08:39:18  »
Е, ќутуци едни, гледате ли колку само ни напредна преродбеничково образование, со компјутериве за секое дете, со задолжителново средно и со факултетиве во секое село?

На времето, ние, сироти едни, нереформирани и непреродени, во средно учевме за Данте, го рецитиравме Шекспир и се воодушевувавме од Молиер. И ништо не научивме, оти немавме компјутери.

Сега, слушам, во втора средно граматика се учи сериозно. Со стихови во учебникот, од кои глава боли. На пример: „Бело теле, бела крава, бело млеко нам ни дава“. Замислете само! Или овој пример: „В крај село куќичка бела, до неа школо ново - кај прва осетив радост, кај прво научив слово“. Ај и од мене еден мал прилог: „Министерче смело, за оставка зрело, школството му е - во лајна цело“.

А тоа, министерчето, вели дека не чувствува одговорност. А зошто би чувствувало? Учебниците за малоумни средношколци ни ги пишуваат и ни ги рецензираат магистри и доктори на науки.

Знаете ли вие како денес се станува магистер и како се докторира? Потешко е да се положи возачки испит.

Не е тој виновен, мили мои, вие сте криви. Да, да, токму така. Вие знаете дека вашите деца цел ден дремат на Фејсбук, а се залажувате дека нешто учат. Вие им ги купувате дипломите. Вие ги оштетувате за цел живот. После немојте да се чудите зошто на 16 години вашите најмили ќе учат дека бела крава бело млеко носи.

Вие сте виновни, оти сте слепи при очи и верувате во преродбеничките лаги за реформираното образование. Во кое се е бело. Се е бело - и во град и во село.

"ШПИЦ", Острилка

32
Македонско-горанската заедница ќе учествува на претстојните предвремени парламентарни избори на Косово во коалиција со Самостојната либерална партија на српското малцинство.

„Одиме со Македонско-горанската заедница во коалиција со други партии во Косово, каде што очекуваме барем да имаме некој заменик-министер кој би проговорил на македонски јазик во идната косовска влада“ вели Бојда Исмаил, лидер на Македонско-горанската заедница на Косово.

Пред распуштањето на косовскиот парламент, Македонците на Косово ги предале сите потребни документи за регистрација на политичката партија но, засега тоа официјално не е направено.

Поради бирократски причини испуштена е можноста Македонците да добијат десет пратенички места како малцинство во косовскиот парламент.

„Дали ќе биде Македонска алијанса или Демократска македонска партија на Косово, зависи од сите нас кои што ќе учествуваме во ова, да го дадеме името. Меѓутоа мора предзнакот да стои, македонска партија, да биде партија на Македонците во Косово“, изјави Бојда Исмаил.

Македонската партија ќе бара признавање на Македонците и македонскиот јазик на Косово, образование на мајчин јазик и во средно училиште, економски развој и подобро здравство во Гора каде што живеат над 70 илјади Македонци по потекло.

Телевизија А1

33
Наскоро се очекува да се промени и текстот на химната и да се додаде уште една строфа.

Орелски крилја как да си метнам,
и в наши страни да си прелетнам,
и в Пакистан јас да си идам,
да бидам Хунза, Калаш да бидам!


34
Новите армиски униформи со елементи на дедо Илјо Малешевски

По ветените нови униформи за војниците по терк на американските, кои се уште не се шијат, зошто пропадна првиот тендер за платно, сега и гардистите на АРМ добија ветување за нови униформи.

Идејните решенија на дизајнерскиот тим имаат елементи на античката македонска фаланга и војводите како дедо Илјо Малешевски.

„Ова за мене е врвот во она што се вика дизајнерска кариера, како еден Армани, што ја има честа да ја работи гардистката униформа на Италија, односно познатите карабињери“, вели Александар Ношпал, моден креатор.

Во лето, гардистите на АРМ се онесвестуваа во своите сегашни униформи скроени од дебело платно. Сега со предложените нови униформи, ќе имаат проблем со облекувањето поради многуте детали, кои според дизајнерот се одраз на регионот, па и со елементи од соседна Бугарија и Грција.

