Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Прикажи ги пораките

Овој оддел овозможува да ги гледате сите пораки оставени од овој член. Но внимавај можеш да ги видиш истите само од делови на форумот каде имаш пристап.

Пораки - Илинден

Страници: 1 ... 12 13 [14] 15 16
196
Невработеноста во Република Македонија (1)


Македонскиот граѓанин изминатиот, речиси, дваесетгодишен транзициски период ќе го памети според бројните тектонски поместувања во сите сфери на општественото живеење. Станува збор за години во кои се афирмираа нови процеси и содржини во македонската историја, при што најзначаен секако е фактот што Македонија, со распаѓањето на поранешната југословенска федерација, стана самостојна држава. Истовремено, тоа се години исполнети со перманентни егзистенцијално-есенцијални транзициски шокови. Притоа, сосема сигурно, најжестокиот шок го доживеавме во сферата на пазарот на трудот. Континуираниот раст на стапката на невработеност, создавањето армија маргинализирани граѓани – животни аутсајдери, од една страна, е лична драма – трагедија на секој невработен, а од друга, претставува најрелевантен показател за долгорочните, крајно неповолни, економски и социјални состојби во нашата држава, односно недвосмислено укажува дека таа боледува од една од најтешките општествени болести, чии основни симптоми се: економска неефикасност, социјална несигурност на граѓаните и политичка неосетливост на власта за најтегобниот проблем со кој се соочува поголемиот дел од населението во Република Македонија, а тоа е неможноста со чесно работење да се обезбеди елементарна егзистенција, достоинствен и нормален живот.



Имено, високата стапка на невработеност, според низа релевантни индикатори: причините, обемот, трендовите, времетраењето, а особено крајно сложените последици и општоприфатената немоќ за нивно ублажување, ги оцртува хоризонтите на лимитираноста на македонската држава да обезбеди пристојни услови за живеење, односно ја покажува целокупната немоќ на политиката на сите досегашни влади да изградат економски систем што ефикасно ќе ги вклучи своите граѓани во неговото функционирање. Ваквата состојба, од друга страна, генерира дополнителни (најчесто тешко решливи) проблеми во функционирањето на целокупниот општествен систем, а со тоа тој станува дисфункционален и аномичен, што само по себе има далекусежни последици, и врз квалитетот на живеењето на граѓаните и врз опстојувањето и развојот на државата. Така, неискористеноста на човечките ресурси, односно човечкиот капитал на економско рамниште, директно влијае врз намалувањето на производството што, секако, условува остварување помал бруто-национален производ, во однос на потенцијалниот. Тоа резултира со економски загуби што тешко можат да се надоместат во подолг временски период. Невработеноста влијае и врз приходите во буџетот, бидејќи поради неостварените даноци и придонеси, што би ги плаќале вработените лица, приходите евидентно се пониски. Невработеноста, исто така, го оптоварува буџетот со зголемени расходи за социјални трансфери, неопходни за ублажување на животниот стандард токму на невработените.

Истовремено, зголемената невработеност, односно нејзините неповолни социјални импликации (пред се', зголемувањето на сиромаштијата, нееднаквоста и социјалната ексклузија), негативно се одразува и врз прифатеноста на реформите од страна на граѓаните. Така, невработеноста директно влијае врз намалувањето на средната класа, односно го забрзува процесот на поделба на граѓаните, на еден поголем дел кои, не можејќи да егзистираат од сопствениот труд, се' повеќе осиромашуваат и, еден мал дел - економската и политичката елита, кои за кратко време стекнаа големи богатства. Првите, кои се наоѓаат на маргините, незадоволни од сопствената улога во општеството, се' повеќе ја губат довербата во економските реформи втемелени врз постојната макроекономска политика. Без работа, осиромашени, препуштени сами на себе, се' помалку веруваат во новите вредносни ориентири на демократско-либералниот модел на економско и општествено живеење и се' почесто со носталгија се сеќаваат на егалитарните и традиционалните вредности, карактеристични за претходниот социјалистички општествен систем. Тоа влијае врз нивните ставови за прифаќање на промените, односно ги прави да бидат демотивирани и пасивни набљудувачи на она што се случува околу нив.

Истовремено, невработеноста, со влошувањето на животниот стандард на граѓаните, директно влијае и врз политичко-безбедносната состојба во државата. Таа дејствува како генератор на етничките, конфесионалните и политичките конфликти, изострувајќи ги различните политички и етички интереси на ниво на отворени и безобѕирни судири кои претставуваат перманентна закана за политичката стабилност во државата. Ваквите состојби во голема мера влијаат врз намалувањето на социјалната интеграција и кохезија на македонското општество.



