Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Во Македонија царува вистината на Лагата  (Прочитано 22940 пати)

Саше Иваноски

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 65
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #90 на: Февруари 10, 2011, 06:50:08 »

"VISTINATA Se za Makedonija- Zoran Todorovski"

Цитат
Дел од јавноста и некои Ваши колеги историчари Ве обвинуваат дека промовирате зборник за човек кој се чувствувал како Бугарин. Кој наш револуционерен деец му противречел на Александров по тоа прашање?
- Речиси никој. Уште робуваме на поделбата на леви и десни. Во етничка, во национална смисла сите биле со исти сознанија, со иста свест. Во таа смисла не можеме да правиме разлика меѓу левите и десните. Уште робуваме на такви ненаучни и селективни поделби и ставање на црни листи, со коишто нашите историчари прикриваат одделни негативни страни на личностите што ги проучувале, на своите херои, за да не се урнат нивните митови. Па затоа тие така реагираат на зборник на документи, којшто всушност не го виделе. Тоа само говори за нивната општа човечка култура, а да не говориме за академска и историска етичност. Сè уште робуваат на старите сознанија, на приказните, и им пречат документите. Речиси сите наши дејци, од левицата и десницата во етничка смисла биле исти, сите се декларирале за Бугари.

http://www.makedonija.com/dcforum/DCForumID28/1525.html
Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #91 на: Февруари 10, 2011, 09:43:53 »

"VISTINATA Se za Makedonija- Zoran Todorovski"

Цитат
Дел од јавноста и некои Ваши колеги историчари Ве обвинуваат дека промовирате зборник за човек кој се чувствувал како Бугарин. Кој наш револуционерен деец му противречел на Александров по тоа прашање?
- Речиси никој. Уште робуваме на поделбата на леви и десни. Во етничка, во национална смисла сите биле со исти сознанија, со иста свест. Во таа смисла не можеме да правиме разлика меѓу левите и десните. Уште робуваме на такви ненаучни и селективни поделби и ставање на црни листи, со коишто нашите историчари прикриваат одделни негативни страни на личностите што ги проучувале, на своите херои, за да не се урнат нивните митови. Па затоа тие така реагираат на зборник на документи, којшто всушност не го виделе. Тоа само говори за нивната општа човечка култура, а да не говориме за академска и историска етичност. Сè уште робуваат на старите сознанија, на приказните, и им пречат документите. Речиси сите наши дејци, од левицата и десницата во етничка смисла биле исти, сите се декларирале за Бугари.

http://www.makedonija.com/dcforum/DCForumID28/1525.html

Промоцијата на книгата „Сè за Македонија” во ресторантот во кругот на Св. Пантелејмом во Нерези кај Скопје од тогашната и сегашна елита на ДПМНЕ е еден клучните моменти во поделбата со Народна на Љубчо. Старите ВМРО-ци масовно беа на промоцијата и разбира се, тоа се виде на парламентарните избори 2006, Народна беше поразана, а другите Горчев (сегашен кмет на ДПМНЕ во скопска Кисела Вода и запаленко по Лазар Колишевски според последното интервји кое го даде за скопската Sky телвизија) и партијата на Доста (сегашен директор во МКЦ Софиа) доживеа изборен дебакал. Другото е познато 98% од Централниот Комитет и Извршниот Комитет на Народна и другите беа на баци рака кај сегашниот македонски министер президент.
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #92 на: Февруари 11, 2011, 12:11:39 »

КАТАРЏИЕВ: Инаку, јас не спорам дека ние имаме многу заедничко во културното наследство, со оглед на тоа дека, официјално, христијанството е примено во рамките на бугарската држава. Оттаму и бугарското име на македонските Словени, со оглед на тоа што државата е таа што го наметнува името.

ФОРУМ: Оттаму на гробот на Цар Самоил стои бугарски цар?

КАТАРЏИЕВ: Не само во случајот со гробот на Самоил, туку и со Карпошовото востание, па се до најново време, нам постојано ни се лепи бугарското име. Меѓутоа, тоа не значи дека сме Бугари, оти низ вековите ние сме формирале етно-културен идентитет...