Својот суд за изгледот на новите униформи за гардистите ќе можат да го кажат и граѓаните.

„Поаѓајќи од примената на овие униформи, сакам да ве информирам дека во периодот што следи истите ќе бидат достапни на увид на секој што сака да ги види и да даде дополнителни предлози за нивниот изглед“, рече Зоран Коњановски, министер за одбрана.

Предвидени се церемонијална, свечена и празнична униформа. Церемонијалната униформа гардата треба да ја носи при смена на државното знаме, свечената за дочек на високи гости, а празничната за време на државни празници.

35
Богданци ќе гради кралска резиденција за кралот на Хунзите

Кралска резиденција на Хунзите ќе никне на Паљурци. На околу три хектари земја ќе се распостила кралскиот комплекс на потомците на Александар Велики.

Барање за изградба на дворец стигнало директно од северен Пакистан до општина Богданци. Барањето до доставила првата Македонка што ги посети Хунзите во Пакистан, Марина Дојчиновска, како официјален застапник на кралското семејство.

Покрај кралска палата, предвидена е и изградба на хотел, бизнис со кој кралското семејство се занимавало неколку години. Градоначалникот Ристо Ичков вели дека општината ги планирала и Хунзите во измените на деталниот урбанистички план. Принцот Газафар Али Кан се очекува овој месец во Македонија.

Хунзите живеат во северен Пакистан, административно се дел од пакистанската држава од 1974 година, но го задржале кралот. Освен Хунзите кои бројат околу 50.000 за потомци на војската на Александар Македонски се сметаат и племето Калаши. За разлика од Хунзите кои се исламизирани и образовани, Калашите се неуко племе.

„Канал5“ - Читај повеќе...

36
Актуелни теми од медиумите / Одг: "АБСУРДИСТАН"
« на: Декември 01, 2010, 08:34:08  »
"ШПИЦ" го цензурираше Влатко Ѓорчев?!

________________________________________

Со пратеникот Ѓорчев се збогуваме

Уредничкиот колегиум на „Шпиц“ вчера одлучи повеќе да не објавува колумни од Влатко Ѓорчев, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. Во името на уредништвото, јавно му се заблагодарувам за досегашната соработка и го известувам дека нашите обврски кон него ќе бидат исполнети кога за тоа ќе се создадат погодни услови.
Како што е познато, Ѓорчев еднаш веќе го злоупотреби просторот во „Шпиц“ за да пласира груби навреди врз евроамбасадорот Ерван Фуере. Објавувајќи ја неговата скандалозна колумна, ние, на некој начин, станавме соучесници во флагрантното кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи, според која земјата-домаќин мора да обезбеди достоинствен третман за странските дипломати. Во таа пригода не реагиравме, очекувајќи нашиот колумнист да извлече поука, по острите реакции на меѓународната заедница.
За жал, завчерашниот настап на Ѓорчев во Брисел, кога повторно се нафрлил со навредливи зборови врз евроамбасадорот Фуере, не увери дека нашиот колумнист и понатаму би можел да го злоупотребува својот простор за недолично однесување, а ние би биле предизвикани да го правиме она што не ни доликува - да ги цензурираме неговите колумни или од нив да се оградуваме.
Нагласувавме дека спокојно ги премолчавме сите остри напади на Ѓорчев врз нашата уредувачка политика, почитувајќи ја неговата авторска слобода. Впрочем, од него очекувавме да ги застапува своите лични ставови, но и ставовите на својата партија ВМРО-ДПМНЕ. Но, не можеме да му дозволиме да го злоупотребува просторот за уривање на имиџот на нашиот весник.
Се разбира, ќе настојуваме во најскоро време да обезбедиме колумнист од слична политичка провениенција и очекуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ во тоа да ни помогне.

http://www.spic.com.mk/ostrilka.html

37
ДНЕВНИК, 22 ноември 2010

Ана Стојановска во бугарски филм

Актерката Ана Стојановска ќе ја игра главната улога во бугарскиот филм „Вера, љубов и виски“ во режија на Кристина Николова. Станува збор за дипломска работа на Николова, која е студент на Факултетот за уметности при Универзитетот „Њујорк“.

