Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Прикажи ги пораките

Овој оддел овозможува да ги гледате сите пораки оставени од овој член. Но внимавај можеш да ги видиш истите само од делови на форумот каде имаш пристап.

Теми - Илинден

Страници: [1] 2 3 4
1
ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОДАВААТ СРПСКИ КЕКСИ ПОЛНИ СО ОТРОВ

Како што соопштија некои македонски медиуми кекс производите "Jaffa" на српската компанија „Црвенка“ содржеле отровни составки. Поради тие причини пред неколку дена сите производи на оваа српска фирма биле повлечени од продажба во Словенија, а се очекува истото да го направи и Македонија.

Опасноста од овие отровни српски производи била голема и за децата и за возрасните - пренесуваат словенечките медиуми. Потрошувачите во Словенија што купувале „Јафа“ биле советувани да не ги отвораат и да ги вратат во продавница.




2
Актуелни теми од медиумите / www.balkanleaks.eu
« на: Декември 11, 2010, 03:45:55  »
www.balkanleaks.eu

Балкански тайни в интернет. Има ли нещо тайно?

Българинът Атанас Чобанов, живеещ в Париж, създаде сайт “Болканлийкс” - по подобие на “Уикилийкс” на Джулиан Асанж.

“Болканлийкс” обещава да публикува тайни документи за “организираната престъпност и политическата корупция” у нас.

На сайта има указание как да се качват такива документи, за да бъде гарантирана анонимността на подателите. За целта бил осигурен специален криптиран сървър.

Има два текста, които наистина претендират за нещо ново. Първият е за меморандума, подписан на 30 ноември 2010 г. между НЕК и "Росатом" за АЕЦ "Белене" (виж по-долу).

Вторият е за масонска ложа в българската съдебна система...........

http://www.trud.bg/Article.asp?ArticleId=705212


3
ПРОМОВИРАНА ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ПРИ НУБ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Ретки ракописи достапни на интернет

Стари ракописи од 13 век до 19 век, весници и списанија што го следат во чекор развојот на македонската национална мисла, првопечатени книги од појавата на печатарството, дела од македонските преродбеници, отсега се достапни на интернет-страницата на дигиталната библиотека на Македонија, њњњ.длиб.мк, промовирана завчера во НУБ „Св.Климент Охридски“. Промоцијата, која се случи во рамки на одбележувањето на денот на еден од најголемите сесловенски светители, свети Климент Охридски, само ја најави стратегијата што ја има библиотеката, а тоа е овозможување достапност до ретките книжни колекции што имаат статус на културно наследство и драгоцен материјал. - За почеток, приоритет ни е археографската, ориенталната, музичката и картографската збирка, како и ретката периодика, да му ги претставиме на светот како наш придонес во цивилизацискиот развој, а потоа ќе правиме стратегија за современото издаваштво - вели Миле Бошески, директор на НУБ „Св.Климент Охридски“. Постапката на дигитализирање на книжното културно наследство претставува бавен процес, вели тој, зашто станува збор за исклучително софистицирана обработка. - Неопходно е да се работи во фази, зашто не е целта само да се дигитализира материјалот, туку треба да се направи и лесно достапен да се пребарува, а сето тоа бара специјални софтвери. Може да се рече и дека сме понапред од регионалните земји кога станува збор за дигитализацијата имајќи ги предвид можностите што ни се на располагање. Франција за оваа намена одвојува и по 100 милиони евра и повторно смета дека доцни во ваквиот процес - додава Бошески нагласувајќи го фактот дека Македонија е единствената земја во Југоисточна Европа што наменски изгради објект за дигитална библиотека.

Инаку, покрај промоцијата на интернет-страницата на дигиталната библиотека, во чест на Денот на св. Климент Охридски, во НУБ, која го носи името на првиот оригинален словенски писател, завчера се одржа и четвртата научна средба на тема „Св. Климент Охридски и Охридската духовна и книжевна школа“. Во новиот објект на НУБ, каде што е сместена Дигиталната библиотека на Македонија, беше откриена и скулптурата на „Св. Климент Охридски“ од авторот Томе Серафимовски.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=2187&ArticleID=152883

4
Богданци ќе гради кралска резиденција за кралот на Хунзите

Кралска резиденција на Хунзите ќе никне на Паљурци. На околу три хектари земја ќе се распостила кралскиот комплекс на потомците на Александар Велики.