Неможноста на македонскиот пазар на труд да ги апсорбира новозавршените млади високообразовани кадри води и кон таканаречената појава на одлив на мозоци, односно до се' поинтензивно нивно напуштање на државата и вработување во странство. Тоа има долгорочни негативни последици, затоа што Македонија останува без најквалитетната и најкреативна работна сила во која инвестирала и која со своите потенцијали и знаења и' е неопходна за излез од постојната сложена општествена ситуација. Невработеноста има силно влијание и врз функционирањето на бракот и семејството во Република Македонија. Младите невработени луѓе, поради лошата материјална состојба, се' поретко се решаваат да стапат во брак, што има свое влијание и врз демографската структура на населението. Дури и оние кои имаат формирано семејства, повторно поради лошите материјални услови, често, во секојдневниот живот имаат конфликти, кои не ретко завршуваат и со развод.

Во секој случај, евидентно е дека невработеноста не може да се посматра само како економски проблем, односно таа има многу пошироки општествени рефлексии. Статусот на вработен, покрај економската сигурност, овозможува бројни формални и неформални интеракции, влијае врз културниот и социјалниот идентитет на поединецот, ја стимулира неговата самопочит и му овозможува самоактуализација. Имено, невработените, незадоволни од својот живот, и поради лошата материјална положба и поради маргинализираниот социјален статус, во поголема мера од вработените се склони кон: депресии, анксиозност, демотивираност, губење самодоверба и самопочит, чувство на безнадежност и очај. Невработеноста, исто така, стимулира појава на различни облици социјална патологија, поаѓајќи од ситен криминал, алкохолизам, дрога, проституција, организиран криминал на ниво на мафија, убиства и самоубиства.



Имајќи ги предвид претходно потенцираните мошне сложени импликации од невработеноста во Република Македонија, сама по себе се наметнува потребата од темелна анализа на нејзините карактеристики, институции, политики, но и на можните мерки (реформи) за подобрување на состојбите. Основната цел на ваквата анализа (која ќе се обидеме да ја антиципираме во следните текстови) е да се актуализира проблемот, односно да се иницира дебата со која тој, конечно, без залажување и бегање од одговорноста, ќе биде промовиран во најприоритетен внатрешен проблем во нашата држава (што реално е), од чие решавање зависат и животниот стандард на граѓаните и успешното функционирање на македонското општество, со што би се создале теоретски претпоставки за дејствување на институциите на системот во правец на градење порадикални стратегии и политики од досегашните, ако не за негово целосно надминување, барем за подобрување на постојните, повеќе од алармантни, состојби.

Љупчо Печијарески, универзитетски професор

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B45B1C46B18FFE4190E2D2C93775A428

197
Молдавија воведе визи за романските граѓани

(Дојче веле) Од вчера, на романските граѓани кои сакаат да патуваат во Молдавија ќе им требаат визи

Централната изборна комисија (ЦИК) во Молдавија се согласи да им дозволи на опозициските партии да ги проверат избирачките списоци.

„Три опозициски партии добија одобрение од ЦИК да ги проверат избирачките списоци“, изјави портпаролот на опозициската партија Наша Молдавија.

Тоа беше едно од главните барања на опозицијата, која ги оспорува резултатите од изборите во неделата.

Според конечните резултати од изборите, објавени од ЦИК вчера, комунистите освоија 60 од вкупно 101 место во парламентот.

Репортер и снимател на романската телевизија Антена 3 биле протерани од Молдавија во средата ноќта, јавија романските медиуми.

Репортерот Јосиф Бубле и операторот Роберт Дику пристигнале на аеродромот во Кишињев по полноќ со лет од Будимпешта. Тие биле информирани оти од средата на романските граѓани им се потребни визи за да влезат во Молдавија.

„На романските граѓани кои сакаат да патуваат во Молдавија им требаат визи од 9 април. Визите ќе бидат издавани од амбасадата на Молдавија во Букурешт“, беше соопштено. Претходно, молдавскиот претседател Владимир Воронин го обвини Букурешт дека сака да ја собори владата во Кишињев.

Веднаш по објавувањето на информациите за првите протести против изборните резултати во Молдавија, и на улиците на Букурешт излегоа демонстранти, најнапред со паушално барање за „слобода“.