- Во потрага за протагонист на главната улога, режисерката се посоветувала со режисерот Милчо Манчевски, кој ме предложил мене, како актерка со најмногу оган. Исконтактиравме и направивме мини-аудиција во Скопје. По седум месеци ми се јави повторно. Најинтересниот дел беше тоа што баш тој ден кога требаше да се видиме, слетав во Софија од Шпанија, каде што бев на одмор и притоа ми беше роденден. Аудицијата помина шашаво, јас не само што не знаев да зборувам бугарски, туку не разбирав ни што зборуваше таа. Со заеднички напор и користење раце, нозе, пантомима се разбравме и поминав одлично, со оглед на тоа што ми се јави повторно и почнавме со снимање наредната недела - вели Стојановска.

Приказната е за девојка што емигрира во Америка, сакајќи да си ги исполни своите соништа и цели и да го види светот и да докаже дека може и подобро. Обидувајќи се да го најде своето место во голем град како Њујорк, го губи своето во Бугарија и на крајот единственото место што може да го нарече свој дом е нејзиното детство. Притоа треба да реши голема дилема, дали да остане со човек што и' нуди сигурност, безбедна иднина и пари, но не ја разбира нејзината страст или неа како личност или да остане со човек кој, пред се', и' е пријател и вистински ја познава. Филмот е за самооткривањето, одлуките што мора да се донесат, жртвата што треба да се направи и да се открие што е тоа што навистина те прави среќен, за да се бориш за тоа.

Македонија не партиципира во филмот.

- Единственото учество на Македонија во филмот е преку мојата улога во него. Живеев во Софија еден и пол месец, каде што го снимавме првиот дел. Екипата беше неверојатно трпелива со мене и дури во некои моменти повеќе веруваше во мене отколку јас самата. Беше голем предизвик да се подготви улога на друг јазик, кој е сличен, но всушност многу различен од мојот мајчин јазик, а притоа имав многу малку време. Ми беше тешко, но и неверојатно интересно. Соработката со актерот Валери Јорданов беше фантастична. Ме радува што имав толку харизматичен, креативен и внимателен партнер, кој многу ми помогна да се вклопам, да уживам и пред се' да си играм - вели Стојановска.

Вториот дел од филмот е снимен во Њујорк.

- Тој е толку инспиративен и егзотичен град и на секој ќош се случува некој нов филм. Тоа ми беше прва посета на Њујорк, работев со луѓе што не ги познавам и на места каде што никогаш не сум била. Искуството не се објаснува со зборови, тоа е остварување на моите соништа - вели Стојановска.

Се очекува филмот да биде готов до крајот на мај, идната година. Снимањето е завршено на 30 октомври, па сега остануваат монтажата, звукот, да се направи колор-корекција.

38
Актуелни теми од медиумите / Одг: Б-комплекс
« на: Декември 01, 2010, 08:16:05  »
"Да се прашувам јас би го извикал Мк амбасадор во Софиа и би дал убаво да разбере, или во најмала рака би го натерал хузната јавно да се извини..."

Премногу очекуваш од софиските политичари кои наместо глави на рамена носат празни кратуни!

39
ЗЕЛЕНИОТ ТРЕСЕ ЗЕЛЕНИ!

Само Сонцето било постаро од Македонија

Што симболизира 16 кракото Сонце од Вергина?
- Тоа е повеќе милениумски симбол на Македонија и Македонците, а реченицата што стои зад тоа може да се каже дека е “затоа што само Сонцето е постаро од Македонија “- им објасни пратеникот Влатко Ѓорчев

Повече: kanal5.com.mk


40
СРБИТЕ ШАМПИОНИ ВО ЈАДЕЊЕ МЪДИЊА!

Во селото Озрем кај Горњи Милановац, Србија, од 27 до 29 август се одржал фестивал во приготвување и јадење тестиси.  Се приготвувале тестиси од бикови, свињи, коњи, ајкули, ноеви, магариња и елени, и се правеле специјалитети како: пица, мусака, гулаш и чорби – и сето тоа подготвено од тестиси. Овој натпревар влезе и во Гинисовата книга на рекорди како шампионат кој траел најдолго, на кој учесниците можеле да уживаат во специјалитети направени од тестиси.

