226
Фолклор / Мартинки - Малку подзаборавена традиција
« на: Март 05, 2009, 06:17:35 »
Во не толку далечното минато, а во некои места на Македонија и денес има традиција на правење и носење на мартинки (мартенки, мартеници) во текот на месец март, традиционално нарекуван од народот „баба Марта“. Мартинките пред сè се поврзани со доаѓањето на пролетта и ластовичките, со чиешто доаѓање се верувало дека се носи здравје и среќа. За таа традиција во Струшко има запис и во зборникот на браќата Миладиновци (1861 год., стр. 522)

Мартинки.
Ден-та спроти Март-та сучатъ цѫрвено и бѣло предено со цело; и утрина-та го клаваетъ на деца-та на гѫрло, на рѫце и нодзе за здравѥ. Тiе сѣ викаетъ мартинки, и со нимъ въ Струга стретватъ ластовици-те.
Тая вечеръ пременуваетъ места-та, кѫде спавале до тога, за да не ги ядатъ болви. Тои денъ мали-те деца праватъ ластовица отъ дѫрво шикосано, и пеѥтъ по кѫщи-те: "Ластовица идеше, цѫрно море пливаше..." — Во 'си-отъ месецъ не ядатъ зелѥ останато одъ понапрежни-отъ денъ.

Мартинки за 639 новороденчиња во Аеродром
Со цел да ја врати старословенската традиција на славење на празникот Баба Марта, градоначалникот на Општина Аеродром Кирил Тодоровски деновиве им додели по една мартинка на 639 новороденчиња родени во Општина Аеродром минатата година и на почетокот на годинава. Од Општината велат дека целта на доделување на мартинките е да се доближи празникот до најмалите кој во минатото многу се празнувал. Заедно со мартинките, општинарите поделија и флаери на кои пишува дека мартинките треба да се носат од 1 март до расцветување на првото дрво. (Весник „Вест“)