*

КАТАРЏИЕВ: Во идеологијата на Ванчо Михајлов и на оној дел на македонското национално движење коешто на чело со Тодор Александров се приближи кон Бугарија, македонскиот народ беше збирна именка. Таа се однесуваше на сите жители во Македонија -„Бугари“, Албанци, Власи, Турци...

*

КАТАРЏИЕВ: Постоеше апсолутно ембарго кон проучувањето на делото на ВМРО на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов, тоа е точно. Но, треба да се разбере дека новите власти, што се инсталираа во Македонија во 1944 година, немаа никаква кадровска основа, никакво искуство во историографијата за да можат да направат дистинкција за тоа што е што - на пример, дали ВМРО на Гоце Делчев е различна од онаа на Александров и на Михајлов? Во претходна Кралска Југославија, беше создадена претстава дека ВМРО е исто што и Ванчо Михајлов. Тоа сфаќање беше доминантно во владејачките кругови се до 1964, кога се одржа едно советување во Клубот на пратениците. Говор одржа Мито Хаџивасилев Јасмин, кој рече дека е крајно време да се престане со прогонување на младинците кои на разни места пишуваат пароли: „Да живее ВМРО!". Постојат и други примери. Во 1944 година се говореше од страна на тогашните моќници дека Гоце Делчев и Илинден не треба да се слават бидејќи тој бил „Бугарин“, а Илинденското било „бугарско востание“.

ФОРУМ: Дали навистина Делчев се изјаснувал како Бугарин и зошто?

КАТАРЏИЕВ: Ваквите прашања стојат. Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“...

*

КАТАРЏИЕВ: Што се однесува до „бугарштината“ на нашите дејци, мора да се знае тоа дека нашите луѓе поминаа низ бугарски образовни институции, низ школите на Егзархијата, која ја спорведуваше бугарската великодржавна политика. Целта на тие школи беше во Македонија да создаваат интелигенција со бугарска свест и таа даде свои резултати од гледна точка на бугарските интереси. Нашите луѓе апсолутно ја прифатија и бугарска култура и се запознаа и со политичкиот живот на Бугарија и со нејзиното револуционерно движење, кое го прифатија како искуство. Јас ќе ви кажам нешто за што знам дека денес ќе наиде на противење. Првото име на македонска ослободителна организација било „Б'лгаро-македоноодрински револуционерни комитети“. Тоа го објавив уште во 1965 година и оттогаш наваму овде тоа се оспорува, во Бугарија се прифаќа. Нема никаква валидна документација што би можела да го оспори тоа сознание. Меѓутоа, брзо се сфати дека бугарската основа - тоа можете да го најдете во делата на Христо Татарчев и на Ѓорче Петров - е тесна основа за мобилизација на сето население во Македонија, она кое имаше потреба од слобода и развој. Затоа доаѓа до промена на името во ТМОРО. Тоа е периодот кога се јавува т.н. македонски политички сепаратизам и тоа е почетокот на развојот на македонската национална свест. Тоа е резултат на еден тежок процес, кој трае од Илинденското востание до 1908 година, период на жестока битка на пропагандите. Тука се војните од 1912-1918 година и, најпосле, непосредно по Првата светска војна, значајна е декларацијата на претседателот на САД Вудро Вилсон за правата за самоопределување, потоа Декретот за мир, издаден по Октомвриската револуција, романтизмот што ги зафати војничките маси - сето тоа влијаеше за брза експлозија на националната самосвест кај Македонецот. Оттука, нема никаква основа тврдењето дека ние сме производ на Коминтерната и на Коста Новаковиќ. Впрочем, тоа може да се потврди и веќе од 1922 година, во активноста на македонските писатели и емиграција, како и појавувањето на дела на македонски. Потоа имаме дефинирање на употребата на поимот „македонски Словени“ од страна на Венизелос, употребата на терминот „македонски Словени“ во речникот на англиската дипмломатија, почнувајќи од 1925 година.

*

Македонската национална идея - започнала да се развива след 1903. Без коментар!
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #93 на: Април 12, 2011, 09:45:44 »

Се разбраа ли Баросо и Груевски?

Цитат
Премиерот Груевски повторно се обиде да не направи при очи слепи, при уши - глуви, вели поранешниот премиер Владо Бучковски, коментирајќи го настојувањето на владините медиумски мегафони, најавеното засилено набљудување на реформските процеси во Македонија од страна на Брисел, да го претстават, како голема победа на Груевски.