Барање за изградба на дворец стигнало директно од северен Пакистан до општина Богданци. Барањето до доставила првата Македонка што ги посети Хунзите во Пакистан, Марина Дојчиновска, како официјален застапник на кралското семејство.

Покрај кралска палата, предвидена е и изградба на хотел, бизнис со кој кралското семејство се занимавало неколку години. Градоначалникот Ристо Ичков вели дека општината ги планирала и Хунзите во измените на деталниот урбанистички план. Принцот Газафар Али Кан се очекува овој месец во Македонија.

Хунзите живеат во северен Пакистан, административно се дел од пакистанската држава од 1974 година, но го задржале кралот. Освен Хунзите кои бројат околу 50.000 за потомци на војската на Александар Македонски се сметаат и племето Калаши. За разлика од Хунзите кои се исламизирани и образовани, Калашите се неуко племе.

„Канал5“ - Читај повеќе...

5
ДНЕВНИК, 22 ноември 2010

Ана Стојановска во бугарски филм

Актерката Ана Стојановска ќе ја игра главната улога во бугарскиот филм „Вера, љубов и виски“ во режија на Кристина Николова. Станува збор за дипломска работа на Николова, која е студент на Факултетот за уметности при Универзитетот „Њујорк“.

- Во потрага за протагонист на главната улога, режисерката се посоветувала со режисерот Милчо Манчевски, кој ме предложил мене, како актерка со најмногу оган. Исконтактиравме и направивме мини-аудиција во Скопје. По седум месеци ми се јави повторно. Најинтересниот дел беше тоа што баш тој ден кога требаше да се видиме, слетав во Софија од Шпанија, каде што бев на одмор и притоа ми беше роденден. Аудицијата помина шашаво, јас не само што не знаев да зборувам бугарски, туку не разбирав ни што зборуваше таа. Со заеднички напор и користење раце, нозе, пантомима се разбравме и поминав одлично, со оглед на тоа што ми се јави повторно и почнавме со снимање наредната недела - вели Стојановска.

Приказната е за девојка што емигрира во Америка, сакајќи да си ги исполни своите соништа и цели и да го види светот и да докаже дека може и подобро. Обидувајќи се да го најде своето место во голем град како Њујорк, го губи своето во Бугарија и на крајот единственото место што може да го нарече свој дом е нејзиното детство. Притоа треба да реши голема дилема, дали да остане со човек што и' нуди сигурност, безбедна иднина и пари, но не ја разбира нејзината страст или неа како личност или да остане со човек кој, пред се', и' е пријател и вистински ја познава. Филмот е за самооткривањето, одлуките што мора да се донесат, жртвата што треба да се направи и да се открие што е тоа што навистина те прави среќен, за да се бориш за тоа.

Македонија не партиципира во филмот.

- Единственото учество на Македонија во филмот е преку мојата улога во него. Живеев во Софија еден и пол месец, каде што го снимавме првиот дел. Екипата беше неверојатно трпелива со мене и дури во некои моменти повеќе веруваше во мене отколку јас самата. Беше голем предизвик да се подготви улога на друг јазик, кој е сличен, но всушност многу различен од мојот мајчин јазик, а притоа имав многу малку време. Ми беше тешко, но и неверојатно интересно. Соработката со актерот Валери Јорданов беше фантастична. Ме радува што имав толку харизматичен, креативен и внимателен партнер, кој многу ми помогна да се вклопам, да уживам и пред се' да си играм - вели Стојановска.

Вториот дел од филмот е снимен во Њујорк.

- Тој е толку инспиративен и егзотичен град и на секој ќош се случува некој нов филм. Тоа ми беше прва посета на Њујорк, работев со луѓе што не ги познавам и на места каде што никогаш не сум била. Искуството не се објаснува со зборови, тоа е остварување на моите соништа - вели Стојановска.

Се очекува филмот да биде готов до крајот на мај, идната година. Снимањето е завршено на 30 октомври, па сега остануваат монтажата, звукот, да се направи колор-корекција.

6
СРБИТЕ ШАМПИОНИ ВО ЈАДЕЊЕ МЪДИЊА!

