2 ноември 2009
Претседателот и членови на Управниот одбор на Бугарскиот културен клуб - Скопје присуствуваа на тржество и коктел по повод 1 ноември - Денот на народните будители на Бугарија, организиран од Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија. На присутните им се обратија Ангел Ангелов, Charge D'Affaires Ad Interim, Димитар Христов, Директор на Културно-информациониот центар на Република Бугарија во Република Македонија, Рајна Манџукова, Директор на ДАБЧ и Пламен Павлов, професор по историја на Великотрновскиот универзитет.