Mоже да прочитате нешто и тука:
www.spic.com.mk
www.kanal5.com.mk

Да им посакаме на браќата Срби догодина да го пробаат и од трите подолгото па да направат уште еден гинисов рекорд!

41
„Шпиц“: Георгиевски ќе воскресне во политиката

ВМРО-Народна, првата партија која веќе формираше Национален изборен комитет, следните парламентарни избори ќе ги трча на чело со поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и со претседателот на партијата Марјан Додовски, како носители на листи во две од шесте изборни единици.

Љубчо Георгиевски, првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидер во сенка на ВМРО-Народна, на наредните парламентарни избори ќе биде носител на една од самостојните изборни листи на партијата, брифираат официјални партиски извори, според кои, по осумгодишна апстиненција од активната политика, македонскиот премиер од 1998 до 2002 година ќе ги предводи народњаците во ловот по 120 пратенички места.

Марјан Додовски, претседател на ВМРО-Народна партија, за „Шпиц“ призна дека и тој ќе трча рамо до рамо со Георгиевски во предизборната кампања, предводејќи уште една изборна листа, додека, како што информира тој, останатите четворица носители ќе се бараат дополнително меѓу членовите на Извршниот одбор на ВМРО-Народна партија. - Ние сме првата партија која сериозно и организирано се подготвува за избори, додека другите само шпекулираат, најавуваат и заплашуваат. Поради тоа, ние веќе формиравме Национален изборен комитет, кој е пандан на поранешниот Републички изборен штаб, чија функција е да ги координира регионалните и општинските изборни штабови - изјави Додовски, калкулирајќи дека ќе освојат најмалку 10 пратенички места, кои ќе им обезбедат сигурно учество во формирањето на идната влада.

Политичките аналитичари, пак, велат дека Љубчо Георгиевски одамна го достигнал зенитот на својата политичка моќ, но тој секогаш може да смета на своите верни приврзаници, таканаречени љубчовисти, кои во земјава, според нивните проценки, ги има над 50.000, најмногу во источна Македонија и во охридскиот регион. - Откако јавно се декларира како Македонец со бугарски корени, Георгиевски може да смета на поддршка од сите оние што се чувствуваат како Бугари во Македонија, како и на „љубчовистите“, односно оние стари вмровци кои ова време останаа доследни до својот прв лидер.

Како и да е, Љубчо нема да ги остави рамнодушни Македонците на следните избори, бидејќи со секое излегување во јавноста, цел месец го држи буден народот - објаснува универзитетскиот професор и политички аналитичар Јове Кекеновски, кој воопшто не е изненаден од одлуката поранешниот премер да излезе на избори. Георгиевски со група свои истомисленици во 2004 година ја формираше ВМРО-Народна, откако загуби од актуелниот премиер Никола Груевски во битката да се врати на кормилото на својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, која доброволно ја напушти по изборите во 2002 година. Во 2006 година, контроверзниот политичар извади бугарско државјанство, со што предизвика многу дебати и полемики во македонската јавност.

42
Интересно... от къде е това?

Тоа е скриншут од една постара верзија на англиската wikipedia. Моменталната верзија има само 6 верзии на грбот.
http://en.wikipedia.org/wiki/Coat_of_arms_of_the_Republic_of_Macedonia

43
Много, ама наистина много ми е интересно там какво обясняват. Защо ТОЧНО лъва да е македонски символ?




44
Македонско-бугарскиот граничен центар остана само на хартија

Проектот за создавање заеднички Контакт-центар за полициска и царинска соработка меѓу Бугарија и Македонија, со кој треба да се создадат услови за поагресивна борба со транснационалниот криминал, но и за полесно минување на границата, и по една година од потпишувањето на договорот се' уште постои само на хартија. Документите за проектот се во Собранието на Македонија, каде што се чека ратификација на Предлог-законот, но сепак, од промовирање на проектот досега минаа 18 месеци.

Според договорот, комуникацијата ќе биде на официјалните јазици - бугарски и македонски, а трошоците за неговото функционирање ќе се делат. Бугарија е задолжена за обезбедување на објектот, вработените ќе имаат ознаки на двата јазика, но нема да смеат да носат оружје.

