Влез за потребители

Кој е вклучен?

Во овој момент на сајтот има 0 потребители и 0 гости.

Миладиновци: Български народни песни

Етнографија на Македонија

Македония - Сборник от документи и материали

Соопштение за медиумите: Предлог за привремено решение на проблемот со енциклопедијата

16 ноември 2009

Повод за ова наше обраќање до медиумите и јавноста, се информациите кои на 12 ноември 2009 се појавија на А1 и Канал 5, дека некои организации на граѓани во Република Македонија, планираат да изготват одговор на енциклопедијата на МАНУ во рок од еден месец, при тоа давајќи му етнички карактер на насловот на нивното издание. За нас се особено загрижувачки овие концепти, кои ни наликуваат на барањата на Милошевиќ за создавање на етнички чисти држави.

Со оглед на тоа што македонската историографија, се уште не може да излезе од идеолошките рамки, кои и беа поставени во бившата држава СФРЈ од КПЈ, ние предлагаме, до периодот додека експертите на БККС не ги изготват своите конструктивни забелешки, привремено да се усвои за енциклопедија научниот труд „Алманах Македонија“, изготвуван повеќе од 10 години и издаден во 1931 година, бидејќи тој ниту временски ниту просторно, ниту пак неговата содржина, се подлага на некакви идеолошки стереотипи.

Главната причина за издавањето на „Алманах Македонија“ кон крајот на Првата светска војна, е целта да му се претстави на меѓународното општество историјата на македонските бугари и нивната справедлива борба за слобода. Но големината на ова дело е во тоа што не е насловено „Бугарска Македонија“, туку во предговорот стои паролата на Гледстон – „Македонија на македонците“, бидејќи редакторите на ова дело имале чувство и за другите македонци кои живеат во Македонија – власи, грци, албанци, турци, евреи итн.

„Aлманах Македонија“ е изработен под иницијатива на македонската емиграција во Бугарија, која се јавува и како негов финансиер. Редакциониот комитет за изработка на алманахот е во состав на тројца македонски бугари: Илија Иванов - учител од Прилеп, Александар Развигоров - учител од Штип, и Димитар Ризов - учител од Битола, кој подоцна станува и бугарски политичар и дипломат. Редакциониот комитет сите собрани материјали во врска со издавањето ги поднел до Македонскиот национален комитет, како врховен водач на македонската емиграција, за преглед и одобрение за печат. Со писмо бр. 4987 од 6 јули 1919 година, Македонскиот национален комитет ги одобрил материјалите и издавателството на алманахот.

Со иницијативата биле запознаени и други македонски организации, а во Редакциониот комитет пристигнувале забелешки и одговори од следните професори: д-р Г. Кацаров, Б. Филов, д-р Ал. Тодоров – Балан, Ив. Снегаров, Н. Благоев, Ст. Младенов, д-р Џидров, д-р С. Мезан, Хр. Попов, Хр. Брзицов, Д. Христов, Н. Мушмов, д-р Ан. Димитров, д-р К. Станишев, Јорд. Чкатров, Ат. Илиев и многу други. Барани се мислења и од авторитети од странство, како на пример Г. Вајганд, Л. Ламуш, проф. Каснер, Енрико Дамјани, А. Раппопор и други.

Бугарскиот културен клуб – Скопје ќе започне да работи на проект за изработка на CD верзија на „Алманах Македонија“ кој ќе биде бесплатно разделен на македонските граѓани, како и на сите македонски медиуми, дипломатските претставништва и релевантни меѓународни организации. До тогаш, алманахот може да се симне од нашата интернет страница.

AdaptiveThemes