Малку подоцна студентите скандираа една строфа од романската национална химна со следниов текст: „Сега или никогаш е моментот, да си исковаш нова судбина, пред која ќе се поклонат и твоите свирепи непријатели“.

Во периодот меѓу двете светски војни, Молдавија, која тогаш се нарекуваше Бесарабија, и' припаѓаше на Романија.

198
Изгледа дека уште од времето на Стојан Новаковиќ, Србите од Македонија се најголемите Антички Македонци. :D

Главната ролја (Александар Велики) ја игра Дејан Лилиќ, Олимпија ја игра Јелена Жугиќ.

За што станува збор, прочитајте самите :)


Премиера на "Александар" на Љубиша Георгиевски

"Александар е историски суперстар, а дали е драмски суперстар, ќе видиме в сабота. Не се прашува дали е Грк или Македонец, тој се сомнева дали е тој тој", вели режисерот

"Александар" - агонија во шест слики е најновата премиера во Драмскиот театар, работена по текст и режија на Љубиша Георгиевски, која ќе се изведе в сабота во 20 часот. Георгиевски на вчерашната прес-конференција рече дека текстот е стар шест години, но како што рече, пиесата е како виното, треба да одлежи за да добие на зрелост.
"Александар е историски суперстар, а дали е драмски суперстар, ќе видиме в сабота. Александар во претставата не се прашува дали е Грк или Македонец, тој се сомнева дали е тој тој", вели режисерот, и додава дека претставата не е комедија, ниту трагедија, ниту фарса, туку е агонија затоа што во целата претстава има трепет на агонија.
Насловната улога ја игра Дејан Лилиќ, Олимпија е Јелена Жугиќ, Аристотел е Ѓорѓи Јолевски, Клит го игра Зоран Љутков, а Птоломеј Бранко Ѓорчев.
"Александар е жив човек, оди меѓу нас, се смее и плаче со нас. Во претставата направивме жив човек од мит. А дали сум возбуден за улогата, ќе ви одговорам дека не можам да спијам", одговори Лилиќ на новинарско прашање.
Според Јолевски, публиката очекува да види стереотипи на ликови и има голема доза на предрасуди. "Но ние направивме ликови кои се живи, не ги презедовме од музеите во Каиро или од Британскиот музеј. Тоа се ликови што го говорат убавиот македонски јазик", вели Јолевски.
Дизајнот на претставата е на Мери Георгиевска, а музиката ја направија браќата Тавитјан. Кореографијата е на Александра Азизбаева - Хонг од Бугарија.

"Само во Македонија ме обвинуваат дека работам"

На новинарско прашање дали Георгиевски и директорот на Драмски Бранко Ѓорчев се чувствуваат одговорни дека за речиси два месеца тој режираше свои текстови во Македонскиот народен театар "Свето срце" и сега "Александар", и колкав е хонорарот за претставата, режисерот изреагира: "Хонорарот е тајна. Јас не ве прашувам колкава ви е платата. А дали се чувствувам одговорен, па би бил неодговорен кога на би работел. Одговорноста на интелектуалците е да работат. Ризикот е наша работа. Чудно како во Бугарија, САД, Полска или во Италија не ме обвинуваат дека сум одговорен. А овде ме обвинуваат дека работам. Совршено! ". Режисерот додаде дека две негови нови пиеси ќе се работат во Хрватска и во Романија.

Како спикер на Собранието, Љубиша сам се цензурирал

Режисерот Љубиша Георгиевски рече дека на премиерата се поканети грчки претставници. На новинарите им раскажа случка од времето кога беше претседател на Собранието.
"Имав можност да се дружам со многу дипломати. И во период кога аеродромот беше именуван 'Александар Велики', во разговор со еден странски дипломат во Скопје му кажав дека имам пиеса 'Александар', но не ја давам на друг режисер да ја направи, за да не провоцирам. Го прашав до кога ќе треба да се цензурирам, а тој веднаш ја промени темата на разговорот", рече режисерот и додаде дека првите четири години пиесата зреела, а последниве две години се веќе автоцензура.



199
Молдавија ја обвини Романија за обид за државен удар

КИШИЊЕВ, 9 април (Ројтерс) - Молдавскиот комунистички претседател Владимир Воронин вчера ја обвини соседна Романија за обид за државен удар и нареди масовни апсења на демонстрантите во европската најсиромашна држава.

