Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Прикажи ги пораките

Овој оддел овозможува да ги гледате сите пораки оставени од овој член. Но внимавај можеш да ги видиш истите само од делови на форумот каде имаш пристап.

Пораки - gromovnikot

Страници: [1] 2
1
Тезата на господин Енчев дека најголемата опасност за Македонија се албанците поради големиот наталитет е наполно несоодветна. Во Бугарија нема албанци но според неговата теза и таму бугарите се загрозени бидејќи циганите и турците се со голем наталитет. Но всушност во светот и не постои земја со наполно компактно население и по неговата фобична логика сите земји се со перспектива да бидат загрозени.Вистината е дека државите никогаш не биле и не можат да бидат конзервирани во своите етнички пропорции. Секогаш се одвиваат процеси во кои етникумите ја менуваат својата демогравска застапеност на одредена територија или држава.Така ние б’лгарите имавме во време на в’зрождението демографски бум и колонизиравме територии во рамките на турската држава ( како градот Солун и други) кои никогаш порано  не биле населени со б’лгари; соодветно, потоа претендиравме  да ги вклучиме во рамките на Б’лгарија или во втората б’лгарска држава Македонија.Меѓутоа во тезата на господинот Енчев се препознава нешто сосема друго
, имено балканската агенда на неговите работодавци од Москва кои сакат да ги поделат сите држави на Балканот по етничка и верска основа за да добијат територии со компактно славјанско православно население кое лесно би било контролирано од Русија.Секако ова агенда не се базира само на агенти от типот на господин Енчев. Силни политички групации во сите држави
 на балканот ја одработуват агендата штедро помагани од нововоспоставената Коминтерна. Така тезите на Љубчо Ѓоргиевски за поделба на Македонија наполно кореспондираат со дејствијата на Слободан Милошевиќ и со најновите настани на скопското кале во режија на Никола Груевски. Секако во оваа низа не треба да го испуштиме председателот на Бугарија Прванов веројатно новиот председател на Косово Пацоли и многу  други знајни и не знајни Руски агенти  на кои   интересот и собствените заблуди им се највисоките национални идеали.Да не не заблудува пројавувањето интерес кон б’лгарската кауза на некои од нив. Кога ќе добијат наредба од Москва Антонио, Љубчо, Велизар...веднаш го откажуват б’лгарското гражданство, стануват велики македонци , соработуват со инсталациите на Милошевиќ.....и се наредуваат во долгата низа на родоод’стпници како Тодор Паница, Влахов, Оббов, Коста Тодоров, Димитров и многу други.
Почитувани браќа б’лгари основен виновник за ваквата состојба на нашиот народ и во Б’лгарија и во Македонија е долгогодишната комунистичка деструкција.Тезата дека другите ни се виновни е бегање од реалноста. И да ја поделиме Македонија со албанците после некоја година во остатокот ќе почнат да не загрозуват ромите, турците, помаците...
Решението на овој проблем е во напорен в’зродителен процес во кои б’лгарскиот народ од двете страни на Осогово ќе си го возобнови својот национален дух и ќе воспостави динамичка рамнотежа со другите народи кои живеат во нашите држави, почитувајќи ги, и почитуван од сите.
Во спротивно треба да разберете: нивата не е на тој што има тапија од неа туку на тој што ја ора, и да не е ќе биде .
Така е и со државите.

2
Може ли некој да најде нешто за делегатите кои ја представуват Македонија на основачкото собрание во Велико Трново? Кои се од каде се ...

3
 Изразувам безрезервна поддршка на позициите на БККС во односите со Македонската православна црква. Доколку не наидеме на разбиранје ни кај МПЦ ни кај БПЦ не треба да се повлекуваме;во тој случај предлагам да иницираме широка јавна расправа во целокупната б`лгарска опшност  во цел свет и од неа да излезе решението на нашиот проблем.

