Се споделуваат творечките идеи меѓу македонските и бугарските литератиhttp://www.inpress.com.mk/?ItemID=8A034B1308470446A6D0C16CD0B53C5B 
Охрид, 10. декември (ИНПРЕС)
Културно - информативните центри од Македонија и Бугарија реципрочно работат и соработуваат повеќе од три години.
Во рамките на работата на Бугарскиот центар, сместен во Скопје, се работи на поголем број проекти, од кои дел се промовираат во градската библиотека "Григор Прличев" во Охрид.
Како главна значајна карактеристика на соработката, директорот на овој центар ја истакнува размената на искуствата меѓу двете култури и литератури. македонската и бугарската.
Директорот на Бугарскиот културно-информативен центар во Македонија, писателот Димитар Христов, смета дека творечките идеи кои преовладуваат од двете страни, меѓу бугарските и македонските литерати, треба да се споделуваат. Како чест гостин на бројни литературни читања, организирани во Центарот за култура во Охрид, Христов потенцира дека најголемата придобивка за меѓусебна почит се гради врз основа на искуствата кои се разменуваат.
"Често организираме средби со бугарски писатели и сметам дека тоа исклучителна можност за двете литератури и двете култури, македонската и бугарската. За да ги разменуваат искуствата меѓу себе литературните дејци од двете земји,треба да патуваат почесто, да се среќаваат со прекрасната публика која ја има во Скопје и Охрид. Ми претставува задоволство што можам исто така да дејствувам, да придонесам за гостувањето на бугарски артисти на престижниот фестивал "Охридско лето", вели директорот на Бугарскиот културно-информативен центар во Македонија, Димитар Христов.
Последните негови гостувања во Охрид беа неодамна, за промоцијата на книгата "Медот на поезијата" на бугарската поетеса Роза Бојанова и за време на Меѓународната средба на писатели за деца организирана од страна на библиотеката "Григор Прличев" од Охрид. (Крај)