Во селото Озрем кај Горњи Милановац, Србија, од 27 до 29 август се одржал фестивал во приготвување и јадење тестиси.  Се приготвувале тестиси од бикови, свињи, коњи, ајкули, ноеви, магариња и елени, и се правеле специјалитети како: пица, мусака, гулаш и чорби – и сето тоа подготвено од тестиси. Овој натпревар влезе и во Гинисовата книга на рекорди како шампионат кој траел најдолго, на кој учесниците можеле да уживаат во специјалитети направени од тестиси.

Mоже да прочитате нешто и тука:
www.spic.com.mk
www.kanal5.com.mk

Да им посакаме на браќата Срби догодина да го пробаат и од трите подолгото па да направат уште еден гинисов рекорд!

7
Видео снимка: http://www.youtube.com/watch?v=XaB1NCAWoVU


Сърби и гърци спретнаха здрав бой в контрола
(www.gol.bg)

Световното първенство по баскетбол започва другата седмица, но страстите са горещи дни преди турнира в Турция.

Късно снощи европейските сили в този спорт Гърция и Сърбия спретнаха здрав бой помежду си по време на проверка помежду им в Атина. И двата състава са участници в надпреварата, а и непримирими съперници и винаги са сред фаворитите.

В крайна сметка двубоят за купа "Акрополис" не завърши, като бе прекратен при 74:73 за домакините. Милош Теодосич и Андонис Фоцис започнаха скандала, в който след това се включиха и останалите играчи от двата състава.

Ситуацията излезе извън контрол и баскетболистите се бутаха, ритаха и блъскаха, а центърът на Сърбия Ненад Кръстич севсем полудя, взе един стол край страничната линия и удари с него Бурусис, нанасяйки му рано зад лявото ухо.

Гръцкият играч естествено побесня и едвам бе удържан от съотборниците си и хората от щаба на състава. В крайна сметка страстите бяха овладяни, но се очаква и двата отбора да бъдат сериозно наказани заради изтъпленията по време на сблъсъка.


Грците и Србите си пуштија крв во Атина
(www.dnevnik.com.mk)

Во масовната тепачка на теренот во Акрополис купот, Крстиќ го удри Бурусис со стол по глава, а овој сакал да го суреди во соблекувалната, па потоа поднел тужба против него за тешки телесни повреди

Последниот меч од Акрополис купот во Атина заврши неславно со масовна тепачка на сите кошаркари на тимовите на Србија и на Грција. Во тепачката, меѓу другото, српскиот центар Ненад Крстиќ со стол го погоди грчкиот центар Бурусис по глава и го раскрвави.

Низ натпреварот домаќинот ја имаше наклоноста на судиите, а селекторот на гостите Душан Ивковиќ заработи дури две технички, па замина од теренот. Ивковиќ, новиот тренер на Олимпијакос, вербално ги напаѓаше судиите. До тепачката дојде по вербалниот судир меѓу Милош Теодосиќ и Антонис Фоцис. Крстиќ го нападна корпулентниот центар Скорцијанитис, обидувајќи се да одбрани еден свој соиграч кој беше на подот. Потоа Крстиќ фрли со стол кон Скорцијанитис, но тоа го погоди Бурусис. Тепачката пред 5.000 публика траеше две минути. Бурусис потоа сакал да влезе во соблекувалната на Србија, но бил спречен. Наводно пред соблекувалната Скорцијанитис ја продолжил тепачката со Крстиќ и со Бјелица.

Мечот беше прекинат во 38. минута, а беше регистриран со резултат 74-73 за Грција, која победи на турнирот.

Гркот Царцарис ги нападна Србите кои настапуваат за грчки клубови сметајќи дека тие се вишок во оваа лига.

- Се работи за деца кои лебот го вадат во нашата земја, а прават проблеми. Не треба да затвораме очи пред таквите состојби. Нашите кошаркарски челници треба да размислат за тоа. Имаме доволно квалитетни грчки играчи, па некои луѓе треба да научат дека не треба да им се даваат пари на деца кои тоа не го заслужуваат - смета Царцарис.

За чудо, судиите не запишале во записникот ништо за инцидентот. ФИБА побарала видеоматеријал од средбата, но тешко дека ќе има казни поради тоа што нема ништо во записникот.