Русија го поддржа обвинувањата на Воронин за странско мешање, но Романија, членка на ЕУ и на НАТО ги отфрли овинувањата како "провокација".
Западните сили побараа од сите страни во Молдавија да останат мирни и да не се повторат завчерашните немири во кои една жена загина, а околу 100 луѓе беа повредени откако демонстрантите, кои обвинуваа дека комунистите нелегално победиле на парламентарните избори кои се одржаа за време на викендот, ги демолираа канцелариите на Воронин и го пљачкосаа парламентот.
Откако специјалниот полициски одред вчера ги презеде исчадените уништени згради и приведе 193 опозициски демонстранти, Воронин изјави дека го протерува романскиот амбасадор.
Молдавија, поранешна советска република, има блиски етнички, културолошки и лингвистички врски со Романија, која е членка на НАТО и Европската унија.

200
„Фокус“ направиле грешка, да.


Петковски: Наместо до Брисел, Македонија стигна до Хунзите

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106879

07.04.2009 17:50

Новиот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски вели дека веднаш ќе започне со работа. Откако ќе ја преземе функцијата од Трифун Костовски ќе почне да ги решава најголемите проблеми на скопјани.

„Комуналната хигиена, сообраќајниот хаос и промената на ГУП - се неколку од приоритетите коишто се зацртани во програмата и коишто ќе започнат веднаш откако ќе стапам на позицијата градоначалник на град Скопје“, изјави Трајановски.



Неговиот против-кандидат во трката за градоначалник Тито Петковски, е задоволен од гласовите што ги освоил, но разочаран од самите избори.
 
И натаму со критики до владата за нејзината надворешна политика.

„Ние тргнавме заедно со Хрватска и Албанија и се разбира бевме во еден период лидери во Јадранската група. Тие две земји еве од денес се полноправни членки на НАТО, тие ќе се дружат во Брисел, а ние до Пакистан, до Хунзите и реинкарнација на Александар Македонски. Тоа изгледа е нашата судбина“, изјави Петковски.

Една недела по изборите Стевче Јакимовски ќе стане градоначалник на скопската општина Карпош, каде се водеше најголема битка помеѓу опозицијата и позицијата.



Јакимовски се надева дека владата нема да ги попречува неговите проекти.

„Никој нема право во државата да го потценувате или да го опструираат оној којшто граѓаните во Карпош му веруваат. Јас сметам дека имаме заеднички проекти и со градот Скопје.

Значи, всушност, и Законот за град Скопје таков е, не упатуваат на наша заедничка соработка, а и Владата на Република Македонија веќе има започнато проекти во општина Карпош, коишто јас имам намера да ги поддржам“, изјави Јакимовски.

Сега останува само да видиме колку новите градоначалници ќе исполнат од ветеното.

201
Албанците ги бојкотираа претседателските избори
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8A7C745926FAB245947A4995B9E0BD86


Одвај десетина ливчиња во кутијата за избор на претседател и стотици за градоначалник беше сликата што можеше да се види во Арачиново, Сарај, Кондово, Тетовско, Струшко, во гостиварските села...


Комплетен бојкот на претседателските избори во тетовското село Бродец

Само благодарение на повисокиот одѕив на гласачите во неколку градови беше исполнет потребниот цензус од 40 отсто за избор на шеф на државата. Најголем одѕив беше забележан во Делчево, Берово, Пехчево, Гевгелија, Дојран, Велес, Крушево..., каде што тој се движеше од 50 до 70 отсто. Наспроти ова, во општините населени главно со етнички Албанци одѕивот се мереше со неколку проценти. Дека етничките Албанци нема да гласаат за претседател на државата, туку само за градоначалниците, се виде уште во првите часови по отворањето на избирачките места.

Одвај десетина ливчиња во кутијата за избор на претседател и стотици во кутијата за градоначалник беше сликата што можеше да се види во Арачиново, Сарај, Кондово, Липково, Тетовско, Струшко, во гостиварските села... Објаснувањата на граѓаните зошто не гласаат беа различни - од тоа дека партиите не располагаат со нивните гласови, дека двајцата кандидати не се добри до тоа дека гласот би го дале само за кандидат-Албанец.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КУТИИ ОСТАНАА ПРАЗНИ

- Помина времето кога партиите, односно други, можеа да се договорат за нашите гласови. Сега им праќаме порака да се вразумат. Не е проблем што сите кандидати се Македонци, не ни пречи тоа, оти и така ќе бидат избрани од останатите жители на Македонија. Ама не заслужуваме меѓупартиски договарања - изјави Нусри Јакупи од скопско Кондово.Неколку негови сограѓани изјавија дека не гласаат бидејќи веќе си избрале свој градоначалник, а никој од кандидатите за претседател и за градоначалник на Скопје не ги посетил.

