македонските Българи се отдамна загрижени и отдамна предупредуваат дека македонизмот нема европски и демократски капацитет...
ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД се загрижени за ситуацијата во земјава ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД се загрижени за развојот на ситуацијата во земјава. Во денешната заедничка изјава се вели:
„Би сакале да го нагласиме нашето верување дека евро-атлантската интеграција, како и целосното спроведување на охридскиот рамковен договор и понатаму остануваат да бидат најдобриот пат кон напредокот за сите граѓани на оваа земја и за поширокиот регион.
- Не загрижуваат неодамнешните изјави на политички лидери и на други поединци кои укажуваат кон спротивната насока: зборуваат за поделба, конфликт, напуштање на Охридскиот Рамковен договор.
- Исто така, забележуваме општо опаѓање на политичкиот дијалог.
- Цврсто се спротивставуваме на било каков вид на насилство и на закани со насилство, бидејќи ова само ќе му наштети на политичкиот и на економскиот прогрес и е сосема спротивно на вредностите што нашите институции ги застапуваат.
- Ние ги охрабруваме сите граѓани и нивните претставници, да ги искористат постоечките демократски механизми, вклучувајќи го и собранието, за да ги унапредат своите интереси се вели во изјавата на Европската Унија, НАТО, САД и ОБСЕ.
- Ги повикуваме сите политички лидери да ја потврдат својата целосна посветеност кон Охридскиот Рамковен договор и кон јакнењето на политичкиот дијалог и реформите“.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122537