Бурусис наводно против Крстиќ подигнал тужба за нанесување тешки телесни повреди. Грчката полиција го запрела автобусот со српскиот тим и зела изјави од Крстиќ, Кешељ, Теодосиќ и Ивковиќ за тепачката. Српските кошаркари салата во Атина ја напуштија околу 2 часот по полноќ во придружба на големи полициски екипи.

8
Езерската кал во Дојран е лековита. Ова го покажаа четиримесечните испитувања на националната болница за физикална терапија и рехабилитација од Бугарија. Во образложението што го доставија до општината пишуваат дека калта има неверојатни својства. Особено е корисна за лекување на болести на мускулите и коските. Лековитите својства на езерото создаваат услови за туризам во текот на целата година.

Канал5

9
Форумот е постојано надгледуван од страна на нерегистрирани посетители. Понекогаш бројот на таквите посетители е навистина голем. Во овој момент има 10 нерегистрирани посетители.

Би сакал да упатам предлог до администраторите, целиот форум или некои делови од него да ги направат скриени за љубопитните нерегистрирани посетители.

10
Судот во Хаг потврди: Независноста на Косово е легална

Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска утврди дека прогласувањето на косовската независност не го нарушува меѓународното право, пренесува Ројтерс.

Советодавното мислење беше соопштено на јавна седница на судот во четврток што беше пренесувана во живо на англиски и на француски јазик.

Прашањето за независноста на Косово дојде до судот во Хаг по барање на Србија, по одлуката на Генералното Собрание на Обединетите Нации во 2008-ма година.

Расправата започна на 1-ви декември минатата година, а во текот на девет дена своето мислење го изнесоа вкупно 29 делегации.

Оценка дека прогласувањето на независноста не е во согласност на меѓународното право изнесоа Србија, Кина, Русија, Шпанија, Романија, Кипар, Аргентина, Бразил, Виетнам, Боливија, Венецуела, Азербејџан и Белорусија.

Спротивен став изнесоа САД, Велика Британија, Франција, Германија, Холандија, Австрија, Норвешка, Данска, Финска, Бугарија, Хрватска, Јордан и Саудиска Арабија.

Се очекува својата одлука судот во текот на денот да ја објави и преку соопштение за јавноста, со кратко образложение на мислењето и целиот негов текст.

Извор: А1

11
Молдавија сака да се соедини со Романија (вестник "Време")

Романскиот претседател Трајан Басеску при посетата на Кишињев во почетокот на оваа година на еден милион Молдавци им вети доделување романско државјанство, а шест месеци подоцна се зборува дека бројот на државјани во Европската унија ќе се зголеми за еден милион. Молдавија има 3,6 милиони жители, од кои романско државјанство веќе сега имаат околу 120.000 од нив, а уште 800.000 чекаат на позитивно решавање на молбите. Романскиот претседател, кој е член на десноцентристичката Демократска либерална партија, со овој потег на мала врата воведува политика на припојување на Молдавија кон Романија. Првите знаци на приближување на овие две држави, во кои унионистите од двете страни тврдат дека живее ист народ, се појавија уште при распадот на СССР во 1989 година кога молдавскиот парламент прогласи молдавско-романски јазичен идентитет. Двете земји имаат и практично исто знаме, а освен пактот Молотов - Рибентроп од 1939 година, со кој областа Бесарабија и е одземена на Романија и му е доделена на СССР, Молдавците имаат и многу практична причина за барање романско државјанство. Се работи за земја што дури минатата година со многу мака првпат на избори ги симна од власта нереформираните комунисти, а дведецениското задоцнето воведување демократија доведе до тоа домашниот бруто-производ да биде ист како во Камерун и во Судан, според статистиката на американска ЦИА. На романскиот пасош во Молдавија се гледа како на спасоносно право за патување и работ во ЕУ, каде што веќе со месеци се алармира дека во напливот на очајни и сиромашни Молдавци вртоглаво паѓа цената на работната сила. Инаку, Басеску не го крие својот сон за „голема Романија“, како таа во 1940 година. Независните молдавски политичари и бившиот премиер Мирчеа Друк двата соседни народи ги споредуваат со односот на Германците и Баварците, а кон обединување на двете држави стреми и актуелниот претседател на Молдавија, Михаи Гимпу. Од 53 пратеници на молдавската владејачка коалиција „Алијанса за европска интеграција“ деветмина веќе имаат романски државјанство, а уште 11-мина го очекуваат.