Полупразни кутии за избор на претседател и полни за градоначалник беа карактеристични и за тетовските села Порој, Џепчиште и Шипковица. Во Шипковица за градоначалник гласале триста гласачи, а само 40 за претседател, додека во Теарце 4.000 гласале за градоначалник, а 1.700 за претседател. Во тетовско Бродец во гласачката кутија за избор на претседател немаше ниедно ливче, а само 39 гласачи гласале за идниот градоначалник на Тетово, од 800 избирачи евидентирани во Единствениот избирачки список. Селим Велиу, гласач од Порој, ни изјави дека не гласал за претседател бидејќи немало добра понуда.

- Ако кандидат за претседател беше Албанец, ќе гласав за него - вели тој. Во Порој впечатливо беше дека партиски луѓе пред гласачкото место им сугерираа на граѓаните да гласаат само за градоначалник. Исто беше и во Џепчиште, каде што за претседател имаше само 10 гласачки ливчиња, а за градоначалник околу 200 ливчиња. Меѓу граѓаните имаше и такви кои сепак гласаа за претседател на државата.

- Гласав и за градоначалник и за претседател, за доброто на државата - рече Сафет Сељмани.Граѓаните не сакаа да коментираат дали со бојкотот на изборот за претседател се спротивставуваат на договорот меѓу лидерите Груевски и Ахмети.И во Арачиново беше евидентно дека Албанците не гласаат за претседател. Додека избирачките кутии за градоначалник на општината беа полни, тие за избор на шеф на државата беа речиси празни. Во скопската општина Чаир одѕивот на гласачите беше помал отколку во првиот круг на изборите. Жител на скопската општина Карпош кој сакаше да остане анонимен рече дека не сака да гласа зашта обајцата кандидати не му ги исполниле очекувањата.

- Ме разочараа со своите настапи - рече тој.

ДОГОВОР НА ХАРТИЈА

За слабиот одѕив за претседателските кандидати во Тетово и во селата се шпекулираше дека ДУИ издала директива до своето членство и симпатизерите да не гласаат за шеф на државата, наспроти договорот со ВМРО-ДПМНЕ. Во кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера демантираа дека има таква наредба.

- Имаме договор за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржиме нивниот кандидат да претседател Ѓорге Иванов. Шпекулација е и дека нема одѕив за претседател бидејќи Ахмети и премиерот Никола Груевски денеска се пазарат. Ние имаме договор што јавно го објавивме за меѓусебна соработка на локално и на претседателско ниво - велат во кабинетот на Ахмети. Лидерот на опозициската ДПА, Мендух Тачи, кој гласаше само за градоначалник на Тетово, изјави:
- Со половичен успех ги завршиме изборите. За жал, по изборите ќе се отворат тешките прашања како понатаму на патот кон НАТО и кон ЕУ. Владата ќе треба сериозно да направи нешто. Мое демократско право е да не гласам за претседател. Не ми се допаѓа ниту еден кандидат - рече Тачи.

Гласачите одбија партиски директиви

Експертите сметаат дека главната причина за бојкотот на албанските гласачи на претседателските избори е нетранспарентниот договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и незадоволството од начинот на кој функционира партијата на Ахмети откако влезе во Владата.

- Гласачите немаа јасна слика што ќе добијат ако го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Договорот, кој сега може да се нарече неуспешен, беше нетранспарентен, таен. Албанските гласачи испратија две пораки до ДУИ. Едната е дека не се гласачка машина и дека партијата не може да ги контролира, а другата е дека не се задоволни од начинот на кој ДУИ функционира во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ - вели Јетон Шасивари, политички аналитичар. Тој додава дека албанските гласачи имаат лошо искуство од договорите на Ахмети со Груевски.

- Прво има мартовски договор, па го нема. Потоа има договор за заеднички кандидат за претседател, па го нема. Сега имаше априлски „таен“ договор, кој тешко помина кај гласачите Албанци - вели Шасивари. Според аналитичарот Ибрахим Мехмети, „бојкотот“ на албанскиот електорат не е изненадување и бил очекуван.

- Обидот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ да направат договор за поддршка беше површен. Не дејствуваше искрено и од двете страни. Сепак, албанските гласачи пратија порака дека со нив никој не може да манипулира и дека не ги следат партиските упатства - додава Мехмети.