...прочитај повеќе >> (dnevnik.com.mk)

45
Видео снимка: http://www.youtube.com/watch?v=XaB1NCAWoVU


Сърби и гърци спретнаха здрав бой в контрола
(www.gol.bg)

Световното първенство по баскетбол започва другата седмица, но страстите са горещи дни преди турнира в Турция.

Късно снощи европейските сили в този спорт Гърция и Сърбия спретнаха здрав бой помежду си по време на проверка помежду им в Атина. И двата състава са участници в надпреварата, а и непримирими съперници и винаги са сред фаворитите.

В крайна сметка двубоят за купа "Акрополис" не завърши, като бе прекратен при 74:73 за домакините. Милош Теодосич и Андонис Фоцис започнаха скандала, в който след това се включиха и останалите играчи от двата състава.

Ситуацията излезе извън контрол и баскетболистите се бутаха, ритаха и блъскаха, а центърът на Сърбия Ненад Кръстич севсем полудя, взе един стол край страничната линия и удари с него Бурусис, нанасяйки му рано зад лявото ухо.

Гръцкият играч естествено побесня и едвам бе удържан от съотборниците си и хората от щаба на състава. В крайна сметка страстите бяха овладяни, но се очаква и двата отбора да бъдат сериозно наказани заради изтъпленията по време на сблъсъка.


Грците и Србите си пуштија крв во Атина
(www.dnevnik.com.mk)

Во масовната тепачка на теренот во Акрополис купот, Крстиќ го удри Бурусис со стол по глава, а овој сакал да го суреди во соблекувалната, па потоа поднел тужба против него за тешки телесни повреди

Последниот меч од Акрополис купот во Атина заврши неславно со масовна тепачка на сите кошаркари на тимовите на Србија и на Грција. Во тепачката, меѓу другото, српскиот центар Ненад Крстиќ со стол го погоди грчкиот центар Бурусис по глава и го раскрвави.

Низ натпреварот домаќинот ја имаше наклоноста на судиите, а селекторот на гостите Душан Ивковиќ заработи дури две технички, па замина од теренот. Ивковиќ, новиот тренер на Олимпијакос, вербално ги напаѓаше судиите. До тепачката дојде по вербалниот судир меѓу Милош Теодосиќ и Антонис Фоцис. Крстиќ го нападна корпулентниот центар Скорцијанитис, обидувајќи се да одбрани еден свој соиграч кој беше на подот. Потоа Крстиќ фрли со стол кон Скорцијанитис, но тоа го погоди Бурусис. Тепачката пред 5.000 публика траеше две минути. Бурусис потоа сакал да влезе во соблекувалната на Србија, но бил спречен. Наводно пред соблекувалната Скорцијанитис ја продолжил тепачката со Крстиќ и со Бјелица.

Мечот беше прекинат во 38. минута, а беше регистриран со резултат 74-73 за Грција, која победи на турнирот.

Гркот Царцарис ги нападна Србите кои настапуваат за грчки клубови сметајќи дека тие се вишок во оваа лига.

- Се работи за деца кои лебот го вадат во нашата земја, а прават проблеми. Не треба да затвораме очи пред таквите состојби. Нашите кошаркарски челници треба да размислат за тоа. Имаме доволно квалитетни грчки играчи, па некои луѓе треба да научат дека не треба да им се даваат пари на деца кои тоа не го заслужуваат - смета Царцарис.

За чудо, судиите не запишале во записникот ништо за инцидентот. ФИБА побарала видеоматеријал од средбата, но тешко дека ќе има казни поради тоа што нема ништо во записникот.

Бурусис наводно против Крстиќ подигнал тужба за нанесување тешки телесни повреди. Грчката полиција го запрела автобусот со српскиот тим и зела изјави од Крстиќ, Кешељ, Теодосиќ и Ивковиќ за тепачката. Српските кошаркари салата во Атина ја напуштија околу 2 часот по полноќ во придружба на големи полициски екипи.

Страници: 1 2 [3] 4 5 ... 16