Трансдњестар во Русија или во Украина

Оваа приказна има и темна страна, а тоа е дека со актуализирањето на ова прашање се засилува сецесионизмот на истокот на Молдавија во самопрогласената република Трансдњестар, каде што во 90-тите години на минатиот век се војуваше. Трансдњестар е место што е мнозински населено со Словени, каде што од 537.000 жители дури 220.000 од нив поседуваат руско или украинско државјанство

12
Емиграција / Diaspora / Австралия / Австралија
« на: Јули 21, 2010, 03:28:57  »
Баби и дедовци учат англиски за да се разберат со внуците

Постарата генерација македонски иселеници зборуваат мешан јазик, а младите не одат да го научат.

АПСУРД ВО АВСТРАЛИЈА
Баби и дедовци одат на курс за да учат англиски јазик за да може да се разберат со своите внуци, кои не го знаат македонскиот јазик и не посетуваат настава за да го научат. Ваков апсурд постои во Австралија, каде што, како што објаснува Дијана Стериовска од добротворното друштво од Мелбурн, опаѓа интересот за учење на македонскиот јазик. Стериовска објаснува дека и најстарата генерација македонски иселеници во Австралија не го владеат македонскиот јазик поради нискиот степен на образование.

- Австралија дава многу пари за превод на печатени материјали на литературен македонски јазик. Но таквите материјали на еден 70-годишен човек не му значат многу. Така, на пример, на повозрасните им се делеа памфлети за да се едуцираат за дијабетесот, но повеќето од нив не можеа да разберат како да стават инсулин - вели Стериовска.


ВО ТОРОНТО ЗА 90 ОТСТО Е ОПАДНАТ ИНТЕРЕСОТ ЗА УЧЕЊЕ МАКЕДОНСКИ
Неделното училиште за изучување на македонскиот јазик во црквата „Св. Климент Охридски“ во Торонто, Канада, кое постои речиси 50 години, го посетуваат само 10-15 деца, за разлика од изминатите години, кога во клупите седеле од 100 до 150 деца. Маја Доневска, од литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, објаснува дека вината за намалување на интересот за учење на македонскиот јазик треба да се бара во родителите. Родителите веруваат дека на нивните деца им е полесно да комуницираат на англиски јазик затоа што на овој јазик ја следат наставата на училиште. повеќе ("Нова Македонија")

13
„Утрински весник“ - Штип живее од пензии и од текстил

Десет илјади пензионери со примања по стотина евра го издржуваат и поширокото семејство

ШТИП - Примањата на пензионерите и платите од текстилните фирми се главните потпори за штипјани да го поминат месецот. Според последниот попис, во општината има 47.796 жители од кои дури десет илјади се пензионери. Според Кластерот за текстил, во оваа стопанска гранка се вработени околу 7.000 лица. И чевларската индустрија во Штип зазема значајно место со близу 1.500 вработени од кои 1.200 лица работат во „Баргала“, најголемата фабрика за чевли на Балканот. Во последниве години замав зема и металската индустрија, чиј најреномиран застапник е „Актива“. Не е познат бројот на административни работници.

„Во општината се регистрирани 18.098 осигуреници, кои работат во 1.991 фирми и институции. За нив се плаќа пензиско осигурување. Во оваа бројка се вработените во стопанството и во нестопанството, како и во земјоделството. Речиси 10.000 лица примаат пензија по разни основи“, објаснува Ацо Пановски, раководител во подрачната единица при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Од Здружението на пензионери во Штип тврдат дека оваа категорија граѓани има ниски примања. Барем половина од пензионерите го издржуваат поширокото семејство, бидејќи младите немаат работа.

„Просечната пензија во Штип е околу стотина евра. Ова поради фактот што Штип е најградска општина во државава, а нашите пензионери, главно, се од текстилот и од земјоделството. Најголем дел се пензионери на поранешните големи текстилни фабрики „Македонка“ и „Астибо“, како и од ЗИК ’Црвена ѕвезда‘, кои во минатото вработуваа над 12.000 работници“, вели Михаил Кралев, претседател на штипското пензионерско здружение.

Штипскиот економски аналитичар Стојче Самарџиев во редовната економска анализа, во мајскиот број на локалниот месечник „Штипски глас“, тврди дека штипските текстилци во 2009 година имале просечна плата од 8.305 денари.

„Ова го утврдивме на примерот на 1.707 работници од нашите конфекции и според нивните завршни сметки. Практично, работниците од текстилната индустрија во Штип дневно заработуваат по 4,4 евра, односно 370 денари. Како со вакви плати може да се издржува семејство, посебно ако има само еден вработен, не е тешко да се претпостави“, укажува Самарџиев. Ако се има предвид дека и вработените во чевларската индустрија имаат плати како тие во текстилната, тогаш се доаѓа до сознанието дека близу 9.000 вработени во овој град живеат со просечна месечна плата помала од 150 евра.

Во последнава година во Штип не е забележано зголемување на бројот на вработените. Напротив, според веб-страницата на Агенцијата за вработување, во април годинава во оваа општина се регистрирани 7.129 невработени лица, што е за 107 невработени повеќе од истиот месец лани.

Снежана Папарова од Организацијата на потрошувачи во Штип укажува дека вредноста на потрошувачката кошница за четиричлено семејство, со основни прехранбени производи, кафе и пијалаци изнесувала 10.436 денари. „Сакам да укажам на фактот дека ги земавме производите со средна продажна цена, што значи дека за поквалитетните прехранбени производи и основни пијалаци потрошувачката кошница би била поскапа“, потенцира Папарова.

14
Колку за потсетување, Горан Пандев на два пати, во Австралија и во Србија беше претставен како Бугарин  :)



„Утрински Весник“ Пандев дочекан како херој во Струмица

Родната Струмица вчера му приреди величествен дочек на македонскиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев. На сите страни ечеше: „Гоче, Гоче, Горане шампионе“, а голема парола на општинската зграда со зборовите „Горане шампионе - добре дојде дома“, беше врв на пречекот што му го приредија струмичани и локалната самоуправа.

Во малиот градски парк во Струмица се собраа голем број граѓани. И старо и младо излегоа да го пречекаат нивниот херој, кој едвај успеа да се пробие до бината за да им се обрати на собраните граѓани. Им се заблагодари за величествениот пречек, а потоа на фудбалски клубови и на основни училишта од општината им подели фудбалски топки и дресови со негов потпис.

Пречекот на најголемата македонска фудбалска ѕвезда кулминираше кога заедно со струмичкиот градоначалник Зоран Заев се појави на балконот од општинската зграда. Оттаму на насобраните фанови им фрлаше топки и дресови, а само десетина најупорни и најсреќни дојдоа до нив.

На приемот во Општината што за Пандев го органираше Заев, беше соопштен предлогот на новиот градски плоштад да биде поставена златна ѕвезда со името на Горан Пандев, во знак на благодарност за сите негови успеси, а на влезовите во Струмица ќе бидат поставени големи билборди со натпис - Добородојдовте во градот на Пандев.

Македонскиот интернационалец му подари на градоначалникот Заев негов дрес од Интер со бројот 27. Заев веднаш го облече дресот и му посака на Пандев уште многу успеси.

Најголемата македонска фудбалска ѕвезда не можеше да ги скрие емоциите од величествениот пречек.

-Му благодарам на целиот град и посебно на градоначалникот, бидејќи сето тоа што се организира за мене е нешто најголемо. Горд сум што сум Македонец и струмичанец и што сум вака пречекан. Мојот голем успех не е само мој, туку и на цела македонска јавност, посебно на струмичани, кои постојано се со мене и секогаш ме бодреа кога си доаѓав дома, рече Пандев.

Пандев во Струмица допатува со сопругата Надица и со синот Филипо.

15
Музика / Eurovision Song Contest 2010
« на: Мај 27, 2010, 12:50:20  »
Претставникот на Република Македония, Гьоко Танески со песната "Яс я имам силата", койщо зеде учество на първата полуфинална вечер, за жал, не успеа да се пласира во финалето. Како и во минатите години, така и оваа година Македония беше претставена како FYR Macedonia.
http://www.youtube.com/watch?v=avMkpkXKw1M

Вечерва ке се одържи втората полуфинална вечер на коящо за пласман во финалето ке се бори претставникот на България, Миро со песната "Ангел си ти".
http://www.youtube.com/watch?v=z1NqWxoqyQk

Страници: [1] 2 3 4