Во Шутка приведени пет лица

Полицијата вчера привела пет лица во скопската општина Шуто Оризари откако се случила тепачка меѓу две групи партиски активисти на ромските партии чии кандидати се натпреваруваа за градоначалник. Инцидентот се случил околу 12 часот на раскрсницата од улиците Втора македонска бригада и Лазо Трповски, откако се судриле две возила. Во едната кола бил и Амди Бајрам, но тој на крајот не беше меѓу приведените.

На избирачкото место бр.1962 во Тетово се случил помал инцидент, по кој полицијата го привела на разговор Насер Вејсели, брат на Абдулади Вејсели од ДПА. Според МВР, претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека Вејсели дошол на избирачкото место и почнал да се расправа со него, по што го удрил со шлаканица. Полицијата го привела Вејсели веднаш откако излегол од избирачкото место. Граѓанската асоцијација „Мост“ како почести проблеми забележа семејно гласање, агитирање пред гласачки места, јавно гласање, сликање на ливчиња со мобилни телефони и друго. Семејно гласање било забележано во Тетово, Струга, Боговиње. На неколку гласачки места било забележено гласање и без претходна проверка со УВ-ламби.

202
Саркози од Гевгелија

(Франција ја призна Македонија под уставното име, но во првоаприлска шега на „Курие де Балкан“ )

Нанси - Вкусна или невкусна првоаприлска шега, но достојна за ваков празник. Веста, поточно опширната репортажа за наводното признавање на уставното име на Република Македонија од страна на официјален Париз, беше објавена на Интернет-изданието „Курие де Балкан“, специјализиран франкофонски весник за земјите од Балканот. За жал, веста уште во почетокот се гледа дека е лажна, бидејќи зад неа стои Риба Пешки Њуз.

Што стои во репортажата, која би била забавна ако не се допира во едно суштинско значење за нашата земја. Веста пристигнала вчера рано попладнето и во неа стои дека Франција ја признава Република Македонија под уставното име и веднаш бара нејзина интеграција во НАТО за време на Самитот во Стразбур. Фредерик Лефебр, портпарол на владејачката партија, ќе и' даде поддршка на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Бернар Кушнер и Карла Бруни-Саркози, исто така, се очекуваат во Скопје. Оваа радикална промена доаѓа по новите откритија за потеклото на претседателот на Франција: неговото семејство Шаркоски (Саркози на унгарски се изговара Шаркози) е по потекло од Гевгелија, на југот од Македонија.

Новинарот на измислената новинска агенција Ц. Циганерска потоа детално пишува за „одлуката на Саркози“. Најпрво се вели, во духот на сите репортажи, дека веста се чувала како тајност од Елисејската палата се' до вчерашното утро, додека советниците на Саркози од пред неколку дена со големо внимание ги разгледувале доверливите генеалошки документи пренесени од Република Македонија.


Саркози од Македонија

Според овие документи, со сигурност се дознава дека Саркози е директен потомок од семејството Шаркоски, кое во почетокот на 20 век изработувало и продавало свирчиња на пазарот во Гевгелија. Прадедото на Никола Саркози, Гоце Шаркоски, член на ВМРО уште од нејзиното основање, морал да замине во Солун по злосторствата направени од грчките андарти по Илинденското востание во 1903 година. Во Солун, како космополитски град, пробугарските приврзаници на ВМРО наоѓале многу лесно засолниште. (Овде, и покрај обидот да се даде историски втемелена димензија на шегата, се прави намерен или ненамерен обид за давање пробугарска боја на историското ВМРО.)

Гоце Шаркоски го биел глас на авантурист и бил физички привлечен, и покрај малиот раст, кој изгледа била наследен во семејството. Тоа најверојатно му дозволило да го освои срцето на унгарската грофица Наѓи-Боча, која престојувала во Солун. Нивната авантура траела кратко, бидејќи браќата на грофицата го претепале Дон Жуанот, кој потоа ја зел титулата гроф.

Овој Гоце Шаркоски оттогаш се викал „Шаркоси од Наѓи-Боча“, потоа го бугаризирал своето име во Шаркозов, кога служел како аѓутант на генералот Протуѓеров за време на Првата светска војна. По пробивањето на Солунскиот фронт и поразот на бугарските трупи, Гоце Шаркозов од Наѓи-Боча без двоумење ги оставил бугарските трупи и работел како снабдувач на француската армија. Обвинет за повеќе малверзации, тој заминал во бегство, по што му се изгубила трагата. Но, по проучувањето на документите кои сега се на располагање, тој имигрирал под името Goce Sarkosky de Nagy-Bocsam, под кое бил регистриран од полицијата во Марсеј во 1923 година. Ставањето на буквата „у“ во презимето можеби било по грешка на функционерот, но таа се забележувало и во подоцнежните документи. Во 1925 година некојси извесен Гоце Саркози бил ставен во затворот во Бомет поради „нарушување на ноќниот мир и состанување во банда во влез на една зграда“ (н.з. неговиот наследник Никола Саркози со закон денес сака да ги казнува истите престапи). Македонецот во една статија на весникот „Провансал“ од 29 ноември бил наречен „космополитско ѓубре“.