„Тој констатираше дека имаме застој во реформите во четирите области, за кои не предупредија од Вашингтон. Брисел сфати дека ако се среќаваме еднаш годишно на ниво на Совет за стабилизација и асоцијација и Македонија повторно да излегува со бројки дека 78, 87, 97 проценти од тоа што било задача сме го исполниле, се гледа дека во реалноста не е така“, изјави Владо Бучковски.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136627
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

ema

  • Newbie
  • *
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 34
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #94 на: Април 15, 2011, 02:49:28 »


Проф. Светлозар Елдъров: Българската власт в Македония през 1941 г. заема стратегическо място в антибългарската пропаганда

"Установяването на българската военна, гражданска и църковна власт в Македония през пролетта на 1941 г. десетилетия наред беше представяно от югославската и гръцката историография в тенденциозна и невярна светлина. Многобройните студии, статии и монографии, както и още по-многобройните вестникарски публикации могат да се резюмират само с две думи – „фашистка окупация”. Това каза в интервю за Агенция “Фокус”историкът проф. Светлозар Елдъров, един от участниците в научната конференция, посветена на националното обединение на България 1941 – 1944 година.
„За историците и политиците от Скопие този въпрос и до днес заема стратегическо място в антибългарската пропаганда. Европейската перспектива пред Република Македония вместо да намали, още повече засилва политическата инструментализация на тази страница от историята, механично пришивана към историческата присъдата над фашизма. За съжаление подобен подход беше свойствен и за българската историография, както впрочем и за българската държавна политика в периода след Втората световна война. Комунистическата партия, похитила България на 9 септември 1944 г., носи цялата политическа и историческа отговорност за погазването на националните идеали, за отчуждаването на македонските българи, за физическото и моралното унищожаване на хората, свързани със старата власт, а следователно и с военновременната администрация в Македония”, каза проф. Светлозар Елдъров."


http://www.focus-news.net/?id=n1514265

Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #95 на: Јуни 27, 2011, 09:08:32 »

Дамјанов - Македонија го присвојува бугарското малцинство во Албанија

Цитат
Бугарската држава треба категорично да застане зад бугарското население во Албанија, за да почувствуваат тие заштита и мирно да се самоопределуваат како Бугари.

Ова го изјави во интервју за агенцијата "Фокус" инж. Делат Дамјановски, претседател на фондацијата "Сонародници" по повод претстојниот попис во Албанија. Во ноември во Албанија претстои попис на населението и за прв пат ќе ја има графата "националност", затоа е многу е важно како ќе се самоопредели тоа население.

http://www.inpress.com.mk/?ItemID=608042B331A3B146916369B87A29B42A
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Саше Иваноски

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 65
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #96 на: Јануари 10, 2012, 01:57:47 »

МАКЕДОНИЈА ПРВА НА ЛИСТАТА НА МИЗЕРИЈАТА

http://globusmagazin.com.mk/?ItemID=80B8C450B845A5498E34D89EA924C89C

Лондонски Економист ја стави Македонија прва на листата на мизеријата, меѓу 99 анализирани земји. Власта може и натаму да се теши со анализите на јавното мислење од типот на последните, правени од Институтот Павел Шатев
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #97 на: Јануари 25, 2012, 02:22:08 »

Лустрација само за функционерите и новинарите - за поповите и оџите не треба проверка

Цитат
Ќе се проверува дали кодошеле само функционерите и новинарите. За поранешните носители на јавни функции, поповите, оџите, невладините организации и фондациите - уставните судии се сомневаат дали треба да поднесуваат изјави за соработка со тајните служби.

