Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Прикажи ги пораките

Овој оддел овозможува да ги гледате сите пораки оставени од овој член. Но внимавај можеш да ги видиш истите само од делови на форумот каде имаш пристап.

Пораки - Илинден

Страници: [1] 2 3 ... 16
1
http://alsat.mk/vesti/zemja/2133708.html

ПДП со предлог за формирање албански национален совет

Партијата за Демократски Просперитет на следните парламентарни избори на албанските политички партии ќе им предложи да се формира Национален Совет со широки политички надлежности кој би дејствувал во идната Влада.

Овој национален совет ќе дава инструкции за функционирањето на Албанската Влада, како дел од Владата на Македонија. Ако ПДП ја добие поддршката на Албанците на следните избори, ќе биде дел од власта само преку Албанската Влада“, истакна Илир Лума – Секретар на ПДП.

Националната Демократска Унија на Хисни Шаќири ги кани албанските политички партии на избори да излезат со заедничка програма. Тоа, според партијата, би го мобилизирало албанскиот народ кој преку слободниот глас, ќе го изрази незадоволство кон, како што велат, дегенерирачката и анти- албанска политика.

„Ние како НДУ ќе бидеме сојузник на оние кои планираат да го реализираат овој идеал кој сметаме дека ќе ги донесе соодветните промени во општиот политички курс, со цел Албанците овој пат да постигнат политичка факторизација во сите процеси на донесување одлуки“, се вели во соопштението на НДУ.

2
„ВРЕМЕ“ 25.02.2011
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2251&ArticleID=156947

ЕКСПРЕМИЕРОТ ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ВРАЌА ВО ПОЛИТИКАТА

Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, прв лидер на ВМРО-ДПМНЕ и почесен претседател на вонпарламентарната ВМРО-народна партија, ќе се врати во центарот на политичките збиднувања и на следните парламентарни избори ќе биде носител на листа во една од шесте изборни единици. Георгиевски ова го потврди во интервју за телевизијата „А1“ најавувајќи дека практично од 20 март, кога ќе се одржи Генералното собрание на партијата, официјално ќе ја почне битката за освојување гласачи. Претседателот на ВМРО-НП, Марјан Додовски, прогнозира дека јавното ангажирање на Георгиевски гарантира оти партијата ќе освои најмалку 10 пратенички места, кои ќе им обезбедат сигурно учество во формирањето на идната влада. Тој тврди дека во партијата се враќа старото членство на ВМРО-НП, кое, кога се формираше партијата на Љубе Бошковски, во првиот бран отиде кај него со големи очекувања дека сериозно ќе ја раздвижи политичката сцена. Иако во последно време се реактуализира идејата за обединување на помалите партии на десницата против владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Додовски вели дека е речиси извесно оти ВМРО-НП ќе настапи самостојно на следните избори. Познавачите на состојбите се убедени дека Георгиевски секогаш може да смета на своите верни приврзаници, таканаречени љупчовисти, кои во земјава, според нивните процени, ги има повеќе од 50.000, најмногу во источна Македонија и во охридскиот регион. - Георгиевски нема да ги остави рамнодушни Македонците на следните избори бидејќи со секое излегување во јавноста, цел месец го држи народот буден - објаснува универзитетскиот професор и политички аналитичар Јове Кекеновски[/b], кој воопшто не е изненаден од одлуката на поранешниот премиер да излезе на избори. Тој потсетува дека, откако тој јавно се декларирал како Македонец со бугарски корени, може да смета на поддршка од сите што се чувствуваат како Бугари во Македонија, како и на старите вмровци, кои во ова време останаа доследни на својот прв лидер. Дел од политичките аналитичари, пак, коментираат дека Љубчо Георгиевски одамна го достигнал зенитот на својата политичка моќ и дека, практично, е невозможно да се крене од пепелот поради тоа што тој веќе подолго време е неактивен во политиката и само одвреме-навреме со контроверзни изјави ја бранува јавноста. - Георгиевски е митолошка фигура од едно време кое веќе е далеку зад нас. Илузорно е да се очекува повторно да воскресне и да ја освои политичката сцена. Особено поради фактот дека партијата во која членува, практично, е невидлива во денешната политика и со самото нејзино појавување не можеме да очекуваме да освои 10 пратенички мандати - вели политикологот Владимир Божиновски. Тој претпоставува дека нема да се случат никакви поместувања и дека пратеничките места ќе бидат поделени меѓу најголемите партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и албанските партии. - Самиот Донтов модел секогаш им дава предност на посилните политички партии со распределбата на гласовите. Така, за да освои ВМРО-НП десет пратеници, за нив треба да гласаат 150.000 гласачи, што во овој момент е илузија - вели Божиновски. Георгиевски во изминатите пет-шест години се држеше настрана од дневно-политичките збиднувања. Сепак, како претседател на фондацијата што го носи неговото име, одвреме-навреме се појавуваше во јавноста со свои ставови за клучни политички збиднувања, како состојбата со името, лустрацијата... Тој последен пат директно учествуваше во изборна трка во 2006 година, како носител на листата на ВМРО-НП во петтата изборна единица.

3
ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОДАВААТ СРПСКИ КЕКСИ ПОЛНИ СО ОТРОВ

Како што соопштија некои македонски медиуми кекс производите "Jaffa" на српската компанија „Црвенка“ содржеле отровни составки. Поради тие причини пред неколку дена сите производи на оваа српска фирма биле повлечени од продажба во Словенија, а се очекува истото да го направи и Македонија.

Опасноста од овие отровни српски производи била голема и за децата и за возрасните - пренесуваат словенечките медиуми. Потрошувачите во Словенија што купувале „Јафа“ биле советувани да не ги отвораат и да ги вратат во продавница.




4
Актуелни теми од медиумите / Одг: СРПСКИ РАБОТИ !
« на: Февруари 23, 2011, 12:11:31  »
СРБИ ДОБРОВОЛНО СЕ АЛБАНИЗИРААТ

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=011AF550F6F05448AB7667A5AA4973C7

Избеганиот српски бизнисмен Богољуб Кариќ (55), за кого Србија распиша црвена потерница на Интерпол, доброволно зел држајванство и пасош на Република Косово.

Тоа го потврдил и докладот на ЕУЛЕКС кој неодамна пристигнал во Белград, а во кој се вели дека "без оглед на српската потерница, нема основ за апсење на Кариќ, бидејќи тој е државјанин на Косово, а според законот, Република Косово не ги израчува своите државјани на други земји"!

5
Србите од „Вечер“ и „Сител“ сонуваат за нова Југославија :)

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5A505DA5C2FD3C468C971945D288CC98

...Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Македонија, Хрватска и Црна Гора, практично земјите од Балканот коишто не се во Европската унија, ќе се обединат во Балканска унија и тоа е единствениот начин да се стабилизира овој дел на Европа....

...Со формирање на Балканска унија конечно БиХ ќе стане функционална држава, ќе се намалат политичките тензии и ќе се спречи секоја можност за отцепување на Република Српска, Србија би ги решила внатрешните работи и односите со Косово, Црна Гора би го решила српското прашање кое се уште е отворено, во Македонија ќе се подобри квалитетот на животот, Албанија ќе отвори големи економски можности, а Косово во балкански рамки конечно ќе се стабилизира. Кога се работи за Хрватска, која објективно е најблиску до прием во Европската унија, од "Сан" оценуваат дека таа исто така би влегла во Балканската унија и до приемот во ЕУ ќе има статус на "главен мотор"...

6
http://focus-news.bg/?id=n1495422

Канал 5: Македония иска реципрочни права в добросъседските отношения с България
23 февруари 2011 | 09:51 | Агенция "Фокус"

Скопие. България ще трябва да отговори на македонските забележки за предложението за подписване на договор за добросъседство, коментира днес скопската телевизия Канал 5. Очаква се днес македонският заместник-министър на външните работи Зоран Петров да замине за София, където ще се срещне с официалните власти. Телевизията коментира, че посещението е една година след като Скопие отговори на предложението на България за подписване на договор за добросъседство.
„Това което е проблем за Македония е, че в договора България поставя условия по отношение не евроинтеграцията. Ако Македония не се съгласи с тези искания, България ще се отнася като Гърция и ще може да блокира членството на Македония в ЕС.
Междувременно необходимостта от подобряване на отношенията между двете страни се увеличи след последните събития на преброяването в България. Македонските граждани ще плащат глоба, ако се впишат като македонци. Петров ще поиска отговор за това от своя колега”, изтъква Канал 5.


____________________________________________________


http://focus-news.bg/?id=n1495465

МТВ: Политически консултации между България и Македония
23 февруари 2011 | 11:07 | Агенция "Фокус"

Скопие. Политически консултации между министерствата на външните работи на България и Македония ще се проведат днес в София, съобщава Македонската национална телевизия /МТВ/ . От македонското МВнР съобщили, че се очакват да бъдат разгледани възможностите и инициативите за по-нататъшно развитие на двустранното сътрудничество във всички области от взаимен интерес.

7
http://focus-news.bg/?id=n1495517

Спаска Митрова спечели окончателно делото за родителските права върху дъщеря си Сузана
23 февруари 2011 | 12:22 | Агенция "Фокус"

София. Спаска Митрова спечели окончателно делото за родителските права върху дъщеря си Сузана. Върховният апелативен съд в Македония е постановил решение, с което отхвърля жалбата срещу решението на първоинстанционния съд по делото за попечителството на Сузана, дъщерята на Спаска Митрова. Това каза евродепутатът Димитър Стоянов пред журналисти, предаде репортер на Агенция „Фокус”. Стоянов припомни, че решението на първоинстанционният съд е родителските права на майката – Спаска Митрова, с което делото за попечителството на Сузана, е спечелено окончателно.

Той посочи, че предстои да бъде осъществено пътуване до Македания на Спаска Митрова, където ще бъдат обсъдени следващите стъпки за вземането на детето.

„Това ще бъде в най-кратки срокове – до края на седмицата или началото на следващата седмица”, заяви Стоянов. По думите му и родителските права на бащата също трябва да бъде уговорени и те ще се осъществяват с посредничеството на социалния център в Гевгелия.

"Атака" ще продължи да следи казуса. „Досега имаше некоректно поведение от страна на социалния център. Върху детето беше оказван психически тормоз, когато Спаска имаше своите редовни свиждания – на детето му бе обяснявано, че майка му го оставя, защото не го иска”, заяви Стоянов и уточни, че ще следят тепърва дейността на този социален център.
„Това е успех за каузата на българите в Македония”, каза още Стоянов.

Спаска Митрова заяви, че още е развълнувана, тъй като това е борба, която се води вече четири години.

8
Што се однесува до „србизмот“ ПОВЕЛЕТЕ, во истата книга на Кузман Шапкарев, Български народни прикаски, вѣрования, пословици, гатанки, игри и пр., може да се најдат неколку примери за употребата на „повели“, со таа разлика што најчесто се испушта „в“ (карактеристика за западномакедонските говори), па го сретнуваме како: поèлите, пòеля итн.

http://promacedonia.com/ksh_4/ksh_ohrid_21-34.htm
...Потем мàлу врèме, кога òвье вèке си сèделе по крàй огон, дòшле две мèчки и два вòлка, домакѝните на запустèната водейнца, со сè челядите си и ’и нàшле тỳка. Гòстите кога ’и вѝделе домакѝните, се сдървиле и скàмниле от стрàх. «Добре дòшле, приятели,» им вèлеет мèчките и вòлците. «Добре вè нàй-дофме,» им отгòорвеет гòстите. «Поèлите сèдните, сèдните дè, сèдните,» им повтòрвеет домакѝните....

gromovnikot дал многу интересни примери за употребата на повели (повела) кои се исти и во другите говори, не само во гевгелиско.


Еве интересен напис од МИА за некои поздравувачки и дрги изрази:

Благослови

Поздравувачки изрази во Охрид

Какви поздравувања, молитви се кажуваат при официјалните, свадбени случаи, потоа при раѓање, погреб и при празничните моменти кажано е погоре при описот на обичаите, овде ќе кажам нешто за поздравувањата што се употребуваат обично во секојдневните средби на луѓето помеѓу нив.

1. Кога човек ќе дојде во некоја куќа или ќе сретне некој свој познат, пријател или роднина на пат, поздравува како што е обичај:

а) Ако е утро или претпладне му вели.  Добро утро, а сретнатиот одговара: Дај Бог добро, или: Дал ти Бог добро, или: Дал ти Господ добро, а ако сретнатите што одговараат се жени, велат:  Бог да прости. Ако средбата е во домот додаваат уште:  Добре дојде или Добре, си дошол, а на мнозина: Добре сте дошле, на кое посетителите во одговор додаваат: Добре ве најдофме. Исто така и кога домаќините или домашните на некоја куќа ќе затекнат во својот дом пријатели (посетители) дојдени додека тие биле отсутни кога ќе влезат им велат: Добре сте дошле, а тие одговараат: Добре ве најдовме.

На пладне посетителите или сретнатите велат: Пома Бог, или Поможи Бог, а селаните: Помагај Бог, а во Прилеп: Помози Бог. Сретнатите одговараат како што беше споменато погоре.

На вечер: Добор вечер, во Прилеп: Добро вечер. Сретнатите пак одговараат како погоре.

2. Кога некој ќе посети, затече или ќе помине покрај работници покрај погоре кажаниот поздрав, или заедно со него уште додава: Често ви работа (честита ви работа); а тие до двата случаи му одговараат: Чест д’имаш, сполај ти. Ако е при собрање плодови, на жетва, на вршидба, гроздобер и сл. посетителот при првиот поздрав вели: Господ бериќет. (се подразбира: да ви дајт).

3. Кога постителот ќе затекни луѓе што јадат им вели:  На здравје ви ручег (или) вечера, а тие му одговараат: Здравје д’имап, поели да ручаме (или) да вечераме. А тој откажувајќи вели: Сполај ви, Господ да ви придајт. Тие пак повторуваат: Сполајти.

4. Кога некој ќе го стигне некого на пат по првото обично поздравување му поставува прашање: Су здравје така? Или. Ако Бог дајт, су здравје? Поздравениот откако ќе одговори на првиот поздрав му одговара и на прашањето, ако сака, а ако не сака не му кажува туку го заобиколува прашањето и не му кажува кладе оди.

5. Кога двајца или повеќе мина се сретнат на пат или во куќа по првите обични поздравувања кои ги споменав погоре еднио на други си кажуваат уште неколку прашања. Така на пр. едните прашуваат: Што чините? Како сте? Здраво живо сте? А другите одговараат: Харно, сполај Богу, вие како сте? А тие исто одговараат:. А селаните во сличен слулај кажуваат: Све здрао, све живо. Кај жените тие распрашувања земаат поширок размер, откако ќе ги кажат првите прашања и им се одговори додаваат: Што ви чинат децата? Што ви чинат невестите? итн. Прашаните одговараат: Харно ми се, сполај Богу ви се кланеет су здравје; вашите што ви чинет? И тие така одговараат.

Забелешка. Кога ќе се сретнат жени ако меѓу едните или другите се случи да има некоја млада невеста или мома последната целива рака на постарите од тие жени што се сретнале со нејзината дружина.

6. Кога на некоја гозба или каков било собир, некого го покануваат да седне да земе од принесената храна или пиење или било каква да е друга покана го употребуваат зборот По’ели (заповедај), а тој одговара: По’еља д’имаш, сполај ти, или: Д’имаш кого да по’ељаш. Ако се кани на јадење или пиење, а тој не сака да земе, вели: Сполај ти Господ да придајт. а) Истото се вели и по јадењето, кога се тргнува од трпезата.

7. Кога некој ќе се напие вино или ракија пред да се напие б) кажува на некој од тие што седат на трпезата на кого сака да му ја предаде следната здравица, т.е. да пие по него а таков обично е тој што седи непосредно до него му вели; Здрами си (здрав ми си) или Твоја чест, а тој му одговара на првото Жи’ми си (жив да ми си) или; Здравје д’имаш, а на второто: Чест да имаш. Во селата во таков случај пред пиењето велат: Здравица ти, а одговараат: Здравје да имаш. Откако ќе се напие присутниот му велат: На здравје, или: На слатко, а тој им одговара: Здравје д’имате, или: Слатко ви здравје.

Забелешка: Исто така и кога некој ќе се избричи или ќе се обања, кога ќе го видат  познаниците негови така пресноизбричен или преснообањан му велат: На здравје, а тој исто одговара: Здравје д’имате.

8. Кога посетителите  по посетата што ја направиле во некоја куќа или по гозба си одат на посетените им велат: Сејте (седите) су здравје, ако пак е на вечер уште додаваат: Добра ви вечер, Добра ношт и добро осумвање, а домаќините откако ќе ги испратат до патната врата им одговараат: Хај су здравје, добро осумвање, а ако е на вечер и: Клањање су здравје на иди кого (нивните домашни). Последната фаза е обична кај жените кои и при секоја средба со други жени на разделбата го прават истото. Во Кукуш жените кога го испраќаат некого од дома му велат:  Фногу здраве и кланане, или просто: Фноугу клањата да носиш, на ете кој.

9. Кога го испраќаат некого на далечно патување, благословуваат и го испраќаат со следниве зборови: Хај су здравје, добор п’т, добра стреќа, добор к’смет и добро видение (се подразбира: да даит Господ) а тој што го испраќаат кога се разделува им одговара: Сполај ви, сејте су здравје пак добро видение.

Општо забелешки: Воопшто по селата обично благословувањата и поздравите се подолги а по градоте се пократки.

10.  Кога некој ќе чуе дека го викаат на име се одѕива со зборот: Повели (повели, заповеди). А во Струга и по селата со зборот: Чуја!

а) Тие што канат понекогаш на смеење на тој што откажува да земе од гозбата му велат: Поели од придаденото.

б) Пред се кога ќе ја земе чашата во десната рака благословува:, а од обичните молитви во случаи на веселби, освен на свадба, најглавната е? За много години во Кук За фногу години, (радосни) Тој што слуша вели: Амин. На свадба не се вели: за многу години туку: Еднаш за век’т.

Од записите на Кузман Шапкарев. (Подготви Марко Китевски)

9
   Божик, божич или коледа. Как в Македония в 1910г се е наричал деня в който е роден Христос ?

Денес во Македонија Божик се нарекува денот на рождеството Христово. Бадник е вечерта пред Божик, а Коледе се нарекува обичајот кога коледарите (најчесто деца) одат по куќите и собираат колачиња, костенчиња, оревчиња и по некоја паричка :)

А еве што има за Божик во збирката на Миладиновци и во приказките на Кузман Шапкарев.

1861 година - "Бѫлгарски Народни Пѣсни" - Димитар и Константин Миладинови

страница 551 - Годинешни обичаи в Кукуш



страница 119 - Жална Кана




1892 година - „Български прикаски и вѣрования“ - Кузман Шапкарев
http://promacedonia.com/ksh_4/ksh_ohrid_21-34.htm
(Приказна од Охридско)
...Та и яз от тòа бèгам, им рèкло тòо: пъ̀рвиче се чѝнит нèгде? — àйде да го закòлиме пèтлето; дòшол нà гости зèтот? — айде закòлите го пèтлето; турчин дòшол, гòст дошол? àйде закòлите пèтлето; пòклади дошле, Бòжикь дòшол или Вèликден? àйде закòлите пèтелот; подрàстило си мàлу или не; пропèало си или ỳшче не, èто ти, глèдаш, пèтлето го клàле нà софра! Не сè търгат вèке; ке бèгам и яз зàедно сò вас!» И тàка и тòа се сдрỳжило сò ними, та се стòриле четвòрица дрỳгари и си търнале да òдеет...


.

10
Актуелни теми од медиумите / Одг: "АБСУРДИСТАН"
« на: Декември 11, 2010, 08:08:33  »
http://vest.com.mk/?ItemID=CE7E07D6107D44429C2AC2CF2A24B4B2
Пишува Горан Михајловски

Кутри пакистански племиња. Малку им се талибанците, па сега уште и Грци и Македонци им требаа. Грците си ги најдоа Калашите, а ние Хунзите. И едните и другите велат дека се директни потомци на Александар Македонски.

Сега ние на Хунзите ќе им дадеме плац за кралска палата во Паљурци, кај што минал свети Павле.

И СДСМ оти немаат попаметна работа се побунија затоа што плацот за кралската палата ќе бил даден без пари. За разлика од нив што во центар на Скопје за 25 евра квадрат дадоа плац за супермаркет.

Многу јака опозиција имаме. Ај што за малку до избори ќе нe донесеа, туку сега се борат да не пропадне Македонија без плацот во Паљурци.
Пакистанците ќе мора да чекаат одобрение за градба до јули. Оти тогаш локалната самоуправа ќе добие ингеренции да дава земјиште без пари. Ако сакаат да побрзаат ќе мора да им потпише министерот Миле Јанакиески. А тој пак што не потпишал, ќе потпише и за кралска палата. Како велат Србите: "Ебате држава без крал".

11
Актуелни теми од медиумите / Одг: www.balkanleaks.eu
« на: Декември 11, 2010, 07:54:31  »
Болканлийкс или Болкан измама?

Какво стои зад българската версия на “Уикилийкс” (www.balkanleaks.eu)? Все още е неясно.

Нищо чудно този сайт да е създаден наистина за целите, написани в него (“да се борим срещу организираната престъпност и политическата корупция на Балканите”), но може да е създаден и от наши служби или от хора, които не искат да изтича информация. А може и от хора, които искат да събират информация?

Самите български служби може да са създателите, така да ловят наивници, пуснали истинска информация, а за заблуда са вкарали старички, но не чак толкова известни данни за стръв. Нищо не пречи сайтът да е създание на ДАНС, МВР, разузнаване и т. н. или на някоя частна компания, решила да събере информация, с която да хване за топките някой полезен за тях високопоставен..........

http://www.trud.bg/Article.asp?ArticleId=705877

12
Прочее, останах с впечатлението, че словенците говореха на сръбско-хърватски език, а не на словенски. Или греша?

Да. Тоа не е прв случај. Многу често кога некој Словенец дава интервју за некоја македонска телевизија говори на српскохрватски.

13
Актуелни теми од медиумите / www.balkanleaks.eu
« на: Декември 11, 2010, 03:45:55  »
www.balkanleaks.eu

Балкански тайни в интернет. Има ли нещо тайно?

Българинът Атанас Чобанов, живеещ в Париж, създаде сайт “Болканлийкс” - по подобие на “Уикилийкс” на Джулиан Асанж.

“Болканлийкс” обещава да публикува тайни документи за “организираната престъпност и политическата корупция” у нас.

На сайта има указание как да се качват такива документи, за да бъде гарантирана анонимността на подателите. За целта бил осигурен специален криптиран сървър.

Има два текста, които наистина претендират за нещо ново. Първият е за меморандума, подписан на 30 ноември 2010 г. между НЕК и "Росатом" за АЕЦ "Белене" (виж по-долу).

Вторият е за масонска ложа в българската съдебна система...........

http://www.trud.bg/Article.asp?ArticleId=705212


14
Живееме во ретрокомунистичка држава

Интервју: Мирјана Најчевска

- Живееме во ретрокомунистичка држава. Гледаме многу елементи во денешниот модус, во начинот на дејствување на власта кои може да се споредат со најнегативните искуства кои постоеле или во периодите на револуционерна промена во одредени држави или во држави во кои владеел социјализмот, а во кои имаме најголеми деформации на социјализмот. Постои спротивставување на државата на цивилното општество, едноумие кое се прокламира на ниво на општествена свест, едноумие кое се гледа во пропагандата, во образованието, во методите на закани и на застрашување, во преголемата заштита на политичарите во однос на јавното мислење. Европскиот суд за човекови права е многу јасен - политичарите не се тие што треба да ги штитиме од нападот на медиумите, од нападот на мислењето на граѓаните, од поединечниот напад на поинаквото мислење. Мислам дека имаме најмногу тужби на луѓе од власта против новинари и против обични граѓани, против експерти, бранители на човекови права и синдикалисти. Тоа е црвено светло кое покажува дека имаме базичен проблем и тоа не е проблем на заштита на човеквите права, туку е проблем на есенцијата на демократија. Во моментов јас не живеам во демократска држава гледано низ перспективата на сите овие параметри......

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0CE3E5EC9442664FB49411681DCAE85D

15
Нов потрес во судството - Дума разрешена

Брачниот пар Маневски долго време води војна со нас. Претседателот на Апелацискиот суд, Митриновски, со директен напад кон министерот за правда и неговата сопруга.

Обвини дека зад денешното барање за негово разрешување и зад разрешувањето на апелациските судии Виолета Дума и Владо Џилвиџиев се кријат Михајло и Филимена Маневски........

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=131449



Дума: Голема е моќта на Филимена и Михајло Маневски

Виолета Дума и Владо Џилвиџиев не се повеќе судии во апелација. Госпоѓа Дума беше гостин во Вестите на А1 Телевизија.

Се чини дека во вашиот случај, ако можеме да се послужиме со речникот на Апелациониот суд, брачниот пар Маневски ја доби војната со вас и со судијата Џилвиџиев.

- Најкратко да одговорам - очигледно е голема моќта на семејството, не би го нарекла, јас посебно ќе кажам, на Филимена и на министерот Маневски.........

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=131481

Страници: [1] 2 3 ... 16