4
Актуелни теми од медиумите / Одг: ЛУСТРАЦИЯ
« на: Јануари 06, 2011, 10:36:25  »
Битолскиот конзул Караманов и амбасадорот на Р. Бугарија  во Македонија Лашев биле агенти во комунистичкиот режим.http://www.comdos.bg

5
Се вклучувам во расправата на ова тема бидејки зборот ’’ повелја’’ чие значенје беше предмет на расправа во овој форум се уште се употребува во мојот роден крај имено гевгелијската околија.       
Во нашиот крај тој збор се употребува за да изрази наложуванје на нечија волја но при тоа оној кој треба да ја исполни  тоа доброволно го прифаќа.Што пак значи дека тој што ја пројавува волјата поради некоја причина е прифатен како афторитет од тој  што желателно се подредил да ја исполни.
Од тука зборот повелете е многу по соодветен од заповедајте во културното обраќанје бидејќи содржи во себе желба да се удоволи на оној на кој му се обраќаме. Додека зборот заповедајте содржи во себе доза на принуда и создава сомнеж  дека подредуванјето не е сосема доброволно.
Инаку самиот збор се изговара ’’ повелје’’ не ’’повелја’’ при што ’’лј’’ е соодветно на изговорот на буквата л во името Веле.
Еве неколку примери на активна употреба на ’’повелје’’:

Цел ден ме повелје-ќе каже уморната баба кога ќе ја прашат како се снаоѓа со чуванјето на внучето. Што подразбира дека цело време му оди по волјата; но дури и во интонацијата се осеќа дека гордата баба тоа го прави зо задоволство.

Или:

Тој мене ќе ме повелје!? Во смисол тој не е прифатен за афторите па настанува чуденје како се осмелува да пројавува амбиции да се постапи по неговата волја.( Од овде се гледа дека  тој што амбицира да му се постапи по волјата не може да ја наложи ако тоа не е прифатено ).

Инаку самата полемика по овој случај би требало да поттикне по голем интерес за богатсвото на б’лгарскиот јазик што според мене би било чекор напред во нашата кауза.

6
Пред некое време пишував на ова тема; не е проблемот во Дојче Веле проблемот е во нашето романтично гледанје на германците. Дојче Веле е само логичка последица на ограничениот капацитет на германското општество и ние , б’лгарите, мораме да се соочиме со тоа.   

7
   На сите ни е јасно дека проблемот не се возилата со странски регистарски таблички туку македонските б’лгари. На тоа укажува и фактот што и возила кои навистина повеќе од шест месеци во годината се надвор од Македонија не се пуштат да влезат во државата. Веќе јас имам евидентирано такви случаи што значи дека ги има повеќе. Од друга страна полицијата и царината не приложуват никакова евиденција за тоа колку време некоја кола е во Македонија. Тоа пак значи дека во внатрешноста полицаец не смее да те третира по истанбулската конвенција бидејки нема трхничка можност да провери колку време возилото е во Македонија. Тоа е исто како кога би те сопрел за брзо возенје а нема радар да го докаже тоа.Исто така не е јасно дали граничните служби можат да приложат валиден податок за времето на престој на спорните возила во Македонија. Сето ова  укажува дека службите не се спремни да постапуваат по истанбулската конвенција и дека практично делуват не законски. Затоа сметам дека ни е нужна сериозна правна заштита што ќе ни овозможи да се заштитиме во оној дел каде навистина сме во право. Затоа предлагам БККС и другите организации на македонските б’лгари да побараат од меродавните б’лгарарски органи да ни обезбедат бесплатна правна помош. Суштината би била секој загрозен по ова проблематика да може да се обрати веднаш до овластен адвокат за совет а доколку проблематиката е посериозна адвокатите да доаѓат на лице место особено  на трите гранични премини.