Според судијката известител за законот Вера Маркова делови од законот веќе биле оспорени од Уставниот суд и дека со нив се нанела повреда на моралот и интегритетот на личноста. Според неа Законот треба да го опфаќа периодот од АСНОМ до 1991 а не до ден денешен.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=86123

АКО ГИ ПРОВЕРАТ ПОПОВИТЕ, ЕДЕН ЧИСТ НЕМА ДА ОСТАНЕ  ;)  ::)  8)
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #98 на: Февруари 16, 2012, 12:15:22 »

Старделов ги открива „тајните“ на МАНУ

Издавачката куќа „Макавеј“ ја објави книгата со есеи, искажувања, беседи и експозеа со наслов „Слова“ на академик Георги Старделов,  поранешниот претседател на МАНУ.
Станува збор за обемна публикација од близу 400 страници во која познатиот македонски мислител и естетичар објавува над стотина текстови настанати во периодот од 2008 до 2011 година, во времето кога ја извршуваше функцијата претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Во книгата посебно место заземаат четирите експозеа кои ги покриваат активностите на МАНУ во периодот на бурните реформски и турбулентни години на оваа највисока академска институција во земјата.
По повод излегување на книгата академикот Старделов, меѓу другото, истакнува:
-Некои од текстовите во оваа книга беа критикувани од одредени членови на Академијата, но тоа не ме расколеба да ги објавам. Сакам да останам доследен на моите ставови и уверенија, така како што сум ги искажал. Сите мои филозофски и естетички гледишта што сум ги зборувал и застапувал ме обврзуваат. Јас знам дека малата средина не поднесува голема искреност, но јас побрзо би се откажал од малата средина отколку од големата искреност.


http://www.plusinfo.mk/vest/33619/Stardelov-gi-otkriva-tajnite-na-MANU
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #99 на: Февруари 27, 2012, 12:40:50 »

Одбележана осумгодишнината од смртта на Борис Трајковски

Цитат
Претседателот Борис Трајковски на денешен ден во 2004 година загина во авионска несреќа во близина на Мостар, Босна и Хрецеговина. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Авионот требаше да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=46640
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #100 на: Март 23, 2012, 09:10:38 »

Расте рејтингот на Претседателот Иванов!

Цитат
Дури 72 % од граѓаните сметаат дека Иванов чесно ја врши својата функција.  55% од анкетираните имаат позитивно мислење за шефот на државата,   наспроти 30 % кои одговориле негативно.

“Многу е значајно тоа што за активностите и работењето на Претседателот има еден позитивне тренд. Второ, битно е што многу мал број од граѓаните не се информирани за неговата работа, дури и јас лично бев изненаден, тоа се само неколку проценти кои не се информирани, што не е случај со други анкети. Бројот на граѓаните со позитивни одговори е речиси двојно повисок од оние со негативни”,  вели професорот Димитар Мирчев. 

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/raste-rejtingot-na-pretsedatelot-ivanov-0
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #101 на: Март 26, 2012, 10:35:10 »

http://www.ohridsky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=2714:2012-03-25-16-12-10&catid=38:2011-04-02-23-33-42&Itemid=121
Цветанов: Јавноста добро знае дека полициските структури и српските инсталации беа згрижени во ДПМНЕ!
Недела, 25 Март 2012 18:10

Ване Цветанов од ВМРО-Народна партија, на прес-конференција на која го поддржа предлогот на власта за нов Закон за лустрација, побара од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да не ги крие кодошите во сопствените редови, бидејки, како што рече, јавноста добро знае дека полициските структури и српските инсталации беа згрижени во партијата, која за возврат доби материјална подршка.

- Што можеме да очекуваме кога Цеца Ражнатовиќ се сликаше токму во штаб на ДПМНЕ и кога младите кадри се веселат и пијанчат на српска националистичка музика? Не е чесно кон дејците на ВМРО и жртвите на комунизмот токму нивните џелати повторно да им пресудуваат на наследниците на светото ВМРО. На Македонија потребна ѝ е историската вистина, а за тоа е неопходен сеопфатен и неселективен, транспарентен процес за лустрација, за конечно да се обелоденат сите кои се колнеа во Белград и врз база на кодошење и газења на светата ВМРОВСКА крв се здобија со личен профит - рече Цветанов.

 0
Sh
Сочувана

тиквешанка

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 633
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #102 на: Април 01, 2012, 09:48:34 »

Паметник на цар Борис ІІІ разбуни Скопие

Скопие. Паметник на цар Борис ІІІ, създател на Скопския държавен университет, искат група македонски интелектуалци, предаде Фокус.
Според тях паметникът трябва да бъде изграден пред самия университет. Групата включва предимно млади преподаватели в университета, в по-голямата си част завършили в България.
Предложението е било внесено в МАНУ – Македонската академия на науките и изкуствата на 27 март т.г.

