http://mkrevolucija.com/mk-vo-eu/3443-vigenin-so-povik-do-grcijaВигенин со повик до Грција Четврток, 08 Декември 2011 16:46
Во писмото до новиот грчки министер за надворешни работи, Ставрос Димас, Кристијан Вигенин, член на ЕП од Групата на С& Д, ја повика Грција да направи гест на добра волја, и да се согласи Македонија да започне преговори за членство во ЕУ по две (од вкупно 35 ) поглавја од преговорите - Судство и основни права и Правда, слобода и безбедност.
„Мислам дека на крајот граѓаните на Македонија се оние кои ги поднесуваат негативните последици од блокирањето на преговорите за членство. Се плашам дека тоа може да го промени односот на луѓето кон европската иднина на нивната земја и ЕУ во целина, и да ја олади нивната желба за реформи. Покрај тоа, тековната ситуација во спорот со името во иднина би можела да има последици и за регионалната стабилност и безбедност “, изјави Вигенин.
Според Вигенин, компромис од страна на Грција токму во овој момент би ја зајакнала довербата во политиката на проширување на ЕУ и би даа позитивен сигнал кон сите земји од регионот. Таков чекор, исто така, би покажала и зрелоста и способноста на земја-членка на ЕУ да дава пример за однесување.
„Верувам дека лансирањето на преговарачкиот процес за овие две поглавја ќе обезбеди подобри можности за решавање на многу од спорните прашања во односите на Македонија со соседните земји, вклучувајќи ја и Грција“, рече Вигенин.
Предлогот на бугарскиот европратеник е поврзан новиот пристап од страна на Комисијата кон земјите-кандидати за членство, односно најтешките поглавја (23-та и 24-та) да бидат отворени уште во почетокот на преговарачкиот процес за да се даде доволно време на земјите да покажат убедлив напредок и направените реформи да дадат отпорни резултати.
Извор: Actuelno