Сите овие документи му биле пренесени на француското претседателство на Републиката од страна на амбасадата на Македонија во Париз. Според Жак Атали, кој бил интервјуиран од парламентарниот ТВ-канал, теоријата според која Никола Саркози бил со грчко потекло била втемелена врз лажни фалсификувани документи од страна на грчкото Министерство за надворешни работи. Тој притоа додал дека „овие фалсификати на историјата придонесуваат за сеење метеж во идентитетот и ја потхрануваат кризата на вредности што го погодува Западот.

Точно во 11,20 часот во средата (1 април) Министерството за надворешни работи на Франција објавило едно коминике со кое се соопштува дека „Франција ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име“.

За телевизија А1, министерот Бернар Кушнер изјавил дека „Париз сака да ги обнови историските врски меѓу Франција и Македонија“. Тој прецизирал дека претседателот Саркози побарал итен прием на Македонија во НАТО за време на Самитот во Стразбур. „Ако ова не биде направено, претседателот најави дека ќе го напушти Самитот и дека француската полиција нема повеќе да го обезбедува“. Во таков случај Франција ќе се откаже од враќањето во интегрираната команда на НАТО.

Истовремено министерката за економија, Кристин Лагард, најавила дека „многу француски претпријатија ќе бидат спасени благодарение на стратегиското партнерство со Македонија“, обелоденувајќи дека француските претпријатија на кои им се заканува затворање ќе бидат набрзо делокализирани во слободната зона во близината на Скопје.

Никола Саркози најавил дека ќе биде создадена комисија на експерти, која ќе ја водат Жак Атали и Џак Ланг, и ќе биде задолжена да го проучи подигањето на една статуа на Александар Велики на плоштадот „Конкорд“ во Париз. Овој споменик, според зборовите на претседателот Саркози, „треба да претставува знак на голема почит на Франција кон вечната Македонија“.

Грчката амбасада во Париз веднаш протестирала „поради неочекуваниот пресврт“ во француската позиција. Воениот аташе на грчката амбасада веднаш му телефонирал на министерот за одбрана на Франција, Ерве Моран, за да му го изрази „живото незадоволство“. Тројца грчки офицери, моментно на обука во Воената школа во Париз, веднаш ја напуштиле школата во знак на протест.

Фредерик Лефебр, портпарол на владејачката УМП, истовремено ќе го поддржи Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, при вториот круг на претседателските избори, закажан за в недела. Тој за телевизија А1 изјавил дека „УМП природно е солидарна со ВМРО-ДПМНЕ против фашистичката, ревизионистичка и демагошка кампања на СДСМ, која може да се споредува со таа на француската социјалистичка партија“.

За в недела, според добро информирани извори, предвиден е голем концерт на Карла Бруни-Саркози на плоштадот „Македонија“ за да се прослави најавената победа на Ѓорге Иванов. Сопругата на шефот на француската држава треба да испее три песни на Тоше Проески, идолот на цела Македонија, кој загина во сообраќајна несреќа во 20 октомври 2007 година. Според некои несигурни извори, Елисејската палата дискретно преговарала за учеството на српската пејачка Цеца на концертот на Карла.

При посетата на основното училиште во Безуј-ан-Комбри, претседателот Саркози им објаснил на учителите дека „подобро е децата да ги учат песните на Тоше Проески отколку да ја читаат „Принцезата од Клев“. Всушност, како што пееше Тоше Проески, „Срцето не е камен“.

Еве вака Французите се забавуваат за 1 Април со проблемот за името кој во Европската унија започнува да го допира и идентитетот на македонскиот народ и јазик.

„Утрински весник“
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B265AD601CB2D44B85864598F21997E6

203
Музика / Одг: "Беломорие" од Љубка Рондова
« на: Март 29, 2009, 02:18:02  »
http://www.youtube.com/watch?v=_wDgq1yaiJQ

Каљо, Калино девојко - Љубка Рондова

Каљо, Калино девојко,
виши, виши црни очи.
Извиши ги на високо,
на високо, на широко.

Каде Турци кафе пијат,
Арнаути - баш ракија,
Арнаути - баш ракија,
а Болгари - рујно вино.

Само едно лудо младо
нито јаде, нито пие,
само мен ме погледнува,
со око ми намигнува.

Ајде Каљо да бегаме
в наше село, арно село,
од три страни сл`нце грее,
од четврта месечина,
три пати се жетва жние,
два пати се лозје бере.

204
Шегата на "Новинар" била говор на омраза :)

"Новинарите" на "Нова Македонија" не запираат со антибугарската пропаганда којашто во последните денови секојдневно ја спроведуваат.

Говор на омраза на бугарски сајт за македонскиот јазик - novamakedonija.com.mk/Deskt...

205
Музика / Одг: Мюзик айдъл в Скопие
« на: Март 21, 2009, 08:32:55  »
Дали навистина има проблем со србизмите или намерно ги употребува, не знам, но Сања Николиќ, а често и преведувачката употребуваат српски зборови и цели фрази. Еве само дел од тоа што забележав што го кажа Сања:

- Така да, морам да ти ја поклонам...
Треба да биде: Така што, морам да ти ја подарам...
- Се понашаш неозбилно...
Треба да биде: Се однесуваш несериозно...
- Ја стварно не знам...
Треба да биде: Јас навистина не знам...
- Се шалам...
Треба да биде: Се шегувам...

Ова е само дел од многуте србизми коишто водителката ги употребува, намерно или ненамерно. Мислам дека организаторите на Music Idol треба да реагираат на тоа.

206
Музика / Одг: Eurovision Song Contest - Moscow 2009
« на: Март 21, 2009, 08:19:24  »
Штом нашите претставници зборувале на српски, заслужиле да ги претстават како БЈРМ.

208
Се уредуваат германските гробишта во Прилеп

Забрзано се уредуваат германските гробишта во Прилеп. Од уредувањето, кое се извршува во две фази, преостануваат уште хортикултурното и комуналното уредување на комплексот кое треба целосно да заврши летово.

- На 29 август во присуство на претставници од германската амбасада и германската влада, гробиштата ќе бидат претставени како уреден комплекс - рече потполковник Хајнрих Киндингер, аташе за одбрана при германската амбасада при вчерашната посета на гробиштата. Поставени се надгробни плочи, се уредува влезот во комплексот, а потоа ќе се уредуваат и патеките на кои ќе работат прилепски фирми.

За изведување на проектот е одговорна германска организација која го спроведува уредувањето на гробиштата. Германските претставници не прецизираат колку пари се потрошени за нивното уредување.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A05EBC507E0C5444B41FBA3E07C3C519

209
Иако Неготино важи за општина населена главно со Македонци, се' почесто се споменува Имер Селмани и се споредува со Обама. Во градот дури се прикажува дека неговата прабаба била Македонка.


Попе, грев ли е да гласам за Селмани? Вакво прашање деновиве неколкупати му било поставувано на свештеник на МПЦ во Неготино од неговите сограѓани. А одговорот бил:

- Во Библијата е споменато дека секоја власт е од Бога дадена. Тоа значи дека нема врска дали ќе гласате за христијанин или за муслиман. Божја волја е кој ќе победи, победата е од Бога дадена.

„Дневник“ ги побара и отецот и верниците кои за секој случај си прашале пред да гласаат на претседателските избори в недела. Тие ја потврдија информацијата.

- Бидејќи се сметам за голем верник, а и неготинци ме знаат како таков, за да не згрешам при гласањето, со оглед на тоа што Имер Селмани е муслиман, го прашав нашиот поп за совет - раскажува еден верник. Тој вели дека искрено размислувал да гласа за Селмани.

- Тој никого не навреди во кампањата, за разлика од овие „нашиве“ - додава. Свештеникот признава дека Православната црква би била порадосна доколку за претседател биде избран православен верник.

- Но се' си е по Божја волја и ние ќе ја почитуваме Божјата волја - дециден е тој. Ваквите несекојдневни прашања до свештеникот покажуваат дека се разгоруваат страстите пред изборниот ден. Иако Неготино важи за општина населена главно со Македонци, се' почесто се споменува Селмани и се споредува со Обама. Во градот дури се прикажува дека неговата прабаба била Македонка.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BEDAF4BB52586543A1EE2FB9A312A541

Страници: 1 ... 12 13 [14] 15 16