В подкрепа на искането са се обявили и част от членовете на МАНУ, работили в ръководството на Академията по време на председателството на академик Георги Ефремов през 2000 и 2001 г. Тогава, по време на гражданската война в Македония, МАНУ предложи идеята за размяна на територии – Тетово и част от Гостиварско да бъдат отстъпени на Албания, като за сметка на това Македония да получи Подградец на Охридското езеро и района на Голо Бърдо на брега на Преспанското езеро.

Предложението за паметник на цар Борис ІІІ е било посрещнато с ожесточение от групата около академик Блаже Ристевски, който не успя да стане председател на Академията през 2008 г. и в края на миналата година издаде книгата си „Македонският възрожденски ХІХ век”, в която откровено се спекулира с българската история.

Скопският държавен университет е открит тържествено на 19 декември, Никулден, 1943 г. На откриването присъстват княз Кирил Преславски, професор Александър Теодоров–Балан, първият ректор на Софийския университет, 20 хабилитирани преподаватели, представители на всички висши учебни заведения и институти в София, председателят на БАН Никола Стоянов.

За създаването на университета в Скопие от Министерството на просвещението е отпуснат специален бюджет, а от София са докарани студентски банки, закачалки за дрехи, печки, столове, легло за пазача, черни дъски, гардероби, писалища, сграда, книги, та дори и вана за баня.
http://www.standartnews.com/svyat/pametnik_na_car_boris__razbuni_skopie_-142613.html

http://novinar.bg/news/makedontci-iskat-pametnik-na-tcar-boris-_Mzg4MjsyMQ==.html

http://www.focus-news.net/?id=n1638154

http://www.promacedonia.org/st/index.html

http://www.promacedonia.org/st/st_2.html
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #103 на: Април 02, 2012, 12:40:10 »

Софиска агенција „Фокус“: „Македонски интелектуалци сакаат споменик на Цар Борис III во Скопје“

                                   

Цитат
Група македонски интелектуалци сакаат споменик на кралот Борис III, основач на Државниот универзитет во Скопје, да биде изграден пред универзитетот, објави новинската агенција „Фокус“ во веста на англиски јазик, повикувајќи се на својот репортер од Македонија.
Предводници на групата биле претежно млади универзитетски предавачи, а повеќето од нив своето образование го имаат завршено во Бугарија. Предлогот, пак, бил доставен до Македонска академија на науките и уметностите на 27 март оваа година, се вели понатаму во веста.

http://www.plusinfo.mk/vest/38753/Sofiska-agencija-Fokus-Makedonski-intelektualci-sakaat-spomenik-na-Car-Boris-III-vo-Skopje
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Во Македонија царува вистината на Лагата
« Одговори #104 на: Април 12, 2012, 01:35:17 »

Бугарски академик: Во Скопје се сомневаат во сопствениот идентитет

Додека претседателот на МАНУ Владо Камбовски се подготвува заеднички да ја препрочитува историјата со своите балкански колеги, од исток доаѓа уште една потврда дека првиот човек на нашата највисока научна институција го загубил компасот.

Академикот Георги Марков, директор на Институтот за историја при Бугарската академија на науките во интервју за агенцијата Фокус  вели дека Скопје се сомнева во својот идентитет затоа што нема сопствена историја.

-Тие постојано поставуваат споменици затоа што се нација од втората половина на дваесетиот век, нација без историја. Тие постојано присвојуваат туѓа историја: нашиот цар Самуил, па античките Македонци и Александар. Тоа покажува дека тие не веруваат во својот идентитет. Едноставно не веруваат и си лечат комплекси- објаснува академик Марков.

За Марков е несфатливо како земја со толкава безработица фрла 250 милиони евра за споменици, а не може да се изначуди зошто Гоце Делчев и Даме Груев се поставени на коњи, кога не постои ниту една фотографија каде тие се сликани на коњ.

-Тоа се неколку поколенија со испрани мозоци. На децата им ги покажуваат големите споменици и им кажуваат дека биле големи и дека треба да бидат големи. Но таа желба да крадат туѓа историја ќе ги сопне во иднина- вели Марков.


http://sky.mk/makedonija/19968-%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BA-%D0%92%D0%BE-%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BE%D0%BC%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%BF%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82.html
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !