Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 1 гостин.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Членство

Членството во Здружението на граѓани Бугарски Културен Клуб – Скопје е регулирано со член 13, член 14 и член 15 од Статутот на Здружението.

Услови за членство

Член 13

Член на Здружението може да биде секој граѓанин државјанин на Репулика Македонија кој доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати целите, задачите, методите и ценостите наведени во овој Статут и кој ќе биде примен за член на Здружението.

Член на Здружението може да биде и странски државјанин на ист начин и под исти услови како и државјаните на Репулика Македонија.

Во Здружението, како колективни членови може да бидат и други домашни и странски здруженија, асоцијации и други организации кои во согласност со закон се регистрирани и запишани во соодветен регистар на државата во која се наоѓа нивното седиште. Зачленувањето се врши со пристапница.

Зачленувањето на колективните се врши со пристапница, а на основа на одлука за пристапување, донесена од нивниот соодветен орган на управување, во која покрај изјавата за пристапување се определува и лицето, кое во органите и работата на Здружението, кое ќе го претставува колективниот член.

Здружението води регистар на членови.

За прием во членство одлучува Собранието, по предлог на Управниот одбор.

Права и одговорности на членовите

Член 14

Членовите на Здружението имаат права и обврски согласно со одредбите на овој Статут и позитивните законски прописи.Членовите имаат право и обврска активно да учествуваат во работата на Здружението, а посебно:

  • редовно да плаќаат членарина;
  • право да бидат избирани во органите на Здружението и право да избираат.

Престанок на членство

Член 15

Членството во Здружението може да престане со:

  • со поднесување писмена изјава - барање за истапување од членство;
  • исклучување, во случај на дејствување спротивно на Статутот.

Одлука за престанок на членството со исклучување донесува Собранието, по предлог на Управниот одбор.

AdaptiveThemes