8
             
                         ГО ПРОЗВАВМЕ ЛЈУБЧО СЕ ЈАВИЈА ОБЕДИНЕТИ ЗАМАКЕДОНИЈА

 Пред некој ден на овој форум се постави прашанјето зошто Лјубчо Георгиевски не се произнесе за проблемот со возилата со странски регистарски таблички што ќе рече со колите на македонските б`лгари. Одговор на ова прашанје не е даден ниту од прозваниот ниту од Народна партија. Вчера пак во медиумите партијата Обединети за Македонија даде страмежлива подржка на македонските грагјани кои се соочуваат со овој проблем наметнат од владата на Никола Груевски. Ова е прв пат политичка партија со  потенцијал да освои пратенички мандати  на наредните избори јавно да се обрати на Нас македонските б`лгари. Со ова Ние македонските б`лгари се етаблираме како реален чинител  како на политичката сцена  во Македонија така и во севкупниот обштествен живот во нашата држава. Земајки во предвид со какви жестоки реакции се соочуват Обединети за Македонија од страна на владините структури ценам дека овој нивен чин е достоен за почит.

9


                       ГО ПРОЗВАВМЕ ЛЈУБЧО СЕ ЈАВИЈА ОД ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА

10
Соединението на Источна Румелија со Кнежевството Б’лгарија е блескав пример на правилно водена надворешна политика, посебно она задкулисната,што во нашата понова историја не можеме да го споредиме со ниеден друг. Посебно е поучен и во денешно време бидејќи во голема мера државите вмешани во тие собитија, како балканските така и европејските, се во многу слични корелации како во тој период.Соодветно и внатрешните односи во целокупното б’лгарско обштество(во и надвор од Б’лгарија) приличат на тогашните.
                   
                                  ЧЕСТИТ ПРАЗНИК

11
Гледам дека се дискутира на форумот за DW со голема зачуденост во смисол како е можно тоа да му се случува на еден германски бренд. Мислам дека самиот бренд Германија за голем дел од б’лгарите е втората по ранг заблуда после Русија. Имено германското општество ние го восприемаме по инерција како наш традиционален сојузник и како технолошки и екомомски едно од нај напредните во светот. Што е и точно. Но тоа автомаски не блокира да ја согледаме целовитоста на севкупната германска заедница во сите сегменти што треба да го карактеризираат едно општество. Посебно оние кои претендираат да остварат влијание врз другите како што е примерот на германците со Дојче Веле. Никојпат не сме се запрашале како можеше едно такво општество да предизвика две светски војни и катастрофално да ги изгуби.Никојпат не сме се запрашале како можеше така напредно општество да биде водено од еден пропаднат студент имено Хитлер. Никојпат не сме се запрашале како можеше едно такво општество да си дозволи таков геноцид како врз други народи така и врз самите себе. Впрочем ние б’лгарите собравме сили да го спречиме геноцидот врз евреите.Ако навлеземе во поновата историја треба да се запрашаме како си дозволи тоа општество владата на Вили Бранд да биде контролирана од неколку руски агенти. Како може предходниот германски премиер Герхард Шредер да е вработен во некоја странска фирма. Тоа дури и на Македонија не и се случува. Да се префрлиме на полето на културата. Кога последен пат сте гледале германски филм. Кога сте слушале германска совремана музика. Треба нештата да се гледаат рационално Бизмарк, Моцарт, Штраус...одамна ги нема. Сте зе запрашале ли каква агенда спроведува Германија во надворешната политика, посебно на Балканот.Агендата носи наслов Моравско-вардарска долина. Замислете, како во времето на Хабзбурговците.Македонските и србските владеачки структури во значаен дел се германски продукт.(покрај тоа што се и руски). Така да ако се обидеме германците да ги восприемаме рационално а не традиционалистички -емотивно случајот со Дојче Веле побргу ќе го гледаме како правило отколку како исклучок.           

12
Може ли некој да му каже на тој простак дека гравот е донесен во Европа од Америка после откритијата на на Колумбо пред околу 500 години!!!

15
Господинот Јанко Николов не само што е актуелен директор на Евронс-Македонија туку беше и трговско аташе на Б’лгарија во Македонија, ако не се лажам, два мандати?!.

Страници: [1] 2